Канарски острови Archives - Република https://republika.mk/tema/kanarski-ostrovi/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Apr 2024 16:39:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Канарски острови Archives - Република https://republika.mk/tema/kanarski-ostrovi/ 32 32 Жителите на Канарските острови демонстрираа против масовниот туризам https://republika.mk/vesti/svet/zhitelite-na-kanarskite-ostrovi-demonstriraa-protiv-masovniot-turizam/ Sat, 20 Apr 2024 16:39:09 +0000 https://republika.mk/?p=768539

Десетици илјади луѓе демонстрираа денеска на шпанските Канарски острови во знак на протест против масовниот туризам на архипелагот во Атлантскиот Океан во близина на брегот на Африка.

Според полицијата имало 20.000 луѓе, а според организаторите 50.000 во поворки низ улиците на градовите на Канарските острови, кои свиреле и извикувале слогани против неограничен туризам.

Демонстрантите носеа натписи „Жителите на Канарските острови не се на продажба“, „Мораториум на туризамот“ и „Почитувај го местото каде што живеам“.

За организаторите на демонстрациите, сегашниот економски модел е штетен и за жителите и за животната средина. Бараат надлежните да го ограничат бројот на туристи.

Ние не сме против туризмот. Само бараме да го сменат сегашниот модел кој овозможува неограничен раст на туризмот, рече еден од демонстрантите.

Насобраните бараат да се запре изградбата на два нови хотели на Тенерифе, најголемиот и најразвиениот од седумте острови на архипелагот, а жителите да имаат право на глас при донесувањето одлуки за развој на туризмот.

Демонстрации на поддршка беа одржани и во Мадрид и Барселона.

Сместени на брегот на Северна Африка, Канарските Острови привлекуваат туристи со нивните вулкански пејзажи и сончеви плажи. Архипелагот со 2,2 милиони жители лани примил 16 милиони туристи.

Една четвртина од населението работи во туризмот, што носи 36 отсто од бруто домашниот производ (БДП).

 

The post Жителите на Канарските острови демонстрираа против масовниот туризам appeared first on Република.

]]>

Десетици илјади луѓе демонстрираа денеска на шпанските Канарски острови во знак на протест против масовниот туризам на архипелагот во Атлантскиот Океан во близина на брегот на Африка. Според полицијата имало 20.000 луѓе, а според организаторите 50.000 во поворки низ улиците на градовите на Канарските острови, кои свиреле и извикувале слогани против неограничен туризам. Демонстрантите носеа натписи „Жителите на Канарските острови не се на продажба“, „Мораториум на туризамот“ и „Почитувај го местото каде што живеам“. За организаторите на демонстрациите, сегашниот економски модел е штетен и за жителите и за животната средина. Бараат надлежните да го ограничат бројот на туристи.
Ние не сме против туризмот. Само бараме да го сменат сегашниот модел кој овозможува неограничен раст на туризмот, рече еден од демонстрантите.
Насобраните бараат да се запре изградбата на два нови хотели на Тенерифе, најголемиот и најразвиениот од седумте острови на архипелагот, а жителите да имаат право на глас при донесувањето одлуки за развој на туризмот. Демонстрации на поддршка беа одржани и во Мадрид и Барселона. Сместени на брегот на Северна Африка, Канарските Острови привлекуваат туристи со нивните вулкански пејзажи и сончеви плажи. Архипелагот со 2,2 милиони жители лани примил 16 милиони туристи. Една четвртина од населението работи во туризмот, што носи 36 отсто од бруто домашниот производ (БДП).  

The post Жителите на Канарските острови демонстрираа против масовниот туризам appeared first on Република.

]]>
Кај Канарските острови исчезна брод со околу 200 мигранти https://republika.mk/vesti/svet/kaj-kanarskite-ostrovi-ischezna-brod-so-okolu-200-migranti/ Mon, 10 Jul 2023 10:36:15 +0000 https://republika.mk/?p=659672

род со околу 200 мигранти од Сенегал исчезна во близина на Канарските острови, а според невладините организации, на него има многу деца.

Во потрагата по исчезнатите учествуваат шпански спасувачи, а невладината организација „Walking Borders“ наведува дека бродот испловил пред една недела од пристаништето Кафунтин во Сенегал, кое е на околу 1.700 километри од Тенерифе, јави Би-би-си.

Се додава дека во потрагата учествува и авион, како и дека исчезнале уште два случајни брода со 60 и 65 лица.

The post Кај Канарските острови исчезна брод со околу 200 мигранти appeared first on Република.

]]>

род со околу 200 мигранти од Сенегал исчезна во близина на Канарските острови, а според невладините организации, на него има многу деца. Во потрагата по исчезнатите учествуваат шпански спасувачи, а невладината организација „Walking Borders“ наведува дека бродот испловил пред една недела од пристаништето Кафунтин во Сенегал, кое е на околу 1.700 километри од Тенерифе, јави Би-би-си. Се додава дека во потрагата учествува и авион, како и дека исчезнале уште два случајни брода со 60 и 65 лица.

The post Кај Канарските острови исчезна брод со околу 200 мигранти appeared first on Република.

]]>