Камерон Archives - Република https://republika.mk/tema/kameron/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Apr 2024 16:02:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Камерон Archives - Република https://republika.mk/tema/kameron/ 32 32 Нетанјаху до Бербок и Камерон: Израел сам ќе ги носи своите одлуки https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-do-berbok-i-kameron-izrael-sam-ke-gi-nosi-svoite-odluki/ Wed, 17 Apr 2024 20:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=767255

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел сам ќе донесе свои одлуки.

-Сите имаат различни предлози и совети. Јас го ценам тоа. Но, сакам да биде јасно - ние самите ќе ги донесеме нашите одлуки и израелската држава ќе направи се што е потребно за да се одбрани, рече Нетанјаху по средбата со шефовите на дипломатиите на Велика Британија и Германија, Дејвид Камерон и Аналена Бербок, пренесе Гардијан.

Претходно денеска британскиот министер за надворешни работи Камерон изјави дека средбата е дојден за да ја изрази солидарноста со Израел, но се надева дека неговиот одговор на нападот врз Иран ќе биде „паметен и ограничен колку што е можно повеќе“, пренесе Би-Би-Си.

Шефицата на германската дипломатија, пак, по средбата, како и Камерон, предупреди дека на Блискиот Исток не треба да се случи ескалација на конфликтот.

-Тоа не би помогнало никому, ниту на безбедноста на Израел, ниту на десетиците заложници кои сè уште се во рацете на Хамас, ниту на многу луѓе во Иран кои страдаат под овој режим, ниту на други земји во регионот кои едноставно сакаат да живеат во мир, рече Бербок. сд/

фото:Прес канцеларија на изрелска Влада

The post Нетанјаху до Бербок и Камерон: Израел сам ќе ги носи своите одлуки appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел сам ќе донесе свои одлуки. -Сите имаат различни предлози и совети. Јас го ценам тоа. Но, сакам да биде јасно - ние самите ќе ги донесеме нашите одлуки и израелската држава ќе направи се што е потребно за да се одбрани, рече Нетанјаху по средбата со шефовите на дипломатиите на Велика Британија и Германија, Дејвид Камерон и Аналена Бербок, пренесе Гардијан. Претходно денеска британскиот министер за надворешни работи Камерон изјави дека средбата е дојден за да ја изрази солидарноста со Израел, но се надева дека неговиот одговор на нападот врз Иран ќе биде „паметен и ограничен колку што е можно повеќе“, пренесе Би-Би-Си. Шефицата на германската дипломатија, пак, по средбата, како и Камерон, предупреди дека на Блискиот Исток не треба да се случи ескалација на конфликтот. -Тоа не би помогнало никому, ниту на безбедноста на Израел, ниту на десетиците заложници кои сè уште се во рацете на Хамас, ниту на многу луѓе во Иран кои страдаат под овој режим, ниту на други земји во регионот кои едноставно сакаат да живеат во мир, рече Бербок. сд/ фото:Прес канцеларија на изрелска Влада

The post Нетанјаху до Бербок и Камерон: Израел сам ќе ги носи своите одлуки appeared first on Република.

]]>
Камерон: Сунак е силен и способен лидер , иако со него не се согласував во минатото https://republika.mk/vesti/svet/kameron-sunak-e-silen-i-sposoben-lider-iako-so-nego-ne-se-soglasuvav-vo-minatoto/ Mon, 13 Nov 2023 13:20:53 +0000 https://republika.mk/?p=701092

Премиерот Риши Сунак е „силен и способен лидер“, иако во минатото можеби не се согласував со некои негови индивидуални одлуки, изјави денеска новоименуваниот британски министер за надворешни работи Дејвид Камерон, додавајќи дека тој сака да биде дел од „најсилниот можен тим“ пред општите избори во велика Британија.

„Иако во изминатите седум години бев надвор од политиката, се надевам дека моето искуство како лидер на Конзервативната партија 11 години и шест години како премиер ќе ми помогне да му бидам од корист на премиерот. Сакам да му помогнам да ја испорача безбедноста и просперитетот што и треба на нашата земја“, напиша Камерон на својот профил на мрежата X.

Тој посочи дека дипломатските и разузнавачките служби се меѓу највредните „средства од ваков вид“ во светот.

„Од времето на мојот мандат знам дека таму работат брилијантни, патриотски и вредни луѓе. Тие беа добро предводени од Џејмс Клеверли, со кого со нетрпение очекувам да работам во неговата нова улога“, изјави Камерон.

Би-Би-Си пренесува дека Камерон бил „насмеан“ додека одел до Форин Офис, откако го напушти Даунинг стрит број 10 со новиот мандат в рака.

Зборувајќи за геополитичката ситуација со која се соочува како новоименуван министер, Камерон кажа дека ова е момент на длабоки глобални промени.

„Се соочуваме со серија застрашувачки меѓународни предизвици, вклучувајќи ја војната во Украина и кризата на Блискиот Исток. Во ова време на длабоки глобални промени, за оваа земја ретко беше поважно да застане крај нашите сојузници, да ги зајакне нашите партнерства и да обезбеди дека нашите гласови се слушаат“, порача Камерон.

Британскиот премиер Риши Сунак претходно денеска го назначи Камерон за нов министер за надворешни работи, како дел од реконструкцијата на владата. Поранешниот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли е назначен за министер за внатрешни работи, по разрешувањето на поранешната министерка Суела Браверман. Таа рече дека полицијата била „премногу мека“ кон „пропалестинската толпа“, нарекувајќи ги демонстрантите кои протестираа за поддршка на Палестина за време на викендот „маршеви на омраза“.

Камерон беше премиер на Велика Британија од 2010 до 2016 година, а поднесе оставка по референдумот за Брегзит, кога граѓаните на Велика Британија гласаа за напуштање на ЕУ.

The post Камерон: Сунак е силен и способен лидер , иако со него не се согласував во минатото appeared first on Република.

]]>

Премиерот Риши Сунак е „силен и способен лидер“, иако во минатото можеби не се согласував со некои негови индивидуални одлуки, изјави денеска новоименуваниот британски министер за надворешни работи Дејвид Камерон, додавајќи дека тој сака да биде дел од „најсилниот можен тим“ пред општите избори во велика Британија. „Иако во изминатите седум години бев надвор од политиката, се надевам дека моето искуство како лидер на Конзервативната партија 11 години и шест години како премиер ќе ми помогне да му бидам од корист на премиерот. Сакам да му помогнам да ја испорача безбедноста и просперитетот што и треба на нашата земја“, напиша Камерон на својот профил на мрежата X. Тој посочи дека дипломатските и разузнавачките служби се меѓу највредните „средства од ваков вид“ во светот. „Од времето на мојот мандат знам дека таму работат брилијантни, патриотски и вредни луѓе. Тие беа добро предводени од Џејмс Клеверли, со кого со нетрпение очекувам да работам во неговата нова улога“, изјави Камерон. Би-Би-Си пренесува дека Камерон бил „насмеан“ додека одел до Форин Офис, откако го напушти Даунинг стрит број 10 со новиот мандат в рака. Зборувајќи за геополитичката ситуација со која се соочува како новоименуван министер, Камерон кажа дека ова е момент на длабоки глобални промени. „Се соочуваме со серија застрашувачки меѓународни предизвици, вклучувајќи ја војната во Украина и кризата на Блискиот Исток. Во ова време на длабоки глобални промени, за оваа земја ретко беше поважно да застане крај нашите сојузници, да ги зајакне нашите партнерства и да обезбеди дека нашите гласови се слушаат“, порача Камерон. Британскиот премиер Риши Сунак претходно денеска го назначи Камерон за нов министер за надворешни работи, како дел од реконструкцијата на владата. Поранешниот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли е назначен за министер за внатрешни работи, по разрешувањето на поранешната министерка Суела Браверман. Таа рече дека полицијата била „премногу мека“ кон „пропалестинската толпа“, нарекувајќи ги демонстрантите кои протестираа за поддршка на Палестина за време на викендот „маршеви на омраза“. Камерон беше премиер на Велика Британија од 2010 до 2016 година, а поднесе оставка по референдумот за Брегзит, кога граѓаните на Велика Британија гласаа за напуштање на ЕУ.

The post Камерон: Сунак е силен и способен лидер , иако со него не се согласував во минатото appeared first on Република.

]]>