като систем Archives - Република https://republika.mk/tema/kato-sistem/ За подобро да се разбереме Mon, 06 May 2024 09:14:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png като систем Archives - Република https://republika.mk/tema/kato-sistem/ 32 32 Поради немање КАТО систем на онкологија, клиниката заради рачно спремање на лек кој чини 350 евра прави загуба од 38 илјади евра на секои 110 ампули https://republika.mk/vesti/makedonija/poradi-nemane-kato-sistem-na-onkologija-klinikata-zaradi-rachno-spremane-na-lek-koj-chini-350-evra-pravi-zaguba-od-38-iljadi-evra-na-sekoi-110-ampuli/ Mon, 06 May 2024 09:14:56 +0000 https://republika.mk/?p=774662

Поради немање КАТО систем на онкологија лек кој чини 350 евра, клиниката заради рачно спремање на истиот лек прави загуба од 38 илјади евра на секои 110 ампули, реагираше Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во објава на „Фејсбук“.

‼️Автоматската подготовка на лековите со тн. КАТО систем овозможува да се спречат загуби при дозирање на лековите
⁉️Денес постапката за набавка на като систем за Онкологија Министерството за здравство не ја завршува иако истата беше поништена од Биро за јавни набавки на ден 25.03.2024
⁉️Неактивноста на овој систем води до тоа да Клиниката губи пари, а пациентите се прашуваат дали добиваат соодветно лекување
❓Дополнително се поставува прашањето колкави се финансиските загуби на Клиниката поради рачното спремање на терапијата за онколошките пациенти
❓Има ли доволно медицински персонал, знаејќи дека ветувањето за нови вработувања на Онкологија не е завршено
➡️Колку за илустрација:
1. Лек кој чини 350 евра за една вијала, загубата на Клиниката заради рачното спремање изнесува 38.041 евра на секои 110 вијали
2. Лек кој чини 560 евра за една вијала, загубата на Клиниката заради рачното спремање изнесува 73.360 евра вијали
❗️Наместо до сега да го ставевте во функција КАТО системот, вие и понатаму овозможувате манипулација со залихата на лекови на оваа клиника.
‼️Ова води кон тоа дека некој и понатаму овозможува манипулација со залихата на лекови на оваа Клиника, подвлече Комисијата.

The post Поради немање КАТО систем на онкологија, клиниката заради рачно спремање на лек кој чини 350 евра прави загуба од 38 илјади евра на секои 110 ампули appeared first on Република.

]]>

Поради немање КАТО систем на онкологија лек кој чини 350 евра, клиниката заради рачно спремање на истиот лек прави загуба од 38 илјади евра на секои 110 ампули, реагираше Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во објава на „Фејсбук“. ‼️Автоматската подготовка на лековите со тн. КАТО систем овозможува да се спречат загуби при дозирање на лековите ⁉️Денес постапката за набавка на като систем за Онкологија Министерството за здравство не ја завршува иако истата беше поништена од Биро за јавни набавки на ден 25.03.2024 ⁉️Неактивноста на овој систем води до тоа да Клиниката губи пари, а пациентите се прашуваат дали добиваат соодветно лекување ❓Дополнително се поставува прашањето колкави се финансиските загуби на Клиниката поради рачното спремање на терапијата за онколошките пациенти ❓Има ли доволно медицински персонал, знаејќи дека ветувањето за нови вработувања на Онкологија не е завршено ➡️Колку за илустрација: 1. Лек кој чини 350 евра за една вијала, загубата на Клиниката заради рачното спремање изнесува 38.041 евра на секои 110 вијали 2. Лек кој чини 560 евра за една вијала, загубата на Клиниката заради рачното спремање изнесува 73.360 евра вијали ❗️Наместо до сега да го ставевте во функција КАТО системот, вие и понатаму овозможувате манипулација со залихата на лекови на оваа клиника. ‼️Ова води кон тоа дека некој и понатаму овозможува манипулација со залихата на лекови на оваа Клиника, подвлече Комисијата.

The post Поради немање КАТО систем на онкологија, клиниката заради рачно спремање на лек кој чини 350 евра прави загуба од 38 илјади евра на секои 110 ампули appeared first on Република.

]]>
Јас најмалку се разбирам од распишување на тендери, не сакам да се занимавам со тие работи, рече Меџити кој најави дека до 5 јануари ќе биде распишан тендер за КАТО систем https://republika.mk/vesti/makedonija/jas-najmalku-se-razbiram-od-raspishuvane-na-tenderi-ne-sakam-da-se-zanimavam-so-tie-raboti-reche-medhiti-koj-najavi-deka-do-5-januari-ke-bide-raspishan-tender-za-kato-sistem/ Wed, 20 Dec 2023 12:54:34 +0000 https://republika.mk/?p=724904

До петти јануари идната, 2024 година ќе биде распишан тендер за КАТО систем, а што ќе содржи уште не се знае, кажа денеска министерот за здравство Фатмир Мецити кој беше во посетата на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација каде што беше пуштен во употреба новиот апарат за роботска рехабилитација – Lokomat.

Одговорајќи на новинарско прашање рече дека тендерот би требало да биде спроведен некаде до јуни и дека нема информации што точно ќе содржи.

Навистина не би знаел. Милион работи. Јас најмалку разбирам распишување на тендери, за тоа има служби. Ќе ви пратиме соопштение точно ќе ви кажеме што е распишано да не згрешам нешто, не ми текнува и не сакам да се занимавам со овие работи, изјави Меџити.

КАТО системот се користел за контрола на терапиите на пациентите на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Моментално не функционира, заклучен е во просторија во склоп на клиничка аптека. Системот бил купен во 2017 година и чинел повеќе од 350 илјади евра.

Во однос на обучениот персонал Меџити кажа дека има административни задачи на кои ќе треба да се работи наредниот период.

Има работи административни, а ова е малку потешка, покомплицирана работа бидејќи се работи за едуциран кадар кој треба квалитетно, ефективно да работи. И тој кадар што бил на времето веќе не е и сега ние се спремаме да бидеме сериозни за да почне ова да работи како што треба, да не се соочуваме после со непредвидени последици или работи што не сме ги планирале како треба. Затоа сакаме многу концизно да ги планираме работите за да кажеме дека навистина сме сериозни, посочи тој.

На прашање дали онколошките пациенти по Нова година ќе имаат терапија и дали постои ризик повторно да има недости министерот изрази надеж дека до тоа нема да дојде.

Ние работиме да не постои ризик како што беше и мислам дека ќе издејствуваме и од ФЗОМ и од сите да нема таков проблем. Но, знаете, на ниво на државата и на ниво на светот во глобално ниво секогаш има дефицит на некои материи на лекови и овие ни укажале дека може да се случи, но како и да е секогаш постои замена и ние сме тука, будно ги следиме сите препораки и од СЗО и да немаме ваков дефицит. Но, дали може да се случи – тоа е знак на прашање, истакна Меџити.

The post Јас најмалку се разбирам од распишување на тендери, не сакам да се занимавам со тие работи, рече Меџити кој најави дека до 5 јануари ќе биде распишан тендер за КАТО систем appeared first on Република.

]]>

До петти јануари идната, 2024 година ќе биде распишан тендер за КАТО систем, а што ќе содржи уште не се знае, кажа денеска министерот за здравство Фатмир Мецити кој беше во посетата на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација каде што беше пуштен во употреба новиот апарат за роботска рехабилитација – Lokomat. Одговорајќи на новинарско прашање рече дека тендерот би требало да биде спроведен некаде до јуни и дека нема информации што точно ќе содржи.
Навистина не би знаел. Милион работи. Јас најмалку разбирам распишување на тендери, за тоа има служби. Ќе ви пратиме соопштение точно ќе ви кажеме што е распишано да не згрешам нешто, не ми текнува и не сакам да се занимавам со овие работи, изјави Меџити.
КАТО системот се користел за контрола на терапиите на пациентите на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Моментално не функционира, заклучен е во просторија во склоп на клиничка аптека. Системот бил купен во 2017 година и чинел повеќе од 350 илјади евра. Во однос на обучениот персонал Меџити кажа дека има административни задачи на кои ќе треба да се работи наредниот период.
Има работи административни, а ова е малку потешка, покомплицирана работа бидејќи се работи за едуциран кадар кој треба квалитетно, ефективно да работи. И тој кадар што бил на времето веќе не е и сега ние се спремаме да бидеме сериозни за да почне ова да работи како што треба, да не се соочуваме после со непредвидени последици или работи што не сме ги планирале како треба. Затоа сакаме многу концизно да ги планираме работите за да кажеме дека навистина сме сериозни, посочи тој.
На прашање дали онколошките пациенти по Нова година ќе имаат терапија и дали постои ризик повторно да има недости министерот изрази надеж дека до тоа нема да дојде.
Ние работиме да не постои ризик како што беше и мислам дека ќе издејствуваме и од ФЗОМ и од сите да нема таков проблем. Но, знаете, на ниво на државата и на ниво на светот во глобално ниво секогаш има дефицит на некои материи на лекови и овие ни укажале дека може да се случи, но како и да е секогаш постои замена и ние сме тука, будно ги следиме сите препораки и од СЗО и да немаме ваков дефицит. Но, дали може да се случи – тоа е знак на прашање, истакна Меџити.

The post Јас најмалку се разбирам од распишување на тендери, не сакам да се занимавам со тие работи, рече Меџити кој најави дека до 5 јануари ќе биде распишан тендер за КАТО систем appeared first on Република.

]]>
Зошто КАТО системот на Онкологија сѐ уште не е во функција?! https://republika.mk/zivot/zdravje/zoshto-kato-sistemot-na-onkologija-s-ushte-ne-e-vo-funktsija/ Tue, 17 Oct 2023 18:32:25 +0000 https://republika.mk/?p=692266

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески на денешната седница на Анкетната комисија за скандалот во Онкологија праша зошто системот КАТО се уште не во функција иако е оценет како одличен и кога ќе видиме морална одговорност и оставки?

- Поранешниот министер Венко Филипче искажа пофални зборови за поранешниот директор на Онкологија Нино Васев и економскиот директор кои направиле долг од околу 20 милиони евра. Значи работеле недомаќински, а дали проблемите и долговите доаѓале од тоа што биле суспендирани контролните механизми, почнувајќи од системот за контрола на терапија, па препишување на терапија без стручен колегиум, вели Ристески.

Ристески го запраша актуелниот министер за здравство Меџити зошто е разрешен организацискиот директор, каква одговорност е утврдена, дали работел спротивно на закон?

- Пред да излезе скандалот со Онкологија, министерот кажа дека бил запознаен дека КАТО системот бил вон функција, за кон се дало заклучок дека е добар. Зошто и ден денес ако е добар КАТО системот не е ставен во функција? Кога го видовте извештајот од ДЗР за Онкологија кој е завршен во март и истакнат во април 2023 година? Дали по утврдените забелешки и нотирани прекршување на законите, дали нешто е преземено или пријавено? – запраша Ристески.

Ристески потсети дека министерот признава дека состојбата во здравството е алармантна.

Вашиот претходник се фалеше, се гордееше, а вие викате не е добро? Што сте презеле и зошто онаму каде сте разочарани нема промена на менаџментот, зошто се потребни промени, и дали ќе ни се случи некоја друга афера? Како чин на морална и човечка одговорност дали министерот ќе си поднесе оставка бидејќи во негово време излезе на површина најголемата и најгрозоморна афера, изјави Ристески.

The post Зошто КАТО системот на Онкологија сѐ уште не е во функција?! appeared first on Република.

Како директор на Онкологија извадил документ за канцер за мајка си? https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-direktor-na-onkologija-izvadil-dokument-za-kantser-za-majka-si/ Fri, 08 Sep 2023 09:38:59 +0000 https://republika.mk/?p=679894

И овој 8-ми Септември за жал минува во сенка на грозоморие со човечки жртви, предизвикано од криминал, корупција, самоволие, алчност и нечовечност на крими-партнерите во владата!, рече на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Онкологија поседува КАТО систем од 2016-та година и има обучен персонал за него. Систем вреден тогаш 350.000 евра. 2017-та година, СДС ја презема власта, го поставува својот Нино Васев за директор, а тој го укинува, исклучува, затвора системот, според медиумите, „ќе заштедел на ќеси“!? Оттогаш почнува криминалот на штета на пациентите, со допишување фиктивни пациенти, продажба на лекови. Криминалот е толкав што директор на Клиниката вади документ со лажна дијагноза - за рак на бели дробови на име на мајката. Па, како се вади лажна документација за канцер? Колку такви пациенти се запишани? Што се се случува на Онкологија?, прашува Стоилковски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/majkata-na-eks-ekonomskiot-direktor-na-onkologija-vo-sistem-bila-zavedena-so-dijagnoza-rak-na-beli-drobovi-iako-ne-bila-onkoloshki-patsient/

Објаснува дека КАТО системот ги чува цитостатиците, ги дозира онколошките терапии за секој пациент посебно, без шанса да се манипулира со дозите и терапиите, секој цитостатик го искористува до максимум и подготвен останува во фрижидерот стабилен за употреба дури до 28 дена. Додава дека како што објаснуваат познавачите на овој систем, дозирањето е прецизно и безбедно, без загуби, без токсични труења на медицинскиот персонал!

Значи и без можност раце, за крадење и ставање вода на пациенти за лекот да заврши на црн пазар! Значи 6 години КАТО е исклучен, со години се укажува на криминалот, има случаи на фатени кражби и продажби, се менуваат директори, ама никој - баш никој, ниту владата, ниту министер, ниту доктор, ниту обвинителство, не прашува зошто КАТО системот стои исклучен кога е купен, и не се враќа системот во употреба!? И сега откако грозоморието со трговија со животи на Онкологија излезе во јавност, на министер за здравство му текна дека има систем што спречува крадење, па ќе се обидел да го вклучи!? И потоа шета меѓу пациентите дека сега, ама сега, се било во ред!? Ова кажува само две работи - гајле им е за пациентите, гледаат да се спасат од одговорност, а одговорни се сите до еден! И второ, бегајќи од одговорност имаат отворена можност да вршат влијание врз истрагата и оформувањето на предмет со вистинска содржина, рече Стоилковски додавајќи дела „Само избори се спасот!“.

https://youtu.be/iD2bR1phrrU?si=v0MXmwsbr8PvZGKp

The post Како директор на Онкологија извадил документ за канцер за мајка си? appeared first on Република.

]]>

И овој 8-ми Септември за жал минува во сенка на грозоморие со човечки жртви, предизвикано од криминал, корупција, самоволие, алчност и нечовечност на крими-партнерите во владата!, рече на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Онкологија поседува КАТО систем од 2016-та година и има обучен персонал за него. Систем вреден тогаш 350.000 евра. 2017-та година, СДС ја презема власта, го поставува својот Нино Васев за директор, а тој го укинува, исклучува, затвора системот, според медиумите, „ќе заштедел на ќеси“!? Оттогаш почнува криминалот на штета на пациентите, со допишување фиктивни пациенти, продажба на лекови. Криминалот е толкав што директор на Клиниката вади документ со лажна дијагноза - за рак на бели дробови на име на мајката. Па, како се вади лажна документација за канцер? Колку такви пациенти се запишани? Што се се случува на Онкологија?, прашува Стоилковски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/majkata-na-eks-ekonomskiot-direktor-na-onkologija-vo-sistem-bila-zavedena-so-dijagnoza-rak-na-beli-drobovi-iako-ne-bila-onkoloshki-patsient/ Објаснува дека КАТО системот ги чува цитостатиците, ги дозира онколошките терапии за секој пациент посебно, без шанса да се манипулира со дозите и терапиите, секој цитостатик го искористува до максимум и подготвен останува во фрижидерот стабилен за употреба дури до 28 дена. Додава дека како што објаснуваат познавачите на овој систем, дозирањето е прецизно и безбедно, без загуби, без токсични труења на медицинскиот персонал!