Кеј на Вардар Archives - Република https://republika.mk/tema/kej-na-vardar/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 12:32:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кеј на Вардар Archives - Република https://republika.mk/tema/kej-na-vardar/ 32 32 ЛДП: Уште еднаш прашуваме има ли Скопје Градоначалник? https://republika.mk/vesti/skopje/ldp-ushte-ednash-prashuvame-ima-li-skopje-gradonachalnik/ Tue, 13 Aug 2024 12:32:42 +0000 https://republika.mk/?p=806179

Запуштениот кеј на река Вардар - од некогашна гордост до денешен срам за скопјани, велат во писмениот допис од ЛДП.

ЛДП изразува длабока загриженост за состојбата на кејот на река Вардар, кој некогаш беше симбол на убавината и чистотата на Скопје, а денес претставува срам за сите нас. Некогашното место за прошетки и рекреација на скопјани е запоставено и запуштено.

Кејот на Вардар, кој требаше да биде гордост на главниот град, денес е неискосен и неисчистен, со непристојни количества отпад и диво израсната вегетација. Ова не само што влијае на изгледот на нашиот град, туку претставува и сериозен ризик по здравјето и безбедноста на граѓаните.

ЛДП апелира до надлежните институции итно да преземат мерки за расчистување и одржување на овој важен јавен простор. Кејот на Вардар заслужува да биде вратен во својата полна слава и повторно да стане место на гордост за сите скопјани.

Повикуваме на одговорност и посветеност од страна на локалните власти во исполнувањето на нивните обврски кон граѓаните.

The post ЛДП: Уште еднаш прашуваме има ли Скопје Градоначалник? appeared first on Република.

]]>

Запуштениот кеј на река Вардар - од некогашна гордост до денешен срам за скопјани, велат во писмениот допис од ЛДП.
ЛДП изразува длабока загриженост за состојбата на кејот на река Вардар, кој некогаш беше симбол на убавината и чистотата на Скопје, а денес претставува срам за сите нас. Некогашното место за прошетки и рекреација на скопјани е запоставено и запуштено. Кејот на Вардар, кој требаше да биде гордост на главниот град, денес е неискосен и неисчистен, со непристојни количества отпад и диво израсната вегетација. Ова не само што влијае на изгледот на нашиот град, туку претставува и сериозен ризик по здравјето и безбедноста на граѓаните. ЛДП апелира до надлежните институции итно да преземат мерки за расчистување и одржување на овој важен јавен простор. Кејот на Вардар заслужува да биде вратен во својата полна слава и повторно да стане место на гордост за сите скопјани. Повикуваме на одговорност и посветеност од страна на локалните власти во исполнувањето на нивните обврски кон граѓаните.

The post ЛДП: Уште еднаш прашуваме има ли Скопје Градоначалник? appeared first on Република.

]]>
Се чисти Транспортниот центар и кејот на Вардар https://republika.mk/vesti/skopje/se-chisti-transportniot-centar-i-kejot-na-vardar/ Fri, 05 Aug 2022 10:05:25 +0000 https://republika.mk/?p=537037

Во текот на вчерашниот ден ЈП Комунална хигиена - Скопје спроведе активности за чистење на транспортниот центар под Железничката станица во Скопје, каде што беа отстранети приближно 10 м3 отпад од диви депонии.

Воедно, во организација на Градот Скопје се одвива акција за генерално чистење на кејот на реката Вардар, во којашто учествуваат сите јавни градски претпријатија. Во рамките на акцијата се реализира чистење на пешачките и велосипедските патеки, како и рачно миење на целокупниот простор на кејот.

ЈП Комунална хигиена - Скопје повторно се соочува со опожарување на садовите наменети за одлагање на отпадот. Во текот на вчерашниот ден, беа опожарени два контејнера со зафатнина од 3,2 м3, лоцирани на главната улица во општината Ѓорче Петров. Опожарените контејнери се целосно неупотребливи и веднаш беа заменети со нови садови, со цел да не дојде до нарушување на динамиката на одлагање и собирање на комуналниот отпад во оваа скопска општина.

The post Се чисти Транспортниот центар и кејот на Вардар appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден ЈП Комунална хигиена - Скопје спроведе активности за чистење на транспортниот центар под Железничката станица во Скопје, каде што беа отстранети приближно 10 м3 отпад од диви депонии. Воедно, во организација на Градот Скопје се одвива акција за генерално чистење на кејот на реката Вардар, во којашто учествуваат сите јавни градски претпријатија. Во рамките на акцијата се реализира чистење на пешачките и велосипедските патеки, како и рачно миење на целокупниот простор на кејот. ЈП Комунална хигиена - Скопје повторно се соочува со опожарување на садовите наменети за одлагање на отпадот. Во текот на вчерашниот ден, беа опожарени два контејнера со зафатнина од 3,2 м3, лоцирани на главната улица во општината Ѓорче Петров. Опожарените контејнери се целосно неупотребливи и веднаш беа заменети со нови садови, со цел да не дојде до нарушување на динамиката на одлагање и собирање на комуналниот отпад во оваа скопска општина.

The post Се чисти Транспортниот центар и кејот на Вардар appeared first on Република.

]]>
Ќе било моментно решение: Град Скопје го асфалтира и кејот на Вардар кај Влае https://republika.mk/vesti/skopje/kje-bilo-momentno-reshenie-grad-skopje-go-asfaltira-i-kejot-na-vardar-kaj-vlae/ Mon, 01 Aug 2022 17:45:44 +0000 https://republika.mk/?p=535858

Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ асфалтирале дел од патеката на кејот на вардар кај мостот Обединети нации. Како што објави порталот СДК.мк, од „Улици и патишта“, на прашањето зошто на кејот е ставен асфалт наместо коцки или друг материјал соодветен за шеталиште покрај река, изјавиле дека „само на таков материјал можеле граѓаните да возат велосипеди и ролери“.

Град Скопје претходно објави дека „како дел од уредувањето на кејот извршени се повеќе санации, а санирана е пешачката патека на насипот на Вардар каде наместа имало оштетени бехатон плочи, саниран е дел од површината на пешачката патека на мостот ‘Обединети Нации‘, санирани се скалилата кај мостот ‘Обединети Нации‘, како и на оградата на мостот“.

https://republika.mk/vesti/skopje/kejot-na-vardar-e-tip-top/

The post Ќе било моментно решение: Град Скопје го асфалтира и кејот на Вардар кај Влае appeared first on Република.

]]>

Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ асфалтирале дел од патеката на кејот на вардар кај мостот Обединети нации. Како што објави порталот СДК.мк, од „Улици и патишта“, на прашањето зошто на кејот е ставен асфалт наместо коцки или друг материјал соодветен за шеталиште покрај река, изјавиле дека „само на таков материјал можеле граѓаните да возат велосипеди и ролери“. Град Скопје претходно објави дека „како дел од уредувањето на кејот извршени се повеќе санации, а санирана е пешачката патека на насипот на Вардар каде наместа имало оштетени бехатон плочи, саниран е дел од површината на пешачката патека на мостот ‘Обединети Нации‘, санирани се скалилата кај мостот ‘Обединети Нации‘, како и на оградата на мостот“. https://republika.mk/vesti/skopje/kejot-na-vardar-e-tip-top/

The post Ќе било моментно решение: Град Скопје го асфалтира и кејот на Вардар кај Влае appeared first on Република.

]]>
Кејот на Вардар е тип-топ https://republika.mk/vesti/skopje/kejot-na-vardar-e-tip-top/ Fri, 29 Jul 2022 20:09:13 +0000 https://republika.mk/?p=534853

Екипи на ЈП Улици и патишта по налог на Град Скопје, изминатиов период активно работат на чистење на косините и коритото реката Вардар, како и на санацијата на постоечките елементи кои се оштетени а се од големо значење за нормално функционирање на граѓаните.

   

Како дел од тековните активности на ЈП Улици и патишта се одвива рачното чистење со тримери на косините, односно косењето на обраснатата нискостеблеста вегетација, како и машинското чистење на покрупната вегетација и наталожен мил од коритото на реката. Во овој период чистењето се одвиваше во насока од железниот мост во населба Хром до пешачкиот мост во населба Злокуќани од двете страни, како и машинско расчистување на косините од коритото на реката Вардар од мостот во Хром до Систина.

Како дел од уредувањето на кејот извршени се повеќе санации, санирана е пешачката патека на насипот на Вардар каде наместа имаше оштетени бехатон плочи, санирана е дел од површината на пешачката патека на мостот „Обединети Нации“, санирани се скалилата кај мостот „Обединети Нации“, како и на оградата на мостот. Санирани се исто така и скалилата спроти Канал 5 ТВ, заштитната ограда на мостот на улица Васил Чакаларов, како и оградата на трибината на одбојкарското игралиште.

Екипите на ЈП Улици и патишта продолжуваат и во наредните денови по налог на Град Скопје да ги извршуваат активностите за рачно и машинско чистење и уредување на кејот на река Вардар.

The post Кејот на Вардар е тип-топ appeared first on Република.

]]>

Екипи на ЈП Улици и патишта по налог на Град Скопје, изминатиов период активно работат на чистење на косините и коритото реката Вардар, како и на санацијата на постоечките елементи кои се оштетени а се од големо значење за нормално функционирање на граѓаните.

   

Како дел од тековните активности на ЈП Улици и патишта се одвива рачното чистење со тримери на косините, односно косењето на обраснатата нискостеблеста вегетација, како и машинското чистење на покрупната вегетација и наталожен мил од коритото на реката. Во овој период чистењето се одвиваше во насока од железниот мост во населба Хром до пешачкиот мост во населба Злокуќани од двете страни, како и машинско расчистување на косините од коритото на реката Вардар од мостот во Хром до Систина.

Како дел од уредувањето на кејот извршени се повеќе санации, санирана е пешачката патека на насипот на Вардар каде наместа имаше оштетени бехатон плочи, санирана е дел од површината на пешачката патека на мостот „Обединети Нации“, санирани се скалилата кај мостот „Обединети Нации“, како и на оградата на мостот. Санирани се исто така и скалилата спроти Канал 5 ТВ, заштитната ограда на мостот на улица Васил Чакаларов, како и оградата на трибината на одбојкарското игралиште.

Екипите на ЈП Улици и патишта продолжуваат и во наредните денови по налог на Град Скопје да ги извршуваат активностите за рачно и машинско чистење и уредување на кејот на река Вардар.

The post Кејот на Вардар е тип-топ appeared first on Република.

]]>
Фестивал „Нови простори“ на кејот на Вардар во центарот на Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/festival-novi-prostori-na-kejot-na-vardar-vo-centarot-na-skopje/ Thu, 16 Jun 2022 10:21:43 +0000 https://republika.mk/?p=515905

Фестивалот „Нови простори“, годинава ќе се одржи в сабота на 18 јуни, на кејот на реката Вардар, при што програмата е поделена на два дела и на две локации.

Првиот дел е на шеталиштето до влезот на бродот Синегалија, од страната на ГТЦ и таму ќе бидат сегментите: Отворање, „Нови поетски пространства“, „Танц на кеј“, „Светски поетски момент“ и „Сликаме на кеј“.

Вториот дел – концертот со сегметните „Нов бит“ и „Отворен микрофон” ќе одржи на скалите под Камениот Мост, кај сидрото.

Продажната изложба ќе биде поставена утрото и сликарите ќе работат додека трае целата програма. Идејата е целокупниот настан да биде една голема заедничка уметничка инсталација. Согласно програмата, секој учесник ќе биде претставен во време од 6 минути, при што поетите во 2 минути ќе треба да се претстават себеси, а во 4 минути да прочитаат една или две песни. Сликарите ќе имаат можност да ги презентираат своите дела и да раскажат за својот начин на работа, уметничките погледи и ликовната поетика.

Во вториот дел се настапите на музичарите, при што секој бенд пред почетокот на настапот кратко ќе биде претставен, а пред крајот на концертот ќе биде доделена и наградата за публиката, тоа е специјално изненадување што ќе го добие еден гледач.

Доколку врне дожд, настанот ќе се одржи во холот на Гратскиот Трговски Центар – приземје.

Фестивалот се организира со финансиска поддршка на Градот Скопје, во рамките на Програмата за Култура за 2022 година.

 

The post Фестивал „Нови простори“ на кејот на Вардар во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>

Фестивалот „Нови простори“, годинава ќе се одржи в сабота на 18 јуни, на кејот на реката Вардар, при што програмата е поделена на два дела и на две локации. Првиот дел е на шеталиштето до влезот на бродот Синегалија, од страната на ГТЦ и таму ќе бидат сегментите: Отворање, „Нови поетски пространства“, „Танц на кеј“, „Светски поетски момент“ и „Сликаме на кеј“. Вториот дел – концертот со сегметните „Нов бит“ и „Отворен микрофон” ќе одржи на скалите под Камениот Мост, кај сидрото. Продажната изложба ќе биде поставена утрото и сликарите ќе работат додека трае целата програма. Идејата е целокупниот настан да биде една голема заедничка уметничка инсталација. Согласно програмата, секој учесник ќе биде претставен во време од 6 минути, при што поетите во 2 минути ќе треба да се претстават себеси, а во 4 минути да прочитаат една или две песни. Сликарите ќе имаат можност да ги презентираат своите дела и да раскажат за својот начин на работа, уметничките погледи и ликовната поетика. Во вториот дел се настапите на музичарите, при што секој бенд пред почетокот на настапот кратко ќе биде претставен, а пред крајот на концертот ќе биде доделена и наградата за публиката, тоа е специјално изненадување што ќе го добие еден гледач. Доколку врне дожд, настанот ќе се одржи во холот на Гратскиот Трговски Центар – приземје. Фестивалот се организира со финансиска поддршка на Градот Скопје, во рамките на Програмата за Култура за 2022 година.  

The post Фестивал „Нови простори“ на кејот на Вардар во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>