какао Archives - Република https://republika.mk/tema/kakao/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Mar 2024 10:15:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png какао Archives - Република https://republika.mk/tema/kakao/ 32 32 Чоколадото веројатно ќе поскапи: Африка ја запира преработката на какао https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/chokoladoto-verojatno-ke-poskapi-afrika-ja-zapira-prerabotkata-na-kakao/ Fri, 15 Mar 2024 10:15:01 +0000 https://republika.mk/?p=755083

Главните африкански фабрики во Брегот на Слоновата Коска и Гана кои преработуваат какао прекинуваат со работа, бидејќи не можат да си дозволат купување на сировата билка во облик на зрно, наведуваат извори од индустријата.

Тоа значи дека чоколадото веројатно ќе поскапи низ целиот свет, а произведувачите веќе ги креваат цените за потрошувачите, пренесува Ројтерс.

Ваквата ситуација е резултат на трите години лоши берби на какаото, а се очекува и четврта во споменатите две африкански земји, кои произведуваат речиси 60 отсто од светските количества на таа билка.

Какаото во минатата година повеќе од двојно поскапе, па произведувачите на чоколадо не можат да си го дозволат и зависат од преработувачите кои можат да ги претворат зрната во путер и ликер, од што можат да прават чоколадо.

Преработувачите истакнуваат дека не можат да ги купуваат зрната поради високата цена.

Како што наведуваат изворите, наскоро би можеле да се затворат уште државни фабрики во Брегот на Слоновата Коска, во која е сместено речиси половина од светското производство на какао.

Повеќето од осумте големи фабрики на вториот голем произведувач Гана, вклучувајќи ја и државната фабрика за преработка, повеќе пати ја прекинуваат работата, од почетокот на сезоната во октомври, пишува Ројтерс.

 

The post Чоколадото веројатно ќе поскапи: Африка ја запира преработката на какао appeared first on Република.

]]>

Главните африкански фабрики во Брегот на Слоновата Коска и Гана кои преработуваат какао прекинуваат со работа, бидејќи не можат да си дозволат купување на сировата билка во облик на зрно, наведуваат извори од индустријата. Тоа значи дека чоколадото веројатно ќе поскапи низ целиот свет, а произведувачите веќе ги креваат цените за потрошувачите, пренесува Ројтерс. Ваквата ситуација е резултат на трите години лоши берби на какаото, а се очекува и четврта во споменатите две африкански земји, кои произведуваат речиси 60 отсто од светските количества на таа билка. Какаото во минатата година повеќе од двојно поскапе, па произведувачите на чоколадо не можат да си го дозволат и зависат од преработувачите кои можат да ги претворат зрната во путер и ликер, од што можат да прават чоколадо. Преработувачите истакнуваат дека не можат да ги купуваат зрната поради високата цена. Како што наведуваат изворите, наскоро би можеле да се затворат уште државни фабрики во Брегот на Слоновата Коска, во која е сместено речиси половина од светското производство на какао. Повеќето од осумте големи фабрики на вториот голем произведувач Гана, вклучувајќи ја и државната фабрика за преработка, повеќе пати ја прекинуваат работата, од почетокот на сезоната во октомври, пишува Ројтерс.  

The post Чоколадото веројатно ќе поскапи: Африка ја запира преработката на какао appeared first on Република.

]]>
Не очекува значително поскапување на чоколадото: Рекордно растат цените на какаото низ светот https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ne-ochekuva-znachitelno-poskapuvane-na-chokoladoto-rekordno-rastat-tsenite-na-kakaoto-niz-svetot/ Sun, 11 Feb 2024 08:31:26 +0000 https://republika.mk/?p=742721

Светските цени на какаото достигнаа нови рекорди, а причина за тоа е сушата која ги оштети посевите во Западна Африка.

Цената на какаото на њујоршкиот пазар достигна 5.874 долари за тон. Така, цената на оваа клучна состојка за правење чоколадо е речиси двојно зголемена од минатата година. Тоа веќе го чувствуваат главните производители на чоколадо, но и крајните потрошувачи.

Еден од најголемите светски производители на чоколада, американскиот „Херши“, објави дека очекува историски високите цени на какаото да го ограничат растот на заработката оваа година. Извршниот директор на „Херши“, Мишел Бак, не ја исклучува можноста за зголемување на цените на чоколадото за крајните клиенти.

Друг американски производител, „Монделез“, како еден од предизвиците оваа година го посочи зголемувањето на цените на состојките за правење чоколадо. Главниот финансиски директор на „Монделез“, Лука Зарамела изјави дека се соочуваат со значително зголемување на цените на какаото и шеќерот.

Цените на какаото се зголемија поради слабата жетва во Западна Африка, каде што производството задоволува најголем дел од глобалната побарувачка за какао.

Метеоролошкиот феномен Ел Нињо предизвикува суши во Гана и Брегот на Слоновата Коска, два од најголемите светски производители на какао. Повисоките температури и промените во обрасците на врнежите се последица на климатските промени, а влијаат и на жетвата, објави „Би-Би-Си“.

The post Не очекува значително поскапување на чоколадото: Рекордно растат цените на какаото низ светот appeared first on Република.

]]>

Светските цени на какаото достигнаа нови рекорди, а причина за тоа е сушата која ги оштети посевите во Западна Африка. Цената на какаото на њујоршкиот пазар достигна 5.874 долари за тон. Така, цената на оваа клучна состојка за правење чоколадо е речиси двојно зголемена од минатата година. Тоа веќе го чувствуваат главните производители на чоколадо, но и крајните потрошувачи. Еден од најголемите светски производители на чоколада, американскиот „Херши“, објави дека очекува историски високите цени на какаото да го ограничат растот на заработката оваа година. Извршниот директор на „Херши“, Мишел Бак, не ја исклучува можноста за зголемување на цените на чоколадото за крајните клиенти. Друг американски производител, „Монделез“, како еден од предизвиците оваа година го посочи зголемувањето на цените на состојките за правење чоколадо. Главниот финансиски директор на „Монделез“, Лука Зарамела изјави дека се соочуваат со значително зголемување на цените на какаото и шеќерот. Цените на какаото се зголемија поради слабата жетва во Западна Африка, каде што производството задоволува најголем дел од глобалната побарувачка за какао.
Метеоролошкиот феномен Ел Нињо предизвикува суши во Гана и Брегот на Слоновата Коска, два од најголемите светски производители на какао. Повисоките температури и промените во обрасците на врнежите се последица на климатските промени, а влијаат и на жетвата, објави „Би-Би-Си“.

The post Не очекува значително поскапување на чоколадото: Рекордно растат цените на какаото низ светот appeared first on Република.

]]>