канабис Archives - Република https://republika.mk/tema/kanabis/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 08:04:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png канабис Archives - Република https://republika.mk/tema/kanabis/ 32 32 Во Мала Речица пронаден расадник со канабис, уапсено едно лице https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-mala-rechitsa-pronaden-rasadnik-so-kanabis-uapseno-edno-litse/ Thu, 02 May 2024 08:04:04 +0000 https://republika.mk/?p=773246

Во Тетово вчера во 18.45 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода А.Т.(35) од село Мала Речица, тетовско.

Како што денеска соопштија од МВР, при претрес во домот кој го користи под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени саксии со насади од растението канабис, шишиња со течност и други предмети поврзани со делото.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Во Мала Речица пронаден расадник со канабис, уапсено едно лице appeared first on Република.

]]>

Во Тетово вчера во 18.45 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода А.Т.(35) од село Мала Речица, тетовско. Како што денеска соопштија од МВР, при претрес во домот кој го користи под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени саксии со насади од растението канабис, шишиња со течност и други предмети поврзани со делото. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Во Мала Речица пронаден расадник со канабис, уапсено едно лице appeared first on Република.

]]>
Германија го либерализира пазарот на канабис https://republika.mk/vesti/svet/germanija-go-liberalizira-pazarot-na-kanabis/ Mon, 01 Apr 2024 07:12:14 +0000 https://republika.mk/?p=760750

Германија го либерализира пазарот на канабис, декриминализирајќи го поседувањето мали количини од денеска, јави ДПА.

Како втор чекор, на „клубовите за канабис“ ќе им биде дозволено од 1 јули да одгледуваат канабис за лична употреба на своите членови.

Станува легално да се набавува до 25 грама марихуана дневно или максимум 50 грама месечно за лична употреба преку регулирани здруженија, како и да се одгледуваат до три растенија дома. За лица под 21 година, количината е ограничена на 30 грама.

Од 1 јули жителите на Германија постари од 18 години ќе можат да се приклучат на „клубовите за канабис“ - непрофитни организации со најмногу 500 членови. Трошоците на клубовите ќе бидат покриени со членарина, чиј износ ќе зависи од количината на марихуана што ја користи соодветниот член.

Новиот режим го прави германскиот закон за канабис еден од најлибералните во Европа, забележува Ал Џезира.

The post Германија го либерализира пазарот на канабис appeared first on Република.

]]>

Германија го либерализира пазарот на канабис, декриминализирајќи го поседувањето мали количини од денеска, јави ДПА. Како втор чекор, на „клубовите за канабис“ ќе им биде дозволено од 1 јули да одгледуваат канабис за лична употреба на своите членови. Станува легално да се набавува до 25 грама марихуана дневно или максимум 50 грама месечно за лична употреба преку регулирани здруженија, како и да се одгледуваат до три растенија дома. За лица под 21 година, количината е ограничена на 30 грама. Од 1 јули жителите на Германија постари од 18 години ќе можат да се приклучат на „клубовите за канабис“ - непрофитни организации со најмногу 500 членови. Трошоците на клубовите ќе бидат покриени со членарина, чиј износ ќе зависи од количината на марихуана што ја користи соодветниот член. Новиот режим го прави германскиот закон за канабис еден од најлибералните во Европа, забележува Ал Џезира.

The post Германија го либерализира пазарот на канабис appeared first on Република.

]]>
Албанската полиција откри пластеници со над 37 илјади садници канабис https://republika.mk/vesti/balkan/albanskata-politsija-otkri-plastenitsi-so-nad-37-iljadi-sadnitsi-kanabis/ Thu, 28 Mar 2024 14:54:04 +0000 https://republika.mk/?p=759862

Албанската полиција кај Велипоја открила пластеници со марихуана, при што запленила 37.336 садници од ова наркотично растение.

Акцијата ја поздрави министерот за внатрешни работи Таулант Бала и им честиташе на припадниците на државната полиција за акцијата.

Доаѓањето на пролетта ги враќа и напорите на криминалните групи за одгледување наркотични растенија. Државната полиција мора да ги интензивира превентивните акции уште од првите моменти на обиди за одгледување наркотични растенија. Им честитам на полициските службеници од регионалниот комесаријат - Скадар за заплената на 37.336 садници канабис сатива и за последователните активности за спречување обиди за одгледување наркотични растенија, напиша тој на Фејсбук, објавувајќи и видео запис од акцијата.

Порача дека ги охрабрува сите структури на државната полиција да ги засилат контролите со цел да се спречи оваа појава.

Во акцијата уапсено е едно лице, а по друго се трага а запленети се и автомобил, трактор и предмети што се користат за оваа криминална активност.

The post Албанската полиција откри пластеници со над 37 илјади садници канабис appeared first on Република.

]]>

Албанската полиција кај Велипоја открила пластеници со марихуана, при што запленила 37.336 садници од ова наркотично растение. Акцијата ја поздрави министерот за внатрешни работи Таулант Бала и им честиташе на припадниците на државната полиција за акцијата.
Доаѓањето на пролетта ги враќа и напорите на криминалните групи за одгледување наркотични растенија. Државната полиција мора да ги интензивира превентивните акции уште од првите моменти на обиди за одгледување наркотични растенија. Им честитам на полициските службеници од регионалниот комесаријат - Скадар за заплената на 37.336 садници канабис сатива и за последователните активности за спречување обиди за одгледување наркотични растенија, напиша тој на Фејсбук, објавувајќи и видео запис од акцијата.
Порача дека ги охрабрува сите структури на државната полиција да ги засилат контролите со цел да се спречи оваа појава. Во акцијата уапсено е едно лице, а по друго се трага а запленети се и автомобил, трактор и предмети што се користат за оваа криминална активност.

The post Албанската полиција откри пластеници со над 37 илјади садници канабис appeared first on Република.

]]>
Германија воведува делумна легализација на канабисот од 1 април: Ова се правилата https://republika.mk/vesti/svet/germanija-voveduva-delumna-legalizatsija-na-kanabisot-od-1-april-ova-se-pravilata/ Fri, 22 Mar 2024 15:48:47 +0000 https://republika.mk/?p=757500

Германскиот Парламент одобри делумна легализација на канабисот за лична употреба од 1 април.

Бундесратот (Горниот дом на Парламентот) на седница го усвои предлог-законот за делумна легализација на канабисот, откако минатиот месец беше изгласан во Бундестагот (Долниот дом).

Новиот закон дозволува возрасните лица да можат да поседуваат до 25 грама канабис за лична употреба на јавни места, да можат да одгледуваат до три стебла канабис дома и да поседуваат до 50 грама канабис за лична употреба таму.

Пушењето марихуана на јавни места ќе биде забрането во училиштата, спортските објекти и на 100 метри од нив.

The post Германија воведува делумна легализација на канабисот од 1 април: Ова се правилата appeared first on Република.

]]>

Германскиот Парламент одобри делумна легализација на канабисот за лична употреба од 1 април. Бундесратот (Горниот дом на Парламентот) на седница го усвои предлог-законот за делумна легализација на канабисот, откако минатиот месец беше изгласан во Бундестагот (Долниот дом). Новиот закон дозволува возрасните лица да можат да поседуваат до 25 грама канабис за лична употреба на јавни места, да можат да одгледуваат до три стебла канабис дома и да поседуваат до 50 грама канабис за лична употреба таму. Пушењето марихуана на јавни места ќе биде забрането во училиштата, спортските објекти и на 100 метри од нив.

The post Германија воведува делумна легализација на канабисот од 1 април: Ова се правилата appeared first on Република.

]]>
Германија ја легализираше рекреативната употреба на канабисот https://republika.mk/vesti/svet/germanija-ja-legalizirashe-rekreativnata-upotreba-na-kanabisot/ Fri, 23 Feb 2024 16:38:19 +0000 https://republika.mk/?p=747537

Германскиот парламент денеска го усвои законот со кој се дозволува рекреативна употреба на канабисот.

Според новиот закон, на лицата постари од 18 години ќе им биде дозволено да поседуваат значителни количества канабис, а пушењето канабис на многу јавни места ќе стане легално од 1 април, јави Би-Би-Си.

На јавни места ќе биде дозволено поседување до 25 грама, а во приватни домови до 50 грама.

Пушењето канабис во близина на училишта и спортски терени ќе биде забрането, додека купувањето канабис ќе продолжи да биде строго регулирано.

The post Германија ја легализираше рекреативната употреба на канабисот appeared first on Република.

]]>

Германскиот парламент денеска го усвои законот со кој се дозволува рекреативна употреба на канабисот. Според новиот закон, на лицата постари од 18 години ќе им биде дозволено да поседуваат значителни количества канабис, а пушењето канабис на многу јавни места ќе стане легално од 1 април, јави Би-Би-Си. На јавни места ќе биде дозволено поседување до 25 грама, а во приватни домови до 50 грама. Пушењето канабис во близина на училишта и спортски терени ќе биде забрането, додека купувањето канабис ќе продолжи да биде строго регулирано.

The post Германија ја легализираше рекреативната употреба на канабисот appeared first on Република.

]]>
Властите во Германија стравуваат дека легализацијата на канабисот ќе го зголеми криминалот https://republika.mk/vesti/svet/vlastite-vo-germanija-stravuvaat-deka-legalizatsijata-na-kanabisot-ke-go-zgolemi-kriminalot/ Wed, 21 Feb 2024 12:00:51 +0000 https://republika.mk/?p=746524

Министрите за внатрешни работи на германските сојузни покраини стравуваат дека легализацијата на канабисот ќе го зголеми опсегот на организираниот криминал.

Во писмото од конференцијата на министрите за внатрешни работи до германската Влада (СПД, Зелените и ФДП), се наведува дека „нацрт-законот масовно ја олеснува нелегалната трговија со канабис“.

Министрите се загрижени дека повеќе луѓе ќе користат канабис откако тој ќе стане легален. Тие стравуваат, повикувајќи се на оценката на експертите од криминалистичката полиција, дека тоа ќе го направи пазарот поголем и уште попривлечен за криминалците, бидејќи веќе има силна нелегална трговија со канабис.

Главното студио на јавниот сервис АРД имало пристап до тоа писмо, кое претходно го објави и „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

The post Властите во Германија стравуваат дека легализацијата на канабисот ќе го зголеми криминалот appeared first on Република.

]]>

Министрите за внатрешни работи на германските сојузни покраини стравуваат дека легализацијата на канабисот ќе го зголеми опсегот на организираниот криминал. Во писмото од конференцијата на министрите за внатрешни работи до германската Влада (СПД, Зелените и ФДП), се наведува дека „нацрт-законот масовно ја олеснува нелегалната трговија со канабис“. Министрите се загрижени дека повеќе луѓе ќе користат канабис откако тој ќе стане легален. Тие стравуваат, повикувајќи се на оценката на експертите од криминалистичката полиција, дека тоа ќе го направи пазарот поголем и уште попривлечен за криминалците, бидејќи веќе има силна нелегална трговија со канабис. Главното студио на јавниот сервис АРД имало пристап до тоа писмо, кое претходно го објави и „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

The post Властите во Германија стравуваат дека легализацијата на канабисот ќе го зголеми криминалот appeared first on Република.

]]>
Расчистена кражбата на пола тон канабис од Чегране https://republika.mk/vesti/crna-hronika/raschistena-krazhbata-na-pola-ton-kanabis-od-chegrane/ Thu, 28 Dec 2023 10:58:16 +0000 https://republika.mk/?p=727457

Полицијата го расчистила случајот со разбојништво во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране што се случи во ноември годинава и при што беа одземени 44 вреќи со 552,85 килограми канабис. Во врска со случајот поднесени се кривични пријави за пет лица.

Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по преземени мерки и активности и обезбедени материјално - технички докази во содејство и координација со Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Охрид, ОВР Струга и ОВР Дебар целосно го расчистија разбојништвото извршено на 26 ноември годинава во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране.

Како што информираат денеска од Министерството за внатрешни работи, вчера и завчера полициските службеници лишиле од слобода пет лица, а Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“ против; Н.И.(39) од Дебар, Н.Р.(29) и Г.С.(36) од Струга и гостиварците Р.Б.(32) и Г.Б.(18).

Тие се сомничат дека на 26-ти минатиот месец околу 22 часот и 30 минути физички го нападнале вработениот во обезбедувањето на фабриката во Чегране, а потоа заканувајќи му се со огнено оружје го врзале, по што од просториите на правното лице одзеле 44 вреќи со вкупно 552, 85 килограми канабис.

The post Расчистена кражбата на пола тон канабис од Чегране appeared first on Република.

]]>

Полицијата го расчистила случајот со разбојништво во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране што се случи во ноември годинава и при што беа одземени 44 вреќи со 552,85 килограми канабис. Во врска со случајот поднесени се кривични пријави за пет лица. Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по преземени мерки и активности и обезбедени материјално - технички докази во содејство и координација со Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Охрид, ОВР Струга и ОВР Дебар целосно го расчистија разбојништвото извршено на 26 ноември годинава во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране. Како што информираат денеска од Министерството за внатрешни работи, вчера и завчера полициските службеници лишиле од слобода пет лица, а Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“ против; Н.И.(39) од Дебар, Н.Р.(29) и Г.С.(36) од Струга и гостиварците Р.Б.(32) и Г.Б.(18). Тие се сомничат дека на 26-ти минатиот месец околу 22 часот и 30 минути физички го нападнале вработениот во обезбедувањето на фабриката во Чегране, а потоа заканувајќи му се со огнено оружје го врзале, по што од просториите на правното лице одзеле 44 вреќи со вкупно 552, 85 килограми канабис.

The post Расчистена кражбата на пола тон канабис од Чегране appeared first on Република.

]]>
Со халуцинации и повраќање хоспитализирани 60 деца што јаделе бонбони со канабис во Јамајка https://republika.mk/vesti/svet/so-halutsinatsii-i-povrakane-hospitalizirani-60-detsa-shto-jadele-bonboni-so-kanabis-vo-jamajka/ Wed, 04 Oct 2023 07:31:57 +0000 https://republika.mk/?p=687669

Повеќе од 60 деца од основно училиште во Јамајка се хоспитализирани откако изеле колачи од канабис во боја на виножито поради што повраќаат и халуцинираат, изјави министерката за образование на таа карипска земја на платформата X.

Уверена сум дека заедно можеме да го зајакнеме нашиот безбедносен и безбедносен режим за да се бориме против несовесната продажба на производи од марихуана на децата, рече Фејвал Вилијамс, велејќи дека се нашла во „нај несреќни“ околности со родителите и акционерите на основното училиште Очо Риос.

Вилијамс сподели фотографија пријавена до нејзиното министерство на која има пакет „гумени ленти со виножито“ - секој содржи 100 милиграми ТХЦ, што е силна доза дури и за возрасни.

Јамајка го декриминализираше поседувањето до 57 грама марихуана од религиозни, медицински и научни причини во 2015 година и формираше агенција за лиценцирање за легалната индустрија за медицински канабис.

Радио Јамајка објави дека Здружението на одгледувачи и производители на марихуана од Јамајка предлага јавна едукативна програма за одговорно конзумирање од возрасни и спречување на конзумирање од деца, како и залагање за посоодветно пакување.

The post Со халуцинации и повраќање хоспитализирани 60 деца што јаделе бонбони со канабис во Јамајка appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 60 деца од основно училиште во Јамајка се хоспитализирани откако изеле колачи од канабис во боја на виножито поради што повраќаат и халуцинираат, изјави министерката за образование на таа карипска земја на платформата X.
Уверена сум дека заедно можеме да го зајакнеме нашиот безбедносен и безбедносен режим за да се бориме против несовесната продажба на производи од марихуана на децата, рече Фејвал Вилијамс, велејќи дека се нашла во „нај несреќни“ околности со родителите и акционерите на основното училиште Очо Риос.
Вилијамс сподели фотографија пријавена до нејзиното министерство на која има пакет „гумени ленти со виножито“ - секој содржи 100 милиграми ТХЦ, што е силна доза дури и за возрасни. Јамајка го декриминализираше поседувањето до 57 грама марихуана од религиозни, медицински и научни причини во 2015 година и формираше агенција за лиценцирање за легалната индустрија за медицински канабис. Радио Јамајка објави дека Здружението на одгледувачи и производители на марихуана од Јамајка предлага јавна едукативна програма за одговорно конзумирање од возрасни и спречување на конзумирање од деца, како и залагање за посоодветно пакување.

The post Со халуцинации и повраќање хоспитализирани 60 деца што јаделе бонбони со канабис во Јамајка appeared first on Република.

]]>
Косовската полиција откри плантажа со 20 илјади стебла канабис на границата со Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/kosovskata-politsija-otkri-plantazha-so-20-iljadi-stebla-kanabis-na-granitsata-so-albanija/ Sat, 16 Sep 2023 16:31:48 +0000 https://republika.mk/?p=682461

Полицијата на Косово соопшти дека денеска открила плантажа со околу 20 илјади стебла од растението канабис во граничниот појас меѓу Косово и Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на косовската полиција, во соработка со Полицијата на Албанија претходно е идентификувана плантажата во близина на селото Кошаре, внатре на територијата на Косово. Пантажата засадена со наркотичните растенија е во големина од околу еден хектар.

Полициски службеници... уште во 1.30 часот на 16.09.2023, започнаа со спроведување на оперативно-тактичкиот план. Во 03:00 часот полициските единици беа на местото каде што се засасдени наркотичните растенија (канабис). На граничниот појас меѓу Република Косово и Република Албанија, во Кошаре, во близина на Пирамидата Ц4, на територијата на Република Косово, најдени се околу 20 илјади садници, за кои се сомнева дека се канабис, се вели во соопштението.

Расветлувањето на случајот ќе продолжи во координација со единиците за анти-дрога и надлежните судски органи, соопшти полицијата

The post Косовската полиција откри плантажа со 20 илјади стебла канабис на границата со Албанија appeared first on Република.

]]>

Полицијата на Косово соопшти дека денеска открила плантажа со околу 20 илјади стебла од растението канабис во граничниот појас меѓу Косово и Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на косовската полиција, во соработка со Полицијата на Албанија претходно е идентификувана плантажата во близина на селото Кошаре, внатре на територијата на Косово. Пантажата засадена со наркотичните растенија е во големина од околу еден хектар.
Полициски службеници... уште во 1.30 часот на 16.09.2023, започнаа со спроведување на оперативно-тактичкиот план. Во 03:00 часот полициските единици беа на местото каде што се засасдени наркотичните растенија (канабис). На граничниот појас меѓу Република Косово и Република Албанија, во Кошаре, во близина на Пирамидата Ц4, на територијата на Република Косово, најдени се околу 20 илјади садници, за кои се сомнева дека се канабис, се вели во соопштението.
Расветлувањето на случајот ќе продолжи во координација со единиците за анти-дрога и надлежните судски органи, соопшти полицијата

The post Косовската полиција откри плантажа со 20 илјади стебла канабис на границата со Албанија appeared first on Република.

]]>
Германија ја поддржа легализацијата на рекреативната употреба на канабис https://republika.mk/vesti/svet/germanija-ja-poddrzha-legalizatsijata-na-rekreativnata-upotreba-na-kanabis/ Wed, 16 Aug 2023 20:30:42 +0000 https://republika.mk/?p=672839

Германската влада во средата поднесе контроверзен предлог-закон за легализирање на рекреативната употреба и одгледување марихуана, што е во согласност со светскиот тренд на либерализација на законите за канабис.

Предлог-законот, кој допрва треба да биде одобрен од парламентот, им дозволува на возрасните да поседуваат до 25 грама од лекот и да одгледуваат до три растенија.

Левичарската влада на канцеларот Олаф Шолц се надева дека законот ќе го спречи црниот пазар, ќе ги заштити потрошувачите од контаминирана марихуана и ќе го намали товарот на правосудниот систем.

Доколку парламентот го одобри нацрт-законот, Германија ќе биде земја со еден од најлибералните закони за канабис во Европа.

Опозициските конзервативци предупредуваат дека ваквиот закон ќе ја поттикне употребата на марихуана, а со тоа ќе им даде на властите уште повеќе работа.

Легализацијата на марихуаната за рекреативни цели го поттикна растот на потрошувачката и здравствените проблеми поврзани со канабисот, заклучи Агенцијата на ОН за дрога во март.

Владата на Шолц веќе ги омекна првичните планови, кои вклучуваа широка продажба на канабис во лиценцирани продавници низ целата земја.

Наместо тоа, таа рече дека ќе започне пилот проект за мал број лиценцирани продавници во некои региони за тестирање на ефектите од комерцијалниот синџир на снабдување со канабис врз јавното здравје, заштитата на малолетниците и црниот пазар.

Многу земји во Европа веќе го легализираа канабисот за ограничени медицински цели, вклучително и Германија во 2017 година.

Некои земји ја декриминализираа употребата на канабис за други цели.

The post Германија ја поддржа легализацијата на рекреативната употреба на канабис appeared first on Република.

]]>

Германската влада во средата поднесе контроверзен предлог-закон за легализирање на рекреативната употреба и одгледување марихуана, што е во согласност со светскиот тренд на либерализација на законите за канабис. Предлог-законот, кој допрва треба да биде одобрен од парламентот, им дозволува на возрасните да поседуваат до 25 грама од лекот и да одгледуваат до три растенија. Левичарската влада на канцеларот Олаф Шолц се надева дека законот ќе го спречи црниот пазар, ќе ги заштити потрошувачите од контаминирана марихуана и ќе го намали товарот на правосудниот систем. Доколку парламентот го одобри нацрт-законот, Германија ќе биде земја со еден од најлибералните закони за канабис во Европа. Опозициските конзервативци предупредуваат дека ваквиот закон ќе ја поттикне употребата на марихуана, а со тоа ќе им даде на властите уште повеќе работа. Легализацијата на марихуаната за рекреативни цели го поттикна растот на потрошувачката и здравствените проблеми поврзани со канабисот, заклучи Агенцијата на ОН за дрога во март. Владата на Шолц веќе ги омекна првичните планови, кои вклучуваа широка продажба на канабис во лиценцирани продавници низ целата земја. Наместо тоа, таа рече дека ќе започне пилот проект за мал број лиценцирани продавници во некои региони за тестирање на ефектите од комерцијалниот синџир на снабдување со канабис врз јавното здравје, заштитата на малолетниците и црниот пазар. Многу земји во Европа веќе го легализираа канабисот за ограничени медицински цели, вклучително и Германија во 2017 година. Некои земји ја декриминализираа употребата на канабис за други цели.

The post Германија ја поддржа легализацијата на рекреативната употреба на канабис appeared first on Република.

]]>
Германската Влада го одобри планот за либерализација на правилата за канабис https://republika.mk/vesti/svet/germanskata-vlada-go-odobri-planot-za-liberalizatsija-na-pravilata-za-kanabis/ Wed, 16 Aug 2023 12:37:07 +0000 https://republika.mk/?p=672756

Германската Влада денеска одобри план за либерализација на правилата за канабис, што е прв чекор кон декриминализирање на поседувањето на ограничени количини канабис и овозможува на членовите на „канабис клубот“ да го купуваат за рекреативни цели.

Предлог-законот што го усвои Владата мора да биде одобрен и од Парламентот, а Министерството за здравство очекува законот да стапи во сила до крајот на годинава.

Според предлогот што неодамна го објави министерот за здравство Карл Лаутербах, ќе се легализира поседувањето до 25 грама канабис за рекреативни цели, а поединците ќе можат сами да одгледуваат до три растенија.

На Германците над 18 години ќе им биде дозволено да се приклучуваат на непрофитни „клубови за канабис“, од кои секој ќе може да има најмногу 500 членови, а повеќекратните членства во клубови ќе бидат забранети. Тие клубови ќе можат да одгледуваат канабис за личните потреби на своите членови.

Според новите регулативи, поединците ќе можат да купат до 25 грама канабис дневно или до 50 грама месечно, или 30 грама за оние помлади од 21 година.

Трошоците на клубовите ќе бидат покриени со членарина, која ќе се одредува според тоа колку канабис користат членовите.

Германските власти се надеваат дека планот ќе помогне во сузбивање на црниот пазар, заштита на потрошувачите од контаминирани производи и намалување на криминалот поврзан со дрога.

„Ние не го создаваме проблемот. Се обидуваме да го решиме проблемот“, изјави претходно Лаутербах.

Но, со ова не се согласува централнодесничарската опозиција која тврди дека власта продолжува со легализацијата на ризичниот наркотик и покрај европските правни пречки и мислењето на експертите.

Организацијата на германските судии оцени дека планот најверојатно ќе го зголеми наместо да го намали товарот на правосудниот систем, па дури и може да ја зголеми побарувачката за канабис на црниот пазар.

По стапувањето во сила на новиот закон, вториот чекор е петгодишно тестирање на регулирани комерцијални синџири на снабдување во одредени региони и потоа научна проценка.

Владата на Германија, по разговорите со институциите на ЕУ, се откажа од претходно планираната продажба на канабис низ целата земја во лиценцирани продавници.

Лаутербах рече дека Германија не сака да го копира моделот на соседна Холандија, кој комбинира декриминализација со мала пазарна регулатива, велејќи дека Германија сака да даде пример за Европа.

Во Холандија, продажбата и потрошувачката на мали количини канабис во кафулињата е дозволена, но производството и продажбата на големи количини неопходни за снабдување на овие продавници сè уште е нелегално.

Во Швајцарија минатата година, властите одобрија пилот-проект кој им овозможува на неколку стотици луѓе во Базел да купуваат канабис за рекреативни цели во аптеките.

Чешката влада работи на план сличен на Германија, кој би дозволил продажба и рекреативна употреба на канабис.

Данската престолнина Копенхаген предложи легализација на марихуаната, но парламентот ја одби, додека Франција има строги правила и не планира да ги релаксира.

The post Германската Влада го одобри планот за либерализација на правилата за канабис appeared first on Република.

]]>

Германската Влада денеска одобри план за либерализација на правилата за канабис, што е прв чекор кон декриминализирање на поседувањето на ограничени количини канабис и овозможува на членовите на „канабис клубот“ да го купуваат за рекреативни цели. Предлог-законот што го усвои Владата мора да биде одобрен и од Парламентот, а Министерството за здравство очекува законот да стапи во сила до крајот на годинава. Според предлогот што неодамна го објави министерот за здравство Карл Лаутербах, ќе се легализира поседувањето до 25 грама канабис за рекреативни цели, а поединците ќе можат сами да одгледуваат до три растенија. На Германците над 18 години ќе им биде дозволено да се приклучуваат на непрофитни „клубови за канабис“, од кои секој ќе може да има најмногу 500 членови, а повеќекратните членства во клубови ќе бидат забранети. Тие клубови ќе можат да одгледуваат канабис за личните потреби на своите членови. Според новите регулативи, поединците ќе можат да купат до 25 грама канабис дневно или до 50 грама месечно, или 30 грама за оние помлади од 21 година. Трошоците на клубовите ќе бидат покриени со членарина, која ќе се одредува според тоа колку канабис користат членовите. Германските власти се надеваат дека планот ќе помогне во сузбивање на црниот пазар, заштита на потрошувачите од контаминирани производи и намалување на криминалот поврзан со дрога. „Ние не го создаваме проблемот. Се обидуваме да го решиме проблемот“, изјави претходно Лаутербах. Но, со ова не се согласува централнодесничарската опозиција која тврди дека власта продолжува со легализацијата на ризичниот наркотик и покрај европските правни пречки и мислењето на експертите. Организацијата на германските судии оцени дека планот најверојатно ќе го зголеми наместо да го намали товарот на правосудниот систем, па дури и може да ја зголеми побарувачката за канабис на црниот пазар. По стапувањето во сила на новиот закон, вториот чекор е петгодишно тестирање на регулирани комерцијални синџири на снабдување во одредени региони и потоа научна проценка. Владата на Германија, по разговорите со институциите на ЕУ, се откажа од претходно планираната продажба на канабис низ целата земја во лиценцирани продавници. Лаутербах рече дека Германија не сака да го копира моделот на соседна Холандија, кој комбинира декриминализација со мала пазарна регулатива, велејќи дека Германија сака да даде пример за Европа. Во Холандија, продажбата и потрошувачката на мали количини канабис во кафулињата е дозволена, но производството и продажбата на големи количини неопходни за снабдување на овие продавници сè уште е нелегално. Во Швајцарија минатата година, властите одобрија пилот-проект кој им овозможува на неколку стотици луѓе во Базел да купуваат канабис за рекреативни цели во аптеките. Чешката влада работи на план сличен на Германија, кој би дозволил продажба и рекреативна употреба на канабис. Данската престолнина Копенхаген предложи легализација на марихуаната, но парламентот ја одби, додека Франција има строги правила и не планира да ги релаксира.

The post Германската Влада го одобри планот за либерализација на правилата за канабис appeared first on Република.

]]>
На неговиот имот некој одгледувал стебла канабис: Збунет тетовец пријавил во полиција https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-negoviot-imot-nekoj-odgleduval-stebla-kanabis-zbunet-tetovets-prijavil-vo-politsija/ Mon, 07 Aug 2023 16:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=669718

На 06.08.2023 во 10.30 часот во СВР Тетово, С.А.(39) од Тетово пријавил дека во неговиот имот на улица „Алекасандар Јовановски-Журчин“ забележал неколку стебла за кои се посомневал дека се канабис сатива.

По извршениот увид било констатирано дека станува збор за 10 засадени стебла од канабис, кои биле одгледувани.

По консултација со јавен обвинител, стеблата биле одземени за понатамошна постапка. Се работи на расчистување и документирање на случајот.

The post На неговиот имот некој одгледувал стебла канабис: Збунет тетовец пријавил во полиција appeared first on Република.

]]>

На 06.08.2023 во 10.30 часот во СВР Тетово, С.А.(39) од Тетово пријавил дека во неговиот имот на улица „Алекасандар Јовановски-Журчин“ забележал неколку стебла за кои се посомневал дека се канабис сатива. По извршениот увид било констатирано дека станува збор за 10 засадени стебла од канабис, кои биле одгледувани. По консултација со јавен обвинител, стеблата биле одземени за понатамошна постапка. Се работи на расчистување и документирање на случајот.

The post На неговиот имот некој одгледувал стебла канабис: Збунет тетовец пријавил во полиција appeared first on Република.

]]>
Истражување: Поради декриминализацијата на канабисот, се повеќе труења кај децата https://republika.mk/vesti/svet/istrazhuvane-poradi-dekriminalizatsijata-na-kanabisot-se-poveke-truena-kaj-detsata/ Thu, 27 Jul 2023 13:21:41 +0000 https://republika.mk/?p=665933

Зголемувањето на случаите на труење со канабис, дури и кај децата, може да се должи на неговата декриминализација, велат австралиските истражувачи.

Тоа е заклучокот до кој дојдоа 30 посебни студии за легализацијата на канабисот и неговото влијание врз акутното труење, кои беа анализирани од истражувачи од Универзитетот во Сиднеј, а нивните набљудувања беа објавени во списанието Addiction.

Наодите укажуваат на општо зголемување на стапката на труење со канабис по неговата легализација или декриминализација, се вели во студијата. Очигледно е и зголемувањето на труењето кај децата, со оглед на тоа што правилата се олабавени, па на пазарот има се повеќе грицки со канабис.

„Се чини дека зголемената достапност и потрошувачката на храна со канабис има значително влијание врз зголемувањето на случаите на труење, особено кај децата“, рече Роуз Кернс од Австралискиот универзитет, особено предупредувајќи на гумените бонбони и чоколадото.

„Општо земено, конзумирањето канабис наместо пушење носи поголем ризик од труење, бидејќи некои луѓе имаат тенденција да консумираат поголеми количини храна со оваа супстанца. Треба да се има во предвид дека кога канабисот се конзумира со храна, потребно е подолго време за неговите ефекти да почнат да се манифестираат“, вели Кернс.

Труењето со канабис може да предизвика летаргија, поспаност, вртоглавица, зголемен крвен притисок, палпитации, тахикардија, гадење, повраќање, раздразливост и немир. Тешките случаи може да резултираат со кома.

Истражувањето и анализата го опфатија подрачјето на Северна Америка.

Таму, рекреативната употреба на лекот е дозволена во 26 американски држави и административни региони. Така е и во Канада.

Канабисот за рекреативни цели може легално да се купи во други земји во светот, како што се Шпанија, Холандија и Тајланд.

 

 

The post Истражување: Поради декриминализацијата на канабисот, се повеќе труења кај децата appeared first on Република.

]]>

Зголемувањето на случаите на труење со канабис, дури и кај децата, може да се должи на неговата декриминализација, велат австралиските истражувачи. Тоа е заклучокот до кој дојдоа 30 посебни студии за легализацијата на канабисот и неговото влијание врз акутното труење, кои беа анализирани од истражувачи од Универзитетот во Сиднеј, а нивните набљудувања беа објавени во списанието Addiction. Наодите укажуваат на општо зголемување на стапката на труење со канабис по неговата легализација или декриминализација, се вели во студијата. Очигледно е и зголемувањето на труењето кај децата, со оглед на тоа што правилата се олабавени, па на пазарот има се повеќе грицки со канабис.
„Се чини дека зголемената достапност и потрошувачката на храна со канабис има значително влијание врз зголемувањето на случаите на труење, особено кај децата“, рече Роуз Кернс од Австралискиот универзитет, особено предупредувајќи на гумените бонбони и чоколадото. „Општо земено, конзумирањето канабис наместо пушење носи поголем ризик од труење, бидејќи некои луѓе имаат тенденција да консумираат поголеми количини храна со оваа супстанца. Треба да се има во предвид дека кога канабисот се конзумира со храна, потребно е подолго време за неговите ефекти да почнат да се манифестираат“, вели Кернс.
Труењето со канабис може да предизвика летаргија, поспаност, вртоглавица, зголемен крвен притисок, палпитации, тахикардија, гадење, повраќање, раздразливост и немир. Тешките случаи може да резултираат со кома. Истражувањето и анализата го опфатија подрачјето на Северна Америка. Таму, рекреативната употреба на лекот е дозволена во 26 американски држави и административни региони. Така е и во Канада. Канабисот за рекреативни цели може легално да се купи во други земји во светот, како што се Шпанија, Холандија и Тајланд.    

The post Истражување: Поради декриминализацијата на канабисот, се повеќе труења кај децата appeared first on Република.

]]>
Албанскиот парламент го легализираше медицинскиот канабис https://republika.mk/vesti/balkan/albanskiot-parlament-go-legalizirashe-meditsinskiot-kanabis/ Fri, 21 Jul 2023 12:59:07 +0000 https://republika.mk/?p=663969

Албанскиот Парламент денеска ја легализираше употребата на канабис во медицински цели, потег - кој е силно критикуван од опозицијата, додека Владата верува дека дозволата за ограничено производство на канабис може да ги зголеми даночните приходи.

Парламентот гласаше да дозволи ограничен и контролиран раст на растенијата канабис, иако не беше прецизирано како ќе се регулира медицинскиот канабис.

Одгледувањето марихуана во минатото цветаше во Албанија, каде трговците со дрога го користеја недостатокот на стабилна влада во земјата. Но, по доаѓањето на власт во 2013 година, владата на левичарската Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама го постави уништувањето на растенијата канабис за главна цел.

Во текот на следните две години, беа уништени милиони растенија канабис со проценета пазарна вредност од седум милијарди евра, повеќе од две третини од годишниот бруто домашен производ на земјата во тоа време.

The post Албанскиот парламент го легализираше медицинскиот канабис appeared first on Република.

]]>

Албанскиот Парламент денеска ја легализираше употребата на канабис во медицински цели, потег - кој е силно критикуван од опозицијата, додека Владата верува дека дозволата за ограничено производство на канабис може да ги зголеми даночните приходи. Парламентот гласаше да дозволи ограничен и контролиран раст на растенијата канабис, иако не беше прецизирано како ќе се регулира медицинскиот канабис. Одгледувањето марихуана во минатото цветаше во Албанија, каде трговците со дрога го користеја недостатокот на стабилна влада во земјата. Но, по доаѓањето на власт во 2013 година, владата на левичарската Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама го постави уништувањето на растенијата канабис за главна цел. Во текот на следните две години, беа уништени милиони растенија канабис со проценета пазарна вредност од седум милијарди евра, повеќе од две третини од годишниот бруто домашен производ на земјата во тоа време.

The post Албанскиот парламент го легализираше медицинскиот канабис appeared first on Република.

]]>
Од фабрика за производство на канабис за медицински цели одземена 225 килограми дрога, сакале да продаваат марихуана на црниот пазар https://republika.mk/vesti/makedonija/od-fabrika-za-proizvodstvo-na-kanabis-za-meditsinski-tseli-odzemena-225-kilogrami-droga-sakale-da-prodavaat-marihuana-na-tsrniot-pazar/ Thu, 06 Jul 2023 17:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=658735

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од фабрика за производство на канабис за медицински цели во селото Сопот се одземени 225 килограми сув цвет марихуана, 111,1 килограми био маса и 950 семки од канабис. Од МВР посочуваат дека во објектите на правното лице се вршело одгледување на растенијата канабис спротивно на законот.

Како што информираат од МВР, од страна на полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци, по претходно спроведена истрага денеска од правен субјект за производство на канабис за медицински цели во с.Сопот, одземени се 225 килограми сув цвет марихуана, 111,1 килограми био маса и 950 семки од канабис.

Одземената дрога попладево е предадена во Агенцијата за одземен имот.

Од МВР посочуваат дека по претходно преземени и координирани мерки и активности, како и обезбедени докази дека правното лице постапувало спротивно на одредбите од Законот за контрола на опојни дроги, односно во објектите на правното лице вршело одгледување на растенијата канабис спротивно на законот, по претходно обезбедени наредби од Основен суд Кавадарци, како и по претходно извршена контрола на полициски службеници заедно со претставници од Комисијата за оценување на исполнување на условите во однос на простор, опрема, кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, одземена е марихуана за која се утврдени неправилности во работењето на правното лице.

„Притоа, во сеф собата беше пронајден сув цвет од канабис кој не беше спакуван и означен согласно законските прописи, а во останатите простории беше пронајдена сува маса од канабис за која правното лице не доставило известување до Комисијата од Министерството за здравство. Воедно, не била пријавена ни количината на финален сув производ, односно во целиот процес на одгледување се постапувало незаконски, бидејќи иако биле должни да ја известат Комисијата, тоа свесно не го правеле, со цел непријавената произведена марихуана да ја пуштат во продажба на црниот пазар и на тој начин да се стекнат со противправна имотна корист во вкупна вредност од половина милион евра. Одземената дрога е предадена во Агенцијата за одземен имот“, се наведува во соопштението на МВР.

https://www.youtube.com/watch?v=2x8HE1o_C2k&t=2s

The post Од фабрика за производство на канабис за медицински цели одземена 225 килограми дрога, сакале да продаваат марихуана на црниот пазар appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од фабрика за производство на канабис за медицински цели во селото Сопот се одземени 225 килограми сув цвет марихуана, 111,1 килограми био маса и 950 семки од канабис. Од МВР посочуваат дека во објектите на правното лице се вршело одгледување на растенијата канабис спротивно на законот. Како што информираат од МВР, од страна на полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци, по претходно спроведена истрага денеска од правен субјект за производство на канабис за медицински цели во с.Сопот, одземени се 225 килограми сув цвет марихуана, 111,1 килограми био маса и 950 семки од канабис. Одземената дрога попладево е предадена во Агенцијата за одземен имот. Од МВР посочуваат дека по претходно преземени и координирани мерки и активности, како и обезбедени докази дека правното лице постапувало спротивно на одредбите од Законот за контрола на опојни дроги, односно во објектите на правното лице вршело одгледување на растенијата канабис спротивно на законот, по претходно обезбедени наредби од Основен суд Кавадарци, како и по претходно извршена контрола на полициски службеници заедно со претставници од Комисијата за оценување на исполнување на условите во однос на простор, опрема, кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, одземена е марихуана за која се утврдени неправилности во работењето на правното лице.
„Притоа, во сеф собата беше пронајден сув цвет од канабис кој не беше спакуван и означен согласно законските прописи, а во останатите простории беше пронајдена сува маса од канабис за која правното лице не доставило известување до Комисијата од Министерството за здравство. Воедно, не била пријавена ни количината на финален сув производ, односно во целиот процес на одгледување се постапувало незаконски, бидејќи иако биле должни да ја известат Комисијата, тоа свесно не го правеле, со цел непријавената произведена марихуана да ја пуштат во продажба на црниот пазар и на тој начин да се стекнат со противправна имотна корист во вкупна вредност од половина милион евра. Одземената дрога е предадена во Агенцијата за одземен имот“, се наведува во соопштението на МВР.
https://www.youtube.com/watch?v=2x8HE1o_C2k&t=2s

The post Од фабрика за производство на канабис за медицински цели одземена 225 килограми дрога, сакале да продаваат марихуана на црниот пазар appeared first on Република.

]]>
Албанската влада го одобри Предлог-законот за производство на канабис за медицински цели https://republika.mk/vesti/balkan/albanskata-vlada-go-odobri-predlog-zakonot-za-proizvodstvo-na-kanabis-za-meditsinski-tseli/ Sat, 17 Jun 2023 13:00:44 +0000 https://republika.mk/?p=652426

Албанската владата го одобри предлог-законот за производство и употреба на канабис за медицински и индустриски цели.

Согласно законот, ќе се формира и Национална агенција за контрола, која ќе дава лиценци на компаниите и ќе го следи пазарот.

-Со овој Предлог-закон се дефинира регулаторната рамка за тоа како ќе се иницира процесот. Целта е регулирање и гранатирање на процесот на контрола и надзор на производството и преработката. Главните аспекти се поврзани со регулаторните аспекти од моментот на одгледување па се до безбеден и контролиран извоз. Има посебен елемент со кој се дефинираат и институциите кои ќе се занимаваат со контрола на преработката и производството на производи за медицински цели. Создадена е Национална агенција за контрола на канабисот, изјави министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу.

Канабисот што ќе биде дозволен за производство не сме да бидат сорти што содржат повеќе од 0,2% ТХЦ(THC), што е активната супстанција во внатрешноста на растението која има и лековити својства.

Лиценцата се доделува за период од 15 години, со право на обновување, додека компаниите не можат да имаат почетен капитал помал од 100 милиони лека.

Вкупната дозволена површина за одгледување на канабис за медицински цели не може да биде поголема од 150 хектари на национално ниво.

Пратеникот на опозициската Демократска партија и поранешен министер за внатрешни работи изнесувајќи го партискиот став „најостро го осуди овој следен чекор кон лудило и уништување на државата и иднината“.

-Легализацијата на канабисот не е ништо повеќе од легализација на криминалниот сектор во кој владата беше ангажирана од самиот почеток. Легализацијата на канабисот е неуспешен експеримент во другите земји и знаејќи ги нашите капацитети и корумпираноста на државниот синџир, Еди Рама ја инаугурира Република канабис во Албанија, рече Нока.

Тој побара од пратениците од другите партии да не го поддржуваат овој Предлог-закон, кој набрзо треба да се најде на дневен ред на законодавниот дом.

The post Албанската влада го одобри Предлог-законот за производство на канабис за медицински цели appeared first on Република.

]]>

Албанската владата го одобри предлог-законот за производство и употреба на канабис за медицински и индустриски цели. Согласно законот, ќе се формира и Национална агенција за контрола, која ќе дава лиценци на компаниите и ќе го следи пазарот.
-Со овој Предлог-закон се дефинира регулаторната рамка за тоа како ќе се иницира процесот. Целта е регулирање и гранатирање на процесот на контрола и надзор на производството и преработката. Главните аспекти се поврзани со регулаторните аспекти од моментот на одгледување па се до безбеден и контролиран извоз. Има посебен елемент со кој се дефинираат и институциите кои ќе се занимаваат со контрола на преработката и производството на производи за медицински цели. Создадена е Национална агенција за контрола на канабисот, изјави министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу.
Канабисот што ќе биде дозволен за производство не сме да бидат сорти што содржат повеќе од 0,2% ТХЦ(THC), што е активната супстанција во внатрешноста на растението која има и лековити својства. Лиценцата се доделува за период од 15 години, со право на обновување, додека компаниите не можат да имаат почетен капитал помал од 100 милиони лека. Вкупната дозволена површина за одгледување на канабис за медицински цели не може да биде поголема од 150 хектари на национално ниво. Пратеникот на опозициската Демократска партија и поранешен министер за внатрешни работи изнесувајќи го партискиот став „најостро го осуди овој следен чекор кон лудило и уништување на државата и иднината“.
-Легализацијата на канабисот не е ништо повеќе од легализација на криминалниот сектор во кој владата беше ангажирана од самиот почеток. Легализацијата на канабисот е неуспешен експеримент во другите земји и знаејќи ги нашите капацитети и корумпираноста на државниот синџир, Еди Рама ја инаугурира Република канабис во Албанија, рече Нока.
Тој побара од пратениците од другите партии да не го поддржуваат овој Предлог-закон, кој набрзо треба да се најде на дневен ред на законодавниот дом.

The post Албанската влада го одобри Предлог-законот за производство на канабис за медицински цели appeared first on Република.

]]>
Му оди бизнисот со марихуана: Мајк Тајсон отвори канабис-кафуле во Амстердам https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mu-odi-biznisot-so-marihuana-majk-tajson-otvori-kanabis-kafule-vo-amsterdam/ Sat, 08 Apr 2023 17:56:01 +0000 https://republika.mk/?p=628783

Легендарниот американски боксер, Мајк Тајсон, покажува дека добро се снаоѓа во бизнисот.

„Челичниот Мајк“ сериозно почна да се бави со бизнис со марихуана во Калифорнија, а сега го шири својот бизнис и во Европа.

Неодамна Тајсон отвори кафуле во Амстердам, град во кој е легализирана марихуаната.

Овде љубителите на марихуана ќе имаат можност да пробаат дел од моите производи од канабис. Тоа веќе го направив во Калифорнија, а се надевам дека и Европејците ќе бидат задоволни од моите производи, порачува Тајсон.

The post Му оди бизнисот со марихуана: Мајк Тајсон отвори канабис-кафуле во Амстердам appeared first on Република.

]]>

Легендарниот американски боксер, Мајк Тајсон, покажува дека добро се снаоѓа во бизнисот. „Челичниот Мајк“ сериозно почна да се бави со бизнис со марихуана во Калифорнија, а сега го шири својот бизнис и во Европа. Неодамна Тајсон отвори кафуле во Амстердам, град во кој е легализирана марихуаната.
Овде љубителите на марихуана ќе имаат можност да пробаат дел од моите производи од канабис. Тоа веќе го направив во Калифорнија, а се надевам дека и Европејците ќе бидат задоволни од моите производи, порачува Тајсон.

The post Му оди бизнисот со марихуана: Мајк Тајсон отвори канабис-кафуле во Амстердам appeared first on Република.

]]>
Нова кривична за битолската фабрика за масло од канабис https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nova-krivichna-za-bitolskata-fabrika-za-maslo-od-kanabis/ Fri, 07 Apr 2023 09:52:46 +0000 https://republika.mk/?p=628251

Секторот за внатрешни работи - Битола до битолското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во битолското село Кравари и против битолчанецот Д.А. (38), управител во правното лице, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело казниво по член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

Како што соопштија денеска од МВР, на 30.03.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во содејство со Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема за чување и складирање на медицински канабис при Министерството за здравство, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, извршиле претрес во правното лице во село Кравари, при што биле констатирани низа неправилности во поглед на производство, одгледување и складирање на медицинскиот канабис.

Поднесена е и кривична пријава и против А.Б.(51) од Албанија, со привремен престој во Битола и биточаните А.Ј. (26) и А.Ј.(58), првопријавениот сопственик, а другите двајца вработени во истата фабрика за производство на масло од канабис, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

На 30.03.2023 тројцата организирале и изнеле две вреќи со четири килограми марихуана од фабриката. Имено, А.Б. ја изнел дрогата, а А.Ј. и А.Ј. ја преземале и ставиле во патничко возило, но набргу биле запрени и приведени од полициски службеници. Во врска со случајот, судија на претходна постапка на А.Ј.(26) му одредил мерка притвор од 30 дена, соопштија од МВР.

The post Нова кривична за битолската фабрика за масло од канабис appeared first on Република.

]]>

Секторот за внатрешни работи - Битола до битолското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во битолското село Кравари и против битолчанецот Д.А. (38), управител во правното лице, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело казниво по член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. Како што соопштија денеска од МВР, на 30.03.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во содејство со Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема за чување и складирање на медицински канабис при Министерството за здравство, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, извршиле претрес во правното лице во село Кравари, при што биле констатирани низа неправилности во поглед на производство, одгледување и складирање на медицинскиот канабис. Поднесена е и кривична пријава и против А.Б.(51) од Албанија, со привремен престој во Битола и биточаните А.Ј. (26) и А.Ј.(58), првопријавениот сопственик, а другите двајца вработени во истата фабрика за производство на масло од канабис, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.
На 30.03.2023 тројцата организирале и изнеле две вреќи со четири килограми марихуана од фабриката. Имено, А.Б. ја изнел дрогата, а А.Ј. и А.Ј. ја преземале и ставиле во патничко возило, но набргу биле запрени и приведени од полициски службеници. Во врска со случајот, судија на претходна постапка на А.Ј.(26) му одредил мерка притвор од 30 дена, соопштија од МВР.

The post Нова кривична за битолската фабрика за масло од канабис appeared first on Република.

]]>
Битолчанец ја нападнал жена му, кога дошле да го приведат дома му нашле саксии со канабис https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bitolchanets-ja-napadnal-zhena-mu-koga-doshle-da-go-privedat-doma-mu-nashle-saksii-so-kanabis/ Thu, 06 Apr 2023 11:02:35 +0000 https://republika.mk/?p=627912

Полициски службеници од СВР Битола вчера го лишиле од слобода С.С.(55) од Битола затоа што физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга.

Дополнително, како што соопштува полицијата, при вршење на увидот во домот биле пронајдени и одземени четири саксии со насади од растението канабис.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

The post Битолчанец ја нападнал жена му, кога дошле да го приведат дома му нашле саксии со канабис appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Битола вчера го лишиле од слобода С.С.(55) од Битола затоа што физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. Дополнително, како што соопштува полицијата, при вршење на увидот во домот биле пронајдени и одземени четири саксии со насади од растението канабис. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.  

The post Битолчанец ја нападнал жена му, кога дошле да го приведат дома му нашле саксии со канабис appeared first on Република.

]]>
Во Грција уапсен македонски државјанин со 45 килограми канабис https://republika.mk/vesti/balkan/vo-grtsija-uapsen-makedonski-drzhavjanin-so-45-kilogrami-kanabis/ Fri, 10 Feb 2023 12:18:29 +0000 https://republika.mk/?p=607371

Во полициска акција во близина на грчкиот град Кукуш (Килкис) уапсени бил 27-годишен државјанин на Македонија под обвинение дека во автомобилот пренесувал 45 килограми канабис, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според истите информации, уапсениот првично не застанал на знаците на полицијата, се обидел да побегне, зголемувајќи ја брзината и во обид да заврти полукружно удрил во друг автомобил.

Во автомобилот на 27-годишниот македонски државјанин биле пронајдени две торби со 40 пакувања канабис со вкупна тежина од 45 килограми и два грама.

The post Во Грција уапсен македонски државјанин со 45 килограми канабис appeared first on Република.

]]>

Во полициска акција во близина на грчкиот град Кукуш (Килкис) уапсени бил 27-годишен државјанин на Македонија под обвинение дека во автомобилот пренесувал 45 килограми канабис, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Според истите информации, уапсениот првично не застанал на знаците на полицијата, се обидел да побегне, зголемувајќи ја брзината и во обид да заврти полукружно удрил во друг автомобил. Во автомобилот на 27-годишниот македонски државјанин биле пронајдени две торби со 40 пакувања канабис со вкупна тежина од 45 килограми и два грама.

The post Во Грција уапсен македонски државјанин со 45 килограми канабис appeared first on Република.

]]>