катерина колозова Archives - Република https://republika.mk/tema/katerina-kolozova/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Jul 2022 17:42:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png катерина колозова Archives - Република https://republika.mk/tema/katerina-kolozova/ 32 32 Клубот за бугарско-македонско пријателство jа поддржа Катерина Колозова https://republika.mk/vesti/makedonija/klubot-za-bugarsko-makedonsko-prijatelstvo-ja-poddrza-katerina-kolozova/ Wed, 06 Jul 2022 17:42:44 +0000 https://republika.mk/?p=524930

Членовите на Клубот за бугарско-македонско пријателство излегоа со став дека со загриженост ги следат настаните од последните денови во Македонија.

Во посебен став до кој имаше пристап дописникот на МИА од Софија, се вели дека меѓу членовите на Клубот, како и меѓу двете здруженија и двата народа, има различни мислења за предлогот на Европската унија до Софија и Скопје, кој и во двете земји стана познат како „француски“ предлог, во врска со укинувањето на бугарското вето и почетокот на преговорите на Република Македонија за членство во Европската Унија.

– Водечките принципи за бугарско-македонскиот Клуб за пријателство остануваат европски вредности, како и посветеност на Договорот за добрососедство меѓу Софија и Скопје за пријателство и соработка од 2017 година, се наведува во соопштението.

Сепак, според нив, недозволиво е мислењето на нивните членови во јавниот простор и социјалните мрежи да бидат предмет на говор на омраза, како што е случајот со нивната членка, македонската филозофка Катерина Колозова, за која „во последните денови имаше повици за самоубиство, па дури и за убиство“.

Клубот ги осудува овие постапки и стоиме зад правото на изразување на нивниот член, граѓански активист и научник со меѓународна слава.

– Водени од идејата за взаемна чест и почит меѓу бугарскиот и македонскиот народ, Клубот за македонско-бугарско пријателство ќе продолжи да ги поддржува искрените напори на двете влади, како и на оние сили во нашите општества кои се борат да ги поддржат европските вредности и Договорот за пријателство, додаваат од Клубот.

The post Клубот за бугарско-македонско пријателство jа поддржа Катерина Колозова appeared first on Република.

]]>

Членовите на Клубот за бугарско-македонско пријателство излегоа со став дека со загриженост ги следат настаните од последните денови во Македонија. Во посебен став до кој имаше пристап дописникот на МИА од Софија, се вели дека меѓу членовите на Клубот, како и меѓу двете здруженија и двата народа, има различни мислења за предлогот на Европската унија до Софија и Скопје, кој и во двете земји стана познат како „француски“ предлог, во врска со укинувањето на бугарското вето и почетокот на преговорите на Република Македонија за членство во Европската Унија.
– Водечките принципи за бугарско-македонскиот Клуб за пријателство остануваат европски вредности, како и посветеност на Договорот за добрососедство меѓу Софија и Скопје за пријателство и соработка од 2017 година, се наведува во соопштението.
Сепак, според нив, недозволиво е мислењето на нивните членови во јавниот простор и социјалните мрежи да бидат предмет на говор на омраза, како што е случајот со нивната членка, македонската филозофка Катерина Колозова, за која „во последните денови имаше повици за самоубиство, па дури и за убиство“. Клубот ги осудува овие постапки и стоиме зад правото на изразување на нивниот член, граѓански активист и научник со меѓународна слава.
– Водени од идејата за взаемна чест и почит меѓу бугарскиот и македонскиот народ, Клубот за македонско-бугарско пријателство ќе продолжи да ги поддржува искрените напори на двете влади, како и на оние сили во нашите општества кои се борат да ги поддржат европските вредности и Договорот за пријателство, додаваат од Клубот.

The post Клубот за бугарско-македонско пријателство jа поддржа Катерина Колозова appeared first on Република.

]]>
Денес се формира клубот за бугарско-македонско пријателство во кој членуваат Георгиевски, Бучковски и Колозова https://republika.mk/vesti/makedonija/denes-se-formira-klubot-za-bugarsko-makedonsko-prijatelstvo-vo-koj-chlenuvaat-georgievski-buchkovski-i-kolozova/ Tue, 03 May 2022 06:34:45 +0000 https://republika.mk/?p=496598

Онлајн преку платформата „Зум“ денеска ќе биде претставен нов клуб за бугарско-македонско пријателство.

Како што соопшти Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, кој е виртуелен домаќин, темата на прес-конференцијата е „Претставување на нов клуб за бугарско-македонско пријателство и повелба за негово формирање со видео конференција меѓу видни јавни личности од Софија и Скопје“.

Од Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје информираат дека тие не се креатори и учесници во идејата и сакаат, како што велат, да ја поддржат иницијативата на добра волја која стои зад креирањето на оваа платформа.

Како што е најавено, меѓу основачите на Клубот од македонска страна се филозофката Катерина Колозова, политикологот Љупчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Заjковски, поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.

Меѓу основачите на Клубот од бугарска страна се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експертот за одбрана Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев и Евгени К’нев, тенисерката Мануела Малеева, режисерот Јавор Г’рдев, советникот на претседателот Жељу Желев за етнички прашања и Михаил Иванов.

Исто така меѓу основачите се и три организации на македонските Бугари – Бугарскиот културен клуб Скопје (БККС), Културно-просветното друштво „Вардар“ и Здружението на граѓани за промоција, издавање, иницијативи и меѓународна соработка „ДЕЛО“ Скопје.

The post Денес се формира клубот за бугарско-македонско пријателство во кој членуваат Георгиевски, Бучковски и Колозова appeared first on Република.

]]>

Онлајн преку платформата „Зум“ денеска ќе биде претставен нов клуб за бугарско-македонско пријателство. Како што соопшти Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, кој е виртуелен домаќин, темата на прес-конференцијата е „Претставување на нов клуб за бугарско-македонско пријателство и повелба за негово формирање со видео конференција меѓу видни јавни личности од Софија и Скопје“. Од Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје информираат дека тие не се креатори и учесници во идејата и сакаат, како што велат, да ја поддржат иницијативата на добра волја која стои зад креирањето на оваа платформа. Како што е најавено, меѓу основачите на Клубот од македонска страна се филозофката Катерина Колозова, политикологот Љупчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Заjковски, поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски. Меѓу основачите на Клубот од бугарска страна се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експертот за одбрана Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев и Евгени К’нев, тенисерката Мануела Малеева, режисерот Јавор Г’рдев, советникот на претседателот Жељу Желев за етнички прашања и Михаил Иванов. Исто така меѓу основачите се и три организации на македонските Бугари – Бугарскиот културен клуб Скопје (БККС), Културно-просветното друштво „Вардар“ и Здружението на граѓани за промоција, издавање, иницијативи и меѓународна соработка „ДЕЛО“ Скопје.

The post Денес се формира клубот за бугарско-македонско пријателство во кој членуваат Георгиевски, Бучковски и Колозова appeared first on Република.

]]>
Колозова: Ванчо Михајлов е фашист, но и македонист https://republika.mk/vesti/makedonija/kolozova-vancho-mihajlov-e-fashist-no-i-makedonist/ Thu, 21 Apr 2022 07:22:20 +0000 https://republika.mk/?p=491536

Професорката Катерина Колозова, позната по безумното бранење на сите штетни политики на СДСМ, вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека Ванчо Михајлов е фашист и нацист, но и македонист.

Ванчо Михајлов е македонист, за жал тој е фашист и соработник на нацистите, но е македонист. Од сите дејци на ВМРО, Ванчо Михајлов е единствениот кој бил недвосмислено за независна Македонија,иако се декларирал за Бугарин, тврди Колозова.

Според неа, Бугарите не го сакаат Михајлов.

Тој е фашист и нацист, и јас нашите македонски Бугари и тие основачи на клубот би ги осудила, а не Петков. Според мене, Петков се има едноставно лизна. Го вика друштво на македонски Бугари, сака да покаже дека се грижи за нив и се залетува, се лизнува и оди во клуб, рече Колозова.

The post Колозова: Ванчо Михајлов е фашист, но и македонист appeared first on Република.