Катерина Крстева Archives - Република https://republika.mk/tema/katerina-krsteva/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Jan 2023 13:31:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Катерина Крстева Archives - Република https://republika.mk/tema/katerina-krsteva/ 32 32 Смеењето е здравје, а Кате несебично го раздаваше тој чудесен лек каде и да се најдеше, рече актерот Ѓокица Лукаревски на комеморацијата во МНТ https://republika.mk/vesti/kultura/smeeneto-e-zdravje-a-kate-nesebichno-go-razdavashe-toj-chudesen-lek-kade-i-da-se-najdeshe-reche-akterot-gokitsa-lukarevski-na-komemoratsijata-vo-mnt/ Thu, 12 Jan 2023 13:30:01 +0000 https://republika.mk/?p=596178

Некој рекол смеењето е здравје. Би било многу едноставно да се влезе во аптека и да се побара една доза здравје, но досега таков фармацевтски произивод не е откриен, зошто шифрата за тој лек ја знаеше само нашата Кате. Несебично го раздаваше тој чудесен лек, каде и да се најдеше, на сцена, на естрада, во јавниот живот, секаде каде што беше присутна, рече актерот Ѓокица Лукаревски на комеморацијата која Македонскиот народен театар (МНТ) ја организираше денеска во чест на актерката Катерина Крстева која почина на 9 јануари годинава на 82-годишна возраст.

Крстева беше родена во 1941 година. Како актерка, прво била вработена во Драмскиот театар, за во 1964 година да премине во МНТ, каде останала сѐ до пензионирањето.

Членови од семејството, блиски пријатели, колеги и познаници ѝ оддадоа почит на актерката, која беше популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“.

Незаборавни се нашите заеднички настапи во „Хихирику“, естрадни настапи, но секако и во театарските претстави, рече Лукаревски кој со Крстева беа дел од радиското хумуристочно шоу „Хихирику“.

Актерот на Драмски театар, Благоја Чоревски рече дека со часови, денови, месеци, години може да говори за Кате.

Но, сакам да ви кажам дека јас како актер, нејзин колега и пријател се чувстувам многу гордо што бев дел од нејзниот живот и таа од мојот. Ние во „Хихирику“ бевме како едно семејство. Кога прекина да се емитува, како сите ние наеднаш да прекинавме со животот. Но, навистина се чувстувам гордо, возвишено, затоа што Кате беше моја колешка. И благодарам за сè што направи за мене како актер и за „Хихируху“ и за многуте работи што ги игравме во театар, на телевизија, во филмот, рече Чоревски.

За својата драга пријателка и колешка, телеграма од Америка каде што долги години живее испрати актерот Димче Мешковски.

Нашата драга актерка и колешка Кате, беше исклучителна личност, која со својот дух, шарм, хумор и моќта за трансформација, остави вечен белег во македонското актерство. Реализирајќи голем број хумористични улоги, како и сатрирата на Карадак во „Хихирику“, таа стана симбол за народниот хумор не само кај нас, туку и во нашата дијаспора во Европа, во Австралија и Канада. Почивај во мир драга моја Кате, напиша Мешковски.

Снежана Коневска Руси во својот говор кажа дека нејзината генерација ја имала среќата да соработува со дамите на МНТ, Мери Бошкова, Вера Вучкова, Љупка Џундева, Катерина Крстева...

Што ме поврза мене со Кате? Се најдов во многубројни претстави во репертоарот на МНТ, но немав конкретни средби со неа. Дочекав да играме заедно во претставата за деца „Рекламна бајка“. Колку што се сеќаваме, толку и ќе постоиме, вели една изралеска поговорка. Кате, постоиш за нас!, рече Коневска - Руси.

Да се кажат прошталните зборови во името на фелата, колегите, пријателите, обожавателите за еден театарски човек, за една шармантна актерка, за една жена полна со дух и харизма, за Катерина Крстева не е едноставно, но ни претставува чест достојно, со љубов и почит да се потсетиме на она што Катерина Крстева го работеше на сцената, за она што таа значеше на сцената и она по што публиката ја сакаше, рече актерот Борче Начев во име на МНТ.

Крстева својата актерска кариера со успех ја започнува во Драмскиот театар, а потоа ја продолжува во Македонскиот народен театар и во своите три децении на актерската кариера во овие култни институции остварува забележливи улоги во претставите „Бесмртниот папагал“ (1960), „Авантуриоте на Гијољ“ (1961), „Баладата за поручникот и Марјутка“ (1961), „Александра“ (1961), „Сказна за царот и овчарот“ (1961), и многу други младински во Драмскиот театар, а потоа и „Дон Цезар од Базан“ во 1965, со која и дебитира во Македонскиот народен театар, „Антица“ (1965), „Македонска крвава свадба“(1965), „Градскиот саат“ (1966), „Стапица за осум беспомошни жени“ (1966), „Без вина виновни“ (1968), „Играта на наредникот Мазгрејв“ (1969), „Живиот труп“ (1971), „Животот на Галилеј“ (1972), „Децата на сонцето“ (1973), „Отепвачка“ (1976), „Милион маченици“ (1980), „Остен“ (1981), Граѓанинот благородник (1982), „Воена тајна“ (1984), „Бог“ (1984), „Аудиенција и под нов покрив“ (1988), „Рекламна бајка“ (1989) и последната „Крик“ (1991).

Крстева со успех пловеше и во телевизиските води, кои впрочем и го донесоа епитетот „миленичка“ на публиката и тоа преку популарните телевизиски и филмски остварувања „Театарче лево ќоше“, „Трст виа Скопје“, „Македонски народни приказни“, „Поштар“, „Простодушна љубов“, „Погрешно време“, „Битолски лакрдии“, „Волшебното самарче“, „Шеќерна приказна“, „Учителот“, „Милион маченици“, Едно лето“, „Случки од животот“, „Тврдокорни“, „Пред дождот“, „Во светот на бајките“, „Агенција осамени срца“, „Време за плачење“, „Мост“, како и во ТВ Серијата „Преспав“, и филмот „Дедо и внук“.

Телеграми со сочувство упатија и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, Драмски театар и Турски театар.

The post Смеењето е здравје, а Кате несебично го раздаваше тој чудесен лек каде и да се најдеше, рече актерот Ѓокица Лукаревски на комеморацијата во МНТ appeared first on Република.

]]>

Некој рекол смеењето е здравје. Би било многу едноставно да се влезе во аптека и да се побара една доза здравје, но досега таков фармацевтски произивод не е откриен, зошто шифрата за тој лек ја знаеше само нашата Кате. Несебично го раздаваше тој чудесен лек, каде и да се најдеше, на сцена, на естрада, во јавниот живот, секаде каде што беше присутна, рече актерот Ѓокица Лукаревски на комеморацијата која Македонскиот народен театар (МНТ) ја организираше денеска во чест на актерката Катерина Крстева која почина на 9 јануари годинава на 82-годишна возраст. Крстева беше родена во 1941 година. Како актерка, прво била вработена во Драмскиот театар, за во 1964 година да премине во МНТ, каде останала сѐ до пензионирањето. Членови од семејството, блиски пријатели, колеги и познаници ѝ оддадоа почит на актерката, која беше популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“.
Незаборавни се нашите заеднички настапи во „Хихирику“, естрадни настапи, но секако и во театарските претстави, рече Лукаревски кој со Крстева беа дел од радиското хумуристочно шоу „Хихирику“.
Актерот на Драмски театар, Благоја Чоревски рече дека со часови, денови, месеци, години може да говори за Кате.
Но, сакам да ви кажам дека јас како актер, нејзин колега и пријател се чувстувам многу гордо што бев дел од нејзниот живот и таа од мојот. Ние во „Хихирику“ бевме како едно семејство. Кога прекина да се емитува, како сите ние наеднаш да прекинавме со животот. Но, навистина се чувстувам гордо, возвишено, затоа што Кате беше моја колешка. И благодарам за сè што направи за мене како актер и за „Хихируху“ и за многуте работи што ги игравме во театар, на телевизија, во филмот, рече Чоревски.
За својата драга пријателка и колешка, телеграма од Америка каде што долги години живее испрати актерот Димче Мешковски.
Нашата драга актерка и колешка Кате, беше исклучителна личност, која со својот дух, шарм, хумор и моќта за трансформација, остави вечен белег во македонското актерство. Реализирајќи голем број хумористични улоги, како и сатрирата на Карадак во „Хихирику“, таа стана симбол за народниот хумор не само кај нас, туку и во нашата дијаспора во Европа, во Австралија и Канада. Почивај во мир драга моја Кате, напиша Мешковски.
Снежана Коневска Руси во својот говор кажа дека нејзината генерација ја имала среќата да соработува со дамите на МНТ, Мери Бошкова, Вера Вучкова, Љупка Џундева, Катерина Крстева...
Што ме поврза мене со Кате? Се најдов во многубројни претстави во репертоарот на МНТ, но немав конкретни средби со неа. Дочекав да играме заедно во претставата за деца „Рекламна бајка“. Колку што се сеќаваме, толку и ќе постоиме, вели една изралеска поговорка. Кате, постоиш за нас!, рече Коневска - Руси.
Да се кажат прошталните зборови во името на фелата, колегите, пријателите, обожавателите за еден театарски човек, за една шармантна актерка, за една жена полна со дух и харизма, за Катерина Крстева не е едноставно, но ни претставува чест достојно, со љубов и почит да се потсетиме на она што Катерина Крстева го работеше на сцената, за она што таа значеше на сцената и она по што публиката ја сакаше, рече актерот Борче Начев во име на МНТ. Крстева својата актерска кариера со успех ја започнува во Драмскиот театар, а потоа ја продолжува во Македонскиот народен театар и во своите три децении на актерската кариера во овие култни институции остварува забележливи улоги во претставите „Бесмртниот папагал“ (1960), „Авантуриоте на Гијољ“ (1961), „Баладата за поручникот и Марјутка“ (1961), „Александра“ (1961), „Сказна за царот и овчарот“ (1961), и многу други младински во Драмскиот театар, а потоа и „Дон Цезар од Базан“ во 1965, со која и дебитира во Македонскиот народен театар, „Антица“ (1965), „Македонска крвава свадба“(1965), „Градскиот саат“ (1966), „Стапица за осум беспомошни жени“ (1966), „Без вина виновни“ (1968), „Играта на наредникот Мазгрејв“ (1969), „Живиот труп“ (1971), „Животот на Галилеј“ (1972), „Децата на сонцето“ (1973), „Отепвачка“ (1976), „Милион маченици“ (1980), „Остен“ (1981), Граѓанинот благородник (1982), „Воена тајна“ (1984), „Бог“ (1984), „Аудиенција и под нов покрив“ (1988), „Рекламна бајка“ (1989) и последната „Крик“ (1991). Крстева со успех пловеше и во телевизиските води, кои впрочем и го донесоа епитетот „миленичка“ на публиката и тоа преку популарните телевизиски и филмски остварувања „Театарче лево ќоше“, „Трст виа Скопје“, „Македонски народни приказни“, „Поштар“, „Простодушна љубов“, „Погрешно време“, „Битолски лакрдии“, „Волшебното самарче“, „Шеќерна приказна“, „Учителот“, „Милион маченици“, Едно лето“, „Случки од животот“, „Тврдокорни“, „Пред дождот“, „Во светот на бајките“, „Агенција осамени срца“, „Време за плачење“, „Мост“, како и во ТВ Серијата „Преспав“, и филмот „Дедо и внук“. Телеграми со сочувство упатија и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, Драмски театар и Турски театар.

The post Смеењето е здравје, а Кате несебично го раздаваше тој чудесен лек каде и да се најдеше, рече актерот Ѓокица Лукаревски на комеморацијата во МНТ appeared first on Република.

]]>
Згаснала од болка по синот единец: Мара Попара почина 4 месеци по 36-годишниот Александар https://republika.mk/zivot/semejstvo/zgasnala-od-bolka-po-sinot-edinets-mara-popara-pochina-4-mesetsi-po-36-godishniot-aleksandar/ Tue, 10 Jan 2023 19:01:01 +0000 https://republika.mk/?p=595465

Нови моменти од тешкиот живот на легендарната македонска актерка Катерина Крстева која почина денеска, од час во час се споделуваат на социјалните мрежи.

Откако актерот Гоце Тодоровски, инаку нејзин колега од култното радиошоу „Хихирику“, со најдобра намера откри дека славната Мара Попара си имала свои маки со кои храбро се носела и дека позади себе го оставила единственото чедо кое го родила на речиси 50 години, сега блиски пријатели на нејзиниот син Александар велат дека приказната е многу потрагична.

Александар починал на 36-годишна возраст во септември.

„Многумина не знаат што се случи, дека Александар почина, бидејќи Катерина сосема се повлече по неговата смрт, се осами. Таа го пронајде мртов во нивниот дом, тој беше предобар човек, весел по природа, но имаше свои проблеми. По неговата смрт мајка му, на која тој ѝ беше целиот свет, се тргна од се’ и тивко свена. Трагедија е сето кое се случи, тој немаше семејство, не остави потомство. И двајцата со мајка му беа добри луѓе, ведри, но ете, се случи тоа што се случи.. Катерина, која го расположуваше народот со своите улоги целиот живот, на крај доживеа најголема болка, и таа си почина со тежина на душата“, велат пријатели на Александар за „Фокус“.

Претходно, и актерката Стојна Костоска напиша трогателна посвета со која откри за трагичната судбина на синот на Крстева.

„Драга колешке, престанаа твоите болки, сега сте сите ангели на небото, сопругот, син ти.. Чувај ги! Кате, лесна ти земја“, напиша таа на „Фејсбук“.

The post Згаснала од болка по синот единец: Мара Попара почина 4 месеци по 36-годишниот Александар appeared first on Република.

]]>

Нови моменти од тешкиот живот на легендарната македонска актерка Катерина Крстева која почина денеска, од час во час се споделуваат на социјалните мрежи. Откако актерот Гоце Тодоровски, инаку нејзин колега од култното радиошоу „Хихирику“, со најдобра намера откри дека славната Мара Попара си имала свои маки со кои храбро се носела и дека позади себе го оставила единственото чедо кое го родила на речиси 50 години, сега блиски пријатели на нејзиниот син Александар велат дека приказната е многу потрагична. Александар починал на 36-годишна возраст во септември.
„Многумина не знаат што се случи, дека Александар почина, бидејќи Катерина сосема се повлече по неговата смрт, се осами. Таа го пронајде мртов во нивниот дом, тој беше предобар човек, весел по природа, но имаше свои проблеми. По неговата смрт мајка му, на која тој ѝ беше целиот свет, се тргна од се’ и тивко свена. Трагедија е сето кое се случи, тој немаше семејство, не остави потомство. И двајцата со мајка му беа добри луѓе, ведри, но ете, се случи тоа што се случи.. Катерина, која го расположуваше народот со своите улоги целиот живот, на крај доживеа најголема болка, и таа си почина со тежина на душата“, велат пријатели на Александар за „Фокус“.
Претходно, и актерката Стојна Костоска напиша трогателна посвета со која откри за трагичната судбина на синот на Крстева. „Драга колешке, престанаа твоите болки, сега сте сите ангели на небото, сопругот, син ти.. Чувај ги! Кате, лесна ти земја“, напиша таа на „Фејсбук“.

The post Згаснала од болка по синот единец: Мара Попара почина 4 месеци по 36-годишниот Александар appeared first on Република.

]]>
МНТ во четврток ќе одржи комеморација во чест на актерката Катерина Крстева https://republika.mk/vesti/kultura/mnt-vo-chetvrtok-ke-odrzhi-komemoratsija-vo-chest-na-akterkata-katerina-krsteva/ Tue, 10 Jan 2023 11:31:28 +0000 https://republika.mk/?p=595334

Македонскиот народен театар (МНТ) во четврток, на 12 јануари во 12 часот ќе одржи отворена комеморација во чест на актерката Катерина Крстева, на која семејството, блиските пријатели и познаници ќе ѝ оддадат почит, соопштија од националниот театар.

Во спомен на Кате - актерка со ведар дух која беше дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија, за последен пат ќе ги споделиме сеќавањата за неа, велат од МНТ.

Вчера, на 85-годишна возраст во Скопје почина актерката Катерина Крстева, дамата на македонското актерство – популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“.

https://republika.mk/vesti/kultura/pochina-mara-popara-damata-na-makedonskoto-akterstvo/

The post МНТ во четврток ќе одржи комеморација во чест на актерката Катерина Крстева appeared first on Република.

]]>

Македонскиот народен театар (МНТ) во четврток, на 12 јануари во 12 часот ќе одржи отворена комеморација во чест на актерката Катерина Крстева, на која семејството, блиските пријатели и познаници ќе ѝ оддадат почит, соопштија од националниот театар.
Во спомен на Кате - актерка со ведар дух која беше дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија, за последен пат ќе ги споделиме сеќавањата за неа, велат од МНТ.
Вчера, на 85-годишна возраст во Скопје почина актерката Катерина Крстева, дамата на македонското актерство – популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“. https://republika.mk/vesti/kultura/pochina-mara-popara-damata-na-makedonskoto-akterstvo/

The post МНТ во четврток ќе одржи комеморација во чест на актерката Катерина Крстева appeared first on Република.

]]>
Почина Мара Попара, дамата на македонското актерство https://republika.mk/vesti/kultura/pochina-mara-popara-damata-na-makedonskoto-akterstvo/ Mon, 09 Jan 2023 11:15:14 +0000 https://republika.mk/?p=594900

Македонскиот народен театар (МНТ) соопшти дека почина актерката Катерина Крстева (1938 - 2023), дамата на македонското актерство - популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“.

Катерина Крстева е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот препознатлив и ведар дух и лик, како и веселост на театарската сцена и ТВ екраните ја направија миленичка на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Како актерка е вработена прво во Драмски театар, за во 1964 година да премине во НУ Македонски народен театар, Скопје, каде останува сé до пензионирањето.

Првата улога во МНТ и е онаа во драмата „Дон Цезар од Базан“ премиерно прикажана во 1965 година. Останати нејзини позначајни улоги во МНТ се оние во претставите: „Антица“ (1965), „Градскиот саат“ (1966), „Ревизор“ (1966), „Стапица за осум беспомошни жени“ (1966), „Време од вашиот живот“ (1967), „Сенка“ (1967), „Вител“ (1968), „Мајка“ (1968), „Без вина виновни“ (1968), „Бања“ (1968), „Печалбари“ (1969), „Играта на наредникот Мазгрејв“ (1969), „Парите се отепувачка“ (1970), „Живиот труп“ (1971), „Херкул и оборите на Авгиј“ (1971), „Коштана“ (1971), „Зајдисонце“ (1971), „Фома“ (1972), „Животот на Галилеј“ (1972), „Децата на сонцето“ (1973), „Скуп“ (1973), „Хелдерлин“ (1973), „Ѕидот, водата“ (1973), „Хемиските потписи на човечките организми во воздухот“ (1975), „Хеда Габлер“ (1976), „Отепвачка“ (1976), „Бесови“ (1978), „Кенгурски скок“ (1979), „Милион маченици“ (1980), „Остен“ (1981), „Молскавици“ (1981), „Граѓанинот благородник“ (1982), „Воена тајна“ (1984), „Бог“ (1984), „Слободни врски“ (1984), „Иванов“ (1984), „Аудиенција и под нов покрив“ (1988), „Рекламна бајка“ (1989) и последната „Крик“ (1991).

На телевизискиот екран и филмското платно има остварено главни и споредни улоги во сериите и филмовите: „Хихирику“, „Театарче лево коше“, „Трст виа Скопје“, „Македонски народни приказни“, „Поштар“, „Простодушна љубов“, „Погрешно време“, „Битолски лакрдии“, „Волшебното самарче“, „Шеќерна приказна“, „Учителот“, „Милион маченици“, „Едно лето“, „Случки од животот“, „Тврдокорни“, „Пред дождот“, „Во светот на бајките“, „Агенција осамени срца“, „Време за плачење“, „Мост“ и други. Меѓу последите улоги и се оние во „Преспав“ и „Дедо и внук“.

Погребот е денес во 13:00 часот на градските гробишта во Бутел.

The post Почина Мара Попара, дамата на македонското актерство appeared first on Република.

]]>

Македонскиот народен театар (МНТ) соопшти дека почина актерката Катерина Крстева (1938 - 2023), дамата на македонското актерство - популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“. Катерина Крстева е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот препознатлив и ведар дух и лик, како и веселост на театарската сцена и ТВ екраните ја направија миленичка на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Како актерка е вработена прво во Драмски театар, за во 1964 година да премине во НУ Македонски народен театар, Скопје, каде останува сé до пензионирањето. Првата улога во МНТ и е онаа во драмата „Дон Цезар од Базан“ премиерно прикажана во 1965 година. Останати нејзини позначајни улоги во МНТ се оние во претставите: „Антица“ (1965), „Градскиот саат“ (1966), „Ревизор“ (1966), „Стапица за осум беспомошни жени“ (1966), „Време од вашиот живот“ (1967), „Сенка“ (1967), „Вител“ (1968), „Мајка“ (1968), „Без вина виновни“ (1968), „Бања“ (1968), „Печалбари“ (1969), „Играта на наредникот Мазгрејв“ (1969), „Парите се отепувачка“ (1970), „Живиот труп“ (1971), „Херкул и оборите на Авгиј“ (1971), „Коштана“ (1971), „Зајдисонце“ (1971), „Фома“ (1972), „Животот на Галилеј“ (1972), „Децата на сонцето“ (1973), „Скуп“ (1973), „Хелдерлин“ (1973), „Ѕидот, водата“ (1973), „Хемиските потписи на човечките организми во воздухот“ (1975), „Хеда Габлер“ (1976), „Отепвачка“ (1976), „Бесови“ (1978), „Кенгурски скок“ (1979), „Милион маченици“ (1980), „Остен“ (1981), „Молскавици“ (1981), „Граѓанинот благородник“ (1982), „Воена тајна“ (1984), „Бог“ (1984), „Слободни врски“ (1984), „Иванов“ (1984), „Аудиенција и под нов покрив“ (1988), „Рекламна бајка“ (1989) и последната „Крик“ (1991). На телевизискиот екран и филмското платно има остварено главни и споредни улоги во сериите и филмовите: „Хихирику“, „Театарче лево коше“, „Трст виа Скопје“, „Македонски народни приказни“, „Поштар“, „Простодушна љубов“, „Погрешно време“, „Битолски лакрдии“, „Волшебното самарче“, „Шеќерна приказна“, „Учителот“, „Милион маченици“, „Едно лето“, „Случки од животот“, „Тврдокорни“, „Пред дождот“, „Во светот на бајките“, „Агенција осамени срца“, „Време за плачење“, „Мост“ и други. Меѓу последите улоги и се оние во „Преспав“ и „Дедо и внук“. Погребот е денес во 13:00 часот на градските гробишта во Бутел.

The post Почина Мара Попара, дамата на македонското актерство appeared first on Република.

]]>