катастрофа Archives - Република https://republika.mk/tema/katastrofa/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 05:40:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png катастрофа Archives - Република https://republika.mk/tema/katastrofa/ 32 32 Најмалку двајца загинати во ураганот „Милтон“ на Флорида, два милиони луѓе без струја https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-dvajtsa-zaginati-vo-uraganot-milton-na-florida-dva-milioni-luge-bez-struja/ Thu, 10 Oct 2024 05:40:53 +0000 https://republika.mk/?p=824918

Најмалку две лица загинаа во округот Сент Луси на брегот на Атлантикот на Флорида, изјави шерифот на округот, Кит Пирсон.

Пирсон процени дека повеќе од 100 домови во округот се уништени од ураганот „Милтон“, објави Ен-Би-Си Њуз.

Претседателот Џозеф Бајден го повика населението на Флорида да се евакуира.

Локалните власти и членовите на Националната гарда на Флорида им помагаат на погодените од ураганот.

На Флорида повеќе од два милиони луѓе останаа без струја поради ураганот. Канцелариите на Националната метеоролошка служба на Флорида издадоа повеќе од 130 предупредувања за торнадо од синоќа. Експертите велат дека појавата на торнада пред и за време на ураганите не е невообичаена, но дека моќта на торнадата може да биде силна. Флорида има повеќе торнада на квадратен километар од која било друга држава.

Речиси 100.000 луѓе беа сместени во центрите за евакуација низ Флорида синоќа, изјави извршниот директор на Одделот за управување со вонредни состојби на Флорида, Кевин Гатри. Тој додаде дека вчера попладне имало околу 220.000 легла.

Службите за итни случаи беа суспендирани во Тампа поради ураганот, изјави началникот на противпожарната служба Барбара Трип за Си-Ен-Ен.

Таа додаде дека најмалку 400.000 луѓе се без струја во Тампа.

Вселенскиот центар Кенеди, кој се наоѓа на источниот брег на Флорида, е затворен поради ураганот „Милтон“, потврди НАСА.

Центарот Кенеди сега е затворен, освен персоналот за одговор при итни случаи. Прогласен е статус на HURCON 1, се вели во соопштението, според Си-Ен-Ен.

НАСА и американската војска ја користат ознаката HURCON за нивото на подготвеност за итни случаи пред пристигнувањето на ураганот, а условите за HURCON 1 обично се прогласуваат 12 часа пред пристигнувањето на ураганот. Суштинските тимови вклучуваат персонал на НАСА кој мора да остане во кампусот на вселенската агенција за да ги поддржи критичните тековни мисии, вклучително и контролата на мисијата за Меѓународната вселенска станица.

The post Најмалку двајца загинати во ураганот „Милтон“ на Флорида, два милиони луѓе без струја appeared first on Република.

]]>

Најмалку две лица загинаа во округот Сент Луси на брегот на Атлантикот на Флорида, изјави шерифот на округот, Кит Пирсон. Пирсон процени дека повеќе од 100 домови во округот се уништени од ураганот „Милтон“, објави Ен-Би-Си Њуз. Претседателот Џозеф Бајден го повика населението на Флорида да се евакуира. Локалните власти и членовите на Националната гарда на Флорида им помагаат на погодените од ураганот. На Флорида повеќе од два милиони луѓе останаа без струја поради ураганот. Канцелариите на Националната метеоролошка служба на Флорида издадоа повеќе од 130 предупредувања за торнадо од синоќа. Експертите велат дека појавата на торнада пред и за време на ураганите не е невообичаена, но дека моќта на торнадата може да биде силна. Флорида има повеќе торнада на квадратен километар од која било друга држава. Речиси 100.000 луѓе беа сместени во центрите за евакуација низ Флорида синоќа, изјави извршниот директор на Одделот за управување со вонредни состојби на Флорида, Кевин Гатри. Тој додаде дека вчера попладне имало околу 220.000 легла. Службите за итни случаи беа суспендирани во Тампа поради ураганот, изјави началникот на противпожарната служба Барбара Трип за Си-Ен-Ен. Таа додаде дека најмалку 400.000 луѓе се без струја во Тампа. Вселенскиот центар Кенеди, кој се наоѓа на источниот брег на Флорида, е затворен поради ураганот „Милтон“, потврди НАСА.
Центарот Кенеди сега е затворен, освен персоналот за одговор при итни случаи. Прогласен е статус на HURCON 1, се вели во соопштението, според Си-Ен-Ен.
НАСА и американската војска ја користат ознаката HURCON за нивото на подготвеност за итни случаи пред пристигнувањето на ураганот, а условите за HURCON 1 обично се прогласуваат 12 часа пред пристигнувањето на ураганот. Суштинските тимови вклучуваат персонал на НАСА кој мора да остане во кампусот на вселенската агенција за да ги поддржи критичните тековни мисии, вклучително и контролата на мисијата за Меѓународната вселенска станица.

The post Најмалку двајца загинати во ураганот „Милтон“ на Флорида, два милиони луѓе без струја appeared first on Република.

]]>
Гутереш: Светот се соочува со катастрофа поради сè поголемиот недостиг од храна https://republika.mk/vesti/svet/guteresh-svetot-se-soochuva-so-katastrofa-poradi-se-pogolemiot-nedostig-od-hrana/ Fri, 24 Jun 2022 12:03:25 +0000 https://republika.mk/?p=519305

Светот се соочува со „катастрофа“ поради сè поголемиот недостиг од храна, нагласи денеска преку видео линк генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш, за време на состанокот на Г7, економски најразвиените земји, во Берлин.

Тој го наведе конфликтот во Украина како дополнително нарушување на глобалното снабдување со храна, што веќе било загрозено со климатските промени, пандемијата од Ковид-19 и големите економски разлики меѓу земјите и создал „невидена глобална криза од глад“ што веќе погодува стотини милиони лица.

Постои реален ризик во 2022 година на повеќе места во светот да биде прогласена глад, а 2023 може да биде уште полоша, подвлече Гутереш.

Според него, жетвите во Азија, Африка, Америка ќе бидат погодени затоа што земјоделците во светот се обидуваат да се изборат со растечките цени на ѓубривата и на енергијата.

Годинешните проблеми со пристапот кон храна може да станат глобален недостиг од храна наредните години. Ниту една земја нема да биде имуна на социјалните и економските последици на таква катастрофа, истакна Гутереш.

Тој информираше за работењето на преговарачкиот тим на ОН на договор, со што од Украина ќе се овозможи извоз на храна, вклучувајќи и транспорт преку Црното Море, а ќе се дозволи и Русија да ги пласира прехранбените производи и ѓубривото на светските пазари без ограничување.

Генералниот секретар на ОН повика да се воведат олеснувања за сиромашните земји кога станува збор за нивниот долг, со цел да им се помогне да ја одржат економијата. Тој апелираше приватниот сектор да помогне да се стабилизираат глобалните пазари за храна.

За домаќинката на состанокот во Берлин, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, тврдењата на Москва дека воведените санкции од Западот против Русија се причина за недостигот од храна, се „целосно неодржливи“.

Русија во мај и јуни годинава извезе исто толку пченица, колку и во тие месеци во 2021 година, додаде Бербок.

Таа ги повтори тврдењата на Гутереш, дека неколку фактори играат улога во растечката криза со глад низ светот, а дејствувањето на руската војска во Украина „тој бран го претвори во цунами“.

The post Гутереш: Светот се соочува со катастрофа поради сè поголемиот недостиг од храна appeared first on Република.

]]>

Светот се соочува со „катастрофа“ поради сè поголемиот недостиг од храна, нагласи денеска преку видео линк генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш, за време на состанокот на Г7, економски најразвиените земји, во Берлин. Тој го наведе конфликтот во Украина како дополнително нарушување на глобалното снабдување со храна, што веќе било загрозено со климатските промени, пандемијата од Ковид-19 и големите економски разлики меѓу земјите и создал „невидена глобална криза од глад“ што веќе погодува стотини милиони лица.
Постои реален ризик во 2022 година на повеќе места во светот да биде прогласена глад, а 2023 може да биде уште полоша, подвлече Гутереш.
Според него, жетвите во Азија, Африка, Америка ќе бидат погодени затоа што земјоделците во светот се обидуваат да се изборат со растечките цени на ѓубривата и на енергијата.
Годинешните проблеми со пристапот кон храна може да станат глобален недостиг од храна наредните години. Ниту една земја нема да биде имуна на социјалните и економските последици на таква катастрофа, истакна Гутереш.
Тој информираше за работењето на преговарачкиот тим на ОН на договор, со што од Украина ќе се овозможи извоз на храна, вклучувајќи и транспорт преку Црното Море, а ќе се дозволи и Русија да ги пласира прехранбените производи и ѓубривото на светските пазари без ограничување. Генералниот секретар на ОН повика да се воведат олеснувања за сиромашните земји кога станува збор за нивниот долг, со цел да им се помогне да ја одржат економијата. Тој апелираше приватниот сектор да помогне да се стабилизираат глобалните пазари за храна. За домаќинката на состанокот во Берлин, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, тврдењата на Москва дека воведените санкции од Западот против Русија се причина за недостигот од храна, се „целосно неодржливи“.