канонскиот статус на МПЦ-ОА Archives - Република https://republika.mk/tema/kanonskiot-status-na-mpc-oa/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Nov 2022 20:07:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png канонскиот статус на МПЦ-ОА Archives - Република https://republika.mk/tema/kanonskiot-status-na-mpc-oa/ 32 32 Тодоров: Немаме намера да дискутираме за црковни прашања и црковниот статус на МПЦ-ОА https://republika.mk/vesti/makedonija/todorov-nemame-namera-da-diskutirame-za-crkovni-prashanja-i-crkovniot-status-na-mpc-oa/ Mon, 28 Nov 2022 20:07:10 +0000 https://republika.mk/?p=579364

Членот на заедничката Комисија за образовни и историски прашања меѓу Македонија и Бугарија, Петар Тодоров, вели дека од македонскиот дел на Комисијата биле изненадени кога слушнале дека во јавноста се пренесува дека на последниот состанок со бугарските колеги дискутирале за црковни прашања.

На средбите дискутираме за прашања поврзани со историјата на црквите од Средниот век, историјата на христијанството, тоа подразбира историјата и на Охридската архиепископија и дека нас не интересира како таа црковна институција средновековна е претставена во учебниците и таа тема беше предмет на дискусија и на последната 22-ра средба. Навистина бевме изненадени кога видовме дека во јавноста се пренесува дека дискутираме за црковни прашања, за црковниот статус на МПЦ-ОА, што не е наша намера, ниту сме имале намера да дискутираме за такви теми, вели Тодоров за Сител ТВ.

Тој изрази жалење што пласирањето на таквите дезинформации довело голем број луѓе да дискутираат, анализираат, да носат судови, вели, врз основа на нешто што не постои.

Прашањето што ние го отвараме е како се претставува историјата на Охридската архиепископија во 10-ти, 11-ти, 12-ти, 13-ти и 14-ти век, а не како се отвара прашањето за статусот на МПЦ Охридската архиепископија денес. И тука треба да се внимава, да не се доведува јавноста во заблуда, да не се манипипулира со нејзините чувства, тука мислам на македонскиот народ, оцени Тодоров.

Членовите на македонскиот тим на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија вчера преку соопштение до медиумите реагираа на, како што наведоа, некоректното информирање на јавноста за темите кои се предмет на дискусија во работата на Комисијата.

The post Тодоров: Немаме намера да дискутираме за црковни прашања и црковниот статус на МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>

Одлуката за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА била ветена уште во декември https://republika.mk/vesti/makedonija/odlukata-za-priznavanje-na-kanonskiot-status-na-mpc-oa-bila-vetena-ushte-vo-dekemvri/ Sun, 15 May 2022 11:06:26 +0000 https://republika.mk/?p=502490

Вселенскиот патријарх Вартоломеј уште во декември минатат година и ветил на МПЦ-ОА дека ќе донесе одлука за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА, како прв чекор до признавање на Автокефалноста, објавува ексклузивно Религија.мк.

Тоа може да се забележи од неговото обраќање кон монасите од Бигорскиот манастир, кои тогаш беа во посета на Вселенската Патријаршија.

– Сите знаеме дека постои проблем со вашата помесна Црква, еден проблем што ве држи веќе неколку децении надвор од заедничарењето со останатите помесни православни автокефални цркви. За среќа, тој проблем не се должи на догматски, верски причини. Имаме иста вера, исти догми, исто крштевање, исти икони, исти светители. Проблемот е административен, канонски, па затоа се благонадеваме дека ќе се најде конечно решение. Мајката Црква во Константинопол не престанува ни за момент да се интересира за решавање на тој проблем и мислиме дека првиот стадиум ќе биде вашето повторно влегување во канонски поредок и во канонско општење со останатите православни цркви и дека другото ќе си дојде со добро настроение и со дијалог, изјавил во декември Вартоломеј пред монасите од Бигорски.

Веста досега не беше позната за јавноста. Во обраќањето Веленскиот патријарх вели дека една од должностите на Константинополскиот патријарх, согласно со свештените канони од Вселенските собори, е да биде чувар на канонскиот поредок во целата Православна Црква…

Денес – утре ќе си заминете, ќе се вратите во вашите манастири. Сакам да заминете со уверување дека ве следи молитвата и благословот на Мајката Црква во Константинопол. И сега, додека постои познатиот проблем, но и понатаму, а и вечно, секогаш ќе бидете деца на оваа Црква маченица – прославена, но многу пострадана. Доколку ги изземеме старите цркви на Исток, сите православни народи, сите сте чеда на оваа Црква. Ве прегрнуваме со љубов, со срдечност, со молитва секогаш!, изјавил Вартоломеј.

Ова покажува дека токму Вселенскиот патријарх подолго време работел на решавање на статусот на МПЦ-ОА и му било јасно каде е клучниот проблем, а не како што вечерва пишуваат српските медиуми дека тој ја претркал СПЦ која имала иста намера. Впрочем Вартоломеј и на погребот на Српскиот патријарх Павле во Белград ја повика СПЦ да го реши канонското прашање на МПЦ-ОА, но иако од тогаш се сменија двајца поглавари, решение немаше ниту на повидок.

The post Одлуката за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА била ветена уште во декември appeared first on Република.

]]>

Вселенскиот патријарх Вартоломеј уште во декември минатат година и ветил на МПЦ-ОА дека ќе донесе одлука за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА, како прв чекор до признавање на Автокефалноста, објавува ексклузивно Религија.мк. Тоа може да се забележи од неговото обраќање кон монасите од Бигорскиот манастир, кои тогаш беа во посета на Вселенската Патријаршија.