казни Archives - Република https://republika.mk/tema/kazni/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 12:23:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png казни Archives - Република https://republika.mk/tema/kazni/ 32 32 ДСЗИ ја казни со 5.200 евра Клиниката за детски болести бидејќи на ноќно дежурство прегледуваат специјализнати во име на дежурни лекари специјалисти https://republika.mk/zivot/zdravje/dszi-ja-kazni-so-5-200-evra-klinikata-za-detski-bolesti-bidejki-na-nokno-dezhurstvo-pregleduvaat-spetsijaliznati-vo-ime-na-dezhurni-lekari-spetsijalisti/ Wed, 20 Nov 2024 12:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=839915

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска извршил инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје, а откако биле откриени недостатоци, најавен е прекршочен платен налог.

Како што попладнево информираат од ДСЗИ, на денешниот контролен инспекциски надзор во Универзитетската клиника за детски болести, по изминати рокови за постапување по наложени мерки со издадено решение, констатирано било дека не е постапено во целост по решението.

Од вкупно 14 доктори специјализанти кои исполнуваат услов за добивање на времена лиценца од Лекарска комора на Македонија и времени факсимили за работа, само за двајца има обезбедени времени лиценци за работа и не е поднесено барање до министер за здравство за обезбедување времени факсимили за работа на Клиниката. Во ноќна смена во дежурна амбуланта, на Клиниката работат доктори специјализанти без времени факсимили за работа и доктори кои не исполнуваат услов постар специјализант. На Клиниката, од вкупно вработени 45 доктори специјалисти, дежураат само по тројца докотори, притоа ниту еден од нив не дежура во амбуланта на Клиниката, а прегледите во дежурна амбуланта се вршат од страна на специјализанти, кои издаваат медицинска документација во име на дежурните доктори специјалисти, а некогаш и документација и без потпис и печат, се наведува во соопштението на ДСЗИ.

Од страна на установата, а во однос на издаденото решение, постапено било само во делот на внесување на личните податоци и медицинските податоци на пациентите - за извршените здравствени услуги, во интегрираниот здравствен информатички систем „Мој термин“.

Врз основа на наведеното, а согласно член 31 став 1 и 3 ќе биде издаден прекршочен платен налог со предлог за порамнување и тоа: на правното лице ЈЗУ УК за детски болести - Скопје со глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност и на одговорното лице во правното лице со глоба во износ од 30 отсто од одмерената глоба за правното лице односно во износ од 1.200 евра во денарска противвредност, појаснуваат од Инспекторатот.

Доколку сторителот на прекршокот е согласен на постапката за порамнување и глобите ги плати во рок од осум дена од денот на добивање на платниот налог, како што додаваат, уплаќа половина од погоренаведените износи - 2.000 евра во денари противвредност за правното лице и 600 евра во денари противвредност за одговорното лице, а за уплатата треба да достави доказ до Инспекторот.

Доколку сторителот не е согласен да ја прифати постапката за порамнување или не ги плати изречените глоби, инспекторот е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд, истакнуваат од ДСЗИ.

The post ДСЗИ ја казни со 5.200 евра Клиниката за детски болести бидејќи на ноќно дежурство прегледуваат специјализнати во име на дежурни лекари специјалисти appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска извршил инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје, а откако биле откриени недостатоци, најавен е прекршочен платен налог. Како што попладнево информираат од ДСЗИ, на денешниот контролен инспекциски надзор во Универзитетската клиника за детски болести, по изминати рокови за постапување по наложени мерки со издадено решение, констатирано било дека не е постапено во целост по решението.
Од вкупно 14 доктори специјализанти кои исполнуваат услов за добивање на времена лиценца од Лекарска комора на Македонија и времени факсимили за работа, само за двајца има обезбедени времени лиценци за работа и не е поднесено барање до министер за здравство за обезбедување времени факсимили за работа на Клиниката. Во ноќна смена во дежурна амбуланта, на Клиниката работат доктори специјализанти без времени факсимили за работа и доктори кои не исполнуваат услов постар специјализант. На Клиниката, од вкупно вработени 45 доктори специјалисти, дежураат само по тројца докотори, притоа ниту еден од нив не дежура во амбуланта на Клиниката, а прегледите во дежурна амбуланта се вршат од страна на специјализанти, кои издаваат медицинска документација во име на дежурните доктори специјалисти, а некогаш и документација и без потпис и печат, се наведува во соопштението на ДСЗИ.
Од страна на установата, а во однос на издаденото решение, постапено било само во делот на внесување на личните податоци и медицинските податоци на пациентите - за извршените здравствени услуги, во интегрираниот здравствен информатички систем „Мој термин“.
Врз основа на наведеното, а согласно член 31 став 1 и 3 ќе биде издаден прекршочен платен налог со предлог за порамнување и тоа: на правното лице ЈЗУ УК за детски болести - Скопје со глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност и на одговорното лице во правното лице со глоба во износ од 30 отсто од одмерената глоба за правното лице односно во износ од 1.200 евра во денарска противвредност, појаснуваат од Инспекторатот.
Доколку сторителот на прекршокот е согласен на постапката за порамнување и глобите ги плати во рок од осум дена од денот на добивање на платниот налог, како што додаваат, уплаќа половина од погоренаведените износи - 2.000 евра во денари противвредност за правното лице и 600 евра во денари противвредност за одговорното лице, а за уплатата треба да достави доказ до Инспекторот.
Доколку сторителот не е согласен да ја прифати постапката за порамнување или не ги плати изречените глоби, инспекторот е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд, истакнуваат од ДСЗИ.

The post ДСЗИ ја казни со 5.200 евра Клиниката за детски болести бидејќи на ноќно дежурство прегледуваат специјализнати во име на дежурни лекари специјалисти appeared first on Република.

]]>
Не казни, големите ланци маркети ќе ги боли само ако бидат затворени, вели првиот човек на ДПИ https://republika.mk/vesti/ekonomija/ne-kazni-golemite-lantsi-marketi-ke-gi-boli-samo-ako-bidat-zatvoreni-veli-prviot-chovek-na-dpi/ Fri, 01 Nov 2024 12:18:34 +0000 https://republika.mk/?p=833088

Големите ланци на маркети треба да бидат почесто затворани, доколку не ги почитуваат одлуките на Владата, предлага директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски во „Дејли Клик“ на ТВ21.

Јас поднесов Закон за ДПИ. Еве на пример за голем ланец на маркет казната за непочитување на одлуки е 7000 евра, ако ја плати во рок од 7 дена е 3500 евра. Тоа не е ништо за големите ланци на маркети, ќе ја плати и ќе продолжи да работи без никаква штета, вели Трајковски.

Тој предлага да има затворање и забрана за вршење на дејност за да се свестат големите ланците на маркети.

Не им е важна казната на големите ланци на маркети, ги боли затворањето, рече Трајковски.

The post Не казни, големите ланци маркети ќе ги боли само ако бидат затворени, вели првиот човек на ДПИ appeared first on Република.

Хајредини: Ако не се казнат тие што досега краделе, ќе крадат и тие што досега не краделе https://republika.mk/vesti/makedonija/hajredini-ako-ne-se-kaznat-tie-shto-dosega-kradele-ke-kradat-i-tie-shto-dosega-ne-kradele/ Tue, 22 Oct 2024 07:18:58 +0000 https://republika.mk/?p=829616

Ако не се казнат тие што досега краделе, ќе крадат и тие што досега не краделе, напиша на својот фејсбук профил Џевдет Хајредини.

The post Хајредини: Ако не се казнат тие што досега краделе, ќе крадат и тие што досега не краделе appeared first on Република.

Трговците несериозни, нема да има толеранција за никого и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет: Над 120 инспектори се на терен https://republika.mk/vesti/ekonomija/trgovtsite-neseriozni-nema-da-ima-tolerantsija-za-nikogo-i-sekoj-koj-ke-se-ogreshi-ke-bide-kaznet-nad-120-inspektori-se-na-teren/ Wed, 25 Sep 2024 14:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=819588

Нема да има толеранција за никого, нема да толерираме никаква примена на нечесни практики и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет. Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) веќе е на терен на цела територија на Македонија со повеќе од 40 тимови или повеќе од 120 инспектори, ротирани во различни градови, и врши проверка дали се почитува одлуката на Владата за ограничени профитни маржи за основните прехранбени производи, порача денеска директорот на ДПИ Горан Трајковски.

Денеска, како што кажа, тимовите на ДПИ ги контролираат големите маркети на цела територија на државата, од утре ќе ги контролираат малите маркети и бурекчилниците, а од задутре трговците на големо. Ќе проверат и дали во изминатиот период намерно биле покачени цените на производите.

Апелирам до трговците на мало и на големо да ја почитуваат одлуката на Владата и да не се обидуваат на било каков начин да ја заобиколуваат. Вчера бев на терен и видов дека трговците на мало не си ја сфатиле сериозно одлуката и нејзината примена. Затоа денеска сме на терен и ќе постапуваме по законските прописи и секој што не ја почитува одлуката денеска ќе биде казнет, а доколку има потреба во иднина ќе затвориме и дел од објектите што не ја почитуваат одлуката. Трговците на мало сега имаат залихи по влезните фактури кои ги земале од трговците на големо претходно и треба да ги потрошат тие залихи, па од новите залихи што ќе ги земат за време на важењето на одлуката да видиме дали и трговците на големо ги почитуваат одредбите за заработка до 10 проценти - рече Трајковски на денешната прес-конференција.

Прецизира дека одлуката на Владата се базира на ограничување на бруто профитна маржа на 10 проценти кај трговците на мало и на големо и посочи дека со неа се опфатени и бурекчилниците, но според Законот за трговија, член 3.

Тоа значи дека доколку трговецот на мало претходно одел со бруто профитна маржа од шест проценти нема обврска да го намали дополнително производот зошто е во рамките до 10 проценти. Има трговци кои ги зголемиле над 10 проценти, но има и кои ги задржале цените. Затоа граѓаните може да видат дека одредени продукти се со иста цена од пред донесување на одлуката. Претходно се одеше со замрзнување на цени од датум од пред три месеци со намалување на цените за 10 проценти. Затоа тогаш граѓаните можеа да видат дека секој производ е намален, но сега има 10 до 20 проценти на производи кои не се намалени. Сепак, јасно мора да бидат означени со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“ за потрошувачот и граѓанинот точно да знае кој производ е опфатен со одлуката - појасни Трајковски.

Нагласи дека вчера во маркетите не видел никаков обид да се означат производите со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

За мене тоа е несериозно. Вчера не се потрудиле маркетите да стават ознака на 20 до 30 отсто од производите. Во моментов инспекторите контролираат и тие ќе кажат дали денеска поставиле или не и дали биле поставени делумно или целосно. Насоката од ДПИ е да има јасно видлива ознака и да се прегледа дали се во рамките на ограничената бруто профитна маржа од 10 проценти сите производи кои се опфатени со одлуката - рече Трајковски.

По донесувањето на одлуката за ограничување на профитните маржи на прехранбените продукти ДПИ е задолжен да ги контролира трговците на мало и на големо дали ја почитуваат одлуката што ја донесе Владата.

Одлуката е соопштена во петокот, во Службен весник е излезена во понеделникот со важност од вторник. Со тоа трговците на големо и на мало имаа доволно време да ги прилагодат цените. ДПИ постапува по Законот за трговија каде казните се високи и се движат од 2.000 до 10.000 евра, а доколку се утврди дека некој применува нечесни трговски практики ќе постапуваме по Законот за потрошувачи по кој има можност за затворање на објекти. Сме затворале претходно секој што се обидел да примени нечесна трговска практика ќе затвораме и сега - потенцира Трајковски.

Владата со ограничувањето на профитните маржи на околу 70 основни прехранбени производи очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто. Согласно одлуката на Владата, трговците требаше да ги обележат намалените производи со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“

The post Трговците несериозни, нема да има толеранција за никого и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет: Над 120 инспектори се на терен appeared first on Република.

]]>

Нема да има толеранција за никого, нема да толерираме никаква примена на нечесни практики и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет. Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) веќе е на терен на цела територија на Македонија со повеќе од 40 тимови или повеќе од 120 инспектори, ротирани во различни градови, и врши проверка дали се почитува одлуката на Владата за ограничени профитни маржи за основните прехранбени производи, порача денеска директорот на ДПИ Горан Трајковски. Денеска, како што кажа, тимовите на ДПИ ги контролираат големите маркети на цела територија на државата, од утре ќе ги контролираат малите маркети и бурекчилниците, а од задутре трговците на големо. Ќе проверат и дали во изминатиот период намерно биле покачени цените на производите.
Апелирам до трговците на мало и на големо да ја почитуваат одлуката на Владата и да не се обидуваат на било каков начин да ја заобиколуваат. Вчера бев на терен и видов дека трговците на мало не си ја сфатиле сериозно одлуката и нејзината примена. Затоа денеска сме на терен и ќе постапуваме по законските прописи и секој што не ја почитува одлуката денеска ќе биде казнет, а доколку има потреба во иднина ќе затвориме и дел од објектите што не ја почитуваат одлуката. Трговците на мало сега имаат залихи по влезните фактури кои ги земале од трговците на големо претходно и треба да ги потрошат тие залихи, па од новите залихи што ќе ги земат за време на важењето на одлуката да видиме дали и трговците на големо ги почитуваат одредбите за заработка до 10 проценти - рече Трајковски на денешната прес-конференција.
Прецизира дека одлуката на Владата се базира на ограничување на бруто профитна маржа на 10 проценти кај трговците на мало и на големо и посочи дека со неа се опфатени и бурекчилниците, но според Законот за трговија, член 3.
Тоа значи дека доколку трговецот на мало претходно одел со бруто профитна маржа од шест проценти нема обврска да го намали дополнително производот зошто е во рамките до 10 проценти. Има трговци кои ги зголемиле над 10 проценти, но има и кои ги задржале цените. Затоа граѓаните може да видат дека одредени продукти се со иста цена од пред донесување на одлуката. Претходно се одеше со замрзнување на цени од датум од пред три месеци со намалување на цените за 10 проценти. Затоа тогаш граѓаните можеа да видат дека секој производ е намален, но сега има 10 до 20 проценти на производи кои не се намалени. Сепак, јасно мора да бидат означени со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“ за потрошувачот и граѓанинот точно да знае кој производ е опфатен со одлуката - појасни Трајковски.
Нагласи дека вчера во маркетите не видел никаков обид да се означат производите со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“.
За мене тоа е несериозно. Вчера не се потрудиле маркетите да стават ознака на 20 до 30 отсто од производите. Во моментов инспекторите контролираат и тие ќе кажат дали денеска поставиле или не и дали биле поставени делумно или целосно. Насоката од ДПИ е да има јасно видлива ознака и да се прегледа дали се во рамките на ограничената бруто профитна маржа од 10 проценти сите производи кои се опфатени со одлуката - рече Трајковски.
По донесувањето на одлуката за ограничување на профитните маржи на прехранбените продукти ДПИ е задолжен да ги контролира трговците на мало и на големо дали ја почитуваат одлуката што ја донесе Владата.
Одлуката е соопштена во петокот, во Службен весник е излезена во понеделникот со важност од вторник. Со тоа трговците на големо и на мало имаа доволно време да ги прилагодат цените. ДПИ постапува по Законот за трговија каде казните се високи и се движат од 2.000 до 10.000 евра, а доколку се утврди дека некој применува нечесни трговски практики ќе постапуваме по Законот за потрошувачи по кој има можност за затворање на објекти. Сме затворале претходно секој што се обидел да примени нечесна трговска практика ќе затвораме и сега - потенцира Трајковски.
Владата со ограничувањето на профитните маржи на околу 70 основни прехранбени производи очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто. Согласно одлуката на Владата, трговците требаше да ги обележат намалените производи со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“

The post Трговците несериозни, нема да има толеранција за никого и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет: Над 120 инспектори се на терен appeared first on Република.

]]>
Инспекторите од денеска со казни за трговците кои не ги намалиле профитните маржи https://republika.mk/vesti/ekonomija/inspektorite-od-deneska-so-kazni-za-trgovtsite-koi-ne-gi-namalile-profitnite-marzhi/ Wed, 25 Sep 2024 09:07:55 +0000 https://republika.mk/?p=819474

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска на пладне ќе почне со казнување на трговците кои ги немаат поставено ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и не ги продаваат по пониски цени производите за кои Владата донесе одлука да им ја ограничи профитната маржа, најави во изјава за МИА директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/pomalku-troshotsi-poveke-za-tebe-kako-da-gi-prepoznaete-proizvodite-chija-tsena-treba-da-e-namalena/

Како што посочи, во теренските проверки што ги вршеле вчера до 21 часот забележале дека маркетите не ги поставиле потребните ознаки, со кои требаше да ги означат производите на кои Владата им наметна пониски профитни маржи иако ДПИ им даде рок тоа да го направат до крајот на вчерашниот ден.

Екипите на ДПИ од утрово се на терен низ целата држава и уште денеска од 12 или од 13 часот ќе почнат со казнување на маркетите кои не си ја исполнуваат обврската, изјави Трајковски за МИА и додаде дека маркетите се жалеле дека немале време да ги испечатат ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Владата со ограничувањето на профитните маржи на околу 70 основни прехранбени производи очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто. Согласно одлуката на Владата, трговците требаше да ги обележат намалените производи со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

The post Инспекторите од денеска со казни за трговците кои не ги намалиле профитните маржи appeared first on Република.

]]>

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска на пладне ќе почне со казнување на трговците кои ги немаат поставено ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и не ги продаваат по пониски цени производите за кои Владата донесе одлука да им ја ограничи профитната маржа, најави во изјава за МИА директорот на ДПИ, Горан Трајковски. https://republika.mk/vesti/ekonomija/pomalku-troshotsi-poveke-za-tebe-kako-da-gi-prepoznaete-proizvodite-chija-tsena-treba-da-e-namalena/ Како што посочи, во теренските проверки што ги вршеле вчера до 21 часот забележале дека маркетите не ги поставиле потребните ознаки, со кои требаше да ги означат производите на кои Владата им наметна пониски профитни маржи иако ДПИ им даде рок тоа да го направат до крајот на вчерашниот ден.
Екипите на ДПИ од утрово се на терен низ целата држава и уште денеска од 12 или од 13 часот ќе почнат со казнување на маркетите кои не си ја исполнуваат обврската, изјави Трајковски за МИА и додаде дека маркетите се жалеле дека немале време да ги испечатат ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“.
Владата со ограничувањето на профитните маржи на околу 70 основни прехранбени производи очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто. Согласно одлуката на Владата, трговците требаше да ги обележат намалените производи со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

The post Инспекторите од денеска со казни за трговците кои не ги намалиле профитните маржи appeared first on Република.

]]>
Мапа од локациите на 4 камери кои детектираат пречекорување на брзината: Внимавајте како возите во Белград https://republika.mk/vesti/balkan/mapa-od-lokatsiite-na-4-kameri-koi-detektiraat-prechekoruvane-na-brzinata-vnimavajte-kako-vozite-vo-belgrad/ Tue, 17 Sep 2024 09:28:51 +0000 https://republika.mk/?p=817034

Вчера во Белград почна да работи автоматскиот систем на детекција на пречекорување на дозволената брзина во зоните каде најмногу  не се почитуваше ограничувањето на брзината од 50 км/час. Станува збор за четири сообраќајни раскрсници во Белград, а освен овој систем, прекршоци откриваат и сообраќајните камери во Белград, а што снимаат открива Курир.рс.

Системот за автоматско откривање на пребрзо возење ќе се применува на булеварот Михајло Пупин - Бранков Мост, раскрсницата на булеварот Никола Тесла и Улица Ушќе, на раскрсницата на улиците Антифашистички Борба и Јуриј Гагарин, како и на булеварот Краља Александра кај маркетот Ѓерам, информираат од МУП.

Најавено е дека овие системи во наредниот период ќе бидат инсталирани и на некои други локации. Покрај овие системи, сообраќајните прекршоци ги откриваат и сообраќајните камери.

Во моментов се користат камери кои освен брзина откриваат поминување на црвено светло, па возење по жолта лента. Има и камери кои ги имаат потребните технички карактеристики за да можат да го снимат прекршокот на неносење појас, како и неправилна употреба на мобилниот телефон при возење.

Најпрво на сопственикот на возилото му се испраќа барање да даде информација за лицето кое го управувало возилото, во одредено време на одредено место. Оваа информација сопственикот е должен заедно со изјавата на возачот да ја достави до Министерството за внатрешни работи на Србија, по што полицијата против возачот ќе поведе соодветна прекршочна постапка. Доколку сопственикот на возилото не ја исполни својата обврска, се соочува со парична казна од 100.000 до 120.000 динари, како физичко лице. Тоа не е казна за прекршок направен со неговото возило, туку за недавање на бараните податоци за возачот. Исто така, во законот стои дека изјавата на возачот дека го управувал возилото мора да биде заверена на нотар.

Што се однесува до правните лица, за нив е предвидена глоба од 60.000 до 600.000 динари доколку не ги дадат бараните податоци за возачот.

Ова се казните за брзо возење:

Казна од 3.000 динари е предвидена за пречекорување на дозволената брзина во населено место до 10 км/ч.
Надминување на брзината од 11-20 км/ч - казна од 5.000 до 10.000 динари.
Надминување на брзина од 21 км/ч - 50 км/ч - казна од 6.000 до 20.000 динари.
Надминување на дозволената брзина од 51 km/h до 70 km/h – од 15.000 динари до 30.000 динари.
Надминување на брзината над 70 км/ч - од 100.000 до 120.000 динари, со минимум 15 дена затвор и 14 казнени поени.

The post Мапа од локациите на 4 камери кои детектираат пречекорување на брзината: Внимавајте како возите во Белград appeared first on Република.

]]>

Вчера во Белград почна да работи автоматскиот систем на детекција на пречекорување на дозволената брзина во зоните каде најмногу  не се почитуваше ограничувањето на брзината од 50 км/час. Станува збор за четири сообраќајни раскрсници во Белград, а освен овој систем, прекршоци откриваат и сообраќајните камери во Белград, а што снимаат открива Курир.рс. Системот за автоматско откривање на пребрзо возење ќе се применува на булеварот Михајло Пупин - Бранков Мост, раскрсницата на булеварот Никола Тесла и Улица Ушќе, на раскрсницата на улиците Антифашистички Борба и Јуриј Гагарин, како и на булеварот Краља Александра кај маркетот Ѓерам, информираат од МУП. Најавено е дека овие системи во наредниот период ќе бидат инсталирани и на некои други локации. Покрај овие системи, сообраќајните прекршоци ги откриваат и сообраќајните камери. Во моментов се користат камери кои освен брзина откриваат поминување на црвено светло, па возење по жолта лента. Има и камери кои ги имаат потребните технички карактеристики за да можат да го снимат прекршокот на неносење појас, како и неправилна употреба на мобилниот телефон при возење. Најпрво на сопственикот на возилото му се испраќа барање да даде информација за лицето кое го управувало возилото, во одредено време на одредено место. Оваа информација сопственикот е должен заедно со изјавата на возачот да ја достави до Министерството за внатрешни работи на Србија, по што полицијата против возачот ќе поведе соодветна прекршочна постапка. Доколку сопственикот на возилото не ја исполни својата обврска, се соочува со парична казна од 100.000 до 120.000 динари, како физичко лице. Тоа не е казна за прекршок направен со неговото возило, туку за недавање на бараните податоци за возачот. Исто така, во законот стои дека изјавата на возачот дека го управувал возилото мора да биде заверена на нотар. Што се однесува до правните лица, за нив е предвидена глоба од 60.000 до 600.000 динари доколку не ги дадат бараните податоци за возачот. Ова се казните за брзо возење: Казна од 3.000 динари е предвидена за пречекорување на дозволената брзина во населено место до 10 км/ч. Надминување на брзината од 11-20 км/ч - казна од 5.000 до 10.000 динари. Надминување на брзина од 21 км/ч - 50 км/ч - казна од 6.000 до 20.000 динари. Надминување на дозволената брзина од 51 km/h до 70 km/h – од 15.000 динари до 30.000 динари. Надминување на брзината над 70 км/ч - од 100.000 до 120.000 динари, со минимум 15 дена затвор и 14 казнени поени.

The post Мапа од локациите на 4 камери кои детектираат пречекорување на брзината: Внимавајте како возите во Белград appeared first on Република.

]]>
МВР во акција: За еден ден казнети 63 возачи на мотоцикли во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-vo-aktsija-za-eden-den-kazneti-63-vozachi-na-mototsikli-vo-skopje/ Wed, 28 Aug 2024 16:46:31 +0000 https://republika.mk/?p=810981

63 санкционирани возачи на мотоцикли во Скопје за еден ден, ja враќаме безбедноста на улиците, објави на својата Фејсбук страница министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во последниот период, до Министерството за внатрешни работи пристигнаа многу поплаки од граѓаните за несовесно и агресивно возење, особено на возачи на мотоцикли во централното градско подрачје на Скопје. Исто така и самиот сум бил сведок на такво непримерно однесување кое ги нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните.

Поради овие причини, лично иницирав спроведување на акциска контрола, насочена кон санкционирање на овие прекршоци и враќање на безбедноста на нашите улици.

Во тој контекст во текот на вчерашниот ден (27.08.2024) од страна на Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување во соработка со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 19.00 до 00.00 часот, во рамките на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во градот Скопје, беше реализирана зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. Во акцијата беа контролирани повеќе од 130 мотоцикли и мотори, а санкционирани се 63 возачи. Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, шест возачи возеле без возачка дозвола, 12 возачи имале несоодветна категорија, два мотоцикли не биле регистрирани и еден возач поминал на црвено светло. Акциските контроли во рамките на оперативната акција ќе продолжат и во идниот период со засилен интензитет.

Статистиките на жртви во сообраќајот покажуваат дека во Македонија има повеќе жртви споредено со земјите од ЕУ и МВР презема мерки, во склоп на своите надлежности, тоа да се промени. Во текот на минатата 2023 година имало 127 жртви во сообраќајни незгоди на територијата на цела држава, од кои 39 се во Скопје. За првите шест месеци од оваа година пак, има 57 жртви, од кои 14 се во Скопје.

Министерството за внатрешни работи почнува бескомпромисна борба против сите видови криминал и нарушувања на јавниот ред и мир. Никој нема право да го нарушува мирот и спокојот на граѓаните како во Скопје, така и во целата држава, без разлика дали се работи за криминална нарко банда или несовесен возач на мотор кој го нарушува мирот и безбедноста на булеварот „Партизански одреди“. Законот мора и ќе важи за сите и секој што го крши, ќе биде казнет, пишува Тошковски на Фејсбук.

The post МВР во акција: За еден ден казнети 63 возачи на мотоцикли во Скопје appeared first on Република.

]]>

63 санкционирани возачи на мотоцикли во Скопје за еден ден, ja враќаме безбедноста на улиците, објави на својата Фејсбук страница министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во последниот период, до Министерството за внатрешни работи пристигнаа многу поплаки од граѓаните за несовесно и агресивно возење, особено на возачи на мотоцикли во централното градско подрачје на Скопје. Исто така и самиот сум бил сведок на такво непримерно однесување кое ги нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните. Поради овие причини, лично иницирав спроведување на акциска контрола, насочена кон санкционирање на овие прекршоци и враќање на безбедноста на нашите улици. Во тој контекст во текот на вчерашниот ден (27.08.2024) од страна на Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување во соработка со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 19.00 до 00.00 часот, во рамките на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во градот Скопје, беше реализирана зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. Во акцијата беа контролирани повеќе од 130 мотоцикли и мотори, а санкционирани се 63 возачи. Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, шест возачи возеле без возачка дозвола, 12 возачи имале несоодветна категорија, два мотоцикли не биле регистрирани и еден возач поминал на црвено светло. Акциските контроли во рамките на оперативната акција ќе продолжат и во идниот период со засилен интензитет. Статистиките на жртви во сообраќајот покажуваат дека во Македонија има повеќе жртви споредено со земјите од ЕУ и МВР презема мерки, во склоп на своите надлежности, тоа да се промени. Во текот на минатата 2023 година имало 127 жртви во сообраќајни незгоди на територијата на цела држава, од кои 39 се во Скопје. За првите шест месеци од оваа година пак, има 57 жртви, од кои 14 се во Скопје. Министерството за внатрешни работи почнува бескомпромисна борба против сите видови криминал и нарушувања на јавниот ред и мир. Никој нема право да го нарушува мирот и спокојот на граѓаните како во Скопје, така и во целата држава, без разлика дали се работи за криминална нарко банда или несовесен возач на мотор кој го нарушува мирот и безбедноста на булеварот „Партизански одреди“. Законот мора и ќе важи за сите и секој што го крши, ќе биде казнет, пишува Тошковски на Фејсбук.

The post МВР во акција: За еден ден казнети 63 возачи на мотоцикли во Скопје appeared first on Република.

]]>
Ќе платите 250 евра ако си ги сакате назад столиците и крпите оставени по плажите во Шпанија https://republika.mk/zivot/patuvanja/ke-platite-250-evra-ako-si-gi-sakate-nazad-stolitsite-i-krpite-ostaveni-po-plazhite-vo-shpanija/ Thu, 22 Aug 2024 17:55:29 +0000 https://republika.mk/?p=807120

Шпанската полиција ги засили контролите на плажите и почна да ги одзема столовите, лежалките и чадорите што туристите ги оставаат на плажата за да си резервираат место. Сите запленети работи се носат во локалната полициска станица, а туристите подоцна треба да платат 250 евра за да си ги вратат.

Законите во крајбрежните области на Шпанија и локациите како што се Балеарските и Канарските Острови забрануваат поставување на крпи и лежалки пред 9 часот бидејќи пречат во редовното чистење и одржување на плажите, кое таму се случува секое утро.

Во фејсбук-групите посветени на шпанскиот туризам, корисниците, посебно Шпанците, позитивно одговараат на овие акции.

Добро е што оваа практика која се спроведува долги години, почна да биде регулирана од градските совети. Не е нормално да се дојде на плажа во 10 часот наутро и да видете дека и вториот ред на плажата е полн, а наоколу нема никој. Сите или спијат или појадуваат дома, а друг не може да ужива во тоа време, напишале мештаните.

Новите правила се само еден од потезите во „војната“ на Шпанија против туристите, а неодамна избувнаа и големи протести на граѓаните од туристичките места како Барселона и Мајорка.

The post Ќе платите 250 евра ако си ги сакате назад столиците и крпите оставени по плажите во Шпанија appeared first on Република.

]]>

Шпанската полиција ги засили контролите на плажите и почна да ги одзема столовите, лежалките и чадорите што туристите ги оставаат на плажата за да си резервираат место. Сите запленети работи се носат во локалната полициска станица, а туристите подоцна треба да платат 250 евра за да си ги вратат. Законите во крајбрежните области на Шпанија и локациите како што се Балеарските и Канарските Острови забрануваат поставување на крпи и лежалки пред 9 часот бидејќи пречат во редовното чистење и одржување на плажите, кое таму се случува секое утро. Во фејсбук-групите посветени на шпанскиот туризам, корисниците, посебно Шпанците, позитивно одговараат на овие акции.
Добро е што оваа практика која се спроведува долги години, почна да биде регулирана од градските совети. Не е нормално да се дојде на плажа во 10 часот наутро и да видете дека и вториот ред на плажата е полн, а наоколу нема никој. Сите или спијат или појадуваат дома, а друг не може да ужива во тоа време, напишале мештаните.
Новите правила се само еден од потезите во „војната“ на Шпанија против туристите, а неодамна избувнаа и големи протести на граѓаните од туристичките места како Барселона и Мајорка.

The post Ќе платите 250 евра ако си ги сакате назад столиците и крпите оставени по плажите во Шпанија appeared first on Република.

]]>
Во Скопје 103 санкционирани возачи https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-skopje-103-sanktsionirani-vozachi/ Sun, 21 Jul 2024 08:08:52 +0000 https://republika.mk/?p=798859

Во контролите во областа на сообраќајот на територија на град Скопје во текот на вчерашниот дена се изречени вкупно 103 мерки, информираа денеска од МВР.

За возење без возачка дозвола 13 санкции, 12 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, осум санкции за управување возило со брзина поголема од пропишаната, седум мерки за некористење сигурносен појас...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

The post Во Скопје 103 санкционирани возачи appeared first on Република.

]]>

Во контролите во областа на сообраќајот на територија на град Скопје во текот на вчерашниот дена се изречени вкупно 103 мерки, информираа денеска од МВР. За возење без возачка дозвола 13 санкции, 12 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, осум санкции за управување возило со брзина поголема од пропишаната, седум мерки за некористење сигурносен појас... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

The post Во Скопје 103 санкционирани возачи appeared first on Република.

]]>
СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство https://republika.mk/vesti/crna-hronika/svr-skopje-prodolzhuva-so-zasileno-politsisko-prisustvo/ Sat, 20 Jul 2024 10:38:45 +0000 https://republika.mk/?p=798700

Во текот на изминатата вечер (19/20.07.2024) во периодот од 18.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Скопје продолжија со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на СВР Скопје, преку превентивно присуство на полицијата.

При тоа приведено е едно лице поради нарушување на јавниот ред и мир, а била спроведена и сообраќајна контрола при што санкционирани биле 28 возачи, 14 возила биле отстранети со специјално возило Пајак.

Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови, велат од МВР.

The post СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство appeared first on Република.

]]>

Во текот на изминатата вечер (19/20.07.2024) во периодот од 18.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Скопје продолжија со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на СВР Скопје, преку превентивно присуство на полицијата. При тоа приведено е едно лице поради нарушување на јавниот ред и мир, а била спроведена и сообраќајна контрола при што санкционирани биле 28 возачи, 14 возила биле отстранети со специјално возило Пајак. Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови, велат од МВР.

The post СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство appeared first on Република.

]]>
ЈП Комунална хигиена: Редовно го собираме и транспортираме отпадот во Центар, го повикуваме градоначалникот да казнува https://republika.mk/vesti/skopje/jp-komunalna-higiena-redovno-go-sobirame-i-transportirame-otpadot-vo-tsentar-go-povikuvame-gradonachalnikot-da-kaznuva/ Tue, 16 Jul 2024 12:27:05 +0000 https://republika.mk/?p=797395

ЈП Комунална хигиена-Скопје со допис ја информира јавноста дека на територијата на Град Скопје вклучително и општина Центар комуналниот отпад се собира и транспортира без никаков застој, односно во согласност со динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје, усвоена од страна на Советот на Градот Скопје.

„Редовно се врши според Планот за одржување на јавна чистота рачно и машинско метење и машинско миење на улиците. Како и во текот на целата година и ово ј период од годината поради високите температури се врши и миење на контејнерите и микролокациите на кои се поставени.

Апелираме до граѓаните одложувањето на комуналниот отпад да се врши соодветно – во контејнерите, а не до и околу нив со што ќе влијаеме на заштита на животната средина и ќе се избегне создавање на сметишта и диви депонии до контејнерите

Екипите на Претпријатието се исто така аактивни и преку спроведување вонредни активности во оваа скопска општина со собирање на неправилно одложениот кабаст отпад, каде што за изминатиот викенд е интервенирано на улиците Аминта трети , Средно Водно и ул. „164„ од која се собрани 15м3 различен отпад. Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат до несовесните граѓани да го почитуваат Законот за животна средина и да не го одложуваат отпадот на јавни површини туку да го одложуваат во садовите за таа намена , а кабастиот отпад бесплатно може да го однесат во Центарот за селекција на отпад во општина Карпош или за соодветен надомест да ги повикаат службите на Претпријатието кои ќе го подигнат и одложат соодветно“ се вели во соопштението на претпријатието

Од Комунална хигиена го повикаа градоначалникот на Центар да ги активира инспекциските служби при општината кои се надлежни и задолжени да го санкционираат секое прекршување на Законот за јавна чистота.

The post ЈП Комунална хигиена: Редовно го собираме и транспортираме отпадот во Центар, го повикуваме градоначалникот да казнува appeared first on Република.

]]>

ЈП Комунална хигиена-Скопје со допис ја информира јавноста дека на територијата на Град Скопје вклучително и општина Центар комуналниот отпад се собира и транспортира без никаков застој, односно во согласност со динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје, усвоена од страна на Советот на Градот Скопје. „Редовно се врши според Планот за одржување на јавна чистота рачно и машинско метење и машинско миење на улиците. Како и во текот на целата година и ово ј период од годината поради високите температури се врши и миење на контејнерите и микролокациите на кои се поставени. Апелираме до граѓаните одложувањето на комуналниот отпад да се врши соодветно – во контејнерите, а не до и околу нив со што ќе влијаеме на заштита на животната средина и ќе се избегне создавање на сметишта и диви депонии до контејнерите Екипите на Претпријатието се исто така аактивни и преку спроведување вонредни активности во оваа скопска општина со собирање на неправилно одложениот кабаст отпад, каде што за изминатиот викенд е интервенирано на улиците Аминта трети , Средно Водно и ул. „164„ од која се собрани 15м3 различен отпад. Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат до несовесните граѓани да го почитуваат Законот за животна средина и да не го одложуваат отпадот на јавни површини туку да го одложуваат во садовите за таа намена , а кабастиот отпад бесплатно може да го однесат во Центарот за селекција на отпад во општина Карпош или за соодветен надомест да ги повикаат службите на Претпријатието кои ќе го подигнат и одложат соодветно“ се вели во соопштението на претпријатието Од Комунална хигиена го повикаа градоначалникот на Центар да ги активира инспекциските служби при општината кои се надлежни и задолжени да го санкционираат секое прекршување на Законот за јавна чистота.

The post ЈП Комунална хигиена: Редовно го собираме и транспортираме отпадот во Центар, го повикуваме градоначалникот да казнува appeared first on Република.

]]>
Од денеска целосна забрана за движење во шуми: Високи казни за непочитувачите на законот https://republika.mk/zivot/servisi/od-deneska-tselosna-zabrana-za-dvizhene-vo-shumi-visoki-kazni-za-nepochituvachite-na-zakonot/ Mon, 15 Jul 2024 10:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=796973

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.

Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, и истата започнува од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00 до 20:00 часот. Целосната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат.

За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

The post Од денеска целосна забрана за движење во шуми: Високи казни за непочитувачите на законот appeared first on Република.

]]>

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, и истата започнува од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00 до 20:00 часот. Целосната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат.
За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

The post Од денеска целосна забрана за движење во шуми: Високи казни за непочитувачите на законот appeared first on Република.

]]>
Скопје: Казнети 134 возачи, девет поминале на црвено светло https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopje-kazneti-134-vozachi-devet-pominale-na-tsrveno-svetlo/ Sun, 07 Jul 2024 09:34:48 +0000 https://republika.mk/?p=794191

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, девет мерки за користење на мобилен телефон при управување, девет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, шест мерки за некористење на сигурносен појас, 13 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

The post Скопје: Казнети 134 возачи, девет поминале на црвено светло appeared first on Република.

]]>

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, девет мерки за користење на мобилен телефон при управување, девет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, шест мерки за некористење на сигурносен појас, 13 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл… -Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

The post Скопје: Казнети 134 возачи, девет поминале на црвено светло appeared first on Република.

]]>
Казни на адреса ќе стигаат после законските измени, засега само се поставуваат нови камери за „Безбеден град“ https://republika.mk/vesti/makedonija/kazni-na-adresa-ke-stigaat-posle-zakonskite-izmeni-zasega-samo-se-postavuvaat-novi-kameri-za-bezbeden-grad/ Mon, 20 May 2024 14:25:12 +0000 https://republika.mk/?p=780205

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средба на Единицата за оперативно-технички работи при Бирото за јавна безбедност во чија надлежност е системот за видеонадзор на сообраќајниците познат како „Безбеден град“.

Во рамки на посетата министерот беше запознаен со работата на оваа организациска единица, тековните активности и проблеми од делокругот на нивната работа.

Во тој контекст беше истакнато дека во моментот ваков систем е поставен само во Скопје, Куманово и Тетово, има недостаток на покриеност на многу значајни крстосници, а голем дел од камерите и опремата која се користи во овој систем е технички застарена, а дел и неисправна. Исто така бев информиран за наградбата на системот која е во тек, а која опфаќа замена на постојните камери со нови и проширување на системот со нови камери на точки кои досега не беа покриени. Водено, во фаза на тестирање е системот за автоматско евидентирање на сообраќајни прекршоци за чие целосно ставање во функција потребно е да се направат и соодветни законски измени, издвои министерот Тошковски од средбата.

Во иднина треба во континуитет да се инвестира во овој дел, да се прошири и во другите градови низ државата, како и да се распредели дополнителен кадар со цел оваа организациска единица да работи непречено во текот на 24 часа, бидејќи е од круцијално значење за обезбедување на поволна безбедносна состојба.

The post Казни на адреса ќе стигаат после законските измени, засега само се поставуваат нови камери за „Безбеден град“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средба на Единицата за оперативно-технички работи при Бирото за јавна безбедност во чија надлежност е системот за видеонадзор на сообраќајниците познат како „Безбеден град“. Во рамки на посетата министерот беше запознаен со работата на оваа организациска единица, тековните активности и проблеми од делокругот на нивната работа.
Во тој контекст беше истакнато дека во моментот ваков систем е поставен само во Скопје, Куманово и Тетово, има недостаток на покриеност на многу значајни крстосници, а голем дел од камерите и опремата која се користи во овој систем е технички застарена, а дел и неисправна. Исто така бев информиран за наградбата на системот која е во тек, а која опфаќа замена на постојните камери со нови и проширување на системот со нови камери на точки кои досега не беа покриени. Водено, во фаза на тестирање е системот за автоматско евидентирање на сообраќајни прекршоци за чие целосно ставање во функција потребно е да се направат и соодветни законски измени, издвои министерот Тошковски од средбата.
Во иднина треба во континуитет да се инвестира во овој дел, да се прошири и во другите градови низ државата, како и да се распредели дополнителен кадар со цел оваа организациска единица да работи непречено во текот на 24 часа, бидејќи е од круцијално значење за обезбедување на поволна безбедносна состојба.

The post Казни на адреса ќе стигаат после законските измени, засега само се поставуваат нови камери за „Безбеден град“ appeared first on Република.

]]>
Возачи, внимание! За ова во Грција се плаќа и 1.500 евра казна https://republika.mk/vesti/balkan/vozachi-vnimanie-za-ova-vo-grtsija-se-plaka-i-1-500-evra-kazna/ Fri, 17 May 2024 08:55:03 +0000 https://republika.mk/?p=779090

Казната за пушење во возило во Грција доколку во него има дете под 12 години изнесува 1.500 евра и одземање на возачка дозвола. Српските медиуми објавија список од казните за сообраќајни прекршоци кои се на сила во последните шест години, а кои можат да ви го пореметат летниот одмор.

Најлошото е што во Грција веќе не постои можност некоја од изречените сообраќајни казни да се намали на половина од износот доколку ја платите во рок од десет дена. Еве ја листата:

Возење под дејство на алкохол – од 78 до 1.200 евра
Брзина во населено место до 20 км/ч – 100 евра
Поминување на црвено светло на семафор и претекнување преку полна линија – 700 евра

Неносење појас – 350 евра
Непрописно паркирање – од 40 до 80 евра
Користење на мобилен телефон при возење – 100 евра

Српските туристи на социјалните мрежи предупредуваат и дека во Грција е зголемен бројот на радари после граничниот премин Богородица(Евзони) и пред излезот за Солун.

А, доколку казната уште не ја евидентирале грчките власти, тоа не значи дека сте се спасиле. Како што се вели на веб-страницата nikana.gr:

Грците не можат да ви испратат казна на домашна адреса, но следниот пат кога ќе влезете во Грција, доколку казната не е истечена, таа сè уште е во системот и нема да ви биде простено, туку ќе треба да ја платите. Во ЕУ постои регистар на сообраќајни прекршоци и постои голема веројатност казната да ви биде наплатена веднаш штом ќе влезете во ЕУ, секаде каде што прекршокот е направен во рамките на ЕУ.

Грција ги усогласи своите закони со ЕУ и кога се во прашање децата. Правилото за соодветно седиште важи за оние помлади од 12 години, но и ако детето е понисоко од 135 сантиметри. Ако дете веќе има 12 години или е високо најмалку 135 сантиметри доволен е безбедносен појас.

А какви се актуелните сообраќајни казни во Македонија?

Возење под дејство на алкохол – од 250 до 400 евра
Брзина во населено место до 20 км/ч – 45 евра
Поминување на црвено светло – 300 евра
Некористење појас – 20 евра
Непрописно паркирање – 45 евра
Користење на мобилен телефон при возење – 45 евра
Дневно возење без дневни светла – 35 евра

Во соседна Бугарија казните се следните:

Возење под дејство на алкохол – од 255 до 510 евра
Брзина до 20 km/h – од 10 до 180 евра
Поминување на црвено светло – 25 евра
Неносење појас – 25 евра
Непрописно паркирање – до 102 евра
Користење на мобилен телефон при возење – 25 евра
Ако преку ден немате средно светло, односно дневни светла – 25 евра

The post Возачи, внимание! За ова во Грција се плаќа и 1.500 евра казна appeared first on Република.

]]>

Казната за пушење во возило во Грција доколку во него има дете под 12 години изнесува 1.500 евра и одземање на возачка дозвола. Српските медиуми објавија список од казните за сообраќајни прекршоци кои се на сила во последните шест години, а кои можат да ви го пореметат летниот одмор. Најлошото е што во Грција веќе не постои можност некоја од изречените сообраќајни казни да се намали на половина од износот доколку ја платите во рок од десет дена. Еве ја листата: Возење под дејство на алкохол – од 78 до 1.200 евра Брзина во населено место до 20 км/ч – 100 евра Поминување на црвено светло на семафор и претекнување преку полна линија – 700 евра Неносење појас – 350 евра Непрописно паркирање – од 40 до 80 евра Користење на мобилен телефон при возење – 100 евра Српските туристи на социјалните мрежи предупредуваат и дека во Грција е зголемен бројот на радари после граничниот премин Богородица(Евзони) и пред излезот за Солун. А, доколку казната уште не ја евидентирале грчките власти, тоа не значи дека сте се спасиле. Како што се вели на веб-страницата nikana.gr:
Грците не можат да ви испратат казна на домашна адреса, но следниот пат кога ќе влезете во Грција, доколку казната не е истечена, таа сè уште е во системот и нема да ви биде простено, туку ќе треба да ја платите. Во ЕУ постои регистар на сообраќајни прекршоци и постои голема веројатност казната да ви биде наплатена веднаш штом ќе влезете во ЕУ, секаде каде што прекршокот е направен во рамките на ЕУ.
Грција ги усогласи своите закони со ЕУ и кога се во прашање децата. Правилото за соодветно седиште важи за оние помлади од 12 години, но и ако детето е понисоко од 135 сантиметри. Ако дете веќе има 12 години или е високо најмалку 135 сантиметри доволен е безбедносен појас. А какви се актуелните сообраќајни казни во Македонија? Возење под дејство на алкохол – од 250 до 400 евра Брзина во населено место до 20 км/ч – 45 евра Поминување на црвено светло – 300 евра Некористење појас – 20 евра Непрописно паркирање – 45 евра Користење на мобилен телефон при возење – 45 евра Дневно возење без дневни светла – 35 евра Во соседна Бугарија казните се следните: Возење под дејство на алкохол – од 255 до 510 евра Брзина до 20 km/h – од 10 до 180 евра Поминување на црвено светло – 25 евра Неносење појас – 25 евра Непрописно паркирање – до 102 евра Користење на мобилен телефон при возење – 25 евра Ако преку ден немате средно светло, односно дневни светла – 25 евра

The post Возачи, внимание! За ова во Грција се плаќа и 1.500 евра казна appeared first on Република.

]]>
МВР: 553 санкции за брзо возење https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-553-sanktsii-za-brzo-vozene/ Mon, 13 May 2024 08:39:56 +0000 https://republika.mk/?p=777478

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на Република  Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 553 возачи.

Од нив 38 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 251 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 327 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

The post МВР: 553 санкции за брзо возење appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на Република  Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 553 возачи. Од нив 38 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 251 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 327 надвор од населено место. -Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

The post МВР: 553 санкции за брзо возење appeared first on Република.

]]>
Казни за 131 возачи во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kazni-za-131-vozachi-vo-skopje/ Wed, 01 May 2024 10:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=772973

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 санкции, 14 мерки за непочитување на брзината на движење, девет мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
МВР

The post Казни за 131 возачи во Скопје appeared first on Република.

]]>

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 санкции, 14 мерки за непочитување на брзината на движење, девет мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. МВР

The post Казни за 131 возачи во Скопје appeared first on Република.

]]>
Казни за 105 возачи во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kazni-za-105-vozachi-vo-skopje/ Sat, 27 Apr 2024 08:48:32 +0000 https://republika.mk/?p=771609

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 105 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас, четири за брзо возење, три за минување на црвено светло...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.

The post Казни за 105 возачи во Скопје appeared first on Република.

]]>

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 105 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас, четири за брзо возење, три за минување на црвено светло... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.

The post Казни за 105 возачи во Скопје appeared first on Република.

]]>
Возете внимателно: 190 санкционирани возачи во Скопје, 45 за брзо возење https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vozete-vnimatelno-190-sanktsionirani-vozachi-vo-skopje-45-za-brzo-vozene/ Sun, 14 Apr 2024 09:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=765898

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 190 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, oсум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 19 мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

The post Возете внимателно: 190 санкционирани возачи во Скопје, 45 за брзо возење appeared first on Република.

]]>

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 190 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, oсум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 19 мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

The post Возете внимателно: 190 санкционирани возачи во Скопје, 45 за брзо возење appeared first on Република.

]]>
Таткото на Самоил Костадиновски не е задоволен од висината на затворските казни: Син ми е убиен, групата која го киднапираше работела за полицијата https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tatkoto-na-samoil-kostadinovski-ne-e-zadovolen-od-visinata-na-zatvorskite-kazni-sin-mi-e-ubien-grupata-koja-go-kidnapirashe-rabotela-za-politsijata/ Thu, 04 Apr 2024 14:49:57 +0000 https://republika.mk/?p=762169

Таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски не е задоволен од пресудата за грабнувачите на неговиот син. Смета дека судот е корумпиран и вели дека се е потплатено. Тој од пред Основниот Кривичен суд-Скопје порача дека ќе се жали пред повисок суд.

-Ова е смешна казна. Не може еден човек да вреди со ваква минимална казна. Не веруваме во судот. Некого да удриш или нападнеш ќе добиеш поголема казна (затвор) од ова. Како тие за „27 април“ добија поголеми казни, а не убија никого, ниту киднапираа. Овде син ми го нема, исчезнат е, тој е убиен…Овие казни се смешни, рече Љупчо Костадиновски.

На новинарско прашање дали има нови информации за пронаоѓање на неговиот син, таткото одговори:

-Што ќе најдеш кога се е корумпирано. Полицијата ја заташка целата работа кога почна истрагата затоа што тие работеле за полиција и организиран криминал и НТШ. Обвинетите се една цела група. Така се сознанијата. Се заташка. И тој мене што ме пукаше пред домот, за да се заташка истрагата и да не излезе ништо. Не веруваме во ништо. Ова не е држава, ова е картел, истакна Љупчо Костадиновски.

За грабнувањето на Самоил Костадиновски, Виктор Милановски доби 5 години и десет месеци казна затвор, додека за помагање Саша Челичиќ, доби две години и три месеци затвор. До правосилноста на пресудата Виктор останува во затворски притвор, а Саша ќе се брани од слобода.

На 26-годишниот Самоил Костадиновски од 3 март лани му се губи секаква трага. Сите постапки на полицијата околу негово пронаоѓање не се споделуваат со јавноста и се водат како строго доверливо.

The post Таткото на Самоил Костадиновски не е задоволен од висината на затворските казни: Син ми е убиен, групата која го киднапираше работела за полицијата appeared first on Република.

]]>

Таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски не е задоволен од пресудата за грабнувачите на неговиот син. Смета дека судот е корумпиран и вели дека се е потплатено. Тој од пред Основниот Кривичен суд-Скопје порача дека ќе се жали пред повисок суд. -Ова е смешна казна. Не може еден човек да вреди со ваква минимална казна. Не веруваме во судот. Некого да удриш или нападнеш ќе добиеш поголема казна (затвор) од ова. Како тие за „27 април“ добија поголеми казни, а не убија никого, ниту киднапираа. Овде син ми го нема, исчезнат е, тој е убиен…Овие казни се смешни, рече Љупчо Костадиновски. На новинарско прашање дали има нови информации за пронаоѓање на неговиот син, таткото одговори: -Што ќе најдеш кога се е корумпирано. Полицијата ја заташка целата работа кога почна истрагата затоа што тие работеле за полиција и организиран криминал и НТШ. Обвинетите се една цела група. Така се сознанијата. Се заташка. И тој мене што ме пукаше пред домот, за да се заташка истрагата и да не излезе ништо. Не веруваме во ништо. Ова не е држава, ова е картел, истакна Љупчо Костадиновски. За грабнувањето на Самоил Костадиновски, Виктор Милановски доби 5 години и десет месеци казна затвор, додека за помагање Саша Челичиќ, доби две години и три месеци затвор. До правосилноста на пресудата Виктор останува во затворски притвор, а Саша ќе се брани од слобода. На 26-годишниот Самоил Костадиновски од 3 март лани му се губи секаква трага. Сите постапки на полицијата околу негово пронаоѓање не се споделуваат со јавноста и се водат како строго доверливо.  

The post Таткото на Самоил Костадиновски не е задоволен од висината на затворските казни: Син ми е убиен, групата која го киднапираше работела за полицијата appeared first on Република.

]]>