кенија Archives - Република https://republika.mk/tema/kenija/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 17:08:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кенија Archives - Република https://republika.mk/tema/kenija/ 32 32 Кениски атлетичар пронајден мртов, петти случај во последниот месец https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/keniski-atletichar-pronajden-mrtov-petti-sluchaj-vo-posledniot-mesets/ Tue, 08 Oct 2024 17:08:56 +0000 https://republika.mk/?p=824295

Кенискиот атлетичар и поранешен африкански шампион во 3.000 метри стиплчез Клемент Кембои (32) е пронајден мртов, објавија денеска локалните медиуми.
Тоа е нова смрт во кениската атлетика, само два дена откако почина 26-годишниот Кипјегон Бет, кој освои бронзен медал на 800 метри на Светското првенство во 2017 година. Бет почина во неделата од здравствени компликации кои предизвикаа откажување на бубрезите и црниот дроб.

Причината за смртта на Кембои сè уште не е официјално потврдена, иако локалната полиција најави дека најверојатно станува збор за самоубиство. Неговото мртво тело било пронајдено врзано за дрво во близина на средно училиште. Кениските медиуми претходно пишуваа дека Кембои минува низ тежок период на депресијата и оти овој успешен спортист се борел со зависноста од коцкање.

Ова е петти смртен случај во кениската атлетика во последниот еден месец. Претходно починаа и 53-годишниот Самсон Канди, поранешен победник на Виенскиот маратон, 20-годишниот тркач Вили Челава и 64-годишниот Елаја Биток.

The post Кениски атлетичар пронајден мртов, петти случај во последниот месец appeared first on Република.

]]>

Кенискиот атлетичар и поранешен африкански шампион во 3.000 метри стиплчез Клемент Кембои (32) е пронајден мртов, објавија денеска локалните медиуми. Тоа е нова смрт во кениската атлетика, само два дена откако почина 26-годишниот Кипјегон Бет, кој освои бронзен медал на 800 метри на Светското првенство во 2017 година. Бет почина во неделата од здравствени компликации кои предизвикаа откажување на бубрезите и црниот дроб. Причината за смртта на Кембои сè уште не е официјално потврдена, иако локалната полиција најави дека најверојатно станува збор за самоубиство. Неговото мртво тело било пронајдено врзано за дрво во близина на средно училиште. Кениските медиуми претходно пишуваа дека Кембои минува низ тежок период на депресијата и оти овој успешен спортист се борел со зависноста од коцкање. Ова е петти смртен случај во кениската атлетика во последниот еден месец. Претходно починаа и 53-годишниот Самсон Канди, поранешен победник на Виенскиот маратон, 20-годишниот тркач Вили Челава и 64-годишниот Елаја Биток.

The post Кениски атлетичар пронајден мртов, петти случај во последниот месец appeared first on Република.

]]>
Протести против зголемувањето на цените, убиени демонстранти во Кенија https://republika.mk/vesti/svet/protesti-protiv-zgolemuvaneto-na-tsenite-ubieni-demonstranti-vo-kenija/ Wed, 12 Jul 2023 19:47:30 +0000 https://republika.mk/?p=660595

Полицијата во Кенија убила шест демонстранти за време на новите протести поради зголемувањето на цените, соопшти полициски претставник.

Според претставници на здравствените служби, солзавец бил испукан врз повеќе од 50 ученици во главниот град Најроби.

Полициски службеник кој сакаше да остане анонимен,соопшти дека три лица се убиени во градот Млолонго, две во градот Китенгела во близина на Најроби, додека едно лице е убиено во градот Емали, на автопатот кон пристаништето Момбаса. Истиот извор вели дека 10 лица се хоспитализирани.

Претседателот Вилијам Руто беше избран минатиот август на основа на платформата за помош на сиромашните работници во Кенија, но неговите критичари велат дека зголемувањето на даноците што го потпиша минатиот месец ќе ја продлабочи кризата за сиромашните во земјата, кои веќе се борат да си дозволат основни производи како пченкарно брашно.

Најмалку шест лица беа убиени минатиот петок за време на протестите што ги повика лидерот на опозицијата Раила Одинга. Одинга денеска ја осуди реакцијата на полицијата и го откажа собирот во Најроби планиран за попладнево.

Со цел да го заштитиме нашиот народ и да спречиме повеќе повреди и загуби на животи, донесовме стратешка одлука да не продолжиме, рече Одинга

The post Протести против зголемувањето на цените, убиени демонстранти во Кенија appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Кенија убила шест демонстранти за време на новите протести поради зголемувањето на цените, соопшти полициски претставник. Според претставници на здравствените служби, солзавец бил испукан врз повеќе од 50 ученици во главниот град Најроби. Полициски службеник кој сакаше да остане анонимен,соопшти дека три лица се убиени во градот Млолонго, две во градот Китенгела во близина на Најроби, додека едно лице е убиено во градот Емали, на автопатот кон пристаништето Момбаса. Истиот извор вели дека 10 лица се хоспитализирани. Претседателот Вилијам Руто беше избран минатиот август на основа на платформата за помош на сиромашните работници во Кенија, но неговите критичари велат дека зголемувањето на даноците што го потпиша минатиот месец ќе ја продлабочи кризата за сиромашните во земјата, кои веќе се борат да си дозволат основни производи како пченкарно брашно. Најмалку шест лица беа убиени минатиот петок за време на протестите што ги повика лидерот на опозицијата Раила Одинга. Одинга денеска ја осуди реакцијата на полицијата и го откажа собирот во Најроби планиран за попладнево.
Со цел да го заштитиме нашиот народ и да спречиме повеќе повреди и загуби на животи, донесовме стратешка одлука да не продолжиме, рече Одинга

The post Протести против зголемувањето на цените, убиени демонстранти во Кенија appeared first on Република.

]]>