карлов универзитет Archives - Република https://republika.mk/tema/karlov-univerzitet/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Dec 2023 09:27:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png карлов универзитет Archives - Република https://republika.mk/tema/karlov-univerzitet/ 32 32 Во Чешка Ден на жалост за жртвите од пукањето на Карловиот универзитет https://republika.mk/vesti/svet/vo-cheshka-den-na-zhalost-za-zhrtvite-od-pukaneto-na-karloviot-univerzitet/ Sat, 23 Dec 2023 09:27:23 +0000 https://republika.mk/?p=725866

Во Чешка денеска е Ден на жалост, откако 24-годишен студент во четвртокот во пукање на Карловиот универзитет, уби 14 и рани 25 лица, а потоа си го одзеде животот.

Претседателот Петр Павел и други државни функционери се очекува да присуствуваат на мисата за загинатите во катедралата Свети Вит денеска во 11 часот, јавува Радио Праг интернешнл.

Знамињата низ цела Чешка се спуштени на половина копје, а црковните ѕвона ќе бијат напладне и ќе има едноминутно молчење низ целата земја за загинатите.

Во Прага, како и во другите чешки градови, мерките за полициски надзор се засилени, а полицајци патролираат по улиците пред божиќните празници, ги надгледуваат пазарите, трговските центри и другите места каде што се собираат голем број луѓе.

Културните настани за време на божиќниот викенд се откажани, а сите јавни настани ќе започнат со едноминутно молчење.

The post Во Чешка Ден на жалост за жртвите од пукањето на Карловиот универзитет appeared first on Република.

]]>

Во Чешка денеска е Ден на жалост, откако 24-годишен студент во четвртокот во пукање на Карловиот универзитет, уби 14 и рани 25 лица, а потоа си го одзеде животот. Претседателот Петр Павел и други државни функционери се очекува да присуствуваат на мисата за загинатите во катедралата Свети Вит денеска во 11 часот, јавува Радио Праг интернешнл. Знамињата низ цела Чешка се спуштени на половина копје, а црковните ѕвона ќе бијат напладне и ќе има едноминутно молчење низ целата земја за загинатите. Во Прага, како и во другите чешки градови, мерките за полициски надзор се засилени, а полицајци патролираат по улиците пред божиќните празници, ги надгледуваат пазарите, трговските центри и другите места каде што се собираат голем број луѓе. Културните настани за време на божиќниот викенд се откажани, а сите јавни настани ќе започнат со едноминутно молчење.

The post Во Чешка Ден на жалост за жртвите од пукањето на Карловиот универзитет appeared first on Република.

]]>
14 загинати и 25 повредени е конечниот биланс по пукотница на Карловиот универзитет во Прага https://republika.mk/vesti/svet/14-zaginati-i-25-povredeni-e-konechniot-bilans-po-pukotnitsa-na-karloviot-univerzitet-vo-praga/ Thu, 21 Dec 2023 21:16:27 +0000 https://republika.mk/?p=725483

Чешката полиција соопшти дека пукањето денеска на Карловиот универзитет во Прага загинале 14 луѓе и 25 се ранети, со што се ревидира претходно објавениот биланс од повеќе од 15 жртви.

„Во овој момент можам да потврдам 14 жртви на страшното злосторство и 25 ранети, од кои 10 потешко“, изјави началникот на полицијата Мартин Вондрашек.

-Нема индиции дека ова злосторство има каква било поврзаност со меѓународен тероризам, изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракушан на прес-конференција за пукањето во зградата на Карловиот универзитет.

https://republika.mk/vesti/svet/david-kozak-e-masovniot-ubiets-od-praga/

Злосторството се случи денеска во Универзитетот што се наоѓа во центарот на Прага.

Полицијата го идентификувала убиецот како студент на Факултетот за уметности на Универзитетот, каде што ги застрелал своите жртви. Давид К. (24) кој стуриал Светска историја бил пронајден мртов во истата зграда. Давид К. дипломирал во мај на тој универзитет. Полицијата соопшти дека напаѓачот се самоубил.

https://republika.mk/vesti/svet/student-objavi-fotografija-od-ulinitsata-kade-shto-se-kriel-chekame-evakuatsija-ova-e-pekol/

Таткото на убиецот е пронајден мртов рано денеска, соопшти полицијата.Чешки медиуми објавија дека најверојатно тој го убил својот татко и потоа се упатил со огнено оружје во Универизтетот.

Осомничениот за пукањето, оваа недела на Телеграм напишал дека го мрази светот и сака зад себе да остави што е можно повеќе болка, јавија чешките медиуми.

The post 14 загинати и 25 повредени е конечниот биланс по пукотница на Карловиот универзитет во Прага appeared first on Република.

]]>

Чешката полиција соопшти дека пукањето денеска на Карловиот универзитет во Прага загинале 14 луѓе и 25 се ранети, со што се ревидира претходно објавениот биланс од повеќе од 15 жртви. „Во овој момент можам да потврдам 14 жртви на страшното злосторство и 25 ранети, од кои 10 потешко“, изјави началникот на полицијата Мартин Вондрашек. -Нема индиции дека ова злосторство има каква било поврзаност со меѓународен тероризам, изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракушан на прес-конференција за пукањето во зградата на Карловиот универзитет. https://republika.mk/vesti/svet/david-kozak-e-masovniot-ubiets-od-praga/ Злосторството се случи денеска во Универзитетот што се наоѓа во центарот на Прага. Полицијата го идентификувала убиецот како студент на Факултетот за уметности на Универзитетот, каде што ги застрелал своите жртви. Давид К. (24) кој стуриал Светска историја бил пронајден мртов во истата зграда. Давид К. дипломирал во мај на тој универзитет. Полицијата соопшти дека напаѓачот се самоубил. https://republika.mk/vesti/svet/student-objavi-fotografija-od-ulinitsata-kade-shto-se-kriel-chekame-evakuatsija-ova-e-pekol/ Таткото на убиецот е пронајден мртов рано денеска, соопшти полицијата.Чешки медиуми објавија дека најверојатно тој го убил својот татко и потоа се упатил со огнено оружје во Универизтетот. Осомничениот за пукањето, оваа недела на Телеграм напишал дека го мрази светот и сака зад себе да остави што е можно повеќе болка, јавија чешките медиуми.

The post 14 загинати и 25 повредени е конечниот биланс по пукотница на Карловиот универзитет во Прага appeared first on Република.

]]>
Чешкиот министер за внатрешни работи: Пукањето во Прага не е поврзано со тероризам https://republika.mk/vesti/svet/cheshkiot-minister-za-vnatreshni-raboti-pukaneto-vo-praga-ne-e-povrzano-so-terorizam/ Thu, 21 Dec 2023 21:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=725479

Пукањето на универзитетот во центарот на Прага, во кое загинаа  15 луѓе, не е поврзано со меѓународен тероризам, соопшти чешката влада.

„Нема индикации дека ова злосторство има каква било поврзаност со меѓународен тероризам“, изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракусан на прес конференција за пукањето во зградата на Карловиот универзитет.

Повеќе од 15 лица загинаа, а најмалку 24 се ранети, според најновите податоци, во пукотница што се случи денеска во центарот на Прага.

Полицијата го идентификувала убиецот како студент на Факултетот за уметности на Универзитетот, каде што ги застрелал своите жртви. Мажот бил пронајден мртов во истата зграда.

Таткото на убиецот е пронајден мртов рано денеска, соопшти полицијата.

The post Чешкиот министер за внатрешни работи: Пукањето во Прага не е поврзано со тероризам appeared first on Република.

]]>

Пукањето на универзитетот во центарот на Прага, во кое загинаа  15 луѓе, не е поврзано со меѓународен тероризам, соопшти чешката влада. „Нема индикации дека ова злосторство има каква било поврзаност со меѓународен тероризам“, изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракусан на прес конференција за пукањето во зградата на Карловиот универзитет. Повеќе од 15 лица загинаа, а најмалку 24 се ранети, според најновите податоци, во пукотница што се случи денеска во центарот на Прага. Полицијата го идентификувала убиецот како студент на Факултетот за уметности на Универзитетот, каде што ги застрелал своите жртви. Мажот бил пронајден мртов во истата зграда. Таткото на убиецот е пронајден мртов рано денеска, соопшти полицијата.

The post Чешкиот министер за внатрешни работи: Пукањето во Прага не е поврзано со тероризам appeared first on Република.

]]>
Студент објави фотографија од улиницата каде што се криел: Чекаме евакуација, ова е пекол https://republika.mk/vesti/svet/student-objavi-fotografija-od-ulinitsata-kade-shto-se-kriel-chekame-evakuatsija-ova-e-pekol/ Thu, 21 Dec 2023 16:47:51 +0000 https://republika.mk/?p=725387

Пукањето на Карловиот универзитет во кое еден човек уби 10, а рани повеќе студенти и наставници за шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен е бесмислен чин кој однел неколку животи.

„Шокирана сум од бесмисленото пукање кое денеска однесе неколку животи во Прага. Им изразувам длабоко сочувство до семејствата на жртвите и до чешкиот народ во целина. Покрај вас сме и тагуваме со вас“, рече шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Напаѓачот, кого чешката полиција усеала да го ликвидира, уби 10 луѓе. Чешката телевизија јавува дека во масакрот биле убиени 11 лица, меѓу кои и напаѓачот. Најмалку 24 се повредени.

https://republika.mk/vesti/svet/pukane-na-karloviot-univerzitet-vo-praga-ima-mrtvi-i-raneti/

Додека траел крвавиот пир, за којшто се уште не се знае мотивот, професорите, студентите и вработените на Филозофскиот факултет попладнево добиле електронска пошта да се забарикадираат.

Сличен мејл добиле и вработените во Високата школа за уметност и индустрија, која исто така се наоѓа на Плоштадот „Јан Палах“.

„Останете каде што сте, не одете никаде. Доколку сте во канцелариите, заклучете ги и поставете го мебелот пред вратата. Исклучете ги светлата, напаѓачот најверојатно е на четврти кат во зграда на Плоштадот „Јан Палах“, стои во мејлот.

Еден од студентите на Твитер објави фотографија од училницата во која се криел.

„Во моментов сум забарикадиран во училница во Прага. Напаѓачот е мртов, но чекаме да бидеме евакуирани. Се молиме да преживееме. Ја заклучив вратата пред напаѓачот да се обиде да ја отвори. Ова е пекол“, напишал.

Поради трагичниот настан во главниот чешки град Чешкиот премиер Петр Фиала објави дека ги откажал должностите во Оломуц и се враќа во Прага. Тој побара од граѓаните да ги следат упатствата на службите.

Според некои студенти, девојка која се обидела да се спаси преку балкон, паднала. Оваа информација не е потврдена и не се знае состојбата на девојката.

The post Студент објави фотографија од улиницата каде што се криел: Чекаме евакуација, ова е пекол appeared first on Република.

]]>

Пукањето на Карловиот универзитет во кое еден човек уби 10, а рани повеќе студенти и наставници за шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен е бесмислен чин кој однел неколку животи.
„Шокирана сум од бесмисленото пукање кое денеска однесе неколку животи во Прага. Им изразувам длабоко сочувство до семејствата на жртвите и до чешкиот народ во целина. Покрај вас сме и тагуваме со вас“, рече шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Напаѓачот, кого чешката полиција усеала да го ликвидира, уби 10 луѓе. Чешката телевизија јавува дека во масакрот биле убиени 11 лица, меѓу кои и напаѓачот. Најмалку 24 се повредени. https://republika.mk/vesti/svet/pukane-na-karloviot-univerzitet-vo-praga-ima-mrtvi-i-raneti/ Додека траел крвавиот пир, за којшто се уште не се знае мотивот, професорите, студентите и вработените на Филозофскиот факултет попладнево добиле електронска пошта да се забарикадираат. Сличен мејл добиле и вработените во Високата школа за уметност и индустрија, која исто така се наоѓа на Плоштадот „Јан Палах“.
„Останете каде што сте, не одете никаде. Доколку сте во канцелариите, заклучете ги и поставете го мебелот пред вратата. Исклучете ги светлата, напаѓачот најверојатно е на четврти кат во зграда на Плоштадот „Јан Палах“, стои во мејлот.
Еден од студентите на Твитер објави фотографија од училницата во која се криел.
„Во моментов сум забарикадиран во училница во Прага. Напаѓачот е мртов, но чекаме да бидеме евакуирани. Се молиме да преживееме. Ја заклучив вратата пред напаѓачот да се обиде да ја отвори. Ова е пекол“, напишал.
Поради трагичниот настан во главниот чешки град Чешкиот премиер Петр Фиала објави дека ги откажал должностите во Оломуц и се враќа во Прага. Тој побара од граѓаните да ги следат упатствата на службите. Според некои студенти, девојка која се обидела да се спаси преку балкон, паднала. Оваа информација не е потврдена и не се знае состојбата на девојката.

The post Студент објави фотографија од улиницата каде што се криел: Чекаме евакуација, ова е пекол appeared first on Република.

]]>
Пукање на Карловиот универзитет во Прага, има мртви и ранети https://republika.mk/vesti/svet/pukane-na-karloviot-univerzitet-vo-praga-ima-mrtvi-i-raneti/ Thu, 21 Dec 2023 15:39:20 +0000 https://republika.mk/?p=725378

Чешката полиција денеска соопшти дека имало пукање на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет на плоштадот Јан Плах во Прага, во кое има и мртви.


Напаѓачот е убиен, целата зграда е евакуирана, а има десетици ранети, соопшти полицијата во последната објава на платформата X. Не се знае колку жртви има, пренесува Ројтерс.

Според достапните фотографии, маж со долго огнено оружје се движел по ходникот на факултетот, додека на другите слики се гледа како луѓето со кренати раце трчаат надвор од зградата, пишува чешкиот портал iDNES.cz.

The post Пукање на Карловиот универзитет во Прага, има мртви и ранети appeared first on Република.

]]>

Чешката полиција денеска соопшти дека имало пукање на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет на плоштадот Јан Плах во Прага, во кое има и мртви. Напаѓачот е убиен, целата зграда е евакуирана, а има десетици ранети, соопшти полицијата во последната објава на платформата X. Не се знае колку жртви има, пренесува Ројтерс. Според достапните фотографии, маж со долго огнено оружје се движел по ходникот на факултетот, додека на другите слики се гледа како луѓето со кренати раце трчаат надвор од зградата, пишува чешкиот портал iDNES.cz.

The post Пукање на Карловиот универзитет во Прага, има мртви и ранети appeared first on Република.

]]>