Каропш Archives - Република https://republika.mk/tema/karopsh/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Aug 2024 08:18:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Каропш Archives - Република https://republika.mk/tema/karopsh/ 32 32 Дел од општина Карпош без вода https://republika.mk/zivot/servisi/del-od-opshtina-karposh-bez-voda/ Fri, 30 Aug 2024 08:18:03 +0000 https://republika.mk/?p=811444

Без вода денеска од 9:45 часот се дел од корисниците од улицата „Леринска“ во општина Карпош.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на улицата „Леринска“ број 24.

Водоснабдување ќе биде прекинато до завршување на дефектот.

 

The post Дел од општина Карпош без вода appeared first on Република.

]]>

Без вода денеска од 9:45 часот се дел од корисниците од улицата „Леринска“ во општина Карпош. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на улицата „Леринска“ број 24. Водоснабдување ќе биде прекинато до завршување на дефектот.  

The post Дел од општина Карпош без вода appeared first on Република.

]]>
Без струја утре дел од корисниците во Карпош и Аеродром https://republika.mk/zivot/servisi/bez-struja-utre-del-od-korisnitsite-vo-karposh-i-aerodrom/ Wed, 21 Feb 2024 17:22:45 +0000 https://republika.mk/?p=746685

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на Град Скопје по добиено известување од ЕВН соопшти дека утре од 9 до 13 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Влае“ и „Франце Прешерн“ во Општина Карпош.

Од 9 до 15 часот струја ќе немаат и корисниците од улиците „Ангел Димовски“ и „23 Октомври“ во Општина Аеродром.

Прекините во снабдувањето со електрична енергија ќе бидат поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

The post Без струја утре дел од корисниците во Карпош и Аеродром appeared first on Република.

]]>

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на Град Скопје по добиено известување од ЕВН соопшти дека утре од 9 до 13 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Влае“ и „Франце Прешерн“ во Општина Карпош. Од 9 до 15 часот струја ќе немаат и корисниците од улиците „Ангел Димовски“ и „23 Октомври“ во Општина Аеродром. Прекините во снабдувањето со електрична енергија ќе бидат поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

The post Без струја утре дел од корисниците во Карпош и Аеродром appeared first on Република.

]]>
Затворени кујните во четири основни училишта во Карпош, откако ученици се заразија со салмонела https://republika.mk/vesti/skopje/zatvoreni-kujnite-vo-chetiri-osnovni-uchilishta-vo-karposh-otkako-uchenitsi-se-zarazija-so-salmonela/ Wed, 08 Nov 2023 14:47:44 +0000 https://republika.mk/?p=699582

Кујните во три училишта, заедно со магацинскиот простор во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош се затворени откако се потврдени случаи на девет деца заразени со салмонела, информираат од Општина Карпош.

Во ООУ „Војдан Чернодрински“ се заразени три ученици, во „Владо Тасевски“ пет, а во „Јан Амос Коменски“ има еден ученик заразен од салмонела.

https://republika.mk/zivot/zdravje/uchenitsi-od-tri-osnovni-uchilishta-vo-karopsh-se-zarazeni-so-salmonela/

Во ООУ "Војдан Чернодрински" од 180 ученици кои се хранат во училишната кујна (појадок и ручек), само кај 3 ученици од Центарот за јавно здравје има потврда дека имаат салмонела. Во ООУ "Јан Амос Коменски" од 350 ученици кои се хранат во училишната кујна (појадок и ручек), само кај 1 ученик е потврдено дека има салмонела. Во двете училишта станува збор за ученици од прво одделение. Во ООУ "Владо Тасевски" има потврдени 5 случаи од 1 до 4 одделение, од 350 деца кои примаат храна во училиште, информираат од Општина Карпош.

Оттаму посочуваат дека во петокот за појадок имало мекици без јајца, а за ручек спанаќ без месо со кисело млеко.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден се земени брисеви од сите работни површини во сите основни училишта.

Фирмата која врши снабдување со храна во сите основни училишта во Карпош сама побарала вонреден преглед. До добивањето на резултатите ќе бидат затворени кујните во овие три училишта, како и кујната во ООУ Димо Хаџи Димов каде што нема регистрирани случаи, но е сместен магацинот од каде се снабдуваат другите училишта, велат од Општина Карпош.

Резултатите се очекуваат најдоцна до сабота. с

 

The post Затворени кујните во четири основни училишта во Карпош, откако ученици се заразија со салмонела appeared first on Република.

]]>

Кујните во три училишта, заедно со магацинскиот простор во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош се затворени откако се потврдени случаи на девет деца заразени со салмонела, информираат од Општина Карпош. Во ООУ „Војдан Чернодрински“ се заразени три ученици, во „Владо Тасевски“ пет, а во „Јан Амос Коменски“ има еден ученик заразен од салмонела. https://republika.mk/zivot/zdravje/uchenitsi-od-tri-osnovni-uchilishta-vo-karopsh-se-zarazeni-so-salmonela/
Во ООУ "Војдан Чернодрински" од 180 ученици кои се хранат во училишната кујна (појадок и ручек), само кај 3 ученици од Центарот за јавно здравје има потврда дека имаат салмонела. Во ООУ "Јан Амос Коменски" од 350 ученици кои се хранат во училишната кујна (појадок и ручек), само кај 1 ученик е потврдено дека има салмонела. Во двете училишта станува збор за ученици од прво одделение. Во ООУ "Владо Тасевски" има потврдени 5 случаи од 1 до 4 одделение, од 350 деца кои примаат храна во училиште, информираат од Општина Карпош.
Оттаму посочуваат дека во петокот за појадок имало мекици без јајца, а за ручек спанаќ без месо со кисело млеко. Во текот на вчерашниот и денешниот ден се земени брисеви од сите работни површини во сите основни училишта.
Фирмата која врши снабдување со храна во сите основни училишта во Карпош сама побарала вонреден преглед. До добивањето на резултатите ќе бидат затворени кујните во овие три училишта, како и кујната во ООУ Димо Хаџи Димов каде што нема регистрирани случаи, но е сместен магацинот од каде се снабдуваат другите училишта, велат од Општина Карпош.
Резултатите се очекуваат најдоцна до сабота. с  

The post Затворени кујните во четири основни училишта во Карпош, откако ученици се заразија со салмонела appeared first on Република.

]]>
„Градски паркинг“ воведува зонско паркирање во Карпош https://republika.mk/vesti/skopje/gradski-parking-voveduva-zonsko-parkirane-vo-karposh/ Mon, 06 Nov 2023 14:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=698886

Новата јавна површина за паркирање- зона Д42, е лоцирана кај МИДА (ул. Орце Николов). Зоната вклучува 79 паркинг места, од кои 2 се наменети за лица со попреченост. Станарите кои со своите адреси гравитираат на зоната, ќе ја користат услугата паркирање по цена од 0 ден, за две возила, а час паркирање чини 25 ден, информираат од претпријатието.

Работното време на паркинг зоната е: од понеделник- сабота од 07:00-23:00ч., а недела и државни празници се неработни т.е. нема се врши на наплата за услугата паркирање.

Корисниците на зона Д42 ќе може да ги достават своите барања во нашата нова канцеларија, започнувајќи од вторник, 07.11.2023.

Работното време на Канцеларија Карпош, која се наоѓа на ул. „Дрезденска“, бр.15/3, е секој работен ден од 08:00- 22:00 часот и сабота од 09:00- 17:00 часот. Недела и државни празници се неработни.

Од претпријатието апелираат корисниците навремено и уредно да извршат наплата за услугата паркирање.

 

The post „Градски паркинг“ воведува зонско паркирање во Карпош appeared first on Република.

]]>

Новата јавна површина за паркирање- зона Д42, е лоцирана кај МИДА (ул. Орце Николов). Зоната вклучува 79 паркинг места, од кои 2 се наменети за лица со попреченост. Станарите кои со своите адреси гравитираат на зоната, ќе ја користат услугата паркирање по цена од 0 ден, за две возила, а час паркирање чини 25 ден, информираат од претпријатието. Работното време на паркинг зоната е: од понеделник- сабота од 07:00-23:00ч., а недела и државни празници се неработни т.е. нема се врши на наплата за услугата паркирање. Корисниците на зона Д42 ќе може да ги достават своите барања во нашата нова канцеларија, започнувајќи од вторник, 07.11.2023. Работното време на Канцеларија Карпош, која се наоѓа на ул. „Дрезденска“, бр.15/3, е секој работен ден од 08:00- 22:00 часот и сабота од 09:00- 17:00 часот. Недела и државни празници се неработни. Од претпријатието апелираат корисниците навремено и уредно да извршат наплата за услугата паркирање.  

The post „Градски паркинг“ воведува зонско паркирање во Карпош appeared first on Република.

]]>
„О2 Иницијатива“ со апел до уставните судии: Кој сѐ има профит од зградата позади бензиската Макпетрол во Карпош? https://republika.mk/vesti/skopje/o2-initsijativa-so-apel-do-ustavnite-sudii-koj-s-ima-profit-od-zgradata-pozadi-benziskata-makpetrol-vo-karposh/ Tue, 24 Oct 2023 09:43:58 +0000 https://republika.mk/?p=694472

„O2 Иницијатива“ упати апел до уставните судии кои гласале против поведување на постапка по предметот У.бр.52/2022 за оспорување на Одлука за донесување на ДУП за Градска четврт 3 05 помеѓу бул. Илинден, бул. 8 Септемри, бул. Партизански одреди и ул. Љубљанска во Општина Карпош-Скопје од 6.11.2013, дополнително да го разгледаат случајот и да поднесат друго мислење во најбрз можен рок, за предметот повторно да се стави на гласање, со оглед дека со реализација на овој урбанистички план ќе настанат тешки неотстранливи последици.

Уставниот судија известител по овој предмет, Дарко Костадиновски, е против поведување на постапка по овој предмет, иако основата за оспорување на Одлуката за донесување на ДУП за Градска четврт 3 05 е како и во бројните предмети на кои досега работел Уставниот суд, повел постапки по истите и ги укинал оспорените детални урбанистички планови, каде и самиот судија известител гласал за вакви одлуки на Судот. Вакви предмети се У.бр.95/2017-1 од 20.6.2018, У.бр.134/2017-1 од 9.7.2018, У.бр.136/2017-1 од 9.7.2018, У.бр.135/2017-1 од 05.12.2018, У.бр.123/2018-1 од 25.9.2019, У.бр.80/2019-1 од 13.11.2019, У.бр.34/2021-1 од 9.9.2021, У.бр.35/2021-1 од 2.2.2022 и У.бр.36/2021-1 од 9.2.2022.

-Инаку, врз основа на овој ДУП, кој е изгласан во ноември 2013 год. од советниците на ГРОМ и ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата во тогашниот мандат на Стевчо Јакимовски во општина Карпош, каде е вцртана маркичка за 28 катница, се планира изградба на споени згради од 2, 11, 18 и 19 ката, вкупно 50 ката со 419 стана. Инвеститори се ЗСФ КОМ на еден од најмоќните градежници во земјава, озлогласениот Фатмир Етеми и Делта 2015 Констракшн, која до лани беше во сопственост на Орка Холдинг на семејството на Орце Камчев, кога се продава за 5 милиони евра и недвижен имот во вредност од 8 милиони евра од новата градба, што претставува 25 отсто од објектот, на Специјал Градба во сопственост на бизнисменот Кочо Стојчески.

Во меѓувреме Уставниот суд го укина регулацискиот план за оваа четврт, со кој беше ограничена висината на градбите. Подносител на иницијативата е адвокатот Бојан Милошевски, поранешен секретар на општина Карпош во изминатиот мандат на Стевчо Јакимовски, кој во овој мандат бил ангажиран за адвокатски услуги од општина Карпош, стои во соопштението од Иницијативата.

 

The post „О2 Иницијатива“ со апел до уставните судии: Кој сѐ има профит од зградата позади бензиската Макпетрол во Карпош? appeared first on Република.

]]>

„O2 Иницијатива“ упати апел до уставните судии кои гласале против поведување на постапка по предметот У.бр.52/2022 за оспорување на Одлука за донесување на ДУП за Градска четврт 3 05 помеѓу бул. Илинден, бул. 8 Септемри, бул. Партизански одреди и ул. Љубљанска во Општина Карпош-Скопје од 6.11.2013, дополнително да го разгледаат случајот и да поднесат друго мислење во најбрз можен рок, за предметот повторно да се стави на гласање, со оглед дека со реализација на овој урбанистички план ќе настанат тешки неотстранливи последици. Уставниот судија известител по овој предмет, Дарко Костадиновски, е против поведување на постапка по овој предмет, иако основата за оспорување на Одлуката за донесување на ДУП за Градска четврт 3 05 е како и во бројните предмети на кои досега работел Уставниот суд, повел постапки по истите и ги укинал оспорените детални урбанистички планови, каде и самиот судија известител гласал за вакви одлуки на Судот. Вакви предмети се У.бр.95/2017-1 од 20.6.2018, У.бр.134/2017-1 од 9.7.2018, У.бр.136/2017-1 од 9.7.2018, У.бр.135/2017-1 од 05.12.2018, У.бр.123/2018-1 од 25.9.2019, У.бр.80/2019-1 од 13.11.2019, У.бр.34/2021-1 од 9.9.2021, У.бр.35/2021-1 од 2.2.2022 и У.бр.36/2021-1 од 9.2.2022. -Инаку, врз основа на овој ДУП, кој е изгласан во ноември 2013 год. од советниците на ГРОМ и ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата во тогашниот мандат на Стевчо Јакимовски во општина Карпош, каде е вцртана маркичка за 28 катница, се планира изградба на споени згради од 2, 11, 18 и 19 ката, вкупно 50 ката со 419 стана. Инвеститори се ЗСФ КОМ на еден од најмоќните градежници во земјава, озлогласениот Фатмир Етеми и Делта 2015 Констракшн, која до лани беше во сопственост на Орка Холдинг на семејството на Орце Камчев, кога се продава за 5 милиони евра и недвижен имот во вредност од 8 милиони евра од новата градба, што претставува 25 отсто од објектот, на Специјал Градба во сопственост на бизнисменот Кочо Стојчески. Во меѓувреме Уставниот суд го укина регулацискиот план за оваа четврт, со кој беше ограничена висината на градбите. Подносител на иницијативата е адвокатот Бојан Милошевски, поранешен секретар на општина Карпош во изминатиот мандат на Стевчо Јакимовски, кој во овој мандат бил ангажиран за адвокатски услуги од општина Карпош, стои во соопштението од Иницијативата.  

The post „О2 Иницијатива“ со апел до уставните судии: Кој сѐ има профит од зградата позади бензиската Макпетрол во Карпош? appeared first on Република.

]]>
Јакимовски свечено пушти во употреба џамија во Карпош https://republika.mk/vesti/skopje/jakimovski-svecheno-pushti-vo-upotreba-dzamija-vo-karposh/ Thu, 15 Dec 2022 20:36:38 +0000 https://republika.mk/?p=586213

Изет Меџити, пратеник од редовите на ДУИ и поранешен градоначалник на Чаир, на својот Фејсбук профил објави информација за свеченото отворање на новата џамија во скопско Нерези.

На свеченото отворање освен градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети, присуствувал и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

На настанот присуствувале и високи лица од Исламската верска заедница, како и претставници на црквата Свети Пантелејмон.

Ја поздравувам конструктивноста што во овој процес ја покажа градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски. За високата меѓуверска толеранција и соживот меѓу заедниците во нашиот град сведочи и присуството на претставници на црквата Свети Пантелејмон“, меѓудругото, напиша Меџити на Фејсбук.

 

The post Јакимовски свечено пушти во употреба џамија во Карпош appeared first on Република.

]]>

Изет Меџити, пратеник од редовите на ДУИ и поранешен градоначалник на Чаир, на својот Фејсбук профил објави информација за свеченото отворање на новата џамија во скопско Нерези. На свеченото отворање освен градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети, присуствувал и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. На настанот присуствувале и високи лица од Исламската верска заедница, како и претставници на црквата Свети Пантелејмон.
Ја поздравувам конструктивноста што во овој процес ја покажа градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски. За високата меѓуверска толеранција и соживот меѓу заедниците во нашиот град сведочи и присуството на претставници на црквата Свети Пантелејмон“, меѓудругото, напиша Меџити на Фејсбук.
 

The post Јакимовски свечено пушти во употреба џамија во Карпош appeared first on Република.

]]>
Дел од Карпош денес без вода https://republika.mk/zivot/servisi/del-od-karposh-denes-bez-voda/ Fri, 11 Nov 2022 08:57:34 +0000 https://republika.mk/?p=572644

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради уличен дефект на водоводна мрежа Ф-2“ на ул.Џумајска 21 б, со прекинато водоснабдување ќе бидат парните броеви на ул.Козле од бр.30-86.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.

 

The post Дел од Карпош денес без вода appeared first on Република.

]]>

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради уличен дефект на водоводна мрежа Ф-2“ на ул.Џумајска 21 б, со прекинато водоснабдување ќе бидат парните броеви на ул.Козле од бр.30-86. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.  

The post Дел од Карпош денес без вода appeared first on Република.

]]>
Велјановски: Заложбите на Јакимовски за бетонизација на Карпош се личен интерес на него и неколку бизнисмени https://republika.mk/vesti/skopje/veljanovski-zalozbite-na-jakimovski-za-betonizacija-na-karposh-se-lichen-interes-na-nego-i-nekolku-biznismeni/ Wed, 08 Jun 2022 13:13:48 +0000 https://republika.mk/?p=512726

ВМРО-ДПМНЕ не е пријател на градежната мафија и никогаш нема да биде сојузник на бизнисмени кои сакаат да профитираат на грбот на народот и на животната средина. Ова е реакцијата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата За обнова на Македонија во Советот на Општина Карпош, откако градоначалникот Стевчо Јакимовски на прес конференција објави дека ја прекинува коалицијата со оваа партија поради, како што рече, опструкции, подметнувања, навреди, притисоци, па дури и рекет и закани кон стопанственици

Советникот Роберт Вељановски истакна дека прес – конференцијата на градоначалникот Стевче Јакимовски е реакција на цврстите заложби на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата по ниедна цена да не се дозволи понатамошна бетонизација на Карпош на штета на зелениот простор во Општината.

Несогласувањата на оваа тема се од првиот ден од преземањето на функцијата градоначалник на Општина Карпош. Господинот Стевчо Јакимовски наместо да се сврти кон граѓаните, нивните потреби и барања за почист Карпош, со повеќе зелени површини и содржини за рекреација, тој одбра да продолжи по стапките на Стефан Богоев.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не одобрија неколку обиди на Јакимовски за вцртување на згради на различни локации низ Карпош, кои освен за интересот на бизнисот не му служат никому. Јакимовски и покрај нашите бројни апели за прекин на бетонизацијата продолжува со намерите да штанца градежни дозволи.

Јакимовски и денес сакаше да помине нов ДУП со 7 нови згради во Злокуќани, како и претходните негови обиди за усвојување на ДУП-ови со нови згради, така и за овој Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не даде поддршка на планот и на денешната седница истиот не беше усвоен, рече Велјановски.

Велјановски истакана дека принципиелните заложби на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите и ветувањата пред граѓаните се нивна единствена водилка и приоритети кон кои тие се стремат.

Жал ни е што во овие наши заложби градоначалникот не се препозна, ниту пак ни се придружи. Разликата е јасна. Од една страна ние со заложбата за хумана урбанизација и зелен Карпош, од друга страна Јакимовски со неговите заложби за продолжување на бетонизација, рече Велјановски.

 

The post Велјановски: Заложбите на Јакимовски за бетонизација на Карпош се личен интерес на него и неколку бизнисмени appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ не е пријател на градежната мафија и никогаш нема да биде сојузник на бизнисмени кои сакаат да профитираат на грбот на народот и на животната средина. Ова е реакцијата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата За обнова на Македонија во Советот на Општина Карпош, откако градоначалникот Стевчо Јакимовски на прес конференција објави дека ја прекинува коалицијата со оваа партија поради, како што рече, опструкции, подметнувања, навреди, притисоци, па дури и рекет и закани кон стопанственици Советникот Роберт Вељановски истакна дека прес – конференцијата на градоначалникот Стевче Јакимовски е реакција на цврстите заложби на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата по ниедна цена да не се дозволи понатамошна бетонизација на Карпош на штета на зелениот простор во Општината.
Несогласувањата на оваа тема се од првиот ден од преземањето на функцијата градоначалник на Општина Карпош. Господинот Стевчо Јакимовски наместо да се сврти кон граѓаните, нивните потреби и барања за почист Карпош, со повеќе зелени површини и содржини за рекреација, тој одбра да продолжи по стапките на Стефан Богоев. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не одобрија неколку обиди на Јакимовски за вцртување на згради на различни локации низ Карпош, кои освен за интересот на бизнисот не му служат никому. Јакимовски и покрај нашите бројни апели за прекин на бетонизацијата продолжува со намерите да штанца градежни дозволи. Јакимовски и денес сакаше да помине нов ДУП со 7 нови згради во Злокуќани, како и претходните негови обиди за усвојување на ДУП-ови со нови згради, така и за овој Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не даде поддршка на планот и на денешната седница истиот не беше усвоен, рече Велјановски.
Велјановски истакана дека принципиелните заложби на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите и ветувањата пред граѓаните се нивна единствена водилка и приоритети кон кои тие се стремат.
Жал ни е што во овие наши заложби градоначалникот не се препозна, ниту пак ни се придружи. Разликата е јасна. Од една страна ние со заложбата за хумана урбанизација и зелен Карпош, од друга страна Јакимовски со неговите заложби за продолжување на бетонизација, рече Велјановски.
 

The post Велјановски: Заложбите на Јакимовски за бетонизација на Карпош се личен интерес на него и неколку бизнисмени appeared first on Република.

]]>
Карпош ќе субвенционира поправка на лифтови и покриви https://republika.mk/vesti/skopje/karposh-kje-subvencionira-popravka-na-liftovi-i-pokrivi/ Fri, 01 Apr 2022 12:24:48 +0000 https://republika.mk/?p=481964

Советниците на Општина Карпош на вчерашната седница ја изгласаа одлуката за за финансиска поддршка за поправка на постоечки лифтови и поставување нови лифтови во станбени згради за колективно домување, на територија на локалната самоуправа.

Станува збор за субвенционирање кое ќе биде поддржано со финансиски средства од буџетот на Општина Карпош за 2022 година по принципот прв дојден – прв услужен, а акцијата ќе трае до исцрпување на финансиските средства за таа намена. Општината ќе субвенционира 30%, но не повеќе од 250.000 денари од вкупниот износ на вредноста на поправката (санацијата) или поставување на нов лифт. Притоа, сопствениците на станови во станбените згради за колективно домување ќе ги обезбедат останатите финансиски средства во висина од најмалку 70% од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата. Вкупниот фонд на финансиската поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови изнесува 2.000.000 денари.

Со истата динамика, Советот ја одобри одлуката за обезбедување на финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективното домување и замена на азбестни покриви на индивидуални станбени објекти (куќи) во Општина Карпош. За оваа намена, локалната самоуправа обезбеди финансиски средства од својот буџет во висина од 3.000.000 денари, преку Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Карпош за 2022 година.

Според условите, Општината ќе субвенционира за колективни станбени објекти 30% но не повеќе од 200.000 денари, од вкупниот износ на вредноста на поправка и санација на кровен покривач за секоја одобрена апликација, поднесена од Заедница на станари или Управителот на станбената зграда врз основа на доставената најприфатлива понуда за материјали и работни позиции. Сопствениците на станови во станбените згради за колективно домување ќе ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од најмалку 70% од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата.

За индивидуални станбени објекти (куќи), Општина Карпош ќе субвенционира 30%, но не повеќе од 75.000 денари од вкупниот износ на вредноста на замената на азбестниот покрив, за секоја одобрена апликација. Во овој случај, сопствениците на индивидуалните станбени објекти (куќи), ќе ги обезбедат останатите финансиски средства во висина од најмалку 70% од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата и истото ќе го потврдат со изјави заверени на нотар.

 

The post Карпош ќе субвенционира поправка на лифтови и покриви appeared first on Република.

]]>

Советниците на Општина Карпош на вчерашната седница ја изгласаа одлуката за за финансиска поддршка за поправка на постоечки лифтови и поставување нови лифтови во станбени згради за колективно домување, на територија на локалната самоуправа. Станува збор за субвенционирање кое ќе биде поддржано со финансиски средства од буџетот на Општина Карпош за 2022 година по принципот прв дојден – прв услужен, а акцијата ќе трае до исцрпување на финансиските средства за таа намена. Општината ќе субвенционира 30%, но не повеќе од 250.000 денари од вкупниот износ на вредноста на поправката (санацијата) или поставување на нов лифт. Притоа, сопствениците на станови во станбените згради за колективно домување ќе ги обезбедат останатите финансиски средства во висина од најмалку 70% од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата. Вкупниот фонд на финансиската поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови изнесува 2.000.000 денари. Со истата динамика, Советот ја одобри одлуката за обезбедување на финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективното домување и замена на азбестни покриви на индивидуални станбени објекти (куќи) во Општина Карпош. За оваа намена, локалната самоуправа обезбеди финансиски средства од својот буџет во висина од 3.000.000 денари, преку Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Карпош за 2022 година. Според условите, Општината ќе субвенционира за колективни станбени објекти 30% но не повеќе од 200.000 денари, од вкупниот износ на вредноста на поправка и санација на кровен покривач за секоја одобрена апликација, поднесена од Заедница на станари или Управителот на станбената зграда врз основа на доставената најприфатлива понуда за материјали и работни позиции. Сопствениците на станови во станбените згради за колективно домување ќе ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од најмалку 70% од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата. За индивидуални станбени објекти (куќи), Општина Карпош ќе субвенционира 30%, но не повеќе од 75.000 денари од вкупниот износ на вредноста на замената на азбестниот покрив, за секоја одобрена апликација. Во овој случај, сопствениците на индивидуалните станбени објекти (куќи), ќе ги обезбедат останатите финансиски средства во висина од најмалку 70% од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата и истото ќе го потврдат со изјави заверени на нотар.  

The post Карпош ќе субвенционира поправка на лифтови и покриви appeared first on Република.

]]>
Арсовска на средба со урбаните заедници во Општина Карпош https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-na-sredba-so-urbanite-zaednici-vo-opshtina-karposh/ Wed, 16 Mar 2022 14:42:29 +0000 https://republika.mk/?p=473867

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска одржа координативен состанок со градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претставници на урбаните заедници од општината Карпош. На средбата присуствуваа и претставници на јавните градски претпријатија и на администрацијата на Град Скопје.

Тимовите од Град Скопје воспоставиja месечна соработка со Општината Карпош за да се запознаат со сите предизвици што ги имаат граѓаните и за да се одговори на нивните барања кои во најголем дел се од областа на сообраќајот, уредувањето на просторот со зеленило и комуналната хигиена. Изнесените барања од граѓаните ќе бидат дел од акцискиот план со проекти кои Градот Скопје ќе ги реализира во населените места во оваа општина.

Претставници од Град Скопје и од јавните градски претпријатија веќе почнаа теренски активности за целосна проценка на состојбата со населбите во Општина Карпош, која ја сочинуваат 13 урбани и 1 месна заедница.

Градоначалничката Данела Арсовска и тимови од Град Скопје во изминатиот период остварија средби со претставниците на месните и урбаните заедници од скопските општини. Целта на оваа активност на Град Скопје е да се излезе во пресрет на реалните проблеми на граѓаните и да се овозможи брз и рамномерен раст и развој на сите општини и населени места во нив, подеднакво.

The post Арсовска на средба со урбаните заедници во Општина Карпош appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска одржа координативен состанок со градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претставници на урбаните заедници од општината Карпош. На средбата присуствуваа и претставници на јавните градски претпријатија и на администрацијата на Град Скопје. Тимовите од Град Скопје воспоставиja месечна соработка со Општината Карпош за да се запознаат со сите предизвици што ги имаат граѓаните и за да се одговори на нивните барања кои во најголем дел се од областа на сообраќајот, уредувањето на просторот со зеленило и комуналната хигиена. Изнесените барања од граѓаните ќе бидат дел од акцискиот план со проекти кои Градот Скопје ќе ги реализира во населените места во оваа општина. Претставници од Град Скопје и од јавните градски претпријатија веќе почнаа теренски активности за целосна проценка на состојбата со населбите во Општина Карпош, која ја сочинуваат 13 урбани и 1 месна заедница. Градоначалничката Данела Арсовска и тимови од Град Скопје во изминатиот период остварија средби со претставниците на месните и урбаните заедници од скопските општини. Целта на оваа активност на Град Скопје е да се излезе во пресрет на реалните проблеми на граѓаните и да се овозможи брз и рамномерен раст и развој на сите општини и населени места во нив, подеднакво.

The post Арсовска на средба со урбаните заедници во Општина Карпош appeared first on Република.

]]>