Калед Мешал Archives - Република https://republika.mk/tema/kaled-meshal/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 09:05:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Калед Мешал Archives - Република https://republika.mk/tema/kaled-meshal/ 32 32 Лидерот во егзил е убеден дека Хамас ќе се крене како феникс од пепелта https://republika.mk/vesti/svet/liderot-vo-egzil-e-ubeden-deka-haas-ke-se-krene-kako-feniks-od-pepelta/ Tue, 08 Oct 2024 09:04:36 +0000 https://republika.mk/?p=824080

Лидерот на Хамас во егзил, Калед Мешал, денеска изјави дека групата ќе се издигне „како феникс од пепелта“ и покрај големите загуби претрпени за време на едногодишната војна со Израел и дека продолжува да регрутира борци и да произведува оружје.

Мешал рече дека конфликтот со Израел трае веќе 76 години, што датира од она што Палестинците го нарекуваат „Накба“ или „катастрофа“, кога многу Палестинци беа раселени за време на војната во 1948 година што доведе до создавање на Израел.

-Историјата на Палестина е составена од циклуси. Поминуваме низ фази кога губиме маченици (жртви) и дел од нашите воени способности, но потоа палестинскиот дух повторно се крева, како феникс, благодарение на Бога, изјави Мешал за Ројтерс.

Мешал, кој преживеа обид за атентат во 1997 година, откако му беше вбризган отров и беше генерален секретар  на Хамас од 1996 до 2017 година, рече дека Хамас сè уште може да се бори против израелските војници.

-Изгубивме дел од нашата муниција и оружје, но Хамас продолжува да регрутира млади луѓе и продолжува да произведува значителен дел од своето оружје и муниција, рече Мешал, без да даде детали.

Мешал е еден од шесте лидери на Хамас обвинети од американското Министерство за правда по обвиненија за тероризам за нападот врз Израел на 7 октомври минатата година. Тој рече дека не гледа шанса за мир се додека на власт во Израел е владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

-Се додека има (израелска) окупација, регионот е темпирана бомба, рече Мешал.

Кабинетот на израелскиот премиер одби да ги коментира изјавите на Мешал

The post Лидерот во егзил е убеден дека Хамас ќе се крене како феникс од пепелта appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Хамас во егзил, Калед Мешал, денеска изјави дека групата ќе се издигне „како феникс од пепелта“ и покрај големите загуби претрпени за време на едногодишната војна со Израел и дека продолжува да регрутира борци и да произведува оружје. Мешал рече дека конфликтот со Израел трае веќе 76 години, што датира од она што Палестинците го нарекуваат „Накба“ или „катастрофа“, кога многу Палестинци беа раселени за време на војната во 1948 година што доведе до создавање на Израел.
-Историјата на Палестина е составена од циклуси. Поминуваме низ фази кога губиме маченици (жртви) и дел од нашите воени способности, но потоа палестинскиот дух повторно се крева, како феникс, благодарение на Бога, изјави Мешал за Ројтерс.
Мешал, кој преживеа обид за атентат во 1997 година, откако му беше вбризган отров и беше генерален секретар  на Хамас од 1996 до 2017 година, рече дека Хамас сè уште може да се бори против израелските војници.
-Изгубивме дел од нашата муниција и оружје, но Хамас продолжува да регрутира млади луѓе и продолжува да произведува значителен дел од своето оружје и муниција, рече Мешал, без да даде детали.
Мешал е еден од шесте лидери на Хамас обвинети од американското Министерство за правда по обвиненија за тероризам за нападот врз Израел на 7 октомври минатата година. Тој рече дека не гледа шанса за мир се додека на власт во Израел е владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. -Се додека има (израелска) окупација, регионот е темпирана бомба, рече Мешал. Кабинетот на израелскиот премиер одби да ги коментира изјавите на Мешал

The post Лидерот во егзил е убеден дека Хамас ќе се крене како феникс од пепелта appeared first on Република.

]]>
Поранешен лидер на Хамас ги повика соседните земји да се приклучат на војната против Израел https://republika.mk/vesti/svet/poraneshen-lider-na-hamas-gi-povika-sosednite-zemji-da-se-prikluchat-na-vojnata-protiv-izrael/ Wed, 11 Oct 2023 14:54:10 +0000 https://republika.mk/?p=690218

Поранешниот лидер на Хамас, Калед Мешал го повика муслиманскиот свет да протестира в петок за поддршка на Палестинците и соседните земји да се приклучат на војната против Израел.

„В петок мораме да одиме на плоштадите и улиците на арапскиот и исламскиот свет“, рече Мешал, кој моментално ја води канцеларијата на дијаспората на Хамас, во порака испратена до западни новински агенции.

Тој изјави и дека владите и народите на Јордан, Сирија, Либан и Египет имаат голема должност да ги поддржат Палестинците.

„Ова е моментот на вистината, вие сте блиску до границите и сите знаете каква е вашата одговорност“, рече Мешал, кој се наоѓа во Катар.

Јордан и Либан се земјите со најголем број палестински бегалци.

„За сите оние кои предаваат џихад… за сите оние кои предаваат и учат, ова е моментот да се применат (теориите)“, рече високиот претставник на Хамас.

Мешал го упати повикот кога Израел најави дека ќе го засили својот одговор на нападот на палестинската група со преземање копнена офанзива.

The post Поранешен лидер на Хамас ги повика соседните земји да се приклучат на војната против Израел appeared first on Република.