камерен театар Archives - Република https://republika.mk/tema/kameren-teatar/ За подобро да се разбереме Wed, 15 May 2024 11:27:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png камерен театар Archives - Република https://republika.mk/tema/kameren-teatar/ 32 32 Јуроп хаус со богата културна програма и бројни настани ширум земјава https://republika.mk/scena/jurop-haus-so-bogata-kulturna-programa-i-brojni-nastani-shirum-zemjava/ Wed, 15 May 2024 16:24:33 +0000 https://republika.mk/?p=778320

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и ќе претставува автентично музичко патување низ историјата на домашната рок и поп-антологија. На концертот, со наслов „Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“, старите познати рефрени ќе бидат изведени од актуелните изведувачи „Фанк шуи“, „Пијан славеј“, Дина Јашари, диџеј Гоце и ЛД Пистолеро, „Sethsat“ со Марија Каева и „Ретро кабаре“, кои ќе свират свои аранжмани на песните, како одговор на едно друго време. Концертот е најавен како севкупно мултимедијално искуство, низ кое како домаќин публиката ќе ја води познатиот радиоводител Драган Б. Костиќ. Освен музичкиот спој на старото и новото во формат на „радиошоу во живо“, за публиката ќе бидат достапни и други содржини на платото на УКИМ – мини-саем на книги, поп-ап продавница за винили и др.

Другите Јуроп хаус од мрежата ќе бидат домаќини на богати културни настани, не само во своите градови туку и пошироко во регионот. Во Битола, програмата под мотото „Ние сме тука, кај си ти?“ почна на 9 мај со осветлување на Саат-кулата, а ќе заврши на 18 мај со изложба и настап на грчкиот диџеј Архитект во Пациото на Музејот во Битола. Во Струга, на 30 мај, под мотото „Слушај природа!“ се планира целодневна програма што вклучува откривање на нов мурал во градот, проследено со музичко-светлосен перформанс во струшкиот Парк на поезијата. Во организација на Јуроп хаус Крива Паланка, настани се планираат и во Кратово и Куманово, а главните активности ќе се случуваат на 20 мај со цртање мурал во пиксел формат „Прозорот на единството“, како и концерт на групата „Фолтин“. На 28 мај, Јуроп хаус Струмица ќе го претстави биодиверзитетот на регионот преку изложба во Дојран, а на 30 мај во Гевгелија планиран е и „Концерт рок-симфонија“ во изведба на Битолскиот камерен оркестар. Јуроп хаус Велес е домаќин на интересен настан на 27 мај, кога ќе се промовираат локални винарници од вардарскиот регион и вина на земји-членки на Европската унија, нудејќи дегустации, жива музика и промоција на традициите и иновациите во семејни винарници.

 

Подетални информации за сите настани можат да се најдат на официјалните социјални канали на Јуроп хаус.

The post Јуроп хаус со богата културна програма и бројни настани ширум земјава appeared first on Република.

]]>

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и ќе претставува автентично музичко патување низ историјата на домашната рок и поп-антологија. На концертот, со наслов „Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“, старите познати рефрени ќе бидат изведени од актуелните изведувачи „Фанк шуи“, „Пијан славеј“, Дина Јашари, диџеј Гоце и ЛД Пистолеро, „Sethsat“ со Марија Каева и „Ретро кабаре“, кои ќе свират свои аранжмани на песните, како одговор на едно друго време. Концертот е најавен како севкупно мултимедијално искуство, низ кое како домаќин публиката ќе ја води познатиот радиоводител Драган Б. Костиќ. Освен музичкиот спој на старото и новото во формат на „радиошоу во живо“, за публиката ќе бидат достапни и други содржини на платото на УКИМ – мини-саем на книги, поп-ап продавница за винили и др. Другите Јуроп хаус од мрежата ќе бидат домаќини на богати културни настани, не само во своите градови туку и пошироко во регионот. Во Битола, програмата под мотото „Ние сме тука, кај си ти?“ почна на 9 мај со осветлување на Саат-кулата, а ќе заврши на 18 мај со изложба и настап на грчкиот диџеј Архитект во Пациото на Музејот во Битола. Во Струга, на 30 мај, под мотото „Слушај природа!“ се планира целодневна програма што вклучува откривање на нов мурал во градот, проследено со музичко-светлосен перформанс во струшкиот Парк на поезијата. Во организација на Јуроп хаус Крива Паланка, настани се планираат и во Кратово и Куманово, а главните активности ќе се случуваат на 20 мај со цртање мурал во пиксел формат „Прозорот на единството“, како и концерт на групата „Фолтин“. На 28 мај, Јуроп хаус Струмица ќе го претстави биодиверзитетот на регионот преку изложба во Дојран, а на 30 мај во Гевгелија планиран е и „Концерт рок-симфонија“ во изведба на Битолскиот камерен оркестар. Јуроп хаус Велес е домаќин на интересен настан на 27 мај, кога ќе се промовираат локални винарници од вардарскиот регион и вина на земји-членки на Европската унија, нудејќи дегустации, жива музика и промоција на традициите и иновациите во семејни винарници.   Подетални информации за сите настани можат да се најдат на официјалните социјални канали на Јуроп хаус.

The post Јуроп хаус со богата културна програма и бројни настани ширум земјава appeared first on Република.

]]>
Отворен Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ https://republika.mk/vesti/kultura/otvoren-festivalot-na-kameren-teatar-risto-shishkov-2/ Sat, 09 Sep 2023 09:11:23 +0000 https://republika.mk/?p=680186

Завесата на 31-то издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој традиционално почнува на Денот на независноста, синоќа ја кренаа актерите од велешкиот театар „Ј.Х.Џинот“ со претставата „Татко“ од Флоријан Зелер, во режија на Ненад Витанов.

 

Годинашното фестивалско издание за отворено го прогласи членот на Советот на Општина Струмица, Елена Магеровска Паликарова.

Го дочекавме и влезот во четвртата деценија од споделувањето на струмичката љубов, почит и верност кон бардот на македонското глумиште Ристо Шишков, преку единствениот меѓународен театарски фестивал посветен на актерот, фестивал кој покрај спомените на великанот, овозможува тој да живее и во годините кога самоуверено чекори само по небесените штици, играјќи големи ролји кои нему му прилегаат, рече Магеровска Паликарова.

Во конкуренција за единствената награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, парична награда од 1.500 евра и плакета се актери од десет претстави од земјава, Бугарија и Словенија.

Жирото го предводи ланската лауретка, актерката, Дарја Ризова, писателот и професор на ФДУ, Иван Додовски и актерката Мими Таневска.

Според селекторот на фестивалската програма, режисерот Љупчо Георгиевски, десетте претстави избрани за учество на Фестивалот ќе понудат одлични актерски креации.

Во изборот на програмата се раководев од тоа што е карактеристика на овој Фестивал, бидејќи е посветен на големиот Шишков и има единствена актерска награда и да има конкурнетни улоги, конкуретни артисти кои ќе се овенчаат со ова голема награда, „Ристо Шишков“, изјави Георгиевски.

Вечер програмата продолжува со претставите „ За нас почнува живот“ од Ѓерѓ Шпиро, во режија на Дејан Пројковски,проект на Нино Леви и Билјана Драгичевиќ Пројковска и „Бог на масакрот“ од Јасмина Реза во режија на Милош Андоновски, а во изведба на актери од Тетарот во Тетово.

На отворањето на ланската лауретка Дарја Ризова и беше врачена фестивалската плакета, која од лани е составен дел на единствената награда за највисоко актерско остварување.

Фестивалот се одржува од 8 до 13 овој месец во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Струмица.

The post Отворен Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ appeared first on Република.

]]>

Завесата на 31-то издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој традиционално почнува на Денот на независноста, синоќа ја кренаа актерите од велешкиот театар „Ј.Х.Џинот“ со претставата „Татко“ од Флоријан Зелер, во режија на Ненад Витанов.   Годинашното фестивалско издание за отворено го прогласи членот на Советот на Општина Струмица, Елена Магеровска Паликарова.
Го дочекавме и влезот во четвртата деценија од споделувањето на струмичката љубов, почит и верност кон бардот на македонското глумиште Ристо Шишков, преку единствениот меѓународен театарски фестивал посветен на актерот, фестивал кој покрај спомените на великанот, овозможува тој да живее и во годините кога самоуверено чекори само по небесените штици, играјќи големи ролји кои нему му прилегаат, рече Магеровска Паликарова.
Во конкуренција за единствената награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, парична награда од 1.500 евра и плакета се актери од десет претстави од земјава, Бугарија и Словенија. Жирото го предводи ланската лауретка, актерката, Дарја Ризова, писателот и професор на ФДУ, Иван Додовски и актерката Мими Таневска. Според селекторот на фестивалската програма, режисерот Љупчо Георгиевски, десетте претстави избрани за учество на Фестивалот ќе понудат одлични актерски креации.
Во изборот на програмата се раководев од тоа што е карактеристика на овој Фестивал, бидејќи е посветен на големиот Шишков и има единствена актерска награда и да има конкурнетни улоги, конкуретни артисти кои ќе се овенчаат со ова голема награда, „Ристо Шишков“, изјави Георгиевски.
Вечер програмата продолжува со претставите „ За нас почнува живот“ од Ѓерѓ Шпиро, во режија на Дејан Пројковски,проект на Нино Леви и Билјана Драгичевиќ Пројковска и „Бог на масакрот“ од Јасмина Реза во режија на Милош Андоновски, а во изведба на актери од Тетарот во Тетово. На отворањето на ланската лауретка Дарја Ризова и беше врачена фестивалската плакета, која од лани е составен дел на единствената награда за највисоко актерско остварување. Фестивалот се одржува од 8 до 13 овој месец во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Струмица.

The post Отворен Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ appeared first on Република.

]]>