кадри Archives - Република https://republika.mk/tema/kadri/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 12:08:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кадри Archives - Република https://republika.mk/tema/kadri/ 32 32 Таравари: Недостатокот од кадри ќе се надминува и со средно медицински кадар и со доктори https://republika.mk/zivot/zdravje/taravari-nedostatokot-od-kadri-ke-se-nadminuva-i-so-sredno-meditsinski-kadar-i-so-doktori/ Thu, 15 Aug 2024 12:08:56 +0000 https://republika.mk/?p=806898

Министерот за здравство Арбен Таравари одговорајќи на новинарски прашања во Тетово, рече дека очекува институциите да дадат одговор што се случило со Блерант Рамадани, кој беше приведен по барање на Интерпол, па по добиен домашен притвор сега е слободен.

– Вчера прочитав дека Рамадани не е во Македонија. Како и да е, мислам дека од почетокот, господинот Рамадани не требаше да се затвори. Меѓутоа треба да го прашате господниот Абази, јавниот обвинител, зошто остана предолго па после му се овозможи домашен притвор. Сега се надевам надлежните институции ќе кажат што и како се случило, рече Таравари.

На прашањата на теми од здравството, Таравари рече дека недостатокот од кадри во областа ќе се надминува и со средно медицински кадар и со доктори.

Не само во Тетово, генерално секаде, има недостаток посебно на средно медицински кадар. Ние ќе се обидеме, знаете во овој период со 300 доктори специјализанти ќе се обидеме да бидат ангажирани. Меѓутоа и средно медицински кадар ќе се обидеме да ангажираме. Се надеваме дека донекаде недостатокот на кадар ќе се покрие, се надева Таравари.

Министерот рече дека по објавената јавна набавка за компресорски систем за хируршките клиники во Скопје сè уште нема информации дали има пријавено заинтересирани фирми.

The post Таравари: Недостатокот од кадри ќе се надминува и со средно медицински кадар и со доктори appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари одговорајќи на новинарски прашања во Тетово, рече дека очекува институциите да дадат одговор што се случило со Блерант Рамадани, кој беше приведен по барање на Интерпол, па по добиен домашен притвор сега е слободен. – Вчера прочитав дека Рамадани не е во Македонија. Како и да е, мислам дека од почетокот, господинот Рамадани не требаше да се затвори. Меѓутоа треба да го прашате господниот Абази, јавниот обвинител, зошто остана предолго па после му се овозможи домашен притвор. Сега се надевам надлежните институции ќе кажат што и како се случило, рече Таравари. На прашањата на теми од здравството, Таравари рече дека недостатокот од кадри во областа ќе се надминува и со средно медицински кадар и со доктори.
Не само во Тетово, генерално секаде, има недостаток посебно на средно медицински кадар. Ние ќе се обидеме, знаете во овој период со 300 доктори специјализанти ќе се обидеме да бидат ангажирани. Меѓутоа и средно медицински кадар ќе се обидеме да ангажираме. Се надеваме дека донекаде недостатокот на кадар ќе се покрие, се надева Таравари.
Министерот рече дека по објавената јавна набавка за компресорски систем за хируршките клиники во Скопје сè уште нема информации дали има пријавено заинтересирани фирми.

The post Таравари: Недостатокот од кадри ќе се надминува и со средно медицински кадар и со доктори appeared first on Република.

]]>
Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ https://republika.mk/vesti/makedonija/bozinovska-do-spasovski-barame-razreshuvanje-na-komandirot-vukanovikj/ Sat, 04 Jun 2022 12:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=511054

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Советот на Општина Куманово од министерот за внатрешни работи Спасовски и началникот на СВР Величковиќ бара итно и неодложно разрешување на командирот Зорица Вукановиќ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Елена Доцевска Божиновска, советник во Советот на Општина Куманово:

Не верувам дека постои друг командир кој што има повеќе причини за разрешување од кумановскиот. По неусвоена полугодишна информација за работа на полициската станица за 2021 година, пред неколку дена Советот не ја усвои ниту годишната информација за работата на полициската станица за 2021 година.

Како советници укажавме негодување односно укажавме забелешки и на формата, и на содржината, и на методологијата со кои што е направена самата информација. Поставивме повеќе од 200 прашања, повеќе од 200 забелешки, препораки, меѓутоа и аргументирано укажавме на недостатоци и недоследности во самата информација.

За жал, не добивме одговор на ниту едно прашање, на ниту една препорака или забелешка од страна на претставниците на полициската станица.

Командирот Зорица Вукановиќ веќе во неколку наврати, во низа покажува елементарно непочитување кон Советот, и кон граѓаните кој што го избрале тој Совет. Командирот покажува непрофесионален однос, прекршување на член 25 од Законот за полиција, со свои постапки, како непрезентирање на самиот извештај пред Советот и пред граѓаните, доцнење неколкумесечно со доставување на извештајот за 2021 година и неодговарање на ниту едно прашање, неодговарање на ниту една забелешка од страна на советниците. Ненајавено отсуство на командирот од седницата на Советот, на која што треба да го презентира извештајот, и на која што треба да одговара на прашањата. И тоа на двапати. И на крај пуштање на претставник од полициската станица, кој што дојде целосно неподготвен, не успеа да одговори на ниту едно прашање поставено од советниците.

Заради сето наведено, меѓутоа и заради оние фрапантни показатели кои што ги добиваме со анализа на податоците наведени во информацијата. За еден поразителен, за еден константен и актуелен тренд на зголемување на кривични дела од дури 37% во второто за сметка на првото полугодие. Зголемување на сите кривични дела и прекршоци во кои што има елементи на насилство, прикривање и непишување на податоци во информацијата за тешки кривични дела како убиството, до ден денеска не добивме одговор зошто потфрлање и на превентивен план. Меѓутоа и во сообраќајот бележат фрапантни податоци кои што покажуваат на несериозен пристап. Во сообраќајот се зголемени бројки на случени сообраќајни несреќи во првото полугодие 7.05%, а во второто дури 17.42% за сметка на првото полугодие.

Меѓутоа казнената политика во сообраќајот бележи зголемена бројка од 41%, која што бројка ставена во корелација со зголемената бројка на случени сообраќајни несреќи пак покажува дека казнената политика е непродуктивна или била спроведена погрешно, на погрешни места и на погрешни чинители во сообраќајот.

И во извештајот на Хелсиншкиот комитет има сериозни забелешки за условите и за состојбата во која што се наоѓа објектот на полициската станица, а кој што беше пуштен свечено со помпи, со сечење на ленти од страна на министерот на 06.09.2021 година.

Заради сето кажано и заради секојдневните забелешки на нашите сограѓани кумановци, дека безбедноста на територијата на општина Куманово не е задоволителна од министерот Спасовски кој е од Куманово и од неговиот „најдобар“ началник на „најдоброто“ СВР во Македонија бараме итно разрешување на командирот на полициската станица Зорица Вукановиќ.

Куманово и кумановци заслужуваат стручни, образовани и професионални старешини и кадри во полициската станица од општа надлежност.

The post Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ appeared first on Република.

]]>

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Советот на Општина Куманово од министерот за внатрешни работи Спасовски и началникот на СВР Величковиќ бара итно и неодложно разрешување на командирот Зорица Вукановиќ. Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Елена Доцевска Божиновска, советник во Советот на Општина Куманово: Не верувам дека постои друг командир кој што има повеќе причини за разрешување од кумановскиот. По неусвоена полугодишна информација за работа на полициската станица за 2021 година, пред неколку дена Советот не ја усвои ниту годишната информација за работата на полициската станица за 2021 година. Како советници укажавме негодување односно укажавме забелешки и на формата, и на содржината, и на методологијата со кои што е направена самата информација. Поставивме повеќе од 200 прашања, повеќе од 200 забелешки, препораки, меѓутоа и аргументирано укажавме на недостатоци и недоследности во самата информација. За жал, не добивме одговор на ниту едно прашање, на ниту една препорака или забелешка од страна на претставниците на полициската станица. Командирот Зорица Вукановиќ веќе во неколку наврати, во низа покажува елементарно непочитување кон Советот, и кон граѓаните кој што го избрале тој Совет. Командирот покажува непрофесионален однос, прекршување на член 25 од Законот за полиција, со свои постапки, како непрезентирање на самиот извештај пред Советот и пред граѓаните, доцнење неколкумесечно со доставување на извештајот за 2021 година и неодговарање на ниту едно прашање, неодговарање на ниту една забелешка од страна на советниците. Ненајавено отсуство на командирот од седницата на Советот, на која што треба да го презентира извештајот, и на која што треба да одговара на прашањата. И тоа на двапати. И на крај пуштање на претставник од полициската станица, кој што дојде целосно неподготвен, не успеа да одговори на ниту едно прашање поставено од советниците. Заради сето наведено, меѓутоа и заради оние фрапантни показатели кои што ги добиваме со анализа на податоците наведени во информацијата. За еден поразителен, за еден константен и актуелен тренд на зголемување на кривични дела од дури 37% во второто за сметка на првото полугодие. Зголемување на сите кривични дела и прекршоци во кои што има елементи на насилство, прикривање и непишување на податоци во информацијата за тешки кривични дела како убиството, до ден денеска не добивме одговор зошто потфрлање и на превентивен план. Меѓутоа и во сообраќајот бележат фрапантни податоци кои што покажуваат на несериозен пристап. Во сообраќајот се зголемени бројки на случени сообраќајни несреќи во првото полугодие 7.05%, а во второто дури 17.42% за сметка на првото полугодие. Меѓутоа казнената политика во сообраќајот бележи зголемена бројка од 41%, која што бројка ставена во корелација со зголемената бројка на случени сообраќајни несреќи пак покажува дека казнената политика е непродуктивна или била спроведена погрешно, на погрешни места и на погрешни чинители во сообраќајот. И во извештајот на Хелсиншкиот комитет има сериозни забелешки за условите и за состојбата во која што се наоѓа објектот на полициската станица, а кој што беше пуштен свечено со помпи, со сечење на ленти од страна на министерот на 06.09.2021 година. Заради сето кажано и заради секојдневните забелешки на нашите сограѓани кумановци, дека безбедноста на територијата на општина Куманово не е задоволителна од министерот Спасовски кој е од Куманово и од неговиот „најдобар“ началник на „најдоброто“ СВР во Македонија бараме итно разрешување на командирот на полициската станица Зорица Вукановиќ. Куманово и кумановци заслужуваат стручни, образовани и професионални старешини и кадри во полициската станица од општа надлежност.

The post Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ appeared first on Република.

]]>