кибер напади Archives - Република https://republika.mk/tema/kiber-napadi/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Feb 2024 12:10:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кибер напади Archives - Република https://republika.mk/tema/kiber-napadi/ 32 32 Албанија ја зајакнува кибер безбедноста, за пет години ќе вложи 111 милиони евра https://republika.mk/vesti/balkan/albanija-ja-zajaknuva-kiber-bezbednosta-za-pet-godini-ke-vlozhi-111-milioni-evra/ Thu, 22 Feb 2024 12:10:34 +0000 https://republika.mk/?p=746983

По серијата напади, кои зачестија од пред две година, Албанија подготви нов закон со цел да го зајакне нивото на кибер безбедноста во земјата, со кој преку зголемување на капацитетите за спречување на софистицирани напади, планира да инвестира 111 милиони евра во следните пет години.

-Кибер-нападите се веќе многу софистицирани. Сегашните капацитети се недоволни да гарантираат високо ниво на безбедност во мрежите и информациските системи. Од витално значење е да се воспостави правна рамка во условите во кои се наоѓаме, а за да се одговори на зголемените напади, неопходно е да се воспостави современа правна рамка според директивите на ЕУ, изјави Игли Тафа, директор на Националната управа на седница на парламентарната законодавна комисија.

Албанија во последниве години се соочи со серија софистицирани кибер-напади за кои владата ја обвини Исламската Република Иран.

Во извештајот на компанијата „Мајкрософт“, која беше повикана од албанската влада да помогне во одбивањето и истрагата на сајбер-нападот врз Албанија, се вели дека успеала да пронајде четири групи напаѓачи поврзани со разузнавачките служби на Иран.

Како одговор на нападите врз владините мрежи од Техеран, официјална Тирана одлучи да ги прекине дипломатските односи со Иран во почетокот на септември 2022 година и им нареди на иранските дипломати и на вработените во амбасадата да ја напуштат земјата во рок од 24 часа.

Иранското Министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата за нападот како неосновани, а одлуката за прекин на дипломатските односи како „краткогледа“.

Двете земји имаа тензични односи од 2014 кога Албанија прими 4.000 членови на протераната опозициска група Народна муџахединска организација на Иран, за кои изграден е посебен камп во близина на Драч.

The post Албанија ја зајакнува кибер безбедноста, за пет години ќе вложи 111 милиони евра appeared first on Република.

]]>

По серијата напади, кои зачестија од пред две година, Албанија подготви нов закон со цел да го зајакне нивото на кибер безбедноста во земјата, со кој преку зголемување на капацитетите за спречување на софистицирани напади, планира да инвестира 111 милиони евра во следните пет години.
-Кибер-нападите се веќе многу софистицирани. Сегашните капацитети се недоволни да гарантираат високо ниво на безбедност во мрежите и информациските системи. Од витално значење е да се воспостави правна рамка во условите во кои се наоѓаме, а за да се одговори на зголемените напади, неопходно е да се воспостави современа правна рамка според директивите на ЕУ, изјави Игли Тафа, директор на Националната управа на седница на парламентарната законодавна комисија.
Албанија во последниве години се соочи со серија софистицирани кибер-напади за кои владата ја обвини Исламската Република Иран. Во извештајот на компанијата „Мајкрософт“, која беше повикана од албанската влада да помогне во одбивањето и истрагата на сајбер-нападот врз Албанија, се вели дека успеала да пронајде четири групи напаѓачи поврзани со разузнавачките служби на Иран. Како одговор на нападите врз владините мрежи од Техеран, официјална Тирана одлучи да ги прекине дипломатските односи со Иран во почетокот на септември 2022 година и им нареди на иранските дипломати и на вработените во амбасадата да ја напуштат земјата во рок од 24 часа. Иранското Министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата за нападот како неосновани, а одлуката за прекин на дипломатските односи како „краткогледа“. Двете земји имаа тензични односи од 2014 кога Албанија прими 4.000 членови на протераната опозициска група Народна муџахединска организација на Иран, за кои изграден е посебен камп во близина на Драч.

The post Албанија ја зајакнува кибер безбедноста, за пет години ќе вложи 111 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Ги зголемивме платите за 30% на Одделот за информатика, тоа се луѓето кои се борат со сајбер заканите https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-gi-zgolemivme-platite-za-30-na-oddelot-za-informatika-toa-se-lugeto-koi-se-borat-so-sajber-zakanite/ Thu, 22 Jun 2023 06:10:17 +0000 https://republika.mk/?p=654218

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски гостувајќи во емисијата „Вин вин“ на Телма телевизија во делот на разговорот за сајбер безбедност, ја истакна потребата од поддршка на стручните лица во борбата против сајбер заканите.

„Сметам дека апсолутно мора да се изнајдат механизми и да се поддржат луѓето кои можат да нѐ заштитат. Знаете, вложуваме средства во Армија, полиција и се подготвуваме за одбрана од конвенционални напади, иако тука спаѓа и заштита од сајбер напади. Во овој дел мора да вложуваме многу повеќе. Не може луѓето кои се стручни, компетентни, експертски подготвени да помогнат во одбрана на државата од сајбер закани, да бидат, не би рекол на маргините, тие се на видни позиции, меѓутоа да бидат добро платени за да останат во институциите, да имаат мотивација да бидат дел од системот кој сакаме да го градиме. На крајот од краиштата, условите за работа, нивото на висина на плата ги одредува и нивните чекори низ животот”, рече министерот Спасовски, напоменувајќи за одлуката која беше донесена од страна на МВР во дијалог со Македонскиот полициски синдикат.

„Ние во МВР донесовме одлука заедно со МПС минатата година да ги заштитиме овие луѓе, да овозможиме подобри услови за работа, да ги зголемиме нивните плати за 30% од тоа што било претходно, и во Одделот за телекомуникации и информатика и во делот на дигитална форензика, затоа што навистина се потребни тие кадри. Нивната важност добива на значење во моменти кога треба да видите дека тие треба да се справат со сајбер закани, напади, документација на говор на омраза, други кривични дела кои доаѓаат по дигитален пат, од една страна, и да се изгради целиот тој концепт на заштита на институциите од електронски напади”, истакна министерот Спасовски.

The post Спасовски: Ги зголемивме платите за 30% на Одделот за информатика, тоа се луѓето кои се борат со сајбер заканите appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски гостувајќи во емисијата „Вин вин“ на Телма телевизија во делот на разговорот за сајбер безбедност, ја истакна потребата од поддршка на стручните лица во борбата против сајбер заканите.
„Сметам дека апсолутно мора да се изнајдат механизми и да се поддржат луѓето кои можат да нѐ заштитат. Знаете, вложуваме средства во Армија, полиција и се подготвуваме за одбрана од конвенционални напади, иако тука спаѓа и заштита од сајбер напади. Во овој дел мора да вложуваме многу повеќе. Не може луѓето кои се стручни, компетентни, експертски подготвени да помогнат во одбрана на државата од сајбер закани, да бидат, не би рекол на маргините, тие се на видни позиции, меѓутоа да бидат добро платени за да останат во институциите, да имаат мотивација да бидат дел од системот кој сакаме да го градиме. На крајот од краиштата, условите за работа, нивото на висина на плата ги одредува и нивните чекори низ животот”, рече министерот Спасовски, напоменувајќи за одлуката која беше донесена од страна на МВР во дијалог со Македонскиот полициски синдикат. „Ние во МВР донесовме одлука заедно со МПС минатата година да ги заштитиме овие луѓе, да овозможиме подобри услови за работа, да ги зголемиме нивните плати за 30% од тоа што било претходно, и во Одделот за телекомуникации и информатика и во делот на дигитална форензика, затоа што навистина се потребни тие кадри. Нивната важност добива на значење во моменти кога треба да видите дека тие треба да се справат со сајбер закани, напади, документација на говор на омраза, други кривични дела кои доаѓаат по дигитален пат, од една страна, и да се изгради целиот тој концепт на заштита на институциите од електронски напади”, истакна министерот Спасовски.

The post Спасовски: Ги зголемивме платите за 30% на Одделот за информатика, тоа се луѓето кои се борат со сајбер заканите appeared first on Република.

]]>
Македонија стана членка на Глобалниот форум за кибер експертиза https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-stana-chlenka-na-globalniot-forum-za-kiber-ekspertiza/ Fri, 25 Nov 2022 10:19:30 +0000 https://republika.mk/?p=578143

На иницијатива на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, Македонија стана 103-та членка на Глобалниот форум за кибер експертиза (ГФЦЕ), во која членуваат и соработуваат владите на најразвиените земји во светот на темата кибер безбедност, организации како ОБСЕ, Светска банка, Обединети нации, Европската Унија, Совет на Европа, Интерпол и многу други, како и стопански комори и приватни компании кои работат на оваа тема, информира владината прес-служба.

Владата со сите министерства и институции кои се посветени на оваа област, во рамките на ГФЦЕ работат на четири теми – политики и стратегии, менаџмент на инциденти и заштита на инфраструктурата од кибер напади, кибер криминал, кибер култура и градење капацитети.

Преку ГФЦЕ ќе се работи на зголемување на меѓународната соработка и координација на Владата и организациите кои даваат поддршка и работат на кибер темата во земјата, за што ГФЦЕ има изработено платформа за мониторинг и координација на проектите и активностите, велат од Владата.

Кибер безбедноста, нагласуваат, е клучен елемент во одбраната на секоја држава.

Од исклучително значење е зајакнувањето на кибер безбедноста и кибер отпорноста и заедно со меѓународните партнери ќе продолжиме силно да работиме и да се развиваме на оваа тема, за да ги достигнеме ЕУ стандардите на кибер безбедно општество, штитејќи ги граѓаните и државните системи од кибер напади, се вели во денешното соопштение од Владата. 

The post Македонија стана членка на Глобалниот форум за кибер експертиза appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, Македонија стана 103-та членка на Глобалниот форум за кибер експертиза (ГФЦЕ), во која членуваат и соработуваат владите на најразвиените земји во светот на темата кибер безбедност, организации како ОБСЕ, Светска банка, Обединети нации, Европската Унија, Совет на Европа, Интерпол и многу други, како и стопански комори и приватни компании кои работат на оваа тема, информира владината прес-служба. Владата со сите министерства и институции кои се посветени на оваа област, во рамките на ГФЦЕ работат на четири теми – политики и стратегии, менаџмент на инциденти и заштита на инфраструктурата од кибер напади, кибер криминал, кибер култура и градење капацитети.
Преку ГФЦЕ ќе се работи на зголемување на меѓународната соработка и координација на Владата и организациите кои даваат поддршка и работат на кибер темата во земјата, за што ГФЦЕ има изработено платформа за мониторинг и координација на проектите и активностите, велат од Владата.
Кибер безбедноста, нагласуваат, е клучен елемент во одбраната на секоја држава.
Од исклучително значење е зајакнувањето на кибер безбедноста и кибер отпорноста и заедно со меѓународните партнери ќе продолжиме силно да работиме и да се развиваме на оваа тема, за да ги достигнеме ЕУ стандардите на кибер безбедно општество, штитејќи ги граѓаните и државните системи од кибер напади, се вели во денешното соопштение од Владата. 

The post Македонија стана членка на Глобалниот форум за кибер експертиза appeared first on Република.

]]>
Директорот на ОТА: Имаме систем кој на кибер напад би реагирал како мртов коњ, му фалат само гулаби-писмонсци https://republika.mk/vesti/makedonija/direktorot-na-ota-imame-sistem-koj-na-kiber-napad-bi-reagiral-kako-mrtov-konj-mu-falat-samo-gulabi-pismonsci/ Wed, 19 Oct 2022 14:26:37 +0000 https://republika.mk/?p=563122

Директорот на ОТА, Зоран Ангеловски денеска информираше дека изработиле дигитален систем за пренос на класифицирани информации, кој е еден од најмодерните во регионот, со високо ниво на заштита, прв пат со употреба на крипто заштита со квантна технологија, но шест месеци се чека за акредитација од страна на Дирекција за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ). Сепак, нагласи денеска Ангеловски на дебатата за реформите во безбедносно-разузнавачкиот сектор дека државата во делот на кибер безбедноста е на недозволиво ниско ниво.

– Во моментот реакцијата на државата на еден евентуален кибер напад е на ниво на мртов коњ, рече Ангеловски на вториот панел од денешната годишната конференција во рамки на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Македонија (2021-2026) во организација на женевскиот Центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ), што се одржува во Скопје.

Според директорот на ОТА, дигитализацијата на општеството не може да направиме без кибербезбедност. Актуелниот систем што го имаме, оцени тој, е благо речено анахрон, а тоа е заклучок на сите институции.

– Во делот на ОТА реформата не е шминка. Она што е реформа на безбедносниот сектор допрва ќе наиде на предизвици. Горд сум што за ОТА се согласија сите и морам да истакнам и да упатам благодарност до актуелниот состав на собраниската Комисија и до претходниот состав. Ниту едно барање и реферирање на ОТА не наишло на не одобрување односно едногласно се прифатени сите работи што ги побаруваме. Имаме перфектна соработка. Но, ни фали имплементација и ефикасност во постапување, изјави Ангеловски.

Во врска со акредитацијата, што се чека, Слаѓана Божиновска од Дирекција за безбедност на класифицирани информации, одговори дека интензивно се работи на случајот, но, како што рече, потребно е време бидејќи станува збор за комплексни процедури, но и заради можностите и капацитетите со кои работат.

– Потребно е време, технички можности и во моментот интензивно се работи. Се прегледува потребната документација што е пропишана и во законот и воопшто во работата со класифицирани информации. Тоа е сегмент каде одередени работи што се пропишани нема маневри, изјави Божиновска. Додаде дека е факт оти техничкиот момент околу мерењето на зрачењето не е во нивна можност, но, истакна, постојат решенија, во соработка со партнерски служби во регионот и тоа да се оствари.

Инаку, Ангеловски информираше дека оваа апликација е направена заедно со десет институции во државата и со неа, како што рече, е невозможно да се згреши и целата комуникација со институциите, меѓу кои и со судовите, е документирана.

– Направено е нешто во кое не можеш да направиш грешка, не можеш да цитираш погрешен закон, не можеш да пробиеш рокови, не може да истече податок. Во моментов имаме систем на кој му фалат уште гулаби – писмоноши, рече тој.

На прашањето дали може ОТА да пресретне комуникација на вибер или на ватс ап, Ангеловски потенцира дека тоа е законска должност на Агенцијата да овозможи секаков вид на следење на комуникација.

А во практична смисла, праша модераторот, директорот на ОТА одговори дека сигурно не очекува да му одговори.

The post Директорот на ОТА: Имаме систем кој на кибер напад би реагирал како мртов коњ, му фалат само гулаби-писмонсци appeared first on Република.

]]>

Директорот на ОТА, Зоран Ангеловски денеска информираше дека изработиле дигитален систем за пренос на класифицирани информации, кој е еден од најмодерните во регионот, со високо ниво на заштита, прв пат со употреба на крипто заштита со квантна технологија, но шест месеци се чека за акредитација од страна на Дирекција за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ). Сепак, нагласи денеска Ангеловски на дебатата за реформите во безбедносно-разузнавачкиот сектор дека државата во делот на кибер безбедноста е на недозволиво ниско ниво.
– Во моментот реакцијата на државата на еден евентуален кибер напад е на ниво на мртов коњ, рече Ангеловски на вториот панел од денешната годишната конференција во рамки на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Македонија (2021-2026) во организација на женевскиот Центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ), што се одржува во Скопје.
Според директорот на ОТА, дигитализацијата на општеството не може да направиме без кибербезбедност. Актуелниот систем што го имаме, оцени тој, е благо речено анахрон, а тоа е заклучок на сите институции.
– Во делот на ОТА реформата не е шминка. Она што е реформа на безбедносниот сектор допрва ќе наиде на предизвици. Горд сум што за ОТА се согласија сите и морам да истакнам и да упатам благодарност до актуелниот состав на собраниската Комисија и до претходниот состав. Ниту едно барање и реферирање на ОТА не наишло на не одобрување односно едногласно се прифатени сите работи што ги побаруваме. Имаме перфектна соработка. Но, ни фали имплементација и ефикасност во постапување, изјави Ангеловски.
Во врска со акредитацијата, што се чека, Слаѓана Божиновска од Дирекција за безбедност на класифицирани информации, одговори дека интензивно се работи на случајот, но, како што рече, потребно е време бидејќи станува збор за комплексни процедури, но и заради можностите и капацитетите со кои работат.
– Потребно е време, технички можности и во моментот интензивно се работи. Се прегледува потребната документација што е пропишана и во законот и воопшто во работата со класифицирани информации. Тоа е сегмент каде одередени работи што се пропишани нема маневри, изјави Божиновска. Додаде дека е факт оти техничкиот момент околу мерењето на зрачењето не е во нивна можност, но, истакна, постојат решенија, во соработка со партнерски служби во регионот и тоа да се оствари.
Инаку, Ангеловски информираше дека оваа апликација е направена заедно со десет институции во државата и со неа, како што рече, е невозможно да се згреши и целата комуникација со институциите, меѓу кои и со судовите, е документирана.
– Направено е нешто во кое не можеш да направиш грешка, не можеш да цитираш погрешен закон, не можеш да пробиеш рокови, не може да истече податок. Во моментов имаме систем на кој му фалат уште гулаби – писмоноши, рече тој.
На прашањето дали може ОТА да пресретне комуникација на вибер или на ватс ап, Ангеловски потенцира дека тоа е законска должност на Агенцијата да овозможи секаков вид на следење на комуникација. А во практична смисла, праша модераторот, директорот на ОТА одговори дека сигурно не очекува да му одговори.

The post Директорот на ОТА: Имаме систем кој на кибер напад би реагирал како мртов коњ, му фалат само гулаби-писмонсци appeared first on Република.

]]>
Бериша обвини дека зад кибер- нападите освен ирански вмешани се и домашни како и српски и руски хакери https://republika.mk/vesti/balkan/berisha-obvini-deka-zad-kiber-napadite-osven-iranski-vmeshani-se-i-domashni-kako-i-srpski-i-ruski-hakeri/ Fri, 23 Sep 2022 17:40:29 +0000 https://republika.mk/?p=553609

Лидерот на побројното крило на албанската опозициска Демократска партија, Сали Бериша, на денешната редовна неделна средба со новинарите обвини дека зад кибер- нападите врз владините дигитални системи освен ирански стојат и домашни-владини, како и руски и српски хакери.

Сакам да ги информирам Албанците дека во операцијата за уништување на дигиталната инфраструктура во Албанија, откриени се траги не само на иранските хакери, туку и на руски и српски хакери. Додека пак внатрешни-владини лица “интервенирале” во ТИМС системот за да се сокрие поврзаноста на Еди Рама и неговите министри со криминалот, изјави Бериша, додавајќи дека тоа го заснова на три сигурни извори.

Убеден е дека Косово било нападнато од системите на Албанија.

Црна Гора и Македонија беа нападнати од хакери но немам информации дали тоа е направено од албанските системи, а за Косово е точно дека е нападнато од албанските системи, обвини Бериша.

Како и вчера од собраниската говорница и денеска повика на штрајкови, граѓански бунтови и непослушност.

The post Бериша обвини дека зад кибер- нападите освен ирански вмешани се и домашни како и српски и руски хакери appeared first on Република.

НАТО ќе ја брани Албанија од кибер-напади https://republika.mk/vesti/balkan/nato-kje-ja-brani-albanija-od-kiber-napadi/ Thu, 22 Sep 2022 05:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=553017

Тим на НАТО, предводен од заменик-помошникот генерален секретар на Алијансата за политички прашања и безбедносна политика, Џејмс Апатурај денеска допатува во Тирана по кибернападите врз системите на албанската влада и институциите.

На заедничката прес-конференција со министерот за одбрана Нико Пелеши, високиот претставник на НАТО рече дека Абанија ќе ја има помошта и поддршката во однос на кибернападите што ги претрпе земјата во последните месеци од Иран.

Апатурај истакна дека тој  и неговиот тим пристигначе во Тирана одблиску да ја согледаат ситуацијата и да направат подобра координација за да и помогнат на земјата.

– Сите земји од НАТО знаат за нападот врз Албанија и секако Ве поддржуваат во овој поглед. Ова е пораката што генералниот секретар му ја пренесе на премиерот Рама на последната средба. Секако, сакав да ги истакнам многуте напори што ги направи албанската држава, почнувајќи од Владата па се до ниското ниво, за да се справи со овие напади што беа направени. Секако, помошта дојде од НАТО, дојде на техничко ниво од различни НАТО земји, но и на индивидуално ниво од различни структури. Јас и мојот тим дојдовме овде од неколку различни причини, но прво главната причина е да ја разгледаме ситуацијата и да направиме координација на сојузниците и штабот на НАТО во врска со кибетнападот што се случи, за да се увидат долгорочните потреби на вашата земја да изгради одбранбена мрежа против овие напади и Албанија да направи чекори напред на ова поле, рече Апатурај.

Пелеши истакна дека тимот доаѓа за да обезбеди помош во врска со киберпрашања, запознавање со моменталната ситуација, како и потребите и можностите за решавање на овие тековни прашања.

– Овие напади беа наменети целосно да ги уништат системите и платформите на владините служби, но не ја постигнаа целта да ги уништат сите наши системи за информатичка технологија. Албанската Влада реагираше веднаш по обезбедувањето несоборливи докази за потеклото на нападот со итно прекинување на односите со Иран. Нашите сојузници остро ги осудија нападите и застанаа на страната на Албанија преку различни изјави или со пристап на специјализирана помош во оваа област. Во моментов, по речиси пет недели интензивна работа, стана возможно да се вратат различни системи и платформи во служба на граѓаните на нашата земја, рече Пелеши.

Тимот на НАТО доаѓа по комуникацијата на премиерот Еди Рама со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Првата средба ја имаше со Пелеши, а ќе се сретне и со претставници на МНР, МВР, како и со претставници на Агенцијата за информатичко општество.

The post НАТО ќе ја брани Албанија од кибер-напади appeared first on Република.

]]>

Тим на НАТО, предводен од заменик-помошникот генерален секретар на Алијансата за политички прашања и безбедносна политика, Џејмс Апатурај денеска допатува во Тирана по кибернападите врз системите на албанската влада и институциите. На заедничката прес-конференција со министерот за одбрана Нико Пелеши, високиот претставник на НАТО рече дека Абанија ќе ја има помошта и поддршката во однос на кибернападите што ги претрпе земјата во последните месеци од Иран. Апатурај истакна дека тој  и неговиот тим пристигначе во Тирана одблиску да ја согледаат ситуацијата и да направат подобра координација за да и помогнат на земјата.
– Сите земји од НАТО знаат за нападот врз Албанија и секако Ве поддржуваат во овој поглед. Ова е пораката што генералниот секретар му ја пренесе на премиерот Рама на последната средба. Секако, сакав да ги истакнам многуте напори што ги направи албанската држава, почнувајќи од Владата па се до ниското ниво, за да се справи со овие напади што беа направени. Секако, помошта дојде од НАТО, дојде на техничко ниво од различни НАТО земји, но и на индивидуално ниво од различни структури. Јас и мојот тим дојдовме овде од неколку различни причини, но прво главната причина е да ја разгледаме ситуацијата и да направиме координација на сојузниците и штабот на НАТО во врска со кибетнападот што се случи, за да се увидат долгорочните потреби на вашата земја да изгради одбранбена мрежа против овие напади и Албанија да направи чекори напред на ова поле, рече Апатурај.
Пелеши истакна дека тимот доаѓа за да обезбеди помош во врска со киберпрашања, запознавање со моменталната ситуација, како и потребите и можностите за решавање на овие тековни прашања.
– Овие напади беа наменети целосно да ги уништат системите и платформите на владините служби, но не ја постигнаа целта да ги уништат сите наши системи за информатичка технологија. Албанската Влада реагираше веднаш по обезбедувањето несоборливи докази за потеклото на нападот со итно прекинување на односите со Иран. Нашите сојузници остро ги осудија нападите и застанаа на страната на Албанија преку различни изјави или со пристап на специјализирана помош во оваа област. Во моментов, по речиси пет недели интензивна работа, стана возможно да се вратат различни системи и платформи во служба на граѓаните на нашата земја, рече Пелеши.
Тимот на НАТО доаѓа по комуникацијата на премиерот Еди Рама со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. Првата средба ја имаше со Пелеши, а ќе се сретне и со претставници на МНР, МВР, како и со претставници на Агенцијата за информатичко општество.

The post НАТО ќе ја брани Албанија од кибер-напади appeared first on Република.

]]>
Ен-Би-Си Њуз: Бајден разгледува неколку опции за масовен кибер напад на Русија https://republika.mk/vesti/svet/en-bi-si-njuz-bajden-razgleduva-nekolku-opcii-za-masoven-kiber-napad-na-rusija/ Thu, 24 Feb 2022 20:18:25 +0000 https://republika.mk/?p=463437

Американските разузнавачки агенции му предложиле на американскиот претседател Џо Бајден неколку опции за извршување масовен кибер-напад, со кој „ќе ја спречи Русија да продолжи со операциите во Украина“, изјавија четири извори за Ен-Би-Си Њуз.

Според нив, на Бајден му било понудено да користи американско кибер-оружје „од невидени размери“. Конечната одлука, како што соопштија двајца американски разузнавачи, се уште не е донесена.

Меѓу споменатите опции се прекинување на интернет конекциите во Русија, прекин на струја и попречување на работата на железницата за Русија да не може да ги снабдува своите сили.

„Можеме да направиме се – од успорување на возовите до нивно симнување од шините“, рече еден извор за медиумот.

The post Ен-Би-Си Њуз: Бајден разгледува неколку опции за масовен кибер напад на Русија appeared first on Република.

]]>

Американските разузнавачки агенции му предложиле на американскиот претседател Џо Бајден неколку опции за извршување масовен кибер-напад, со кој „ќе ја спречи Русија да продолжи со операциите во Украина“, изјавија четири извори за Ен-Би-Си Њуз. Според нив, на Бајден му било понудено да користи американско кибер-оружје „од невидени размери“. Конечната одлука, како што соопштија двајца американски разузнавачи, се уште не е донесена. Меѓу споменатите опции се прекинување на интернет конекциите во Русија, прекин на струја и попречување на работата на железницата за Русија да не може да ги снабдува своите сили.