Катедра по современ танц Archives - Република https://republika.mk/tema/katedra-po-sovremen-tanc/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Oct 2023 08:53:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Катедра по современ танц Archives - Република https://republika.mk/tema/katedra-po-sovremen-tanc/ 32 32 На Катедрата за современ танц при УГД гостува светски признатата кореографка и професорка на Кралскиот конзерваториум во Хаг Џоан Ван Дер Маст https://republika.mk/vesti/kultura/na-katedrata-za-sovremen-tants-pri-ugd-gostuva-svetski-priznatata-koreografka-i-profesorka-na-kralskiot-konzervatorium-vo-hag-dhoan-van-der-mast/ Tue, 17 Oct 2023 08:53:44 +0000 https://republika.mk/?p=691971

Во рамки на програмата за новата сезона, на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“, гостува интернационално признатата кореографка и професор на Кралскиот конзерваториум во Хаг, Холандија, Џоан Ван Дер Маст, која работи со студентите на прв циклус студии за современ танц.

Како што информираат од Катедрата, Џоан Ван Дер Маст која е експерт за Методологии на учење и Лабан анализа на движење, воедно одржува и часови за методологија и педагогија на постоечкиот професорски и наставнички кадар, со што се надградува комплетното знаење на тимот на професори на Катедрата за современ танц. Исто така, таа работи на многу престижни сцени и академски средини низ Европа, Азија и Африка.

Филмската академија при УГД, од годинава отвори уште една студиска програма, за Балетска педагогија, на која предаваат реномирани предавачи и студентите веќе ја посетуваат наставата во просториите на УГД во Дом на АРМ во Скопје.

Ме радува успешниот старт на академската година на Катедрата за современ танц на Универзитетот „Гоце Делчев“, со прекрасни професори од интернационален карактер, што е секогаш возбудливо за студентите. Воедно, задоволни сме од интересот за нашите студиски програми, за прв и втор циклус на студии, како и за новоотворената студиска програма за Балетска педагогија. Нашите програми постојано привлекуваат и странски студенти, па година повторно, покрај домашните студенти, имаме и студенти од странство кои ќе студираат со нас и тоа од Словачка, Германија и Црна Гора. Студенти од трета година на Катедрата за современ танц при УГД, во ноември 2023 година, ќе бидат гости на Ротердамската академија за танц при КОДАРТС универзитетот од Ротердам, Холандија, каде ќе имаат студиски престој и уникатна можност за надградба на своите знаења и, покрај наставниот план на изучување танцови техники, ќе учествуваат во креативниот процес на создавање кореографски дела со млади кореографи, изјави Рисима Рисимкин, деканка на Филмската академија при УГД. 

 

The post На Катедрата за современ танц при УГД гостува светски признатата кореографка и професорка на Кралскиот конзерваториум во Хаг Џоан Ван Дер Маст appeared first on Република.

]]>

Во рамки на програмата за новата сезона, на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“, гостува интернационално признатата кореографка и професор на Кралскиот конзерваториум во Хаг, Холандија, Џоан Ван Дер Маст, која работи со студентите на прв циклус студии за современ танц. Како што информираат од Катедрата, Џоан Ван Дер Маст која е експерт за Методологии на учење и Лабан анализа на движење, воедно одржува и часови за методологија и педагогија на постоечкиот професорски и наставнички кадар, со што се надградува комплетното знаење на тимот на професори на Катедрата за современ танц. Исто така, таа работи на многу престижни сцени и академски средини низ Европа, Азија и Африка. Филмската академија при УГД, од годинава отвори уште една студиска програма, за Балетска педагогија, на која предаваат реномирани предавачи и студентите веќе ја посетуваат наставата во просториите на УГД во Дом на АРМ во Скопје.
Ме радува успешниот старт на академската година на Катедрата за современ танц на Универзитетот „Гоце Делчев“, со прекрасни професори од интернационален карактер, што е секогаш возбудливо за студентите. Воедно, задоволни сме од интересот за нашите студиски програми, за прв и втор циклус на студии, како и за новоотворената студиска програма за Балетска педагогија. Нашите програми постојано привлекуваат и странски студенти, па година повторно, покрај домашните студенти, имаме и студенти од странство кои ќе студираат со нас и тоа од Словачка, Германија и Црна Гора. Студенти од трета година на Катедрата за современ танц при УГД, во ноември 2023 година, ќе бидат гости на Ротердамската академија за танц при КОДАРТС универзитетот од Ротердам, Холандија, каде ќе имаат студиски престој и уникатна можност за надградба на своите знаења и, покрај наставниот план на изучување танцови техники, ќе учествуваат во креативниот процес на создавање кореографски дела со млади кореографи, изјави Рисима Рисимкин, деканка на Филмската академија при УГД. 
 

The post На Катедрата за современ танц при УГД гостува светски признатата кореографка и професорка на Кралскиот конзерваториум во Хаг Џоан Ван Дер Маст appeared first on Република.

]]>
Следната година ќе се отворат првите докторски студии за танц во земјава при Универзитетот „Гоце Делчев“ https://republika.mk/vesti/kultura/slednata-godina-kje-se-otvorat-prvite-doktorski-studii-za-tanc-vo-zemjava-pri-univerzitetot-goce-delchev/ Mon, 03 Oct 2022 14:44:46 +0000 https://republika.mk/?p=556911

Денес во 11 часот се одржа првиот академски час за оваа наставна година, со студентите на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“, предводена од професор д-р. Рисима Рисимкин. Веднаш потоа студентите имаа средба и работилница со американскиот кореограф Џастин Кабрилос.

Кабрилос живее и работи во Њујорк, има завидна интернационална кариера и своите искуства ќе ги сподели со студентите за современ танц при УГД, кои работат во Скопје, во просториите на Дом на АРМ.

Соработката со овој кореограф е овозможена преку „Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата – Локомотива“ и програмската директорка Биљана Тануровска Ќулавкоски.

Катедрата за современ танц на УГД е оформена во 2017 година со прв циклус студии, вториот циклус студии се оформија во 2021 година, со програмите за кореографија и танцова педагогија, а од следната година ќе се отворат и првите докторски студии за танц во земјава.

Оваа катедра е една од ретките уметнички високообразовни институции во земјава, каде, покрај домашните, студираат и странски студенти, на двата циклуса на студии.

Студентите на Катедрата за современ танц својата пракса ја имаат во рамките на работата на Скопје танцовиот театар, преку чии активности имаат можност за учество во професионални продукции, како и можност за настапи во странство, низ Европа, САД и Кина.

Воедно, овие студенти имаат можност за студиски престој на Ротердамската танцова академија и КОДАРТС универзитетот, како и резиденции и настапи на програмата „Share“ која вклучува 9 европски танцови академии и универзитети од Австрија, Словачка, Чешка, Латвија, Унгарија, Полска, Велика Британија и Македонија.

The post Следната година ќе се отворат првите докторски студии за танц во земјава при Универзитетот „Гоце Делчев“ appeared first on Република.

]]>

Денес во 11 часот се одржа првиот академски час за оваа наставна година, со студентите на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“, предводена од професор д-р. Рисима Рисимкин. Веднаш потоа студентите имаа средба и работилница со американскиот кореограф Џастин Кабрилос. Кабрилос живее и работи во Њујорк, има завидна интернационална кариера и своите искуства ќе ги сподели со студентите за современ танц при УГД, кои работат во Скопје, во просториите на Дом на АРМ. Соработката со овој кореограф е овозможена преку „Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата – Локомотива“ и програмската директорка Биљана Тануровска Ќулавкоски. Катедрата за современ танц на УГД е оформена во 2017 година со прв циклус студии, вториот циклус студии се оформија во 2021 година, со програмите за кореографија и танцова педагогија, а од следната година ќе се отворат и првите докторски студии за танц во земјава. Оваа катедра е една од ретките уметнички високообразовни институции во земјава, каде, покрај домашните, студираат и странски студенти, на двата циклуса на студии. Студентите на Катедрата за современ танц својата пракса ја имаат во рамките на работата на Скопје танцовиот театар, преку чии активности имаат можност за учество во професионални продукции, како и можност за настапи во странство, низ Европа, САД и Кина. Воедно, овие студенти имаат можност за студиски престој на Ротердамската танцова академија и КОДАРТС универзитетот, како и резиденции и настапи на програмата „Share“ која вклучува 9 европски танцови академии и универзитети од Австрија, Словачка, Чешка, Латвија, Унгарија, Полска, Велика Британија и Македонија.

The post Следната година ќе се отворат првите докторски студии за танц во земјава при Универзитетот „Гоце Делчев“ appeared first on Република.

]]>