картички Archives - Република https://republika.mk/tema/kartichki/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Apr 2024 08:15:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png картички Archives - Република https://republika.mk/tema/kartichki/ 32 32 Уапсени и експресно осудени двајца македонски државјани фатени на граница со 600 бланко картички за фалсификување документи https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapseni-i-ekspresno-osudeni-dvajtsa-makedonski-drzhavjani-fateni-na-granitsa-so-600-blanko-kartichki-za-falsifikuvane-dokumenti/ Mon, 29 Apr 2024 08:15:15 +0000 https://republika.mk/?p=772095

Двајца државјани на Македонија биле уапсени во Грција, а потоа и осудени на затворска казна, откако грчката полиција во петокот при претрес на граничниот премин Дојран кај нив пронашла 599 фалсификувани бланко документи, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека двајцата мажи биле уапсени откако им била извршена проверка при влезот во Грција, а кај едниот, во поставата на јакната пронашле скриени вкупно 440 бланко документи (лични карти, возачки дозволи, дозволи за престој) од разни европски земји, кои биле одземени.

При претресот на возилото во багажникот биле пронајдени уште 159 празни документи, кои исто така биле одземени.

Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека Прекршочниот суд во Кукуш, двајцата уапсени ги прогласил за виновни за фалсификување и здружување со цел економска корист и биле осудени на затворска казна од пет години.

Според АНА-МПА двајцата обвинети за време на рочиштетот не откриле детали за нивните активности и се бранеле со молчење.

The post Уапсени и експресно осудени двајца македонски државјани фатени на граница со 600 бланко картички за фалсификување документи appeared first on Република.

]]>

Двајца државјани на Македонија биле уапсени во Грција, а потоа и осудени на затворска казна, откако грчката полиција во петокот при претрес на граничниот премин Дојран кај нив пронашла 599 фалсификувани бланко документи, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека двајцата мажи биле уапсени откако им била извршена проверка при влезот во Грција, а кај едниот, во поставата на јакната пронашле скриени вкупно 440 бланко документи (лични карти, возачки дозволи, дозволи за престој) од разни европски земји, кои биле одземени. При претресот на возилото во багажникот биле пронајдени уште 159 празни документи, кои исто така биле одземени. Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека Прекршочниот суд во Кукуш, двајцата уапсени ги прогласил за виновни за фалсификување и здружување со цел економска корист и биле осудени на затворска казна од пет години. Според АНА-МПА двајцата обвинети за време на рочиштетот не откриле детали за нивните активности и се бранеле со молчење.

The post Уапсени и експресно осудени двајца македонски државјани фатени на граница со 600 бланко картички за фалсификување документи appeared first on Република.

]]>
Oд денеска со картичка ќе може да се плаќа и на пазар и во такси во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/od-deneska-so-kartichka-ke-mozhe-da-se-plaka-i-na-pazar-i-vo-taksi-vo-grtsija/ Mon, 01 Apr 2024 08:48:40 +0000 https://republika.mk/?p=760821

На пазарите, во трафиките, во такси возилата, мини маркетите во Грција, од денеска ќе може да се плаќа со картичка, со оглед на тоа дека ПОС терминалите се задолжителни во над 30 сектори во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

По првичното продолжување на рокот, од денеска ПОС терминалите се задолжителни во низа бизниси, а за оние кои се вклучени во листата и нема да прифатат плаќање со картичка предвидени се казни во висина до 1.500 евра.

Ослободени од обврската, засега се само сезонските бизниси, кои имаат рок ПОС да воведат најдоцна до почетокот со работа, а не до 31 март како што важи за останатите.

Паралелно со воведувањето на можноста за плаќање со картичка во сè повеќе сектори и со цел да се спречи затајувањето на данок, задолжително е фискалните каси да бидат директно поврзани со ПОС терминалите.

The post Oд денеска со картичка ќе може да се плаќа и на пазар и во такси во Грција appeared first on Република.

]]>

На пазарите, во трафиките, во такси возилата, мини маркетите во Грција, од денеска ќе може да се плаќа со картичка, со оглед на тоа дека ПОС терминалите се задолжителни во над 30 сектори во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. По првичното продолжување на рокот, од денеска ПОС терминалите се задолжителни во низа бизниси, а за оние кои се вклучени во листата и нема да прифатат плаќање со картичка предвидени се казни во висина до 1.500 евра. Ослободени од обврската, засега се само сезонските бизниси, кои имаат рок ПОС да воведат најдоцна до почетокот со работа, а не до 31 март како што важи за останатите. Паралелно со воведувањето на можноста за плаќање со картичка во сè повеќе сектори и со цел да се спречи затајувањето на данок, задолжително е фискалните каси да бидат директно поврзани со ПОС терминалите.

The post Oд денеска со картичка ќе може да се плаќа и на пазар и во такси во Грција appeared first on Република.

]]>
Тинејџер од Кавадарци во теретана сликал банкарски картички од сограѓани, па им крадел од сметките https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tinejdher-od-kavadartsi-vo-teretana-slikal-bankarski-kartichki-od-sogragani-pa-im-kradel-od-smetkite/ Tue, 13 Feb 2024 20:55:21 +0000 https://republika.mk/?p=743792

Момче од Кавадарци сликало банкарски картички од сограѓани па им крадело од сметките, информираат од СВР Велес.

Оттаму соопштија дека ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе писмено известување за 17-годишник од Кавадарци, поради постоење на основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“, казниво по член 251 од Кривичниот законик.

Имено, на 23.01 2024 во соблекувална на сала за вежбање во Кавадарци ги сликал банкарските картички на 45-годишник од Кавадарци, по што во својот дом извршил повеќе трансакции и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 8.948 денари. Исто така, на 26.01.2024 на истиот начин оштетил и 42-годишен жител на Кавадарци и со повеќе направени трансакции, се стекнал со противправна имотна корист од 3.300 денари, појаснија од СВР Велес.

The post Тинејџер од Кавадарци во теретана сликал банкарски картички од сограѓани, па им крадел од сметките appeared first on Република.

]]>

Момче од Кавадарци сликало банкарски картички од сограѓани па им крадело од сметките, информираат од СВР Велес. Оттаму соопштија дека ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе писмено известување за 17-годишник од Кавадарци, поради постоење на основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“, казниво по член 251 од Кривичниот законик.
Имено, на 23.01 2024 во соблекувална на сала за вежбање во Кавадарци ги сликал банкарските картички на 45-годишник од Кавадарци, по што во својот дом извршил повеќе трансакции и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 8.948 денари. Исто така, на 26.01.2024 на истиот начин оштетил и 42-годишен жител на Кавадарци и со повеќе направени трансакции, се стекнал со противправна имотна корист од 3.300 денари, појаснија од СВР Велес.

The post Тинејџер од Кавадарци во теретана сликал банкарски картички од сограѓани, па им крадел од сметките appeared first on Република.

]]>
Доновска-Гечева: Банките се обврзани да ги информираат граѓаните за надоместоците за платежните услуги https://republika.mk/vesti/ekonomija/donovska-gecheva-bankite-se-obvrzani-da-gi-informiraat-graganite-za-nadomestotsite-za-platezhnite-uslugi/ Fri, 03 Nov 2023 11:46:27 +0000 https://republika.mk/?p=697768

Преку информативен документ за надоместоците за платежни услуги, со податоци во стандардизирана форма, банките и штедилниците, односно сите даватели на платежните услуги, се должни да ги информираат граѓаните за трошоците коишто им ги наплаќаат. Ова е пропишано со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, како и со подзаконските акти, со кои значително се зајакнува заштитата на потрошувачите и транспарентноста кон нив, посочува Биљана Доновска-Гечева, самостојна советничка во Дирекцијата за платни системи при Народната банка, во гостување на националниот сервис МТВ.

Доновска-Гечева истакнува дека со новата регулатива јасно и прецизно се пропишуваат дури и навидум неважните елементи во обраќањето на банките кон граѓаните. Исто така, секогаш кога има промена во некој од условите, давателите на платежните услуги мораат да ги информираат граѓаните на соодветен начин.

Од информативниот документ, којшто е стандардизиран, граѓанинот ќе ги дознае сите услови поврзани со платежните услуги и ќе одлучи со која банка ќе склучи договор, според сопствените потреби - вели Доновска-Гечева.

За на граѓаните да им е полесно да ги споредат надоместоците за платежните услуги од различни банки, банките се обврзани да ги доставуваат информативните документи за надоместоците и до Народната банка, којашто, пак, изработи алатка којашто овозможува лесен пристап и споредба на сите информативни документи на едно место.

Алатката може да ја најдете на воведното мени на веб-страницата на Народната банка, како и во делот којшто го наменивме за заштитата на потрошувачите. Алатката е исклучително лесна за употреба, а има и куси објаснувања за начинот на користење. Подготвуваме и краток видеозапис, за да може граѓанинот полесно да се информира за оваа мошне корисна алатка - посочува Доновска-Гечева и објаснува дека на тој начин им се олеснува на граѓаните, како потрошувачи, при изборот на банката и на услугите коишто најмногу им одговараат ним.

The post Доновска-Гечева: Банките се обврзани да ги информираат граѓаните за надоместоците за платежните услуги appeared first on Република.

]]>

Преку информативен документ за надоместоците за платежни услуги, со податоци во стандардизирана форма, банките и штедилниците, односно сите даватели на платежните услуги, се должни да ги информираат граѓаните за трошоците коишто им ги наплаќаат. Ова е пропишано со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, како и со подзаконските акти, со кои значително се зајакнува заштитата на потрошувачите и транспарентноста кон нив, посочува Биљана Доновска-Гечева, самостојна советничка во Дирекцијата за платни системи при Народната банка, во гостување на националниот сервис МТВ. Доновска-Гечева истакнува дека со новата регулатива јасно и прецизно се пропишуваат дури и навидум неважните елементи во обраќањето на банките кон граѓаните. Исто така, секогаш кога има промена во некој од условите, давателите на платежните услуги мораат да ги информираат граѓаните на соодветен начин.
Од информативниот документ, којшто е стандардизиран, граѓанинот ќе ги дознае сите услови поврзани со платежните услуги и ќе одлучи со која банка ќе склучи договор, според сопствените потреби - вели Доновска-Гечева.
За на граѓаните да им е полесно да ги споредат надоместоците за платежните услуги од различни банки, банките се обврзани да ги доставуваат информативните документи за надоместоците и до Народната банка, којашто, пак, изработи алатка којашто овозможува лесен пристап и споредба на сите информативни документи на едно место.
Алатката може да ја најдете на воведното мени на веб-страницата на Народната банка, како и во делот којшто го наменивме за заштитата на потрошувачите. Алатката е исклучително лесна за употреба, а има и куси објаснувања за начинот на користење. Подготвуваме и краток видеозапис, за да може граѓанинот полесно да се информира за оваа мошне корисна алатка - посочува Доновска-Гечева и објаснува дека на тој начин им се олеснува на граѓаните, како потрошувачи, при изборот на банката и на услугите коишто најмногу им одговараат ним.

The post Доновска-Гечева: Банките се обврзани да ги информираат граѓаните за надоместоците за платежните услуги appeared first on Република.

]]>
Банката не смее да наплатува за затворање платежна сметка, дебитни и кредитни картички https://republika.mk/vesti/ekonomija/bankata-ne-smee-da-naplatuva-za-zatvorane-platezhna-smetka-debitni-i-kreditni-kartichki/ Mon, 30 Oct 2023 10:11:22 +0000 https://republika.mk/?p=696218

Банката не смее да наплаќа надоместоци за затворање на платежната сметка, ниту, пак, надоместоци за затворање дебитни или кредитни картички, објаснува директорот на Дирекцијата за платни системи при Народната банка, Игор Величковски.

Во интервју за Македонското радио тој наведува дека тоа важи во случај кога рамковниот договор којшто го има граѓанинот со банката е постар од шест месеци.

Банката е должна веднаш да ја затвори сметката на барање на граѓанинот, или, пак, доколку во договорот е предвиден отказен рок, најдоцна во рок од 30 дена, потенцира Величковски.

Според него, доколку банката им наплати на граѓаните надоместок за затворање на платежната сметка или доколку некоја ставка од тарифниците на банката ги наведе граѓаните на мислење дека им е наплатено за затворање сметка, тие треба да реагираат до банката, бидејќи тоа е без надоместок, исто како и затворањето дебитна или кредитна картичка.

Граѓаните имаат право да поднесат приговор до банката, а потоа и поплака до Народната банка, којашто ќе ја разгледа поплаката и ќе контактира со банката, а потоа соодветно ќе го извести граѓанинот дали приговорот којшто го поднесол е соодветен и ако е, ќе ѝ даде насоки на банката да постапи според приговорот, посочува директорот.

Величковски понатаму наведува дека со Законот за платежни услуги и платни системи се воведува уште едно системско решение коешто е во прилог на заштитата на правата на потрошувачите, а тоа е концептот на неактивна сметка.

Сите ние отвораме сметки кај банките за различни потреби и по некое време, може да заборавиме дека ја поседуваме таа сметка на која можеби останале парични средства. За првпат, со новата правна рамка се уредува дека доколку граѓаните не ја користеле платежната сметка подолго од две години, или, пак, не оствариле комуникација со давателот на платежните услуги во врска со таа сметка во овој период, банката ќе ја прогласи сметката за неактивна. Доколку станува збор за штедење, бидејќи вообичаено депозитните сметки се на подолг рок, доколку граѓанинот не остварил комуникација со банката во период од 10 години, и таа сметка ќе добие статус на неактивна сметка. Кога банката ќе ја прогласи сметката за неактивна, таа не смее понатаму да наплатува никакви надоместоци од таа сметка, односно паричните средства се заштитени, а банката е должна да пресметува камата на позитивното салдо во согласност со договорот, истакнува Величковски.

 

The post Банката не смее да наплатува за затворање платежна сметка, дебитни и кредитни картички appeared first on Република.

]]>

Банката не смее да наплаќа надоместоци за затворање на платежната сметка, ниту, пак, надоместоци за затворање дебитни или кредитни картички, објаснува директорот на Дирекцијата за платни системи при Народната банка, Игор Величковски. Во интервју за Македонското радио тој наведува дека тоа важи во случај кога рамковниот договор којшто го има граѓанинот со банката е постар од шест месеци.
Банката е должна веднаш да ја затвори сметката на барање на граѓанинот, или, пак, доколку во договорот е предвиден отказен рок, најдоцна во рок од 30 дена, потенцира Величковски.
Според него, доколку банката им наплати на граѓаните надоместок за затворање на платежната сметка или доколку некоја ставка од тарифниците на банката ги наведе граѓаните на мислење дека им е наплатено за затворање сметка, тие треба да реагираат до банката, бидејќи тоа е без надоместок, исто како и затворањето дебитна или кредитна картичка.
Граѓаните имаат право да поднесат приговор до банката, а потоа и поплака до Народната банка, којашто ќе ја разгледа поплаката и ќе контактира со банката, а потоа соодветно ќе го извести граѓанинот дали приговорот којшто го поднесол е соодветен и ако е, ќе ѝ даде насоки на банката да постапи според приговорот, посочува директорот.
Величковски понатаму наведува дека со Законот за платежни услуги и платни системи се воведува уште едно системско решение коешто е во прилог на заштитата на правата на потрошувачите, а тоа е концептот на неактивна сметка.
Сите ние отвораме сметки кај банките за различни потреби и по некое време, може да заборавиме дека ја поседуваме таа сметка на која можеби останале парични средства. За првпат, со новата правна рамка се уредува дека доколку граѓаните не ја користеле платежната сметка подолго од две години, или, пак, не оствариле комуникација со давателот на платежните услуги во врска со таа сметка во овој период, банката ќе ја прогласи сметката за неактивна. Доколку станува збор за штедење, бидејќи вообичаено депозитните сметки се на подолг рок, доколку граѓанинот не остварил комуникација со банката во период од 10 години, и таа сметка ќе добие статус на неактивна сметка. Кога банката ќе ја прогласи сметката за неактивна, таа не смее понатаму да наплатува никакви надоместоци од таа сметка, односно паричните средства се заштитени, а банката е должна да пресметува камата на позитивното салдо во согласност со договорот, истакнува Величковски.
 

The post Банката не смее да наплатува за затворање платежна сметка, дебитни и кредитни картички appeared first on Република.

]]>
Надминат е проблемот со картичките на „Виза“ и „МастерКард“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/nadminat-e-problemot-so-kartichkite-na-viza-i-masterkard/ Thu, 27 Jul 2023 15:16:34 +0000 https://republika.mk/?p=665960

Надминат е проблемот поврзан со картичките на „Виза“ и „МастерКард“, соопштија од Македонската банкарска асоцијација.

Се заблагодаруваме на сите засегнати страни за трпението и разбирањето, стои во соопштението.

Од Македонската банкарска асоцијација денеска информираа дека дел од услугите поврзани со картичните брендови „Виза“ и „МастерКард“ се недостапни на банкомат или во трговија, но дека средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.

Како што информираа, причината за проблемот не била поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките.

The post Надминат е проблемот со картичките на „Виза“ и „МастерКард“ appeared first on Република.

]]>

Надминат е проблемот поврзан со картичките на „Виза“ и „МастерКард“, соопштија од Македонската банкарска асоцијација.
Се заблагодаруваме на сите засегнати страни за трпението и разбирањето, стои во соопштението.
Од Македонската банкарска асоцијација денеска информираа дека дел од услугите поврзани со картичните брендови „Виза“ и „МастерКард“ се недостапни на банкомат или во трговија, но дека средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали. Како што информираа, причината за проблемот не била поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките.

The post Надминат е проблемот со картичките на „Виза“ и „МастерКард“ appeared first on Република.

]]>
Причината за проблемот со картичките не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките, тврдат од МБА https://republika.mk/vesti/ekonomija/prichinata-za-problemot-so-kartichkite-ne-e-povrzana-so-natsionalnite-telekom-operatori-nitu-so-poedinechnite-sistemi-na-bankite-tvrdat-od-mba/ Thu, 27 Jul 2023 13:00:48 +0000 https://republika.mk/?p=665928

Во име на членките на Македонската банкарска асоцијација, ве информираме дека во моментот кога соопштението се подготвуваше и испраќаше дел од услугите на нашите членки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија.

Како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.

Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација.

Се надеваме на брзо нормализирање на сервисите.

Комерцијална објава

The post Причината за проблемот со картичките не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките, тврдат од МБА appeared first on Република.

]]>

Во име на членките на Македонската банкарска асоцијација, ве информираме дека во моментот кога соопштението се подготвуваше и испраќаше дел од услугите на нашите членки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија. Како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали. Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација. Се надеваме на брзо нормализирање на сервисите. Комерцијална објава

The post Причината за проблемот со картичките не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките, тврдат од МБА appeared first on Република.

]]>
Кој нема кеш, тешко нему: Не функционираат картичките од сите банки во цела Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/koj-nema-kesh-teshko-nemu-ne-funktsioniraat-kartichkite-od-site-banki-vo-tsela-makedonija/ Thu, 27 Jul 2023 12:34:24 +0000 https://republika.mk/?p=665916

Утринава корисниците на кредитни картички од сите банки во државава се соочија со голем проблем. Плаќањата, но и вадењето пари од картичките е оневозможено. Од НЛБ пратија информација дека нивната мрежа е падната, но информациите од терен говорат дека картичките од ниту една банка не функционираат.

Тоа значи дека ниту од другите поголеми банки, како Комерцијална и Стопанска, картичките не можат да се користат. Вадење пари е единствено можно од шалтерите на банките, а за се друго мора да имате кеш.

Информациите упатуваат на тоа дека се работи за сериозен дефект, поради изгубена врска со главниот провајдер. Се очекува проблемот да биде надминат, но засега не се знае кога би било тоа.

The post Кој нема кеш, тешко нему: Не функционираат картичките од сите банки во цела Македонија appeared first on Република.

]]>

Утринава корисниците на кредитни картички од сите банки во државава се соочија со голем проблем. Плаќањата, но и вадењето пари од картичките е оневозможено. Од НЛБ пратија информација дека нивната мрежа е падната, но информациите од терен говорат дека картичките од ниту една банка не функционираат. Тоа значи дека ниту од другите поголеми банки, како Комерцијална и Стопанска, картичките не можат да се користат. Вадење пари е единствено можно од шалтерите на банките, а за се друго мора да имате кеш. Информациите упатуваат на тоа дека се работи за сериозен дефект, поради изгубена врска со главниот провајдер. Се очекува проблемот да биде надминат, но засега не се знае кога би било тоа.

The post Кој нема кеш, тешко нему: Не функционираат картичките од сите банки во цела Македонија appeared first on Република.

]]>
Јанкоски: Новите иновативни технологии во платежните услуги ќе бидат безбедни https://republika.mk/vesti/ekonomija/jankoski-novite-inovativni-tehnologii-vo-plateznite-uslugi-kje-bidat-bezbedni/ Mon, 07 Nov 2022 09:21:50 +0000 https://republika.mk/?p=570740

На почетокот од 2023 година стапува во сила новиот Закон за платежни услуги и платни системи, со кој се отвора поголем простор за развој на иновативни концепти во кои онлајн плаќањата нема да се извршуваат само со платежната картичка. Како што вели Горан Јанкоски, главен одговорен супервизор за информативни системи во Народната банка, на корисниците на финансиски услуги во блиска иднина ќе им бидат достапни напредни финтек-апликации преку новите дигитални технологии.

Осврнувајќи се на безбедноста на потрошувачите при користењето на новите иновативни апликации за онлајн плаќања, Јанкоски во интервју за „Само прашај“ на Институтот за комуникациски студии, објаснува дека и кај нас ќе се применат најдобрите практики на Европската Унија во однос на безбедноста на онлајн плаќањата.

-Со новитетите ќе се воспостави дополнително ниво на заштита преку примена на засилена идентификација, каде што идентитетот на корисникот се потврдува со биометриски податоци, внесување код, ПИН (добиен преку СМС) или со мобилниот телефон којшто го поседува корисникот. Ќе се применува и анализа на ризикот на трансакцијата, односно напредни системи коишто банките ќе ги имаат со цел да се открие невообичаено однесување на корисникот на платежната услуга. Примената на овие концепти на безбедност помагаат да се избегне можно злонамерно или измамничко однесување, истакнува Јанкоски.

Усогласувањето со законите и регулативите на ЕУ извршено преку новиот Закон за платежни услуги и платни системи се однесува на поголема сигурност и безбедност на потрошувачите, како корисници на новите напредни платежни услуги.

The post Јанкоски: Новите иновативни технологии во платежните услуги ќе бидат безбедни appeared first on Република.

]]>

На почетокот од 2023 година стапува во сила новиот Закон за платежни услуги и платни системи, со кој се отвора поголем простор за развој на иновативни концепти во кои онлајн плаќањата нема да се извршуваат само со платежната картичка. Како што вели Горан Јанкоски, главен одговорен супервизор за информативни системи во Народната банка, на корисниците на финансиски услуги во блиска иднина ќе им бидат достапни напредни финтек-апликации преку новите дигитални технологии. Осврнувајќи се на безбедноста на потрошувачите при користењето на новите иновативни апликации за онлајн плаќања, Јанкоски во интервју за „Само прашај“ на Институтот за комуникациски студии, објаснува дека и кај нас ќе се применат најдобрите практики на Европската Унија во однос на безбедноста на онлајн плаќањата. -Со новитетите ќе се воспостави дополнително ниво на заштита преку примена на засилена идентификација, каде што идентитетот на корисникот се потврдува со биометриски податоци, внесување код, ПИН (добиен преку СМС) или со мобилниот телефон којшто го поседува корисникот. Ќе се применува и анализа на ризикот на трансакцијата, односно напредни системи коишто банките ќе ги имаат со цел да се открие невообичаено однесување на корисникот на платежната услуга. Примената на овие концепти на безбедност помагаат да се избегне можно злонамерно или измамничко однесување, истакнува Јанкоски. Усогласувањето со законите и регулативите на ЕУ извршено преку новиот Закон за платежни услуги и платни системи се однесува на поголема сигурност и безбедност на потрошувачите, како корисници на новите напредни платежни услуги.

The post Јанкоски: Новите иновативни технологии во платежните услуги ќе бидат безбедни appeared first on Република.

]]>