кандидат за Оскар Archives - Република https://republika.mk/tema/kandidat-za-oskar/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jul 2024 11:37:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кандидат за Оскар Archives - Република https://republika.mk/tema/kandidat-za-oskar/ 32 32 Македонија годинава ќе нема кандидат за Оскар, соопштија од Друштвото на филмски работници https://republika.mk/scena/film/makedonija-godinava-ke-nema-kandidat-za-oskar-soopshtija-od-drushtvoto-na-filmski-rabotnitsi/ Tue, 23 Jul 2024 11:37:08 +0000 https://republika.mk/?p=799516

Македонскиот филм е заглавен во „кал“. Не се сервисираат проектите кои се во развој, во продукција или се завршени. Нема нови проекти, прекинати се или се загрозени речиси сите регионални и меѓународни соработки, а Македонија годинава нема да има ни кандидат за Оскар, едноставно затоа што нема филм кој ги исполнува прилично едноставните услови пропишани од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, се вели во соопштението на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) испратено до медиумите.

Како што велат од ДФРМ, она на што Друштвото предупредувало подолго време, а поради што всушност биле во отворен конфликт со министрите за култура, особено со министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, е дека паушалното и безумно кратење на буџетот за филм ќе ги афектира проектите во годините пред нас, што како што истакнуваат тие, за жал станува реалност.

Погубните деструктивни политики, мотивирани од незнаење, поточно елементарно непознавање на филмската дејност и реваншизмот кон оние кои со години се борат за подобри услови за производство на филм, ја доведоа македонската кинематографија до колопас. Покрај безумните и нелогични кратења кон најголемиот амбасадор на нашата култура – филмот, овие состојби се и последица на она на кое јавноста е сведок веќе подолго време – очајната ПР капмања која се води против Друштвото на филмските работници, токму од оној за кого не важат правилата, законите, професионална етика и принципот на колегијалност. Друштвото на филмски работници на Македонија стана предмет на подмолни анонимни пријави, за кусо потоа да се обелодени нивниот подносител и автор. А само затоа што ДФРМ и фелата отворено и недвосмислено станаа против добивање на државни средства на сметка пред завршување на конкурсните процедури пропишани со закон, против испумпување милионски суми пари на сопствени сметки надвор од земјава за наводен равој или промоција како и против неколегијалното однесување, саможивноста и алчноста, посочуваат во соопштението од ДФРМ.

Како што истакнуваат понатаму од ДФРМ, тие искрено веруваат дека институциите на системот ќе се одважат, ќе ги расветлат и казнат криминалите кои со години тежат и го влечат македонскиот филм во бездна и ќе докажат дека во нашата земја нема простор за манипулации со јавноста и политичките структури, злоупотреба на моќ и лажно употребување на терминот „политички прогон” во земјава и надвор од неа, сè со цел да се скријат сторените дела.

И во оваа прилика, уште еднаш бараме од министерот Зоран Љутков да ја откочи „зарибаната“ филмска машина и да им овозможи на авторите и филмските работниците да снимаат, а нашите филмови да одат напред. Да ги расчисти сите дилеми присутни во јавноста и да воспостави принципи на либералност, транспарентност и еднаквост, како елементарен предуслов на секоја демократска држава и секоја современа кинематографија, додаваат од ДФРМ.

 

 

The post Македонија годинава ќе нема кандидат за Оскар, соопштија од Друштвото на филмски работници appeared first on Република.

]]>

Македонскиот филм е заглавен во „кал“. Не се сервисираат проектите кои се во развој, во продукција или се завршени. Нема нови проекти, прекинати се или се загрозени речиси сите регионални и меѓународни соработки, а Македонија годинава нема да има ни кандидат за Оскар, едноставно затоа што нема филм кој ги исполнува прилично едноставните услови пропишани од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, се вели во соопштението на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) испратено до медиумите. Како што велат од ДФРМ, она на што Друштвото предупредувало подолго време, а поради што всушност биле во отворен конфликт со министрите за култура, особено со министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, е дека паушалното и безумно кратење на буџетот за филм ќе ги афектира проектите во годините пред нас, што како што истакнуваат тие, за жал станува реалност.
Погубните деструктивни политики, мотивирани од незнаење, поточно елементарно непознавање на филмската дејност и реваншизмот кон оние кои со години се борат за подобри услови за производство на филм, ја доведоа македонската кинематографија до колопас. Покрај безумните и нелогични кратења кон најголемиот амбасадор на нашата култура – филмот, овие состојби се и последица на она на кое јавноста е сведок веќе подолго време – очајната ПР капмања која се води против Друштвото на филмските работници, токму од оној за кого не важат правилата, законите, професионална етика и принципот на колегијалност. Друштвото на филмски работници на Македонија стана предмет на подмолни анонимни пријави, за кусо потоа да се обелодени нивниот подносител и автор. А само затоа што ДФРМ и фелата отворено и недвосмислено станаа против добивање на државни средства на сметка пред завршување на конкурсните процедури пропишани со закон, против испумпување милионски суми пари на сопствени сметки надвор од земјава за наводен равој или промоција како и против неколегијалното однесување, саможивноста и алчноста, посочуваат во соопштението од ДФРМ.
Како што истакнуваат понатаму од ДФРМ, тие искрено веруваат дека институциите на системот ќе се одважат, ќе ги расветлат и казнат криминалите кои со години тежат и го влечат македонскиот филм во бездна и ќе докажат дека во нашата земја нема простор за манипулации со јавноста и политичките структури, злоупотреба на моќ и лажно употребување на терминот „политички прогон” во земјава и надвор од неа, сè со цел да се скријат сторените дела.
И во оваа прилика, уште еднаш бараме од министерот Зоран Љутков да ја откочи „зарибаната“ филмска машина и да им овозможи на авторите и филмските работниците да снимаат, а нашите филмови да одат напред. Да ги расчисти сите дилеми присутни во јавноста и да воспостави принципи на либералност, транспарентност и еднаквост, како елементарен предуслов на секоја демократска држава и секоја современа кинематографија, додаваат од ДФРМ.
   

The post Македонија годинава ќе нема кандидат за Оскар, соопштија од Друштвото на филмски работници appeared first on Република.

]]>
ДФРМ објави повик за национален филм-кандидат за наградата Оскар за интернационален филм https://republika.mk/scena/film/dfrm-objavi-povik-za-natsionalen-film-kandidat-za-nagradata-oskar-za-internatsionalen-film/ Mon, 15 Jul 2024 09:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=796942

Друштвото на филмските работници објавува повик за пријавување на продукциите кои ги имаат завршено своите филмски проекти и би можеле да потврдат дека ги исполнуваат (или ќе ги исполнат) критериумите зададени од страна на Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, со цел кандидирање на национален претставник за наградата – ОСКАР за најдобар интернационален филм.

Сите заинтересирани продукции, можат да го пријават својот филм најдоцна до 12ти август 2024 година на официјалниот маил на ДФРМ: [email protected]

The post ДФРМ објави повик за национален филм-кандидат за наградата Оскар за интернационален филм appeared first on Република.

]]>

Друштвото на филмските работници објавува повик за пријавување на продукциите кои ги имаат завршено своите филмски проекти и би можеле да потврдат дека ги исполнуваат (или ќе ги исполнат) критериумите зададени од страна на Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, со цел кандидирање на национален претставник за наградата – ОСКАР за најдобар интернационален филм. Сите заинтересирани продукции, можат да го пријават својот филм најдоцна до 12ти август 2024 година на официјалниот маил на ДФРМ: [email protected]

The post ДФРМ објави повик за национален филм-кандидат за наградата Оскар за интернационален филм appeared first on Република.

]]>
„Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски е македонски кандидат за Оскар за долгометражен интернационален филм https://republika.mk/vesti/kultura/domakinstvo-za-pochetnitsi-vo-rezhija-na-goran-stolevski-e-makedonski-kandidat-za-oskar-za-dolgometrazhen-internatsionalen-film/ Wed, 13 Sep 2023 13:06:54 +0000 https://republika.mk/?p=681621

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“. Одлуката денеска ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на Комисијата, Кастриот Авдили – продуцент и режисер, Ана Стојановска – актерка, Марина Колоска – камера оператор, Лидија Мојсовска – режисерка, Емилија Ивановска-Атанасовска – костимографка, Ебру Мусли – актерка и Раде Василев – костимограф. Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „М“ во режија на Вардан Тозија и „Преекспонирано“ режиран од Елеонора Венинова.

„Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција - Скопје неодамна ја имаше светската премиера на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција, каде ја доби 17. Queer Lion награда, во конкуренција од 16 филмови, меѓу кои и филмовите на Dog Man на Лук Бесон и Maestro на Бредли Купер. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на РСМ, а продуцент е Марија Димитрова од Лист продукција - Скопје. Главните улоги ги толкуваат: Анамариа Маринка (позната по филмот „4 месеци 3 недели 2 дена“ (2007) на Кристиан Мунгиу) и Алина Сербан од Романија, Владимир Тинтор од Хрватска, Самсон Селим, Миа Мустафа и Џада Селим од Македонија.

Членовите на Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм”, според Статутот на Друштвото на филмските работници на Македонија ги избира претседателот на друштвото, Игор Иванов, а изборот на членови го одобрува Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука (Academy of Motion Picture Arts and Sciences – AMPAS).

Друштвото на филмските работници на Македонија е задолжено за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм” од самото осамостојување на Република Македонија, кога од Американската Академија за подвижни слики (AMPAS) беше препознаено како единствена релевантна институција за комуникација, селекција и кандидатура на македонски претставник за наградата.

96-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи на 10. март 2024 година, во Dolby театарот во Лос Анџелес.

The post „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски е македонски кандидат за Оскар за долгометражен интернационален филм appeared first on Република.

]]>

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“. Одлуката денеска ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на Комисијата, Кастриот Авдили – продуцент и режисер, Ана Стојановска – актерка, Марина Колоска – камера оператор, Лидија Мојсовска – режисерка, Емилија Ивановска-Атанасовска – костимографка, Ебру Мусли – актерка и Раде Василев – костимограф. Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „М“ во режија на Вардан Тозија и „Преекспонирано“ режиран од Елеонора Венинова. „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција - Скопје неодамна ја имаше светската премиера на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција, каде ја доби 17. Queer Lion награда, во конкуренција од 16 филмови, меѓу кои и филмовите на Dog Man на Лук Бесон и Maestro на Бредли Купер. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на РСМ, а продуцент е Марија Димитрова од Лист продукција - Скопје. Главните улоги ги толкуваат: Анамариа Маринка (позната по филмот „4 месеци 3 недели 2 дена“ (2007) на Кристиан Мунгиу) и Алина Сербан од Романија, Владимир Тинтор од Хрватска, Самсон Селим, Миа Мустафа и Џада Селим од Македонија. Членовите на Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм”, според Статутот на Друштвото на филмските работници на Македонија ги избира претседателот на друштвото, Игор Иванов, а изборот на членови го одобрува Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука (Academy of Motion Picture Arts and Sciences – AMPAS). Друштвото на филмските работници на Македонија е задолжено за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм” од самото осамостојување на Република Македонија, кога од Американската Академија за подвижни слики (AMPAS) беше препознаено како единствена релевантна институција за комуникација, селекција и кандидатура на македонски претставник за наградата. 96-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи на 10. март 2024 година, во Dolby театарот во Лос Анџелес.

The post „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски е македонски кандидат за Оскар за долгометражен интернационален филм appeared first on Република.

]]>
„Нема да си сама“ на Горан Столевски австралиски кандидат за „Оскар“ https://republika.mk/scena/film/nema-da-si-sama-na-goran-stolevski-avstraliski-kandidat-za-oskar/ Wed, 02 Nov 2022 12:21:54 +0000 https://republika.mk/?p=568772

Дебитантскиот долгометражен филм на австралискиот режисер Горан Столевски „Нема да си сама“ е австралиски кандидат за најдобар странски филм за Оскар. Столевски е роден во Македонија, но живее и работи на релација Австралија-Велика Британија.

Во филмот, чие дејство се случува во изолирано планинско село во Македонија во 19. век, играат и македонските актерки Сара Климоска, Верица Недеска и Камка Тоциновски.

 

The post „Нема да си сама“ на Горан Столевски австралиски кандидат за „Оскар“ appeared first on Република.

]]>

Дебитантскиот долгометражен филм на австралискиот режисер Горан Столевски „Нема да си сама“ е австралиски кандидат за најдобар странски филм за Оскар. Столевски е роден во Македонија, но живее и работи на релација Австралија-Велика Британија. Во филмот, чие дејство се случува во изолирано планинско село во Македонија во 19. век, играат и македонските актерки Сара Климоска, Верица Недеска и Камка Тоциновски.  

The post „Нема да си сама“ на Горан Столевски австралиски кандидат за „Оскар“ appeared first on Република.

]]>