кадровски решенија Archives - Република https://republika.mk/tema/kadrovski-reshenija/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Jul 2024 13:42:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кадровски решенија Archives - Република https://republika.mk/tema/kadrovski-reshenija/ 32 32 Секој заслужува шанса, вели Мицкоски за предлозите за заменици-министри https://republika.mk/vesti/makedonija/sekoj-zasluzhuva-shansa-veli-mitskoski-za-predlozite-za-zamenitsi-ministri/ Sat, 20 Jul 2024 13:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=798746

Верувам во кадровските решенија и секој заслужува шанса. Оној што ќе ја упропасти таа шанса, веднаш ќе биде сменет, вели премиерот Христијан Мицкоски за предлог-решенијата за заменици министри.

- Ние имаме коалициски договор и јас верувам на коалиционите партнери со кои имаме принципиелен, цврст коалициски договор, верувам во кадровските решенија и секое кадровски решение заслужува шанса. Она кадровско решение што ќе ја упропасти таа шанса, ќе биде веднаш променето, нема да чекаме години, изјави Мицкоски по денешната посета на Трубарево.

Одговарајќи на новинарско прашање дека образованието на некои предложени заменици-министри не соодветствува со функцијата, Мицкоски упати на минатото и на образованието на многу кадри од ДУИ.

- Ако алудирате на образованието, вратете се 20 години наназад и видете го образованието на многу од кадрите кои доаѓале од ДУИ. Јас не сакам да деинтегрирам никого, не сакам да девалвирам никого се додека не ги видиме преформансите, додека не почнат да работат, рече Мицкоски.

Владата во средата ги утврди имињата на замениците министри. ВЛЕН доби девет заменици-министри, меѓу кои за одбрана, за внатрешни работи, односи меѓу заедниците, земјоделство, образование, локална самоуправа, спорт, транспорт и култура. Останатите десет заменици министри се од ВМРО-ДПМНЕ и од ЗНАМ.

Замениците-министри треба да бидат избрани на пленарна седница во Собранието.

The post Секој заслужува шанса, вели Мицкоски за предлозите за заменици-министри appeared first on Република.

]]>

Верувам во кадровските решенија и секој заслужува шанса. Оној што ќе ја упропасти таа шанса, веднаш ќе биде сменет, вели премиерот Христијан Мицкоски за предлог-решенијата за заменици министри.
- Ние имаме коалициски договор и јас верувам на коалиционите партнери со кои имаме принципиелен, цврст коалициски договор, верувам во кадровските решенија и секое кадровски решение заслужува шанса. Она кадровско решение што ќе ја упропасти таа шанса, ќе биде веднаш променето, нема да чекаме години, изјави Мицкоски по денешната посета на Трубарево.
Одговарајќи на новинарско прашање дека образованието на некои предложени заменици-министри не соодветствува со функцијата, Мицкоски упати на минатото и на образованието на многу кадри од ДУИ.
- Ако алудирате на образованието, вратете се 20 години наназад и видете го образованието на многу од кадрите кои доаѓале од ДУИ. Јас не сакам да деинтегрирам никого, не сакам да девалвирам никого се додека не ги видиме преформансите, додека не почнат да работат, рече Мицкоски.
Владата во средата ги утврди имињата на замениците министри. ВЛЕН доби девет заменици-министри, меѓу кои за одбрана, за внатрешни работи, односи меѓу заедниците, земјоделство, образование, локална самоуправа, спорт, транспорт и култура. Останатите десет заменици министри се од ВМРО-ДПМНЕ и од ЗНАМ. Замениците-министри треба да бидат избрани на пленарна седница во Собранието.

The post Секој заслужува шанса, вели Мицкоски за предлозите за заменици-министри appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ ги утврдува кадровските решенија во новата влада https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-gi-utvrduva-kadrovskite-reshenija-vo-novata-vlada/ Sun, 16 Jun 2024 17:17:05 +0000 https://republika.mk/?p=788224

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седница ги утврдува кандидатите за министри од коалицијата „Твоја Македонија“, по што ќе заседава и Централниот комитет. Имињата на идните членови на владата и одуките на партиските тела ќе ги соопшти партискиот лидер и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски во изјава за медиумите што е најавена за 20 часот.

Идната влада ќе ја сочинуваат Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и ЗНАМ за наша Македонија.

Мицкоски претходно најави дека предлог составот и програмата на владата ќе ги достави до Собранието задутре, по што треба да биде закажана собраниска седница за избор на новиот владин кабинет. Рокот од 20 дена за состав на владата тече од 6 јуни кога Мицкоски го доби мандатот од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај освои 58 пратеници, Вреди 14, а ЗНАМ шест.

The post ВМРО-ДПМНЕ ги утврдува кадровските решенија во новата влада appeared first on Република.

]]>

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седница ги утврдува кандидатите за министри од коалицијата „Твоја Македонија“, по што ќе заседава и Централниот комитет. Имињата на идните членови на владата и одуките на партиските тела ќе ги соопшти партискиот лидер и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски во изјава за медиумите што е најавена за 20 часот. Идната влада ќе ја сочинуваат Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и ЗНАМ за наша Македонија. Мицкоски претходно најави дека предлог составот и програмата на владата ќе ги достави до Собранието задутре, по што треба да биде закажана собраниска седница за избор на новиот владин кабинет. Рокот од 20 дена за состав на владата тече од 6 јуни кога Мицкоски го доби мандатот од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај освои 58 пратеници, Вреди 14, а ЗНАМ шест.

The post ВМРО-ДПМНЕ ги утврдува кадровските решенија во новата влада appeared first on Република.

]]>