Караваџо Archives - Република https://republika.mk/tema/karavadho/ За подобро да се разбереме Thu, 09 May 2024 11:31:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Караваџо Archives - Република https://republika.mk/tema/karavadho/ 32 32 Музејот Прадо во Мадрид ќе го изложи новопотврденото ремек дело на Караваџо https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/muzejot-prado-vo-madrid-ke-go-izlozhi-novopotvrdenoto-remek-delo-na-karavadho/ Thu, 09 May 2024 11:31:48 +0000 https://republika.mk/?p=776341

Љубителите на уметноста ќе имаат можност да го видат портретот на Исус Христос изработен од славниот Карваџо кој ќе биде изложен во музејот Прадо во Мадрид, откако експертите утврдија дека навистина е дело на италијанскиот мајстор.

Музејот оваа седмица објави дека постигнал договор со новиот сопственик на маслото на платно, чиј идентитет не го соопшти. Водството на музејот „El Prado“ објави дека „Ecce Homo“ е едно од најголемите откритија во историјата на уметноста, бидејќи има само околу 60 познати дела на Караваџо.

„Ecce Homo“ (Еве го човекот) е насликана меѓу 1605 и 1609 година и се верува дека некогаш припаѓала на приватната колекција на шпанскиот крал Филип IV. Прикажува сцена од библискиот Нов завет во која Понтиј Пилат го претставува Христос на толпата. На него е прикажан Христос во агонија со круната од трње на главата и крв што му капе од челото.

Во 2021 година, Шпанија ја блокираше аукцијата на сликата, првично припишана на непознат врсник на Шпанецот Хозе де Рибера од XVII век, откако експертите сугерираа дека можеби е дело на Микеланџело Мериси да Караваџо.

Претходните сопственици потоа ја задолжија галеријата „Colnaghi“, со седиште во Лондон и Њујорк, да го истражат авторството на сликата, да ја обноват сликата и потенцијално да ја продадат.

Музејот „El Prado“ во понеделникот соопшти дека резултатите од истрагата, кои го потврдуваат првичното припишување на италијанскиот мајстор, ќе бидат објавени за да се совпадне со откривањето на сликата на 28-ми мај на специјална изложба. Делото ќе биде изложено до октомври, стои во соопштението на музејот.

Цитирани се четворица експерти за слики на Караваџо и барокот, меѓу кои и професорката по историја на уметност Марија Кристина Терзаги и историчарот на уметност Џани Папи, кои сликата ја нарекуваат „ремек-дело“.

Италијанскиот барокен сликар, кој починал во 1610 година во доцните триесетти години по турбулентен живот, бил мајстор на техниката киароскуро.

The post Музејот Прадо во Мадрид ќе го изложи новопотврденото ремек дело на Караваџо appeared first on Република.

]]>

Љубителите на уметноста ќе имаат можност да го видат портретот на Исус Христос изработен од славниот Карваџо кој ќе биде изложен во музејот Прадо во Мадрид, откако експертите утврдија дека навистина е дело на италијанскиот мајстор. Музејот оваа седмица објави дека постигнал договор со новиот сопственик на маслото на платно, чиј идентитет не го соопшти. Водството на музејот „El Prado“ објави дека „Ecce Homo“ е едно од најголемите откритија во историјата на уметноста, бидејќи има само околу 60 познати дела на Караваџо. „Ecce Homo“ (Еве го човекот) е насликана меѓу 1605 и 1609 година и се верува дека некогаш припаѓала на приватната колекција на шпанскиот крал Филип IV. Прикажува сцена од библискиот Нов завет во која Понтиј Пилат го претставува Христос на толпата. На него е прикажан Христос во агонија со круната од трње на главата и крв што му капе од челото. Во 2021 година, Шпанија ја блокираше аукцијата на сликата, првично припишана на непознат врсник на Шпанецот Хозе де Рибера од XVII век, откако експертите сугерираа дека можеби е дело на Микеланџело Мериси да Караваџо. Претходните сопственици потоа ја задолжија галеријата „Colnaghi“, со седиште во Лондон и Њујорк, да го истражат авторството на сликата, да ја обноват сликата и потенцијално да ја продадат. Музејот „El Prado“ во понеделникот соопшти дека резултатите од истрагата, кои го потврдуваат првичното припишување на италијанскиот мајстор, ќе бидат објавени за да се совпадне со откривањето на сликата на 28-ми мај на специјална изложба. Делото ќе биде изложено до октомври, стои во соопштението на музејот. Цитирани се четворица експерти за слики на Караваџо и барокот, меѓу кои и професорката по историја на уметност Марија Кристина Терзаги и историчарот на уметност Џани Папи, кои сликата ја нарекуваат „ремек-дело“. Италијанскиот барокен сликар, кој починал во 1610 година во доцните триесетти години по турбулентен живот, бил мајстор на техниката киароскуро.

The post Музејот Прадо во Мадрид ќе го изложи новопотврденото ремек дело на Караваџо appeared first on Република.

]]>