Кејт Мери Брнс Archives - Република https://republika.mk/tema/kejt-meri-brns/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Jul 2022 14:31:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кејт Мери Брнс Archives - Република https://republika.mk/tema/kejt-meri-brns/ 32 32 Aмериканската амбасадорка повикува да го прифатиме францускиот предлог иако не бил совршен https://republika.mk/vesti/makedonija/amerikanskata-ambasadorka-povikuva-da-go-prifatime-francuskiot-predlog-iako-ne-bil-sovrshen/ Fri, 08 Jul 2022 14:31:42 +0000 https://republika.mk/?p=526019

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз денеска го пренесе охрабрувањето на САД до  Македонија да подолжи по патот на евроатлантските интеграции, со сегашниот предлог за пристапување во ЕУ. Таа потенцира дека изборот е суверено право на нацијата, одлуката е тешка, но нагласи оти е потребно да се направи првиот чекор за да се оди понатаму во преговарачкиот процес, во кој, како што рече, на преговарачката маса земјата ќе може да направи различни избори, кога ќе процени дека нејзините забелешки не се земаат предвид.

Амбасадорката Брнз во отвореното писмо до јавноста, објавено на веб страницата на Американската амбасада нагласи дека земјава го достигнала историскиот момент во нејзиното долго патување кон евроатлантската иднина.

Таа напомена дека повеќе влади и пошироката јавност две децении работеле и се уште работат на пристапувањето кон ЕУ и додаде дека САД се со земјава по патот за остварување на евроатлантската иднина од 2004 година, при што првата аспирација – членство во НАТО е остварена.

– Сега сакаме да ве видиме како ги остварувате придобивките што произлегуваат од активниот процес на пристапување кон ЕУ и ги користите правата како земја членка на ЕУ, додаде Брнз.

Во продолжение го пренесуваме интегрално отвореното писмо до јавноста на американската амбасадорка Кејт Мари Брнз:

– Вашата земја достигна историски момент во своето долго и со предизвици полно патување кон нејзината евроатлантска иднина.  На вашиот пат наидовте на блокади и одложувања, и се соочивте со предизвици по однос на македонскиот јазик и идентитет, кои се суштински дел од тоа што ве прави нација. Донесовте тешки одлуки со очекувања за напредок. Сега треба да донесете уште една. Токму заради предизвиците со кои се соочивте и оние со кои може да се соочите во иднина, САД ве охрабруваат да продолжите по тој пат со сегашниот предлог за пристапување во ЕУ.

Не ви треба потсетување дека низа влади и пошироката јавност две децении работеа и сеуште работат на пристапувањето кон ЕУ. Како сојузник, партнер и пријател, ние имаме реален интерес во обезбедувањето на вашата Евро-Атлантска иднина. Го одиме овој пат заедно од 2004 година, спроведувајќи програми и обезбедувајќи помош во реализирањето на вашите аспирации и за НАТО и за ЕУ. Ја остваривте првата аспирација. Сега сакаме да ве видиме како ги остварувате придобивките што произлегуваат од активниот процес на пристапување кон ЕУ и ги користите правата како земја членка на ЕУ.

Пристапувањето кон ЕУ ќе ја направи вашата земја посилна. Зачленувањето во меѓународна организација, уште повеќе учеството во тие процеси, е напорна работа и бара тешки одлуки. Тоа веќе го знаете. Веќе сте носеле такви одлуки.  Но прифаќањето на овој предлог значи дека конечно ќе имате место на масата за пристапни преговори. Тоа ве става во истата просторија со земјите-членки на ЕУ, од кои многу се ваши блиски партнери и сојузници. Европската комисија ќе ги прима вашите тимови во Брисел и ќе испраќа свои експерти тука на терен, за да го спроведат процесот на скрининг и самите да станат сведоци на живото демократско општество овде.  Откако ќе ги започнете преговорите ќе имате повеќе алатки на располагање и, благодарение на новата методологија, ран пристап до фондовите и програмите на ЕУ, кои ќе можете да ги користите за реализација на сопствените цели и изградба на иднина каква што посакувате за себе и за вашите деца.  А тогаш кога ќе бидете членка на ЕУ, ќе имате еднаков глас внатре во Унијата, исто како што сега имате во НАТО.

Прашањата содржани во предлогот се технички и ви беа презентирани без многу време за јавна дебата. Разбираме дека предлогот не е таков каков што вие би го подготвиле доколку би имале можност еднострано да ги диктирате условите – но тој го признава македонскиот јазик и идентитет и ги заштитува од понатамошни предизвици.  Иако можеби не е совршен, предлогот го прави она што е потребно: ги заштитува вашите клучни интереси и овозможува отпочнување преговори и динамичен процес на скрининг. Според нашето прагматично гледиште тој претставува реално најдобра можност конечно да ја придвижите вашата земја напред на патот кон ЕУ, истовремено зајакнувајќи ја вашата улога во одлучувањето за сопствената иднина.

Изборот да продолжите напред е ваша одлука како суверена нација. Знаеме дека одлуката е тешка. Но одлуката ќе остане ваша и кај вас и низ целиот пристапен процес. Кога ќе сте на преговарачката маса, и кога ќе сметате дека вашите забелешки не го добиваат потребното внимание, ќе имате можност да направите различни избори. Но, треба да го направите првиот чекор за да стасате до вториот.

Суштината на демократијата е слободата на избор. Суштината на пријателството е да ги поддржуваме одлуките на нашите пријатели и да повикаме на храброст во времиња на предизвици. Како ваш пријател, Соединетите Американски Држави се надеваат дека ќе го изберете најдоброто за вашата земја денес, а и за нејзината иднина

The post Aмериканската амбасадорка повикува да го прифатиме францускиот предлог иако не бил совршен appeared first on Република.

]]>

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз денеска го пренесе охрабрувањето на САД до  Македонија да подолжи по патот на евроатлантските интеграции, со сегашниот предлог за пристапување во ЕУ. Таа потенцира дека изборот е суверено право на нацијата, одлуката е тешка, но нагласи оти е потребно да се направи првиот чекор за да се оди понатаму во преговарачкиот процес, во кој, како што рече, на преговарачката маса земјата ќе може да направи различни избори, кога ќе процени дека нејзините забелешки не се земаат предвид. Амбасадорката Брнз во отвореното писмо до јавноста, објавено на веб страницата на Американската амбасада нагласи дека земјава го достигнала историскиот момент во нејзиното долго патување кон евроатлантската иднина. Таа напомена дека повеќе влади и пошироката јавност две децении работеле и се уште работат на пристапувањето кон ЕУ и додаде дека САД се со земјава по патот за остварување на евроатлантската иднина од 2004 година, при што првата аспирација – членство во НАТО е остварена.
– Сега сакаме да ве видиме како ги остварувате придобивките што произлегуваат од активниот процес на пристапување кон ЕУ и ги користите правата како земја членка на ЕУ, додаде Брнз.
Во продолжение го пренесуваме интегрално отвореното писмо до јавноста на американската амбасадорка Кејт Мари Брнз:
– Вашата земја достигна историски момент во своето долго и со предизвици полно патување кон нејзината евроатлантска иднина.  На вашиот пат наидовте на блокади и одложувања, и се соочивте со предизвици по однос на македонскиот јазик и идентитет, кои се суштински дел од тоа што ве прави нација. Донесовте тешки одлуки со очекувања за напредок. Сега треба да донесете уште една. Токму заради предизвиците со кои се соочивте и оние со кои може да се соочите во иднина, САД ве охрабруваат да продолжите по тој пат со сегашниот предлог за пристапување во ЕУ.
Не ви треба потсетување дека низа влади и пошироката јавност две децении работеа и сеуште работат на пристапувањето кон ЕУ. Како сојузник, партнер и пријател, ние имаме реален интерес во обезбедувањето на вашата Евро-Атлантска иднина. Го одиме овој пат заедно од 2004 година, спроведувајќи програми и обезбедувајќи помош во реализирањето на вашите аспирации и за НАТО и за ЕУ. Ја остваривте првата аспирација. Сега сакаме да ве видиме како ги остварувате придобивките што произлегуваат од активниот процес на пристапување кон ЕУ и ги користите правата како земја членка на ЕУ. Пристапувањето кон ЕУ ќе ја направи вашата земја посилна. Зачленувањето во меѓународна организација, уште повеќе учеството во тие процеси, е напорна работа и бара тешки одлуки. Тоа веќе го знаете. Веќе сте носеле такви одлуки.  Но прифаќањето на овој предлог значи дека конечно ќе имате место на масата за пристапни преговори. Тоа ве става во истата просторија со земјите-членки на ЕУ, од кои многу се ваши блиски партнери и сојузници. Европската комисија ќе ги прима вашите тимови во Брисел и ќе испраќа свои експерти тука на терен, за да го спроведат процесот на скрининг и самите да станат сведоци на живото демократско општество овде.  Откако ќе ги започнете преговорите ќе имате повеќе алатки на располагање и, благодарение на новата методологија, ран пристап до фондовите и програмите на ЕУ, кои ќе можете да ги користите за реализација на сопствените цели и изградба на иднина каква што посакувате за себе и за вашите деца.  А тогаш кога ќе бидете членка на ЕУ, ќе имате еднаков глас внатре во Унијата, исто како што сега имате во НАТО.
Прашањата содржани во предлогот се технички и ви беа презентирани без многу време за јавна дебата. Разбираме дека предлогот не е таков каков што вие би го подготвиле доколку би имале можност еднострано да ги диктирате условите – но тој го признава македонскиот јазик и идентитет и ги заштитува од понатамошни предизвици.  Иако можеби не е совршен, предлогот го прави она што е потребно: ги заштитува вашите клучни интереси и овозможува отпочнување преговори и динамичен процес на скрининг. Според нашето прагматично гледиште тој претставува реално најдобра можност конечно да ја придвижите вашата земја напред на патот кон ЕУ, истовремено зајакнувајќи ја вашата улога во одлучувањето за сопствената иднина.
Изборот да продолжите напред е ваша одлука како суверена нација. Знаеме дека одлуката е тешка. Но одлуката ќе остане ваша и кај вас и низ целиот пристапен процес. Кога ќе сте на преговарачката маса, и кога ќе сметате дека вашите забелешки не го добиваат потребното внимание, ќе имате можност да направите различни избори. Но, треба да го направите првиот чекор за да стасате до вториот. Суштината на демократијата е слободата на избор. Суштината на пријателството е да ги поддржуваме одлуките на нашите пријатели и да повикаме на храброст во времиња на предизвици. Како ваш пријател, Соединетите Американски Држави се надеваат дека ќе го изберете најдоброто за вашата земја денес, а и за нејзината иднина

The post Aмериканската амбасадорка повикува да го прифатиме францускиот предлог иако не бил совршен appeared first on Република.

]]>
Груби побарал од Брнс поголема американска и европска помош за спорот меѓу Скопје и Софија https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-pobaral-od-brns-pogolema-amerikanska-i-evropska-pomosh-za-sporot-megju-skopje-i-sofija/ Wed, 16 Mar 2022 17:02:20 +0000 https://republika.mk/?p=473912

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите
Американски Држави во Скопје, Кејт Мери Брнс.

Груби, како што соопшти неговиот кабинет, со амбасадорката Брнс разговарал за ситуацијата во Украина, оценувајќи дека руската воена агресија врз една независна држава е сериозна закана за мирот и безбедноста во Европа и во светот која како таква ја оценил огромен дел од меѓународната заедница.

Груби и Брнс на оваа средба истакнале и дека стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави и воедно полноправното членство на земјата во НАТО, но и што по скорото отворање на преговорите со Европската Унија е од големо значење, особено во ова време на кризна состојба што го зафати светот.

Тие разменија мислења и за отворениот спор со Република Бугарија. Во оваа прилика Груби ја истакна потребата на уште поголема американска и европска помош кога се работи за спорот меѓу Скопје и Софија, како и потребата Владата да го задржи реформскиот курс, се вели во денешното соопштение.

Првиот вицепремиер Груби ја информирал амбасадорката Брнс и за Коридорот 8, кој што го нарекол најголемиот инфраструктурен проект во државата, и зборувал за важноста на неговата изградба за економскиот развој на земјата, што се очекува да започне кон средината на оваа година од американската компанија Бехтел Енка.

Груби ја елаборирал заложбата на Владата за минимизирање на последиците од светската економска и енергетска криза, потенцирајќи го пакетот од околу 26 економски мерки и сите потребни интервентни механизми за одржување на животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите.

Истовремено, Груби пред Брнс ја изразил и важноста што нашата земја ја придава на почитувањето на препораките усвоени на Конференцијата за Сајбер безбедност во Прага или инаку позната како Прашки предлози за процесот на инсталирање на 5G мрежата.

Амбасадорката Брнс, пак, нагласила дека сегашната безбедносна криза во Европа најдобро ја илустрира потребата од систематски и поголем фокус на евроатлантската заедница во регионот и во Македонија, вклучувајќи ја и Европската интеграција на земјата.

The post Груби побарал од Брнс поголема американска и европска помош за спорот меѓу Скопје и Софија appeared first on Република.

]]>

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Кејт Мери Брнс. Груби, како што соопшти неговиот кабинет, со амбасадорката Брнс разговарал за ситуацијата во Украина, оценувајќи дека руската воена агресија врз една независна држава е сериозна закана за мирот и безбедноста во Европа и во светот која како таква ја оценил огромен дел од меѓународната заедница. Груби и Брнс на оваа средба истакнале и дека стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави и воедно полноправното членство на земјата во НАТО, но и што по скорото отворање на преговорите со Европската Унија е од големо значење, особено во ова време на кризна состојба што го зафати светот.
Тие разменија мислења и за отворениот спор со Република Бугарија. Во оваа прилика Груби ја истакна потребата на уште поголема американска и европска помош кога се работи за спорот меѓу Скопје и Софија, како и потребата Владата да го задржи реформскиот курс, се вели во денешното соопштение.
Првиот вицепремиер Груби ја информирал амбасадорката Брнс и за Коридорот 8, кој што го нарекол најголемиот инфраструктурен проект во државата, и зборувал за важноста на неговата изградба за економскиот развој на земјата, што се очекува да започне кон средината на оваа година од американската компанија Бехтел Енка. Груби ја елаборирал заложбата на Владата за минимизирање на последиците од светската економска и енергетска криза, потенцирајќи го пакетот од околу 26 економски мерки и сите потребни интервентни механизми за одржување на животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите. Истовремено, Груби пред Брнс ја изразил и важноста што нашата земја ја придава на почитувањето на препораките усвоени на Конференцијата за Сајбер безбедност во Прага или инаку позната како Прашки предлози за процесот на инсталирање на 5G мрежата. Амбасадорката Брнс, пак, нагласила дека сегашната безбедносна криза во Европа најдобро ја илустрира потребата од систематски и поголем фокус на евроатлантската заедница во регионот и во Македонија, вклучувајќи ја и Европската интеграција на земјата.

The post Груби побарал од Брнс поголема американска и европска помош за спорот меѓу Скопје и Софија appeared first on Република.

]]>