КИЦ-Битола Archives - Република https://republika.mk/tema/kic-bitola/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Mar 2024 17:49:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png КИЦ-Битола Archives - Република https://republika.mk/tema/kic-bitola/ 32 32 Изложбата на фотографии на Ивона Кочов, насловена „Монохроматска меланхолија” во Културен и информативен центар – Битола https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-na-fotografii-na-ivona-kochov-naslovena-monohromatska-melanholija-vo-kulturen-i-informativen-tsentar-bitola/ Thu, 21 Mar 2024 21:11:13 +0000 https://republika.mk/?p=757164

На 21-ви март (четврток) во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложбата на фотографии на Ивона Кочов, насловена „Монохроматска меланхолија” во Културен и информативен центар – Офицерски дом, Битола. Се работи за селекција на најдобрите уметнички фотографии од долгогодишната работа на Ивона Кочов.

Ивона Кочов е родена 1975 година, во Битола. За фотографијата се заинтересирала уште од најраното детство кога често ја посетувала импровизираната лабораторија на нејзиниот татко и стрико, кои ентузијастички се занимавале со развивање филмови и правење фотографии. На почетокот од 90-тите години почнува да фотографира со обичен аналоген фотоапарат кога и се запознава со Атанас Нашоку Саку, признат битолски и македонски фотограф од постарата генерација, кој пријатно изненаден од нејзината желба за фотографирање, ѝ подарува фотоапарат „Зенит“. По неколку години интензивно фотографирање, поради недостиг на средства за развивање на филмовите како и обврските кон факултетот, настапува период на децениска стагнација. Со појавата на дигиталната технологија се враќа и нејзиниот интерес кон фотографијата најпрво преку најобичен компактен фотоапарат (2009 г.), а потоа и со купување на DSLR „Никон“ фотоапарат (2013 г.) започнува со малку посериозен пристап кон уметничката фотографија. Тоа резултира со зачленување во Фото-кино клуб „Битола“ и со многу поинтензивна работа која наредните години ќе ѝ донесе забележителни резултати. Кочов е добитник на голем број на награди, од кои се издвојуваат: Бронзен медал за фотографија на изложбата „Улица“ (2015 г.); Бронзен медал на манифестацијата „Денови на македонската фотографија“ (2015 г.) за поединечна фотографија и за колекција; Прва награда на изложбата „Со љубов од Битола“ (2015 г.); IAAP сребрен медал на меѓународниот натпревар „View Point“ (2015 г.); Бронзен медал на меѓународниот натпревар „Photo Story“ (2016 г); IAAP диплома и НФУМ диплома на меѓународниот натпревар „Play“ (2016 г.); Диплома за поединечна фотографија на „Денови на македонска фотографија“ (2017 г.) и др.

The post Изложбата на фотографии на Ивона Кочов, насловена „Монохроматска меланхолија” во Културен и информативен центар – Битола appeared first on Република.

]]>

На 21-ви март (четврток) во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложбата на фотографии на Ивона Кочов, насловена „Монохроматска меланхолија” во Културен и информативен центар – Офицерски дом, Битола. Се работи за селекција на најдобрите уметнички фотографии од долгогодишната работа на Ивона Кочов. Ивона Кочов е родена 1975 година, во Битола. За фотографијата се заинтересирала уште од најраното детство кога често ја посетувала импровизираната лабораторија на нејзиниот татко и стрико, кои ентузијастички се занимавале со развивање филмови и правење фотографии. На почетокот од 90-тите години почнува да фотографира со обичен аналоген фотоапарат кога и се запознава со Атанас Нашоку Саку, признат битолски и македонски фотограф од постарата генерација, кој пријатно изненаден од нејзината желба за фотографирање, ѝ подарува фотоапарат „Зенит“. По неколку години интензивно фотографирање, поради недостиг на средства за развивање на филмовите како и обврските кон факултетот, настапува период на децениска стагнација. Со појавата на дигиталната технологија се враќа и нејзиниот интерес кон фотографијата најпрво преку најобичен компактен фотоапарат (2009 г.), а потоа и со купување на DSLR „Никон“ фотоапарат (2013 г.) започнува со малку посериозен пристап кон уметничката фотографија. Тоа резултира со зачленување во Фото-кино клуб „Битола“ и со многу поинтензивна работа која наредните години ќе ѝ донесе забележителни резултати. Кочов е добитник на голем број на награди, од кои се издвојуваат: Бронзен медал за фотографија на изложбата „Улица“ (2015 г.); Бронзен медал на манифестацијата „Денови на македонската фотографија“ (2015 г.) за поединечна фотографија и за колекција; Прва награда на изложбата „Со љубов од Битола“ (2015 г.); IAAP сребрен медал на меѓународниот натпревар „View Point“ (2015 г.); Бронзен медал на меѓународниот натпревар „Photo Story“ (2016 г); IAAP диплома и НФУМ диплома на меѓународниот натпревар „Play“ (2016 г.); Диплома за поединечна фотографија на „Денови на македонска фотографија“ (2017 г.) и др.

The post Изложбата на фотографии на Ивона Кочов, насловена „Монохроматска меланхолија” во Културен и информативен центар – Битола appeared first on Република.

]]>
Отворен ден во Офицерски дом Битола и богата културна програма овој викенд https://republika.mk/vesti/kultura/otvoren-den-vo-oficerski-dom-bitola-i-bogata-kulturna-programa-ovoj-vikend/ Fri, 04 Nov 2022 09:28:25 +0000 https://republika.mk/?p=569464

Како дел од одбележувањето на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, утре во Офицерскиот дом ќе има отворен ден за сите граѓани и посетители.

Вратите на Офицерски дом, ќе бидат широко отворени за сите посетители, кои ќе можат да слушнат за историјата на Офицерски, да ја разгледаат внатрешноста и изложбите како онаа на Благој Мицевски - „ОпераДрамаБалет“- костими и фотографии“ во Кристалната сала,„Звукот на Битола“- посебно мултимедијално доживување во Свечената сала, репрезентативната поставката на „Битолска современа уметност“ во Западната Галерија, да уживаат во музичкиот маратон „Со љубов за Битола“, да ја дознаат историјата на музиката во нашиот град преку книгата „Музика“ на Александар Стерјовски или едноставно да прошетаат и да уживаат во убавината на нашата гордост Офицерски дом. Изборот е Ваш, а ние сме тука да го направиме Вашиот престој попријатен, велат оттаму.

Воедно, овој викенд КИЦ Битола е средиште на бројни културни случувања.

The post Отворен ден во Офицерски дом Битола и богата културна програма овој викенд appeared first on Република.

]]>

Како дел од одбележувањето на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, утре во Офицерскиот дом ќе има отворен ден за сите граѓани и посетители.
Вратите на Офицерски дом, ќе бидат широко отворени за сите посетители, кои ќе можат да слушнат за историјата на Офицерски, да ја разгледаат внатрешноста и изложбите како онаа на Благој Мицевски - „ОпераДрамаБалет“- костими и фотографии“ во Кристалната сала,„Звукот на Битола“- посебно мултимедијално доживување во Свечената сала, репрезентативната поставката на „Битолска современа уметност“ во Западната Галерија, да уживаат во музичкиот маратон „Со љубов за Битола“, да ја дознаат историјата на музиката во нашиот град преку книгата „Музика“ на Александар Стерјовски или едноставно да прошетаат и да уживаат во убавината на нашата гордост Офицерски дом. Изборот е Ваш, а ние сме тука да го направиме Вашиот престој попријатен, велат оттаму.
Воедно, овој викенд КИЦ Битола е средиште на бројни културни случувања.

The post Отворен ден во Офицерски дом Битола и богата културна програма овој викенд appeared first on Република.

]]>
КИЦ-Битола најави богата културна програма во Кино „Манаки“ и во Офицерскиот дом https://republika.mk/vesti/kultura/kic-bitola-najavi-bogata-kulturna-programa-vo-kino-manaki-i-vo-oficerskiot-dom/ Tue, 18 Jan 2022 12:06:40 +0000 https://republika.mk/?p=446341

ЈОУ Културен и Информативен Центар-Битола, институција основана пред неколку месеци во 2021 година, најави богата културна програма што ќе ја реализира оваа година. Програмските активности ќе се одржат во два објекти со кои располага таа општинска установа, односно Кино „Манаки“ и Офицерски дом во Битола,

Во делот на музичка дејност, а со одлука на Советот на Општина Битола, КИЦ-Битола ќе може да го возобнови фестивалот Серенада фест и да организира музички смотри со хорски настапи. Во танцовата и балетска дејност планиран е натпревар за модерен танц и модерен балет, а театарската дејност ќе биде збогатена со летен отворен театар, Моно-дуо драми и детски театар.

ЈОУ КИЦ-Битола на платото пред Офицерскиот дом ќе ги врати и за публиката ќе организира модна ревија, настани кои пред неколку децении предизвикуваа голем интерес и посетеност во тој град, а се очекува и претставувања на модни креатори и нивните креации.

Според утврдената програма за работа на КИЦ-Битола, соодветно внимание ќе биде посветено на филмската дејност, ликовната дејност, музејска дејност но и занаетчиската дејност за што планирани се изложби на уметнички накит, луксузен накит и изложба на ракотворби.

The post КИЦ-Битола најави богата културна програма во Кино „Манаки“ и во Офицерскиот дом appeared first on Република.

]]>

ЈОУ Културен и Информативен Центар-Битола, институција основана пред неколку месеци во 2021 година, најави богата културна програма што ќе ја реализира оваа година. Програмските активности ќе се одржат во два објекти со кои располага таа општинска установа, односно Кино „Манаки“ и Офицерски дом во Битола, Во делот на музичка дејност, а со одлука на Советот на Општина Битола, КИЦ-Битола ќе може да го возобнови фестивалот Серенада фест и да организира музички смотри со хорски настапи. Во танцовата и балетска дејност планиран е натпревар за модерен танц и модерен балет, а театарската дејност ќе биде збогатена со летен отворен театар, Моно-дуо драми и детски театар. ЈОУ КИЦ-Битола на платото пред Офицерскиот дом ќе ги врати и за публиката ќе организира модна ревија, настани кои пред неколку децении предизвикуваа голем интерес и посетеност во тој град, а се очекува и претставувања на модни креатори и нивните креации. Според утврдената програма за работа на КИЦ-Битола, соодветно внимание ќе биде посветено на филмската дејност, ликовната дејност, музејска дејност но и занаетчиската дејност за што планирани се изложби на уметнички накит, луксузен накит и изложба на ракотворби.

The post КИЦ-Битола најави богата културна програма во Кино „Манаки“ и во Офицерскиот дом appeared first on Република.

]]>