катедра за славистика Archives - Република https://republika.mk/tema/katedra-za-slavistika/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Sep 2022 16:44:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png катедра за славистика Archives - Република https://republika.mk/tema/katedra-za-slavistika/ 32 32 Катедрата за славистика организира Меѓународен научен собир „Славистиката во синхронија и дијахронија“ https://republika.mk/vesti/kultura/katedrata-za-slavistika-organizira-megjunaroden-nauchen-sobir-slavistikata-vo-sinhronija-i-dijahronija/ Tue, 27 Sep 2022 16:44:59 +0000 https://republika.mk/?p=554906

Катедрата за славистика по повод 75 години од основањето организира Меѓународен славистички научен собир „Славистиката во синхронија и дијахронија“. Собирот ќе се одржи на 29 и на 30 септември 2022 година во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на платформата Зум.

Овој значаен настан претставува континуитет на досегашната традиција на одржување на меѓууниверзитетски научни врски во три полиња: македонско-руски, македонско-полски и македонско-чешки научни истражувања од областа на јазикот, книжевноста и културата која произлегува и од договорите за соработка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со универзитетите од Русија, Полска, Чешка, Словенија, Србија, Хрватска и др.

Тематската определба на Собирот е да се стави акцент на бохемистиката, полонистиката и русистиката како основни дисиплини во наставата и истражувачката дејност на нашата Катедра.

Главната цел на овој Собир е размена на искуства и идеи од доменот на славистиката низ призмата на современите научни истражувања со:

- контрастивни теми поврзани со овие три јазика и сите словенски и несловенски јазици;

- теми поврзани со проучувањето на словенските јазици, книжевности и култури;

- прилози поврзани со меѓукултурниот дијалог во словенските јазици и книжевности;

- традуктолошки и културолошки теми, како и со

- теми поврзани со иновативните дидактички методи и техники инспирирани од актуелните состојби во наставата во услови на пандемија.

The post Катедрата за славистика организира Меѓународен научен собир „Славистиката во синхронија и дијахронија“ appeared first on Република.

]]>

Катедрата за славистика по повод 75 години од основањето организира Меѓународен славистички научен собир „Славистиката во синхронија и дијахронија“. Собирот ќе се одржи на 29 и на 30 септември 2022 година во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на платформата Зум. Овој значаен настан претставува континуитет на досегашната традиција на одржување на меѓууниверзитетски научни врски во три полиња: македонско-руски, македонско-полски и македонско-чешки научни истражувања од областа на јазикот, книжевноста и културата која произлегува и од договорите за соработка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со универзитетите од Русија, Полска, Чешка, Словенија, Србија, Хрватска и др. Тематската определба на Собирот е да се стави акцент на бохемистиката, полонистиката и русистиката како основни дисиплини во наставата и истражувачката дејност на нашата Катедра. Главната цел на овој Собир е размена на искуства и идеи од доменот на славистиката низ призмата на современите научни истражувања со: - контрастивни теми поврзани со овие три јазика и сите словенски и несловенски јазици; - теми поврзани со проучувањето на словенските јазици, книжевности и култури; - прилози поврзани со меѓукултурниот дијалог во словенските јазици и книжевности; - традуктолошки и културолошки теми, како и со - теми поврзани со иновативните дидактички методи и техники инспирирани од актуелните состојби во наставата во услови на пандемија.

The post Катедрата за славистика организира Меѓународен научен собир „Славистиката во синхронија и дијахронија“ appeared first on Република.

]]>