КИЦ во Софија Archives - Република https://republika.mk/tema/kic-vo-sofija/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Sep 2024 12:43:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png КИЦ во Софија Archives - Република https://republika.mk/tema/kic-vo-sofija/ 32 32 Изложбата „Циклус 19 II“ на Христина Зафировска во Македонскиот културно-информативен центар во Софија https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-tsiklus-19-ii-na-hristina-zafirovska-vo-makedonskiot-kulturno-informativen-tsentar-vo-sofija/ Tue, 10 Sep 2024 12:43:22 +0000 https://republika.mk/?p=814985

Во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, на 11 септември 2024, со почеток од 18:30 часот, ќе биде отворена изложбата „Циклус 19 II“ на ликовната уметница Христина Зафировска. Изложбата е составена од сликарски дела во мал формат, насликани со акрилни бои. „Циклус 19 II“ е второ самостојно претставување на авторката во Бугарија, која на отворањето ќе се сретне со софиската публика и ќе ја запознае со своето творештво.

Циклус 19 II

Во периодот што измина но и во оној што следи, човештвото се соочува со промени во начинот на живеење предизвикани од пандемијата Ковид 19. Изолацијата, сведувањето на комуникацијата на минимум и системските промени земаа крупни моменти од животот на луѓето, а посебно на младината. Секојдневните информации поврзани со невидливиот противник допираат до нас, влијаејќи на нашето ментално здравје. Светот сеуште војува со пандемијата и се справува со последиците, а се поставува и прашањето, уште колку долго би траело ова?

Академската сликарка Христина Зафировска, преку својот циклус од 19 дела на тема „Ковид“, на апстрактен и сликовит начин ни го прикажува реалното и невидливото со голо око, поттикната од промените на животниот тек, настанати од пандемијата. Целиот серијал од 19 епизоди кои се тесно поврзани меѓу себе го интерпретира биолошкиот кружен строеж на вирусот, неговото создавање, виреење, проширување и пренесување.

Креативните дела од овој циклус се изработени во акрилна техника - мал формат, симболизирајќи ја микроскопската големина на вирусот, кои се надополнети со мали парчиња кои се пробиваат низ површината. Во кружниот, квадратниот и триаголниот простор со мирни потези нанесени се глатки брановидни и испрекинати линии – патот по кој вирусот се движи, а точкастите сегменти иницираат на циркулацијата и ширењето на вирусот. Во секое дело применет е широк опсег на форми со кои авторката ги паралелизира варијациите на микросветот, а таквиот начин на изразување може да се види и во многу претходни нејзини циклуси и изложби. Кога ги гледаме имагинарните амебовидни и геометриски битиа чудесно распрснати низ просторот, се запознаваме со богатата мисла и надреална фантазија на авторката сакајќи да ни пренесе кратка анимирана приказна. Концептот на делата е осмислен и наративен, а просторот рационално искористен. Тоа е постигнато преку взаемна синтеза на топли и ахроматски бои, конкретно компониран цртеж, со што доаѓа до израз графичкиот импулс на уметникот. Преку бојата, формата и начинот за визуелно претставување на делата го следиме уметничкиот стил на Зафировска, кој што заслужено може да се категоризира како дел од модерната апстрактна уметност.

Нејзиниот концентриран фокус покажува кон спремност за експериментирање со нови фантастични облици, кои ќе бидат пандан на фигуративната структура на вирусот кој прерасна во реална закана врз човештвото во 21 век.

м-р Галоска Билјана

Христина Зафировска е родена во Скопје. Завршува средно уметничко училиште на отсек применето сликарство. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на смер-сликарство со графички дизајн. Магистрант е на Факултетот за Дизајн и Мултимедија во Скопје-насока графички дизајн. 2009 година станува член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Таа е една од основачите на уметничката група и уметничкиот простор „Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т.“ во Скопје, основано 2009 година; исто така е една од основачите и член на уметничката група „МОМИ“ која почнува од 2012 година со активна реализација на проекти низ земјава и Балканот. Од 2016 година има статус на самостоен уметник кој е поддржан од Министерство за култура. Реализирала повеќе индивидуални проекти, во кои се обработуваат теми како што се: зачеток на создавањето, меѓучовечки односи, подобрување на правата и третманот на жените во општеството и принудната изолација. Проектите се презентирани во Германија, Франција, Бугарија, Турција, Њујорк и во повеќето градови во Република Македонија. Нејзината уметничка пракса се базира на работа во различни медиуми како сликарството, графички дизајн, ѕидното сликарство, инсталација, сценографија, цртеж, фотографија и видео.

Активно учествува на локални и регионални проекти, погранични соработки од областа на културата. Дел е од многубројни проекти, саеми на уметност, симпозиуми, резиденции, фестивали, работилници, групни претставувања на Балканот, низ Европа и пошироко.

The post Изложбата „Циклус 19 II“ на Христина Зафировска во Македонскиот културно-информативен центар во Софија appeared first on Република.

]]>

Во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, на 11 септември 2024, со почеток од 18:30 часот, ќе биде отворена изложбата „Циклус 19 II“ на ликовната уметница Христина Зафировска. Изложбата е составена од сликарски дела во мал формат, насликани со акрилни бои. „Циклус 19 II“ е второ самостојно претставување на авторката во Бугарија, која на отворањето ќе се сретне со софиската публика и ќе ја запознае со своето творештво. Циклус 19 II Во периодот што измина но и во оној што следи, човештвото се соочува со промени во начинот на живеење предизвикани од пандемијата Ковид 19. Изолацијата, сведувањето на комуникацијата на минимум и системските промени земаа крупни моменти од животот на луѓето, а посебно на младината. Секојдневните информации поврзани со невидливиот противник допираат до нас, влијаејќи на нашето ментално здравје. Светот сеуште војува со пандемијата и се справува со последиците, а се поставува и прашањето, уште колку долго би траело ова? Академската сликарка Христина Зафировска, преку својот циклус од 19 дела на тема „Ковид“, на апстрактен и сликовит начин ни го прикажува реалното и невидливото со голо око, поттикната од промените на животниот тек, настанати од пандемијата. Целиот серијал од 19 епизоди кои се тесно поврзани меѓу себе го интерпретира биолошкиот кружен строеж на вирусот, неговото создавање, виреење, проширување и пренесување. Креативните дела од овој циклус се изработени во акрилна техника - мал формат, симболизирајќи ја микроскопската големина на вирусот, кои се надополнети со мали парчиња кои се пробиваат низ површината. Во кружниот, квадратниот и триаголниот простор со мирни потези нанесени се глатки брановидни и испрекинати линии – патот по кој вирусот се движи, а точкастите сегменти иницираат на циркулацијата и ширењето на вирусот. Во секое дело применет е широк опсег на форми со кои авторката ги паралелизира варијациите на микросветот, а таквиот начин на изразување може да се види и во многу претходни нејзини циклуси и изложби. Кога ги гледаме имагинарните амебовидни и геометриски битиа чудесно распрснати низ просторот, се запознаваме со богатата мисла и надреална фантазија на авторката сакајќи да ни пренесе кратка анимирана приказна. Концептот на делата е осмислен и наративен, а просторот рационално искористен. Тоа е постигнато преку взаемна синтеза на топли и ахроматски бои, конкретно компониран цртеж, со што доаѓа до израз графичкиот импулс на уметникот. Преку бојата, формата и начинот за визуелно претставување на делата го следиме уметничкиот стил на Зафировска, кој што заслужено може да се категоризира како дел од модерната апстрактна уметност. Нејзиниот концентриран фокус покажува кон спремност за експериментирање со нови фантастични облици, кои ќе бидат пандан на фигуративната структура на вирусот кој прерасна во реална закана врз човештвото во 21 век. м-р Галоска Билјана Христина Зафировска е родена во Скопје. Завршува средно уметничко училиште на отсек применето сликарство. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на смер-сликарство со графички дизајн. Магистрант е на Факултетот за Дизајн и Мултимедија во Скопје-насока графички дизајн. 2009 година станува член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Таа е една од основачите на уметничката група и уметничкиот простор „Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т.“ во Скопје, основано 2009 година; исто така е една од основачите и член на уметничката група „МОМИ“ која почнува од 2012 година со активна реализација на проекти низ земјава и Балканот. Од 2016 година има статус на самостоен уметник кој е поддржан од Министерство за култура. Реализирала повеќе индивидуални проекти, во кои се обработуваат теми како што се: зачеток на создавањето, меѓучовечки односи, подобрување на правата и третманот на жените во општеството и принудната изолација. Проектите се презентирани во Германија, Франција, Бугарија, Турција, Њујорк и во повеќето градови во Република Македонија. Нејзината уметничка пракса се базира на работа во различни медиуми како сликарството, графички дизајн, ѕидното сликарство, инсталација, сценографија, цртеж, фотографија и видео. Активно учествува на локални и регионални проекти, погранични соработки од областа на културата. Дел е од многубројни проекти, саеми на уметност, симпозиуми, резиденции, фестивали, работилници, групни претставувања на Балканот, низ Европа и пошироко.

The post Изложбата „Циклус 19 II“ на Христина Зафировска во Македонскиот културно-информативен центар во Софија appeared first on Република.

]]>
Изложба „Реминисценции“ на Марјан Ѕингаров во Македонскиот културен центар во Софија https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-reministsentsii-na-marjan-zingarov-vo-makedonskiot-kulturen-tsentar-vo-sofija/ Mon, 06 Mar 2023 16:23:10 +0000 https://republika.mk/?p=616517

На 7 март (вторник) 2023 во КИЦ на РСМ во Софија, со почеток од 18:00 часот, ќе се одржи отворањето на ликовната изложба „Реминисценции“, составена од сликарски дела на Марјан Ѕингаров, повеќегодишен соработник и пријател на КИЦ на РСМ во Софија. На изложбата авторот го претставува својот последен циклус од сликарски дела. Сликите се изработени на платно со комбинирана техника и употреба акрилни бои.

Марјан Ѕингаров е роден 1976 г. во Струмица. Дипломирал во 2002 г. и магистрирал во 2005 г. на Националната Ликовна Академија во Софија, Бугарија.

Има реализирано девет самостојни изложби во Македонија, Бугарија и Романија. Учесник на групни изложби во Македонија, Бугарија, Грција, Србија, САД, Англија, Шпанија, Швајцарија, Италија, Полска, Чешка, Романија.

Носител на Годишната награда на Општина Струмица, св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици за 2022, за особен придонес во областа на културата и уметноста.

Носител е на Втората награда на Четврти меѓународен конкурс за апстрактна уметност "21 х 21" 2022 на Галерија [A] CUBE во Софија.

Делата на Марјан Ѕингаров следат една постојана траекторија на забрзување и компресирање на апстрактната сликовност со емоција и возбуда. Од знаковните студии со трње (од истоимениот циклус во 2015 година) преку геометриските бездни од 2018 г. до припитомените стравови и сенки во сегашната серија „Реминисценции“, Ѕин систематски е во потрага на кој начин да претстави повеќе со помалку. Без да западне во излишно сликање, тој работи со прецизна композиција во сѐ поапстрактни платна, исполнети со својствен однос кон пластичноста. Тие остануваат декоративни во својот карактер, без претензии за живописност, но тој плакатен квалитет е совладаниот јазик на музичката хармонија на овој циклус, неговата едноставност, синтетизирана од одбрани изразни средства. Оваа тивка лиричност им придава посебен дух на делата, кои не случајно потсетуваат на архаични траги. Траги, пронајдени под урнатините на една визуелна цивилизација којашто ја губи мистичната моќ на сликата. Она што останало како сугестија од овие слики, е магливото сеќавање за нив и нивните осамени, избледени сенки.

The post Изложба „Реминисценции“ на Марјан Ѕингаров во Македонскиот културен центар во Софија appeared first on Република.

]]>

На 7 март (вторник) 2023 во КИЦ на РСМ во Софија, со почеток од 18:00 часот, ќе се одржи отворањето на ликовната изложба „Реминисценции“, составена од сликарски дела на Марјан Ѕингаров, повеќегодишен соработник и пријател на КИЦ на РСМ во Софија. На изложбата авторот го претставува својот последен циклус од сликарски дела. Сликите се изработени на платно со комбинирана техника и употреба акрилни бои. Марјан Ѕингаров е роден 1976 г. во Струмица. Дипломирал во 2002 г. и магистрирал во 2005 г. на Националната Ликовна Академија во Софија, Бугарија. Има реализирано девет самостојни изложби во Македонија, Бугарија и Романија. Учесник на групни изложби во Македонија, Бугарија, Грција, Србија, САД, Англија, Шпанија, Швајцарија, Италија, Полска, Чешка, Романија. Носител на Годишната награда на Општина Струмица, св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици за 2022, за особен придонес во областа на културата и уметноста. Носител е на Втората награда на Четврти меѓународен конкурс за апстрактна уметност "21 х 21" 2022 на Галерија [A] CUBE во Софија. Делата на Марјан Ѕингаров следат една постојана траекторија на забрзување и компресирање на апстрактната сликовност со емоција и возбуда. Од знаковните студии со трње (од истоимениот циклус во 2015 година) преку геометриските бездни од 2018 г. до припитомените стравови и сенки во сегашната серија „Реминисценции“, Ѕин систематски е во потрага на кој начин да претстави повеќе со помалку. Без да западне во излишно сликање, тој работи со прецизна композиција во сѐ поапстрактни платна, исполнети со својствен однос кон пластичноста. Тие остануваат декоративни во својот карактер, без претензии за живописност, но тој плакатен квалитет е совладаниот јазик на музичката хармонија на овој циклус, неговата едноставност, синтетизирана од одбрани изразни средства. Оваа тивка лиричност им придава посебен дух на делата, кои не случајно потсетуваат на архаични траги. Траги, пронајдени под урнатините на една визуелна цивилизација којашто ја губи мистичната моќ на сликата. Она што останало како сугестија од овие слики, е магливото сеќавање за нив и нивните осамени, избледени сенки.

The post Изложба „Реминисценции“ на Марјан Ѕингаров во Македонскиот културен центар во Софија appeared first on Република.

]]>
Фросина Пармаковска со романот „На враќање“ пред софиската публика и критика https://republika.mk/vesti/kultura/frosina-parmakovska-so-romanot-na-vrakane-pred-sofiskata-publika-i-kritika/ Wed, 22 Feb 2023 11:17:58 +0000 https://republika.mk/?p=611868

На 9 март 2023, со почеток од 18:30 часот, во КИЦ на Македонија во Софија ќе се одржи промоцијата на книгата „На враќање“ од македонската писателка Фросина Пармаковска. „На враќање“ е издание на „Персеј“ од Софија, преведена на бугарски јазик од Маријан Петров. На промоцијата пред софиската публика, во присуство на авторката, ќе говорат издавачот Пламен Тотев и преведувачот Марјан Петров.

Младата македонска писателка Фросина Пармаковска е позната на бугарските читатели со книгите „Вишнова хроника“ и „Одбројување“ кои порано излегоа од печат како изданија на издаваштвото „Персеј“ на бугарски јазик. “Одбројување“, објавен од издавачката куќа „Или-Или“, ја доби наградата „Роман на годината“ за 2017 година која ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.

„На враќање“ е возбудлива и привлечно раскажана драматична животна приказна, роман за грешките и прошката, за разбраната и претрпена грешка, која секој може да ја направи, за моментите во кои човек се приземјува и го осознава сето неправилно извршено.

 

The post Фросина Пармаковска со романот „На враќање“ пред софиската публика и критика appeared first on Република.

]]>

На 9 март 2023, со почеток од 18:30 часот, во КИЦ на Македонија во Софија ќе се одржи промоцијата на книгата „На враќање“ од македонската писателка Фросина Пармаковска. „На враќање“ е издание на „Персеј“ од Софија, преведена на бугарски јазик од Маријан Петров. На промоцијата пред софиската публика, во присуство на авторката, ќе говорат издавачот Пламен Тотев и преведувачот Марјан Петров. Младата македонска писателка Фросина Пармаковска е позната на бугарските читатели со книгите „Вишнова хроника“ и „Одбројување“ кои порано излегоа од печат како изданија на издаваштвото „Персеј“ на бугарски јазик. “Одбројување“, објавен од издавачката куќа „Или-Или“, ја доби наградата „Роман на годината“ за 2017 година која ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“. „На враќање“ е возбудлива и привлечно раскажана драматична животна приказна, роман за грешките и прошката, за разбраната и претрпена грешка, која секој може да ја направи, за моментите во кои човек се приземјува и го осознава сето неправилно извршено.  

The post Фросина Пармаковска со романот „На враќање“ пред софиската публика и критика appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Уметноста како трансформирана реалност“ на Берат Беќири, Астрит Реџепи и Улбер Даути во Македонскиот културен центар во Софија https://republika.mk/vesti/kultura/izlozbata-umetnosta-kako-transformirana-realnost-na-berat-bekjiri-astrit-redzepi-i-ulber-dauti-vo-makedonskiot-kulturen-centar-vo-sofija/ Tue, 15 Nov 2022 16:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=574121

На 15 ноември (вторник) во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија, со почеток од 18:30 часот, ќе биде отворена изложбата „Уметноста како трансформирана реалност“, составена од графички дела на Берат Беќири, Астрит Реџепи и Улбер Даути. Младите автори од Тетово, воспитаници на тетовскиот Факултет за уметности, за прв пат се претставуваат пред софиската публика и во КИЦ на Македонија.

Берат Беќири е роден на 02.12.1992. Завршил средно гимназиско образование во Средното општинско училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово 2011 година. Продолжил со студиите во Тетовскиот Универзитет, на Факултетот за уметности, насока – „Графика“, во класата на Хајруш Исени, каде и дипломирал во 2017 година. Во 2018 година ги започнал своите магистерски студии во класата на проф. Нафи Јашари, насока „Графика“, каде што и магистрирал во 2021 година.

Самостојни изложби имал во Тетово и Истанбул. Учествувал на повеќе групни изложби во градовите Тетово, Тирана, Приштина, Струга, Скопје, Куманово.

Астрит Реџепи е роден на 24.08.1991 во Тетово. Завршил средно гимназиско образование во Средното општинско училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Продолжил со студиите во Тетовскиот Универзитет, на Факултетот за уметности, насока – „Графика“, во класата на проф. Нафи Јашари.

Самостојни изложби имал во Тетово и Истанбул. Учествувал на повеќе групни изложби во градовите: Тетово, Тирана, Приштина, Струга, Скопје, Куманово.

Улбер Даути е роден на 20.08.1989 во Тетово. Завршил средно гимназиско образование во Средното општинско училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Продолжил со студиите во Тетовскиот Универзитет, на Факултетот за уметности, насока – „Графика“, во класата на Хајруш Исени.

Самостојни изложби имал во Тетово и Истанбул. Учествувал на повеќе групни изложби во градовите: Тетово, Тирана, Приштина, Струга, Скопје, Куманово.

УМЕТНОСТА КАКО TРАНСФОРМИРАНА РЕАЛНОСТ

Пренесени во меморијата на младите луѓе, со комбинација на време и простор, преку професионални експерименти и владеење на графичките техники, креаторите се ставени во потрага по својата креативна индивидуалност. Преку експлозивната моќ на интерпретацијата на теми од фолклорот, етнолошките елементи, ги прават првите чекори на професионалниот пат каде што започнуваат делата, за докажување на стремежите и наменетите уметнички пораки.

Берат Беќири, Астрит Реџепи и Илбер Даути, иако сè уште на почетокот на својата уметничка кариера, ѝ се предале на уметничката инспирација со традиционалните нијанси на стилови и начини на лекување во рамките на флексибилен графички метод. Делата изгледаат едноставно по изглед, но ако навлеземе подлабоко во себе се гледа дека се префинети и елегантно обработени на декоративна и дводимензионална позадина и понекогаш се појавуваат со изразени експресионистички нијанси со градации, вели д-р. Ј. Асани, историчар на уметност.

 

The post Изложбата „Уметноста како трансформирана реалност“ на Берат Беќири, Астрит Реџепи и Улбер Даути во Македонскиот културен центар во Софија appeared first on Република.

]]>

На 15 ноември (вторник) во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија, со почеток од 18:30 часот, ќе биде отворена изложбата „Уметноста како трансформирана реалност“, составена од графички дела на Берат Беќири, Астрит Реџепи и Улбер Даути. Младите автори од Тетово, воспитаници на тетовскиот Факултет за уметности, за прв пат се претставуваат пред софиската публика и во КИЦ на Македонија. Берат Беќири е роден на 02.12.1992. Завршил средно гимназиско образование во Средното општинско училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово 2011 година. Продолжил со студиите во Тетовскиот Универзитет, на Факултетот за уметности, насока – „Графика“, во класата на Хајруш Исени, каде и дипломирал во 2017 година. Во 2018 година ги започнал своите магистерски студии во класата на проф. Нафи Јашари, насока „Графика“, каде што и магистрирал во 2021 година. Самостојни изложби имал во Тетово и Истанбул. Учествувал на повеќе групни изложби во градовите Тетово, Тирана, Приштина, Струга, Скопје, Куманово. Астрит Реџепи е роден на 24.08.1991 во Тетово. Завршил средно гимназиско образование во Средното општинско училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Продолжил со студиите во Тетовскиот Универзитет, на Факултетот за уметности, насока – „Графика“, во класата на проф. Нафи Јашари. Самостојни изложби имал во Тетово и Истанбул. Учествувал на повеќе групни изложби во градовите: Тетово, Тирана, Приштина, Струга, Скопје, Куманово. Улбер Даути е роден на 20.08.1989 во Тетово. Завршил средно гимназиско образование во Средното општинско училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Продолжил со студиите во Тетовскиот Универзитет, на Факултетот за уметности, насока – „Графика“, во класата на Хајруш Исени. Самостојни изложби имал во Тетово и Истанбул. Учествувал на повеќе групни изложби во градовите: Тетово, Тирана, Приштина, Струга, Скопје, Куманово.
УМЕТНОСТА КАКО TРАНСФОРМИРАНА РЕАЛНОСТ Пренесени во меморијата на младите луѓе, со комбинација на време и простор, преку професионални експерименти и владеење на графичките техники, креаторите се ставени во потрага по својата креативна индивидуалност. Преку експлозивната моќ на интерпретацијата на теми од фолклорот, етнолошките елементи, ги прават првите чекори на професионалниот пат каде што започнуваат делата, за докажување на стремежите и наменетите уметнички пораки. Берат Беќири, Астрит Реџепи и Илбер Даути, иако сè уште на почетокот на својата уметничка кариера, ѝ се предале на уметничката инспирација со традиционалните нијанси на стилови и начини на лекување во рамките на флексибилен графички метод. Делата изгледаат едноставно по изглед, но ако навлеземе подлабоко во себе се гледа дека се префинети и елегантно обработени на декоративна и дводимензионална позадина и понекогаш се појавуваат со изразени експресионистички нијанси со градации, вели д-р. Ј. Асани, историчар на уметност.  

The post Изложбата „Уметноста како трансформирана реалност“ на Берат Беќири, Астрит Реџепи и Улбер Даути во Македонскиот културен центар во Софија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски го посети Културно информативен центар во Софија https://republika.mk/vesti/balkan/547818/ Tue, 06 Sep 2022 06:13:25 +0000 https://republika.mk/?p=547818

Во рамки на посетата на Бугарија, премиерот Димитар Ковачевски го посети Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.

Димитар Ковачевски и македонската владина делегација предводена од него беа пречекани од директорот на КИЦ Сашко Насев, кој ги запозна со неговите активности. Насев во галеријата на КИЦ на македонскиот премиер и на министрите за економија и надворешни работи Крешник Бектеши и Бујар Османи им ја покажа изложбата „Панта реи“ на македонскиот уметник и скулптор Марјан Стојаноски.

Насев го запозна Ковачевски и со претстојната Европска ноќ на литературата, која ќе се одржи на 7 септември во Софија и со читателското гнездо на Културно-информативниот центар на Македонија во Бугарија, каде што е објавена книгата на македонскиот писател Александар Прокопиев „Човечулец“. Оваа збирка раскази годинава беше преведена на бугарски јазик во издание на издавачката куќа „Книги за секого“.

Директорот на КИЦ во Софија и премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, разговараа за културната интеракција за подобро запознавање на бугарската јавност со достигнувањата на македонската култура.н

The post Ковачевски го посети Културно информативен центар во Софија appeared first on Република.

]]>

Во рамки на посетата на Бугарија, премиерот Димитар Ковачевски го посети Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. Димитар Ковачевски и македонската владина делегација предводена од него беа пречекани од директорот на КИЦ Сашко Насев, кој ги запозна со неговите активности. Насев во галеријата на КИЦ на македонскиот премиер и на министрите за економија и надворешни работи Крешник Бектеши и Бујар Османи им ја покажа изложбата „Панта реи“ на македонскиот уметник и скулптор Марјан Стојаноски. Насев го запозна Ковачевски и со претстојната Европска ноќ на литературата, која ќе се одржи на 7 септември во Софија и со читателското гнездо на Културно-информативниот центар на Македонија во Бугарија, каде што е објавена книгата на македонскиот писател Александар Прокопиев „Човечулец“. Оваа збирка раскази годинава беше преведена на бугарски јазик во издание на издавачката куќа „Книги за секого“. Директорот на КИЦ во Софија и премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, разговараа за културната интеракција за подобро запознавање на бугарската јавност со достигнувањата на македонската култура.н

The post Ковачевски го посети Културно информативен центар во Софија appeared first on Република.

]]>