кат Archives - Република https://republika.mk/tema/kat/ За подобро да се разбереме Sun, 05 Jun 2022 10:08:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кат Archives - Република https://republika.mk/tema/kat/ 32 32 Обезбедувањето на Ердоган е елитна единица подготвена да прави хаос од САД до Сараево https://republika.mk/vesti/balkan/obezbeduvanjeto-na-erdogan-e-elitna-edinica-podgotvena-da-pravi-haos-od-sad-do-saraevo/ Sun, 05 Jun 2022 10:08:56 +0000 https://republika.mk/?p=511331

Обезбедувањето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е единица надалеку позната по својот „краток фитил“. Тие се сенката на Ердоган. Незаменлив дел од секое негово патување низ земјата и странство. Со оглед на честите „инциденти“, би се рекло дека е највпечатлив елемент на турската државна делегација.

Станува збор за полицискиот оддел за контранапад КAT (Karşı Atak Timi), специјална единица посветена на заштита на претседателот или премиерот на Турција.

Нејзините членови работат во рамките на Одделот за заштита на претседателот. Предметното одделение е подредено на Генералната дирекција за безбедност.

https://www.youtube.com/watch?v=qez6QwUoK28&feature=emb_title

Единицата е формирана во 1970-тите како засилување на специјалните антитерористички единици. Првично, природата на одредот била слична на СВАТ тимовите од САД, но со акцент на операциите кои вклучуваат киднапирање авиони.

Кандидатите за влез во единицата по завршување на обуката одат на дополнителна обука во Одделот за дипломатска безбедност во САД.

По неуспешниот обид за државен удар во 2016 година, целта на одделот се промени. Наскоро беше трансформиран во единица за блиска заштита, заменувајќи го полкот на претседателската гарда, елитна претседателска безбедносна единица формирана во 1920 година од Мустафа Кемал Ататурк, еден од најголемите државници во турската историја.

Во рамките на истрагата и обвиненијата за велепредавство беа уапсени над 300 гардисти. Гардата бешр реорганизирана, а опсегот на нејзините задачи е намален исклучиво на церемонијални активности.

Елитните полицајци добија предимство во обезбедувањето на турскиот државен врв. Меѓутоа, во последните неколку години, импулсивните реакции на „Преторијанската гарда“ на Ердоган при официјалните посети станаа предмет на внимание и осуда на меѓународната јавност.

Одред кавгаџии - од САД до Сараево

Членовите на КAT повеќепати ја преминаа границата на ревност и на тој начин обезбедуваа материјал за странските медиуми. Најзвучниот инцидент се случи во Вашингтон.

За време на посетата на Ердоган на САД во мај 2017 година, неговото обезбедување се судри со курдски емигранти и симпатизери на турската опозиција пред резиденцијата на турскиот амбасадор во Вашингтон.

Курдите и поддржувачите на опозицијата се собраа пред зградата за да протестираат против шефот на турската држава. Нивното присуство го изнервира обезбедувањето кое не ги штедеше ударите и покрај интервенцијата на вашингтонската полиција.

https://www.youtube.com/watch?v=LraNlv__AU4&feature=emb_title

Билансот на тепачката беше 11 повредени, а двајца од телохранителите на Ердоган се уапсени. Турската страна го оправда тепањето со самоодбрана, посочувајќи дека припадниците на КАТ биле испровоцирани. Дури одбија и официјално да му се извинат на домаќинот.

Судирот во близина на Вашингтон имаше свој претходница во 2011 година во зградата на Генералното собрание на Обединетите Нации. Ердоган (тогашен премиер) се упати кон влезот, кој не беше наменет за учесниците на Генералното Собрание, туку беше галерија за посетителите.

Реагираше еден од членовите на обезбедувањето на зградата на ОН, кој не му дозволи на турскиот лидер да помине. Потоа, наводно дошло до туркање во која Ердоган бил оттурнат. Неговите телохранители ги употребиле тупаниците и настанал општа метеж. Епилог - еден од обезбедувањето на зградата на ОН бил префрлен во болница со повреда на ребрата. Неофицијалните информации говореа дека на подот биле видливи дамки од крв.

Високи претставници на ОН, вклучително и тогашниот генерален секретар Бан Ки Мун, ја смируваа ситуацијата и го упатија Ердоган до соодветниот влез. Турски функционер се извини, а Кореецот за возврат суспендираше десетици стражари.

Во низата инциденти треба да се додаде и оној од Сараево во 2019 година. На почетокот на дводневната посета на Ердоган на Босна и Херцеговина, се случи инцидент на аеродромот во Сараево. Оперативците на КAT во таа прилика одбија да го предадат оружјето на аеродромската полиција.

Непочитување на безбедносниот протокол предизвика кавги и пцовки. Според директорот на граничната полиција, телохранителите биле агресивни и се однесувале како да се во својата земја.

Во нивните досегашни задачи, специјалците на КAT докажаа дека за нив важи само една девиза - ништо не оставајте на случајноста. Па, дури и кога ќе се надминат границите на овластувањата.

The post Обезбедувањето на Ердоган е елитна единица подготвена да прави хаос од САД до Сараево appeared first on Република.

]]>

Обезбедувањето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е единица надалеку позната по својот „краток фитил“. Тие се сенката на Ердоган. Незаменлив дел од секое негово патување низ земјата и странство. Со оглед на честите „инциденти“, би се рекло дека е највпечатлив елемент на турската државна делегација. Станува збор за полицискиот оддел за контранапад КAT (Karşı Atak Timi), специјална единица посветена на заштита на претседателот или премиерот на Турција. Нејзините членови работат во рамките на Одделот за заштита на претседателот. Предметното одделение е подредено на Генералната дирекција за безбедност. https://www.youtube.com/watch?v=qez6QwUoK28&feature=emb_title Единицата е формирана во 1970-тите како засилување на специјалните антитерористички единици. Првично, природата на одредот била слична на СВАТ тимовите од САД, но со акцент на операциите кои вклучуваат киднапирање авиони. Кандидатите за влез во единицата по завршување на обуката одат на дополнителна обука во Одделот за дипломатска безбедност во САД. По неуспешниот обид за државен удар во 2016 година, целта на одделот се промени. Наскоро беше трансформиран во единица за блиска заштита, заменувајќи го полкот на претседателската гарда, елитна претседателска безбедносна единица формирана во 1920 година од Мустафа Кемал Ататурк, еден од најголемите државници во турската историја. Во рамките на истрагата и обвиненијата за велепредавство беа уапсени над 300 гардисти. Гардата бешр реорганизирана, а опсегот на нејзините задачи е намален исклучиво на церемонијални активности. Елитните полицајци добија предимство во обезбедувањето на турскиот државен врв. Меѓутоа, во последните неколку години, импулсивните реакции на „Преторијанската гарда“ на Ердоган при официјалните посети станаа предмет на внимание и осуда на меѓународната јавност.

Одред кавгаџии - од САД до Сараево

Членовите на КAT повеќепати ја преминаа границата на ревност и на тој начин обезбедуваа материјал за странските медиуми. Најзвучниот инцидент се случи во Вашингтон. За време на посетата на Ердоган на САД во мај 2017 година, неговото обезбедување се судри со курдски емигранти и симпатизери на турската опозиција пред резиденцијата на турскиот амбасадор во Вашингтон. Курдите и поддржувачите на опозицијата се собраа пред зградата за да протестираат против шефот на турската држава. Нивното присуство го изнервира обезбедувањето кое не ги штедеше ударите и покрај интервенцијата на вашингтонската полиција. https://www.youtube.com/watch?v=LraNlv__AU4&feature=emb_title Билансот на тепачката беше 11 повредени, а двајца од телохранителите на Ердоган се уапсени. Турската страна го оправда тепањето со самоодбрана, посочувајќи дека припадниците на КАТ биле испровоцирани. Дури одбија и официјално да му се извинат на домаќинот. Судирот во близина на Вашингтон имаше свој претходница во 2011 година во зградата на Генералното собрание на Обединетите Нации. Ердоган (тогашен премиер) се упати кон влезот, кој не беше наменет за учесниците на Генералното Собрание, туку беше галерија за посетителите. Реагираше еден од членовите на обезбедувањето на зградата на ОН, кој не му дозволи на турскиот лидер да помине. Потоа, наводно дошло до туркање во која Ердоган бил оттурнат. Неговите телохранители ги употребиле тупаниците и настанал општа метеж. Епилог - еден од обезбедувањето на зградата на ОН бил префрлен во болница со повреда на ребрата. Неофицијалните информации говореа дека на подот биле видливи дамки од крв. Високи претставници на ОН, вклучително и тогашниот генерален секретар Бан Ки Мун, ја смируваа ситуацијата и го упатија Ердоган до соодветниот влез. Турски функционер се извини, а Кореецот за возврат суспендираше десетици стражари. Во низата инциденти треба да се додаде и оној од Сараево во 2019 година. На почетокот на дводневната посета на Ердоган на Босна и Херцеговина, се случи инцидент на аеродромот во Сараево. Оперативците на КAT во таа прилика одбија да го предадат оружјето на аеродромската полиција. Непочитување на безбедносниот протокол предизвика кавги и пцовки. Според директорот на граничната полиција, телохранителите биле агресивни и се однесувале како да се во својата земја. Во нивните досегашни задачи, специјалците на КAT докажаа дека за нив важи само една девиза - ништо не оставајте на случајноста. Па, дури и кога ќе се надминат границите на овластувањата.

The post Обезбедувањето на Ердоган е елитна единица подготвена да прави хаос од САД до Сараево appeared first on Република.

]]>