Каролине Едштадлер Archives - Република https://republika.mk/tema/karoline-edshtadler/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Aug 2023 16:17:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Каролине Едштадлер Archives - Република https://republika.mk/tema/karoline-edshtadler/ 32 32 Земјите кандидати веќе да бидат на масата на ЕУ, но без право на глас, предлава Едштадлер https://republika.mk/vesti/makedonija/zemjite-kandidati-veke-da-bidat-na-masata-na-eu-no-bez-pravo-na-glas-predlava-edshtadler/ Wed, 30 Aug 2023 16:42:49 +0000 https://republika.mk/?p=677359

Австриската министерка за Европа, Каролине Едштадлер, денеска изјави дека нејзината земја се залага за интеграција на земјите-кандидати во Европската унија во фази, така што дури и пред формалното членство ќе им биде дозволено „да седнат на масата на ЕУ“ и да учествуваат во дијалог, иако без право на глас.

Во интервју за австриското државно радио, Едштадлер рече дека сега е вистинско време за ваква промена во процесот на проширување на ЕУ. Таа потсети дека таа и шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг и претходно искажувале таква идеја, но оценила дека сега е време да се спроведе.

Живееме во многу предизвикувачко време, доживуваме војна на европско тло. Кога, ако не сега, е моментот да се реформира процесот на проширување на Унијата. Време е за големи идеи и да се разбере дека населението мора да биде дел од него, рече Едштадлер.

Целта на европската интеграција, нагласи таа, останува полноправно членство, но тоа е долг пат полн со „болни реформи“.

Не можеме да очекуваме тоа да се случи преку ноќ, рече министерката, оценувајќи дека постепената интеграција ќе биде и награда за напорната работа што треба да ја направат земјите кандидати.

Постепената интеграција на земјите кандидати, вклучително и Молдавија и Украина, ќе ги натера да се чувствуваат дека веќе учествуваат во креирањето на европската политика, иако се уште немаат право на глас, рече Едштадлер.

Запрашана како тоа може да изгледа во пракса, таа рече дека преговорите со ЕУ се строго формален процес кој се одвива во кластери.

Кога една земја затвора кластер, на пример во областа на науката или образованието, треба да ѝ се дозволи да учествува во дискусии на таа тема во ЕУ, објасни Едштадлер.

Таа додаде дека според нејзиното искуство, во 2020 и 2021 година, малкумина лидери на ЕУ навистина го поддржаа проширувањето, но дека денес тоа е „здраворазумска работа“ за повеќето поради зголеменото влијание на Русија и Кина

The post Земјите кандидати веќе да бидат на масата на ЕУ, но без право на глас, предлава Едштадлер appeared first on Република.

]]>

Австриската министерка за Европа, Каролине Едштадлер, денеска изјави дека нејзината земја се залага за интеграција на земјите-кандидати во Европската унија во фази, така што дури и пред формалното членство ќе им биде дозволено „да седнат на масата на ЕУ“ и да учествуваат во дијалог, иако без право на глас. Во интервју за австриското државно радио, Едштадлер рече дека сега е вистинско време за ваква промена во процесот на проширување на ЕУ. Таа потсети дека таа и шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг и претходно искажувале таква идеја, но оценила дека сега е време да се спроведе.
Живееме во многу предизвикувачко време, доживуваме војна на европско тло. Кога, ако не сега, е моментот да се реформира процесот на проширување на Унијата. Време е за големи идеи и да се разбере дека населението мора да биде дел од него, рече Едштадлер.
Целта на европската интеграција, нагласи таа, останува полноправно членство, но тоа е долг пат полн со „болни реформи“.
Не можеме да очекуваме тоа да се случи преку ноќ, рече министерката, оценувајќи дека постепената интеграција ќе биде и награда за напорната работа што треба да ја направат земјите кандидати.
Постепената интеграција на земјите кандидати, вклучително и Молдавија и Украина, ќе ги натера да се чувствуваат дека веќе учествуваат во креирањето на европската политика, иако се уште немаат право на глас, рече Едштадлер. Запрашана како тоа може да изгледа во пракса, таа рече дека преговорите со ЕУ се строго формален процес кој се одвива во кластери.
Кога една земја затвора кластер, на пример во областа на науката или образованието, треба да ѝ се дозволи да учествува во дискусии на таа тема во ЕУ, објасни Едштадлер.
Таа додаде дека според нејзиното искуство, во 2020 и 2021 година, малкумина лидери на ЕУ навистина го поддржаа проширувањето, но дека денес тоа е „здраворазумска работа“ за повеќето поради зголеменото влијание на Русија и Кина

The post Земјите кандидати веќе да бидат на масата на ЕУ, но без право на глас, предлава Едштадлер appeared first on Република.

]]>
Османи: Нашата определба за членство во ЕУ е конзистентна https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-nashata-opredelba-za-chlenstvo-vo-eu-e-konzistentna/ Wed, 30 Mar 2022 15:36:22 +0000 https://republika.mk/?p=481034

Определбата на Македонија за членството во ЕУ е конзистентна и постојана. Новиот геополитички контекст по руската агресија во Украина само ги потврди нашите континуирани аргументи дека прашањето за проширувањето е пред се безбедносно прашање за регионот, порача министерот за надворешни работи, Бујар Османи по средбата со сојузна министерка за ЕУ и уставни прашања на Република Австрија, Каролине Едштадлер, во одговор на прашање.

Според министерот, определбата на земјава за членство во ЕУ е конзистента, пред се затоа што државата е георгафски, културно и историски дел од Европа и оттука припаѓа и на Европската Унија.

Потребата за консолидација на Европската Унија со овој дел од Европа кој е опкружен со земји членки, а не е дел од Европската Унија е исклучително важно за самата Европска Унија. Оттука, ние сметаме дека членството на регионот, и на нашата земја пред се, е од додадена безбедносна, политичка и економска вредност за самата ЕУ, рече Османи.

Тој напомена дека во овие моменти треба да бидеме сензитивни, затоа што пред се украинските цивили страдаат од агресијата која што се случува, и тоа го има приоритетот на нашето, па и на светското внимание.

Меѓутоа, мора да се гиржиме и за вулнерабилните точки на континентот како што е Западниот Блакан. Сметам дека не се менува интензитетот на нашата желба за членство во ЕУ, но свесноста верувам на соседите па и на земјите членки дека ова е важно не само за нас, туку е важно и за Европската Унија од безбедносен, политички и економски аспект, рече Османи.

The post Османи: Нашата определба за членство во ЕУ е конзистентна appeared first on Република.

]]>

Определбата на Македонија за членството во ЕУ е конзистентна и постојана. Новиот геополитички контекст по руската агресија во Украина само ги потврди нашите континуирани аргументи дека прашањето за проширувањето е пред се безбедносно прашање за регионот, порача министерот за надворешни работи, Бујар Османи по средбата со сојузна министерка за ЕУ и уставни прашања на Република Австрија, Каролине Едштадлер, во одговор на прашање. Според министерот, определбата на земјава за членство во ЕУ е конзистента, пред се затоа што државата е георгафски, културно и историски дел од Европа и оттука припаѓа и на Европската Унија.
Потребата за консолидација на Европската Унија со овој дел од Европа кој е опкружен со земји членки, а не е дел од Европската Унија е исклучително важно за самата Европска Унија. Оттука, ние сметаме дека членството на регионот, и на нашата земја пред се, е од додадена безбедносна, политичка и економска вредност за самата ЕУ, рече Османи.
Тој напомена дека во овие моменти треба да бидеме сензитивни, затоа што пред се украинските цивили страдаат од агресијата која што се случува, и тоа го има приоритетот на нашето, па и на светското внимание.
Меѓутоа, мора да се гиржиме и за вулнерабилните точки на континентот како што е Западниот Блакан. Сметам дека не се менува интензитетот на нашата желба за членство во ЕУ, но свесноста верувам на соседите па и на земјите членки дека ова е важно не само за нас, туку е важно и за Европската Унија од безбедносен, политички и економски аспект, рече Османи.

The post Османи: Нашата определба за членство во ЕУ е конзистентна appeared first on Република.

]]>
Едштадлер: Приемот на Скопје и Тирана е прашање на стабилноста и безбедноста на ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/edshtadler-priemot-na-skopje-i-tirana-e-prashanje-na-stabilnosta-i-bezbednosta-na-eu/ Wed, 30 Mar 2022 15:19:36 +0000 https://republika.mk/?p=481029

Многу е важно сега да го направиме следниот чекор што се однесува до преговорите на Македонија за пристапот во Европската унија, но и на другите земји, како на пример Албанија. Ние сакаме да си го одржиме зборот бидејќи пристапот на овие земји е прашање на стабилноста и безбедноста на ЕУ, нагласи сојузната министерка за ЕУ и уставни прашања на Република Австрија Каролине Едштадлер на денешната прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Повеќе од неопходно, вели таа, е да се направи следниот чекор и потенцира оти се надеваат во интензивните билатерални разговори што во моментов се водат меѓу Македонија ио Бугарија.

Ние бараме брз пристап, брза меѓуладина конференција, се надеваме дека тоа ќе се случи уште по француското претседателство, нагласи Едштадлер додавајќи дека напредокот што го постигна Македонија и покрај некои чекори назад е огромен во однос на јавната администрација, правдата и борбата против корупцијата.

Упати порака до граѓаните на Македонија да не ја загубат довербата во ЕУ.

Ние сме во критична ситуација и секој наш партнер ни е многу неопходен. Во името на Австрија ви ветувам ние се ќе направиме да се направи следниот чекор и темата Западен Балкан да биде на агендата на ЕУ, нагласи Едштадлер.

Министерот за надворешни работи Османи нагласи дека оваа посета за нас е уште една потврда за австриската недвосмислена поддршка во контекст на нашите евроинтеграции, како и за безбедносните, политичките и економските предизвици.

Тој посочи дека со Едштадлер разговарале за последните развои на геополитичката сцена, за јасната позиција на државата во осуда на агресијата кон Украина и мерките кои се преземени да се позиционираме во овие моменти.

Разговорите сакаме што побрзо да започнат зашто секојдневно покажуваме дека сме созреани и сме ги исполниле сите критериуми за пристапните преговори и резултатите кои излегуваат од оценката од сите земји членки на ЕУ ќе го признаат историскиот момент давајќи нова динамика. Благодарност за силната поддршка која Австрија ја дава во регионот. Во нас имате силен пријател, партнер и сојузник во регионот, нагласи Османи.

The post Едштадлер: Приемот на Скопје и Тирана е прашање на стабилноста и безбедноста на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Многу е важно сега да го направиме следниот чекор што се однесува до преговорите на Македонија за пристапот во Европската унија, но и на другите земји, како на пример Албанија. Ние сакаме да си го одржиме зборот бидејќи пристапот на овие земји е прашање на стабилноста и безбедноста на ЕУ, нагласи сојузната министерка за ЕУ и уставни прашања на Република Австрија Каролине Едштадлер на денешната прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Повеќе од неопходно, вели таа, е да се направи следниот чекор и потенцира оти се надеваат во интензивните билатерални разговори што во моментов се водат меѓу Македонија ио Бугарија.
Ние бараме брз пристап, брза меѓуладина конференција, се надеваме дека тоа ќе се случи уште по француското претседателство, нагласи Едштадлер додавајќи дека напредокот што го постигна Македонија и покрај некои чекори назад е огромен во однос на јавната администрација, правдата и борбата против корупцијата.
Упати порака до граѓаните на Македонија да не ја загубат довербата во ЕУ.
Ние сме во критична ситуација и секој наш партнер ни е многу неопходен. Во името на Австрија ви ветувам ние се ќе направиме да се направи следниот чекор и темата Западен Балкан да биде на агендата на ЕУ, нагласи Едштадлер.
Министерот за надворешни работи Османи нагласи дека оваа посета за нас е уште една потврда за австриската недвосмислена поддршка во контекст на нашите евроинтеграции, како и за безбедносните, политичките и економските предизвици. Тој посочи дека со Едштадлер разговарале за последните развои на геополитичката сцена, за јасната позиција на државата во осуда на агресијата кон Украина и мерките кои се преземени да се позиционираме во овие моменти.
Разговорите сакаме што побрзо да започнат зашто секојдневно покажуваме дека сме созреани и сме ги исполниле сите критериуми за пристапните преговори и резултатите кои излегуваат од оценката од сите земји членки на ЕУ ќе го признаат историскиот момент давајќи нова динамика. Благодарност за силната поддршка која Австрија ја дава во регионот. Во нас имате силен пријател, партнер и сојузник во регионот, нагласи Османи.

The post Едштадлер: Приемот на Скопје и Тирана е прашање на стабилноста и безбедноста на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски-Едштадлер: Австрија со исрена и недвосмислена поддршка за евроинтеграцијата на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-edshtadler-avstrija-so-isrena-i-nedvosmislena-poddrshka-za-evrointegracijata-na-makedonija/ Wed, 30 Mar 2022 14:54:31 +0000 https://republika.mk/?p=481019

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со министерката за Европа и уставни прашања на Австрија, Каролине Едштадлер.

На средбата ја истакнав благодарноста кон Република Австрија за континуираната, искрена и недвосмислена поддршка која ја дава на Македонија во изминатите години, која е од особено значење јасната поддршка на евроинтеграциите на Македонија, како стратешки приоритет и на Европската унија и на Македонија, порача Мицкоски.

The post Мицкоски-Едштадлер: Австрија со исрена и недвосмислена поддршка за евроинтеграцијата на Македонија appeared first on Република.

Австриската министерка за ЕУ во посета на Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/avstriskata-ministerka-za-eu-vo-poseta-na-skopje/ Wed, 30 Mar 2022 06:17:30 +0000 https://republika.mk/?p=480603

Сојузната министерка за ЕУ и уставни прашања на Австрија, Каролине Едштадлер, денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на земјава.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Едштадлер ќе има билатералната средба со нејзиниот домаќин, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на која во фокусот ќе бидат евроинтеграциската перспектива на регионот, односите со Бугарија, како и безбедносната криза.

Во рамки на официјалната посета на Скопје, Едштадлер ќе се сретне и со шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието Талат Џафери и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, а планирана е и нејзина средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

The post Австриската министерка за ЕУ во посета на Скопје appeared first on Република.

]]>

Сојузната министерка за ЕУ и уставни прашања на Австрија, Каролине Едштадлер, денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на земјава. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Едштадлер ќе има билатералната средба со нејзиниот домаќин, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на која во фокусот ќе бидат евроинтеграциската перспектива на регионот, односите со Бугарија, како и безбедносната криза. Во рамки на официјалната посета на Скопје, Едштадлер ќе се сретне и со шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието Талат Џафери и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, а планирана е и нејзина средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

The post Австриската министерка за ЕУ во посета на Скопје appeared first on Република.

]]>
Австрија: Во услови на војна во Украина, да не ги заборавиме земјите од Западен Балкан https://republika.mk/vesti/svet/avstrija-vo-uslovi-na-vojna-vo-ukraina-da-ne-gi-zaboravime-zemjite-od-zapaden-balkan/ Tue, 22 Mar 2022 12:17:45 +0000 https://republika.mk/?p=476595

Во услови на војната во Украина, австриската министерка за европски прашања Каролине Едштадлер денеска се заложи за напредок во процесот на пристапување во ЕУ на земјите од Западен Балкан

Токму сега не треба „да направиме грешка и да ги заборавиме земјите од Западен Балкан“. Напротив, треба да ги „врземе за ЕУ уште побрзо и поблиску - рече Едштадлер.

Овие земји припаѓаат на Унијата не само географски, туку и според нивната вредносна конструкција, изјави Едштадлер денеска во Брисел пред средбата со нејзините колеги од ЕУ.

Тоа е прашање на безбедност на Европа, но е и прашање на кредибилитет, нагласи министерката. Овие земји со децении го чекаат следниот чекор во пристапниот процес - потенцира таа.

Австрија, продолжува Едштадлер, „подолго време повикува нешто да се направи, особено кога се во прашање Македонија и Албанија“. Двете земји го чекаат почетокот на пристапните преговори, што ЕУ начелно им го вети.

Земјите како Австрија и Германија долго време повикуваат на опиплив напредок во приближувањето кон ЕУ за шесте земји од Западен Балкан Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Албанија и  Македонија. Од друга страна, другите земји – како Франција – се повеќе на сопирачките. Заморот од проширувањето на ЕУ се повеќе предизвикува фрустрација во регионот, оценува австриската јавна телевизија ОРФ.

Во однос на војната во Украина, Едштадлер го истакна единството на Европската унија кон надворешниот свет. Темата повторно ќе биде отстранување од зависноста од енергетските резерви на Русија.

На прашањето за петтиот пакет санкции на ЕУ против Русија, Едштадлер одговори дека сега е важно „од една страна да се задржи ладна глава“, а од друга страна да се пренесе силата кон надворешниот свет. Австрија ги поддржа сите претходни санкции, додаде таа.

The post Австрија: Во услови на војна во Украина, да не ги заборавиме земјите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Во услови на војната во Украина, австриската министерка за европски прашања Каролине Едштадлер денеска се заложи за напредок во процесот на пристапување во ЕУ на земјите од Западен Балкан
Токму сега не треба „да направиме грешка и да ги заборавиме земјите од Западен Балкан“. Напротив, треба да ги „врземе за ЕУ уште побрзо и поблиску - рече Едштадлер.
Овие земји припаѓаат на Унијата не само географски, туку и според нивната вредносна конструкција, изјави Едштадлер денеска во Брисел пред средбата со нејзините колеги од ЕУ.
Тоа е прашање на безбедност на Европа, но е и прашање на кредибилитет, нагласи министерката. Овие земји со децении го чекаат следниот чекор во пристапниот процес - потенцира таа.
Австрија, продолжува Едштадлер, „подолго време повикува нешто да се направи, особено кога се во прашање Македонија и Албанија“. Двете земји го чекаат почетокот на пристапните преговори, што ЕУ начелно им го вети. Земјите како Австрија и Германија долго време повикуваат на опиплив напредок во приближувањето кон ЕУ за шесте земји од Западен Балкан Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Албанија и  Македонија. Од друга страна, другите земји – како Франција – се повеќе на сопирачките. Заморот од проширувањето на ЕУ се повеќе предизвикува фрустрација во регионот, оценува австриската јавна телевизија ОРФ. Во однос на војната во Украина, Едштадлер го истакна единството на Европската унија кон надворешниот свет. Темата повторно ќе биде отстранување од зависноста од енергетските резерви на Русија. На прашањето за петтиот пакет санкции на ЕУ против Русија, Едштадлер одговори дека сега е важно „од една страна да се задржи ладна глава“, а од друга страна да се пренесе силата кон надворешниот свет. Австрија ги поддржа сите претходни санкции, додаде таа.

The post Австрија: Во услови на војна во Украина, да не ги заборавиме земјите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>