капацитет Archives - Република https://republika.mk/tema/kapacitet/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Dec 2023 08:44:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png капацитет Archives - Република https://republika.mk/tema/kapacitet/ 32 32 Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто https://republika.mk/zivot/patuvanja/turistichkite-kapatsiteti-za-praznitsite-ispolneti-do-80-otsto/ Fri, 29 Dec 2023 08:44:09 +0000 https://republika.mk/?p=727710

Домашните капацитети во Скопје, Охрид, Крушево, Дојран и Битола, но и во зимските центри, за новогодишните и божиќните празници ќе бидат исполнети 70 до 80 отсто. Ова е оценката на Љупчо Јаневски, кој до пред два дена беше директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Во разговор за МИА, направен пред да поднесе оставка од функцијата, Јаневски ги коментираше актуелните состојби, но и проекциите за наредниот период. Рече дека во 2024 година очекува донесување на стратегијата за туризмот, прераснување на Агенцијата за туризам во министерство, создавање туристичка инспекција и туристичка полиција, како и дигитализација на секторот преку е-платформа која ќе овозможи, како што истакнува, реално планирање и објективни бројки, намалување на сивата економија и нов инвестициски циклус.

Јаневски, како што изјави за МИА, поднесе оставка од лични причини.

The post Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто appeared first on Република.

]]>

Домашните капацитети во Скопје, Охрид, Крушево, Дојран и Битола, но и во зимските центри, за новогодишните и божиќните празници ќе бидат исполнети 70 до 80 отсто. Ова е оценката на Љупчо Јаневски, кој до пред два дена беше директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ). Во разговор за МИА, направен пред да поднесе оставка од функцијата, Јаневски ги коментираше актуелните состојби, но и проекциите за наредниот период. Рече дека во 2024 година очекува донесување на стратегијата за туризмот, прераснување на Агенцијата за туризам во министерство, создавање туристичка инспекција и туристичка полиција, како и дигитализација на секторот преку е-платформа која ќе овозможи, како што истакнува, реално планирање и објективни бројки, намалување на сивата економија и нов инвестициски циклус. Јаневски, како што изјави за МИА, поднесе оставка од лични причини.    

The post Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто appeared first on Република.

]]>
Лефков: Оваа Влада ниту има капацитет, ниту знае да се справи со актуелната криза и ја води Македонија од една во друга криза https://republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-ovaa-vlada-nitu-ima-kapacitet-nitu-znae-da-se-spravi-so-aktuelnata-kriza-i-ja-vodi-makedonija-od-edna-vo-druga-kriza/ Sun, 06 Nov 2022 15:57:41 +0000 https://republika.mk/?p=570425

Повеќе од јасно е дека оваа Влада ниту има капацитет, ниту знае како да се справи и ја води Македонија од една криза во друга криза. За тоа сме сведоци не само ние политичарите, туку сите граѓани кои секој ден, откако ќе им стигнат сметките за електрична енергија, без разлика дали сте обичен граѓанин или се занимавате со бизнис, ќе видите дека тонеме на секое поле, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денештото линковско вклучување од вториот ден на политичкиот саем на промените што носат иднина во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека Македонија бележи порази и во образованието, при што нашите ученици и деца ни учат без учебници, имаме порази и кога станува збор за електрична енергија, па сите потфрлања кои што ги имаат државно поседуваните енергетски компании, за жал се плаќаат со пари кои што ги немаме.

Електричната енергија набавуваме со пари кои ги немаме, односно ги позајмуваме. Единствено реални се провизиите кои што, за жал, ги земаат овие од власта кои што провизиите ги договараат на исти коалициони средби на кои што се договараат избори на уставни судии и именување на било какви високи функционери. Практично имаме урнисување на секое поле. Дали ќе стане збор за демократијата, каде што гледаме едно целосно нефункционално Собрание, дали ќе стане збор за економијата, видоме и гедаме дека македонскиот бизнис плаќа двојно поскапа електрична енергија од онаа која што ја плаќаат бизнисмените во регионот, исткна Лефков.

И сето тоа, додаде Лефков, поради немањето капацитет, неодговорност и би рекол, криминалот и корупцијата кои што се присутни кај владината коалиција, кои единствено се грижат за личниот профит на одредена нивна партиска елита.

И за жал, ќе видите сега дека во Македонија има инфлација од 18,7%, а една од најголемите лаги кои што тие ги повторуваат дека инфлацијата во Македонија била увезена. Погледнете го надворешниот трговски биланс и ќе бидите дека размената на Македонија е со Германија, со Бугарија, со Србија, со Грција и збирно тие држави имаат инфлација, меѓутоа таа инфлација не надминува 10,5 или 10,6 проценти. И парадоксално е, какоинфлацијата во Македонија доаѓа до 18,7%, меѓу тоа, одговорот е токму во корупцијата. Затоа што корупцијата во Македонија може да биде измерена и тоа може да биде измерена кога ќе ја погледнете разликата од инфлациите во земјите од евро зоната со кои го имаме трговскиот биланс и инфлацијата која што ја имаме во Македонија. Корупцијата може да биде измерена кога ќе ги погледнете бројките за набавка на електрична енергија или за плаќање на високи пенали кои ги плаќаме за неовластено преземање на струјата од веропските енергетски системи, и инфлацијата може да биде измерена кога ќе погледнете дека во Македонија имаме пад на индистриското производство и пад на продуктивноста на трудот, посочи Лефков.

Додаде дека пад на продуктивноста на трудот е една работа покрај сите тоа што сите порази, имаме и зголемување на даночната евазија или на прикривањето на плаќањето на данок и тоа го говорат сите релевантни светски извештаи, од кои податоци може да се види дека Македонија собирала помалку данок од државите од ОЕЦД за 10,6% а во последните години таа разлика се зголемува на 16, 17, и 18 проценти.

The post Лефков: Оваа Влада ниту има капацитет, ниту знае да се справи со актуелната криза и ја води Македонија од една во друга криза appeared first on Република.

]]>

Повеќе од јасно е дека оваа Влада ниту има капацитет, ниту знае како да се справи и ја води Македонија од една криза во друга криза. За тоа сме сведоци не само ние политичарите, туку сите граѓани кои секој ден, откако ќе им стигнат сметките за електрична енергија, без разлика дали сте обичен граѓанин или се занимавате со бизнис, ќе видите дека тонеме на секое поле, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денештото линковско вклучување од вториот ден на политичкиот саем на промените што носат иднина во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека Македонија бележи порази и во образованието, при што нашите ученици и деца ни учат без учебници, имаме порази и кога станува збор за електрична енергија, па сите потфрлања кои што ги имаат државно поседуваните енергетски компании, за жал се плаќаат со пари кои што ги немаме.