Кен Расел Archives - Република https://republika.mk/tema/ken-rasel/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Feb 2024 10:08:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кен Расел Archives - Република https://republika.mk/tema/ken-rasel/ 32 32 Рок операта на Кен Расел, „Томи“ денеска во Кинотека https://republika.mk/scena/film/rok-operata-na-ken-rasel-tomi-deneska-vo-kinoteka/ Thu, 29 Feb 2024 10:08:33 +0000 https://republika.mk/?p=749568

Во финалето на месецов, во Кинотека може да го погледнете филмот со музичка содржина, познатиот ТОМИ, рок операта на Кен Расел, ќе биде прикажана на оригинална 35 милиметарска лента.

29 ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК) 18:00ч

ТОМИ
(Tommy)
Игран филм, Велика Британија
1975, 108 мин., колор, 35мм
Режија: Кен Расел (Ken Russell)
Сценарио: Кен Расел(Ken Russell)
Улоги: Ен-Маргрет, Оливер Рид, Роџер Долтри, Елтон Џон, Ерик Клептон (Ann-Margret, Oliver Reed, Roger Daltrey, Elton John, Eric Clapton)

Малиот Томи, откако ќе посведочи на трауматски настан поврзан со неговите родители, станува психосоматски глув и слеп. Неколку години подоцна,Томи, веќе на адолесцентска возраст, открива дека поседува исклучителен талент – ги руши сите рекорди на игрите со флипер машини. Тој станува шампион на видео игрите, се стекнува со богатство и слава.
Со тек на време, славата на Томи преминува во идолатрија. Обожуван е од група следбеници како идол-месија на новото време.
Креиран по истоимената рок опера на легендарните рокери The Who, екстравагантниот филм е можеби најпознатиот кино ракопис на Кен Расел, и онака познат по своевидните егзибиции и претерувања. Оригинален и бескомпромисен, филмот е дел од естетиката на седумдесеттите години. Критичарот на The New York Times, Винсент Канби, го опишува делото како препродуциран и изнасилен филм, но со поента и причина… последен збор во уметноста на поп-арт движењето. За нејзината одлично одиграна улога во продукцијата, актерката Ен-Маргрет била номинирана за престижната статуетка Оскар, а филмот бил прикажан на Канскиот филмски фестивал во 1975. Режисерот Кен Расел во интервјуата го опишувал како најкомерцијалниот филм во неговата кариера. Неизбежна лектира за љубителите на психоделичниот, прогресивен жанр.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

The post Рок операта на Кен Расел, „Томи“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Во финалето на месецов, во Кинотека може да го погледнете филмот со музичка содржина, познатиот ТОМИ, рок операта на Кен Расел, ќе биде прикажана на оригинална 35 милиметарска лента. 29 ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК) 18:00ч ТОМИ (Tommy) Игран филм, Велика Британија 1975, 108 мин., колор, 35мм Режија: Кен Расел (Ken Russell) Сценарио: Кен Расел(Ken Russell) Улоги: Ен-Маргрет, Оливер Рид, Роџер Долтри, Елтон Џон, Ерик Клептон (Ann-Margret, Oliver Reed, Roger Daltrey, Elton John, Eric Clapton) Малиот Томи, откако ќе посведочи на трауматски настан поврзан со неговите родители, станува психосоматски глув и слеп. Неколку години подоцна,Томи, веќе на адолесцентска возраст, открива дека поседува исклучителен талент – ги руши сите рекорди на игрите со флипер машини. Тој станува шампион на видео игрите, се стекнува со богатство и слава. Со тек на време, славата на Томи преминува во идолатрија. Обожуван е од група следбеници како идол-месија на новото време. Креиран по истоимената рок опера на легендарните рокери The Who, екстравагантниот филм е можеби најпознатиот кино ракопис на Кен Расел, и онака познат по своевидните егзибиции и претерувања. Оригинален и бескомпромисен, филмот е дел од естетиката на седумдесеттите години. Критичарот на The New York Times, Винсент Канби, го опишува делото како препродуциран и изнасилен филм, но со поента и причина… последен збор во уметноста на поп-арт движењето. За нејзината одлично одиграна улога во продукцијата, актерката Ен-Маргрет била номинирана за престижната статуетка Оскар, а филмот бил прикажан на Канскиот филмски фестивал во 1975. Режисерот Кен Расел во интервјуата го опишувал како најкомерцијалниот филм во неговата кариера. Неизбежна лектира за љубителите на психоделичниот, прогресивен жанр. Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари

The post Рок операта на Кен Расел, „Томи“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>