каменување Archives - Република https://republika.mk/tema/kamenuvanje/ За подобро да се разбереме Sun, 19 May 2024 16:01:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png каменување Archives - Република https://republika.mk/tema/kamenuvanje/ 32 32 МВР: Приведени се лицата кои го нападнаа автобусот на Чкембари https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-privedeni-se-litsata-koi-go-napadnaa-avtobusot-na-chkembari/ Sun, 19 May 2024 16:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=779881

По вчерашниот меч меѓу МЗТ Скопје и Пелистер, навивачите на гостите при напуштање на градот имаа непријатен настан, нивниот автобус беше каменуван. Од Пелистер го пријавија инцидентот во полиција, а од таму сега има известување дека четворица напаѓачи се приведени.

„На 18.05.2024 во 22.40 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(35), Љ.П.(35), двајцата од Скопје, Н.А.(21) од Илинден, скопско и В.С.(18) од Петровец, скопско, затоа што каменувале автобус во движење, при што ги оштетиле прозорците. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.“, стои во известувањето од МВР.

 

The post МВР: Приведени се лицата кои го нападнаа автобусот на Чкембари appeared first on Република.

]]>

По вчерашниот меч меѓу МЗТ Скопје и Пелистер, навивачите на гостите при напуштање на градот имаа непријатен настан, нивниот автобус беше каменуван. Од Пелистер го пријавија инцидентот во полиција, а од таму сега има известување дека четворица напаѓачи се приведени. „На 18.05.2024 во 22.40 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(35), Љ.П.(35), двајцата од Скопје, Н.А.(21) од Илинден, скопско и В.С.(18) од Петровец, скопско, затоа што каменувале автобус во движење, при што ги оштетиле прозорците. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.“, стои во известувањето од МВР.  

The post МВР: Приведени се лицата кои го нападнаа автобусот на Чкембари appeared first on Република.

]]>
Жена во Иран осудена на смрт со каменување поради прељуба https://republika.mk/vesti/svet/zhena-vo-iran-osudena-na-smrt-so-kamenuvane-poradi-preluba/ Fri, 03 Nov 2023 14:00:58 +0000 https://republika.mk/?p=697835

Жена во Иран е осудена на смрт поради прељуба. Таа согласно иранските закони има право на жалба на казната.

Смртната казна за прељуба се извршува со каменување. Осудената жена минатата година била пријавена од сопругот во полиција дека таа има афери со други мажи. Тој како доказ доставил снимки од надзорните камери во нивниот дом.

Во 2017 година, една жена беше осудена на смрт во Иран за прељуба, но никогаш не беше објавено дали казната е извршена. Меѓу кривичните дела кои се казнуваат со смрт во земјава се прељуба, убиство, силување, вооружени грабежи, киднапирање и трговијата со дрога.

Минатата година двајца хомосексуалци беа егзекутирани откако беа прогласени за виновни за содомија.

Иран е под меѓународен притисок поради неговата широка употреба на смртната казна. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш пред два дена изјави дека во Иран се егзекутираат луѓе „со алармантна брзина“. Во првите седум месеци од годинава најмалку 419 лица се осудени на смрт, што е за 30 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година.

The post Жена во Иран осудена на смрт со каменување поради прељуба appeared first on Република.

]]>

Жена во Иран е осудена на смрт поради прељуба. Таа согласно иранските закони има право на жалба на казната. Смртната казна за прељуба се извршува со каменување. Осудената жена минатата година била пријавена од сопругот во полиција дека таа има афери со други мажи. Тој како доказ доставил снимки од надзорните камери во нивниот дом. Во 2017 година, една жена беше осудена на смрт во Иран за прељуба, но никогаш не беше објавено дали казната е извршена. Меѓу кривичните дела кои се казнуваат со смрт во земјава се прељуба, убиство, силување, вооружени грабежи, киднапирање и трговијата со дрога. Минатата година двајца хомосексуалци беа егзекутирани откако беа прогласени за виновни за содомија. Иран е под меѓународен притисок поради неговата широка употреба на смртната казна. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш пред два дена изјави дека во Иран се егзекутираат луѓе „со алармантна брзина“. Во првите седум месеци од годинава најмалку 419 лица се осудени на смрт, што е за 30 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година.

The post Жена во Иран осудена на смрт со каменување поради прељуба appeared first on Република.

]]>
Екс-кандидатката за градоначалник на Благоевград Костадинова го каменувала „Никола Вапцаров“, нема притвор и пријави за четирите сторители https://republika.mk/vesti/balkan/eks-kandidatkata-za-gradonachalnik-na-blagoevgrad-kostadinova-go-kamenuvala-nikola-vaptsarov-nema-pritvor-i-prijavi-za-4-tsata-storiteli/ Thu, 09 Feb 2023 16:46:59 +0000 https://republika.mk/?p=607038

Људмила Костадинова е иницијатор за каменувањето на македонскиот културен центар во Благоевград. Нападот не е вандалски чин, тврди, ама немало друг начин да го искажат револтот од тоа како македонските власти се однесувале кон Бугарите на граничниот премин „Деве Баир“ на 4-ти февруари, а официјална Софија на тоа молчела. Костадинова, инаку кандидатка за градоначалник на Благоевград во двата последни изборни циклуси, и уште двајцата кои и помогнале во каменувањето, Станислав Илиев и Николај Иванов , за бугарските медиуми потврдија дека се пуштени од притвор без пријава. А направената штета на клубот ја платиле со пари собрани од жителите на Благоевград.

„Јас сум иницијатор за тоа што се случи. Ова не е вандалски чин. Нашите граѓани и нашата држава беа понижени од Македонија. Бев револтирана поради тоа, како и поради репресиите што им се вршат постојано на македонските Бугари и фактичкото недејствување на бугарските власти. Истиот ден го нападнавме клубот. Да, јас имав желба и им дадов идеја на другите и тргнав реално сама. Луѓето што ги гледате до мене ме поддржаа, тоа се мои пријатели кои не ме оставија да отидам сама“, изјави Костадинова за Нова.
Ниту Костадинова, ниту соучесниците во нападот не се каат за стореното. Симболичен акт било каменувањето со цел да му покажеле на бугарското општество дека сè уште постојат будни Бугари.

„Не можам да се сетам дали сите фрлавме камења, како што рече Костадинова, таа фрли камен, таа го искрши стаклото“, изјави Илиев.
Двајца напаѓачи, и Илиев и Иванов, се вработени во Општинското претпријатие „Озеленување“ во Благоевград. Градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов, вчера иронично изјави дека ако се докажела вина, ќе ги казни вработените што фрлале камења на македонскиот клуб како што Скопје ги казнува цариниците и полицајците.

Македонскиот клуб во Благоевград беше вандализиран вечерта на 4 февруари, кога во Скопје се чествуваше 151-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев.

извор: tv alfa

The post Екс-кандидатката за градоначалник на Благоевград Костадинова го каменувала „Никола Вапцаров“, нема притвор и пријави за четирите сторители appeared first on Република.

]]>

Људмила Костадинова е иницијатор за каменувањето на македонскиот културен центар во Благоевград. Нападот не е вандалски чин, тврди, ама немало друг начин да го искажат револтот од тоа како македонските власти се однесувале кон Бугарите на граничниот премин „Деве Баир“ на 4-ти февруари, а официјална Софија на тоа молчела. Костадинова, инаку кандидатка за градоначалник на Благоевград во двата последни изборни циклуси, и уште двајцата кои и помогнале во каменувањето, Станислав Илиев и Николај Иванов , за бугарските медиуми потврдија дека се пуштени од притвор без пријава. А направената штета на клубот ја платиле со пари собрани од жителите на Благоевград. „Јас сум иницијатор за тоа што се случи. Ова не е вандалски чин. Нашите граѓани и нашата држава беа понижени од Македонија. Бев револтирана поради тоа, како и поради репресиите што им се вршат постојано на македонските Бугари и фактичкото недејствување на бугарските власти. Истиот ден го нападнавме клубот. Да, јас имав желба и им дадов идеја на другите и тргнав реално сама. Луѓето што ги гледате до мене ме поддржаа, тоа се мои пријатели кои не ме оставија да отидам сама“, изјави Костадинова за Нова. Ниту Костадинова, ниту соучесниците во нападот не се каат за стореното. Симболичен акт било каменувањето со цел да му покажеле на бугарското општество дека сè уште постојат будни Бугари. „Не можам да се сетам дали сите фрлавме камења, како што рече Костадинова, таа фрли камен, таа го искрши стаклото“, изјави Илиев. Двајца напаѓачи, и Илиев и Иванов, се вработени во Општинското претпријатие „Озеленување“ во Благоевград. Градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов, вчера иронично изјави дека ако се докажела вина, ќе ги казни вработените што фрлале камења на македонскиот клуб како што Скопје ги казнува цариниците и полицајците. Македонскиот клуб во Благоевград беше вандализиран вечерта на 4 февруари, кога во Скопје се чествуваше 151-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев. извор: tv alfa

The post Екс-кандидатката за градоначалник на Благоевград Костадинова го каменувала „Никола Вапцаров“, нема притвор и пријави за четирите сторители appeared first on Република.

]]>