кадар Archives - Република https://republika.mk/tema/kadar/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Jul 2024 11:55:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кадар Archives - Република https://republika.mk/tema/kadar/ 32 32 Таравари: Приоритет ќе биде одобрувањето нови вработувања на Онкологија https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-prioritet-ke-bide-odobruvaneto-novi-vrabotuvana-na-onkologija/ Fri, 05 Jul 2024 11:55:01 +0000 https://republika.mk/?p=793790

Министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски ја посетија Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје. Тие попладнево разговараа со дел од вработените и со директорот Игор Стојковски за проблемите со коишто се соочува Клиниката, по што истакнаа дека ќе бараат брзи решенија за граѓаните да имаат што е можно поквалитетна здравствена услуга.

За идната недела е договорен нов состанок, како што беше појаснето, за да се подготви специјален извештај и во Влада да се разговара за проблемите на Клиниката, особено околу дефицитот на кадар.

Исто така поразговаравме и за тоа како можеме во што поскоро време да ги активираме амбулантите во Тетово, ГОБ „8 Септември“ и во Битола. И таму има одредени недостатоци на кадар, појасни министерот.

Таравари истакна дека ќе инсистира да се дозволат вработувања, со цел да не се преоптоварува вработениот персонал.

За жал, многу од кадрите си одат надвор, меѓутоа, ме известуваат дека имаме кадар што може веднаш да го активираме. И физичари и технолози и доктори и медицински сестри. Но, нормално, за овој кадар да биде како што треба, ќе треба месеци и години, додаде министерот.

Тој информираше дека денеска ќе го посети и Институтот за патологија, да види како стојат работите таму. Во понеделник најави средба и со деканот на Медицинскиот факултет, бидејќи смета оти потребна е стратегија за специјализации. Меѓу другото, соопшти дека се размислува како да се мотивираат докторите да специјализираат што повеќе и онкологија и патологија.

Директорот на Клиниката Стојковски, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека имало проблем со еден од лековите наменет за пациенти на оваа клиника.

Работиме на проблемот да го решиме и се надеваме дека во најбрз временски период ќе го има лекот, истакна Стојковски.

Директорот на ФЗО Клековски посочи дека за сите подрачја, смета дека граѓаните заслужуваат лекови од најнова генерација, а не од пред 30 години. Тој рече дека планираат комуникација не само со здружение на пациенти од оваа клиника, туку и со дијабет и со сите други болести.

The post Таравари: Приоритет ќе биде одобрувањето нови вработувања на Онкологија appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски ја посетија Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје. Тие попладнево разговараа со дел од вработените и со директорот Игор Стојковски за проблемите со коишто се соочува Клиниката, по што истакнаа дека ќе бараат брзи решенија за граѓаните да имаат што е можно поквалитетна здравствена услуга. За идната недела е договорен нов состанок, како што беше појаснето, за да се подготви специјален извештај и во Влада да се разговара за проблемите на Клиниката, особено околу дефицитот на кадар.
Исто така поразговаравме и за тоа како можеме во што поскоро време да ги активираме амбулантите во Тетово, ГОБ „8 Септември“ и во Битола. И таму има одредени недостатоци на кадар, појасни министерот.
Таравари истакна дека ќе инсистира да се дозволат вработувања, со цел да не се преоптоварува вработениот персонал.
За жал, многу од кадрите си одат надвор, меѓутоа, ме известуваат дека имаме кадар што може веднаш да го активираме. И физичари и технолози и доктори и медицински сестри. Но, нормално, за овој кадар да биде како што треба, ќе треба месеци и години, додаде министерот.
Тој информираше дека денеска ќе го посети и Институтот за патологија, да види како стојат работите таму. Во понеделник најави средба и со деканот на Медицинскиот факултет, бидејќи смета оти потребна е стратегија за специјализации. Меѓу другото, соопшти дека се размислува како да се мотивираат докторите да специјализираат што повеќе и онкологија и патологија. Директорот на Клиниката Стојковски, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека имало проблем со еден од лековите наменет за пациенти на оваа клиника.
Работиме на проблемот да го решиме и се надеваме дека во најбрз временски период ќе го има лекот, истакна Стојковски.
Директорот на ФЗО Клековски посочи дека за сите подрачја, смета дека граѓаните заслужуваат лекови од најнова генерација, а не од пред 30 години. Тој рече дека планираат комуникација не само со здружение на пациенти од оваа клиника, туку и со дијабет и со сите други болести.  

The post Таравари: Приоритет ќе биде одобрувањето нови вработувања на Онкологија appeared first on Република.

]]>
Порано имало по четири сестри на еден доктор, а сега е обратно, да не се доведеме во ситуација да увезуваме кадар од трети земји, кажаа на протестот здравствените работници https://republika.mk/zivot/zdravje/porano-imalo-po-chetiri-sestri-na-eden-doktor-a-sega-e-obratno-da-ne-se-dovedeme-vo-situatsija-da-uvezuvame-kadar-od-treti-zemji-kazhaa-na-protestot-zdravstvenite-rabotnitsi/ Mon, 08 Apr 2024 11:11:53 +0000 https://republika.mk/?p=763746

Порано имало по четири сестри на еден доктор, а сега е обратно, да не се доведеме во ситуација да увезуваме кадар од трети земји, кажаа денеска на протестот пред Министерството за здравство здравствените работници. Тие побараа од политичкиот партии кои претендираат да дојдат на власт да седнат со Синдикатот на заедничка маса и се она што го ветуваат во предизборните програми да го договорат на хартија, а потоа и да го реализираат.

Според Даница Стојкова, медицинска сестра на Клиниката за гинекологија, некогаш имало по четири сестри на еден доктор, а сега е обратно. Мора да се стави акцент и на образованието зашто во здравствени институции влегува несоодветен и неспособен медицински кадар.

Валоризацијата на медицинските сестри и другиот персонал кој е вработен во медицинските установи малку повеќе да се разработи зашто навистина платите не стигнуваат. Ако на некој не му стигнуваат 4 000 евра за еден месец, за нив колку се 40 илјади денари за цело семејство за еден месец. Мора да се стави акцент и на образованието. Во овие здравствени институции влегува несоодветен, неспособен медицински кадар поминат независно низ некои филтри или ред други работи каде што и тие се вработуваат со решение за стално, а нивната работа ја извршуваат вработените кои се доста повозрасни од нив и тоа не води никаде. Тука треба покрај Министерството за здравство и другите институции да се запраша и образованието како се вади кадар, дали е тој кадар како некогаш способен да настапи во тие здравствени институции затоа што никој дојден како пациент не би сакал да биде прифатен од нестручни луѓе, потенцира Стојкова.

Здравствените работници побараа веднаш по формирањето на новата влада да се потпише анексот на Колективниот договор. Ако не се исполни барањето за потпишување анекс од кое не отстапуваат, здравствените работници најавија помасовни протести.

Како што нагласија, целта е да испратиме две пораки. Првата е да го искажат незадоволство од потпишувањето на анексот на Колективниот договор за здравствена дејност кој требаше да се примени со оваа мартовска плата, а втората, многу појака и посилна, е до политичките партии кои претендираат да ја освојат власта - да сфатат дека веднаш по формирањето на новата влада треба да се пристапи кон потпишување на овој анекс на Колективниот договор.

Нашите две пораки се да го искажеме незадоволството и да дојдеме во ситуација да укажеме дека нема да отстапиме од потпишувањето на анексот на Колективниот договор, истакна претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски.

За анексите што не беа потпишани, имаме разработено и коефициенти и математика. На тие анекси што ги дадовме до Влада, кои поминаа на Влада и се даде заклучок, сега бараме и 15 отсто на тие анекси модифицирано поради минималната плата што се покачи во март. Исто така, проблемите со Колективниот договор мора да ги спомнеме, последните три министри, иако инсистиравме, изработката на новиот колективен договор за здравство е 90 отсто направена. Тоа го направи министерот Беким Сали, се формира Работна комисија и имаше мандат една година. Тоа е скоро готова работа и усогласено е и по образование и по професии и со Закон за работни односи и со Закон за здравствена заштита. Значи, еден апел до министерот - да се формира таа комисија што побрзо, да се доврши изработката на колективниот договор, да се стави на маса и да се потпише, рече претседателот на Синдикатот на Клинички центар, Предраг Серафимовски.

Синдикатот на клинички центар, дополни, повеќе пати апелира и му даде поддршка на претходниот министер и на тој пред него.

Филипче ја отвори таа тема, беше ставена во програма на Влада - Клинички центар да се врати во една целина со еден директор и еден Управен одбор за да се знае што и како кој работи, бидејќи имаше шест директори, 33 управни одбори и има голем одлив на пари. Само ако го вратат Клинички центар, со тие пари можат да ги покачат платите на вработените во здравството. Паркингот е исто така рак рана, го кажавме тоа и на вчерашните пресови. Не може Градски паркинг само да го смета Клинички центар како инвестиција или за собирање пари. Треба да се воспостави ред, да има контрола кој влегува, не може од двете страни да се паркираат возила, да не може болничко возило со животнозагрозувачки пациент да дојде до Ургентен центар и до другите клиники, изјави Серафимовски.

Според него, Синдикатот се залага и за оние со договори на дело и за специјализантите со приватна специјализација уште од 2012 година.

За оние со договори на дело треба конечно да се изнајде начин, парите се обезбедени и треба да се вработат, бидејќи има луѓе со по 20 години договор на дело на клиниките, а не им тече ниту здравствено, ниту пензиско осигурување. Кај приватните специјализанти проблемот е многу посложен. Иако постои голем егзодус во нашето здравство, приватната специјализација не постои никаде на друго место во светот. Предлагаме луѓето да се вработат во клиниките, државата да им ги исплати специјализациите и да останат во јавното здравство за да помагаат на народот. Инаку, вака, приватен специјализант ќе си заврши специјализација со пет години и еден ден нема да има во јавно здравство, па ќе си оди или во странство како што го прават тоа и завршените доктори, уажа претседателот на Синдикатот на Клинички центар.

Има, додаде, максимален одлив на сите профили.

Крајно време е сите политички партии да си го стават прстот на чело. Го кажав тоа и вчера, знаеме дека има економски егзодус и од Англија одат медицински кадар во Австралија за поголеми плати и од Германија во Норвешка, во Шведска, меѓутоа немојте да се доведеме во состојба да се увезуваат здравствени работници и кадар од трети земји бидејќи од контактите што ги имаме со синдикатите од Словенија, од Хрватска смртноста кај нив е зголемена доста. Така што, мислам дека е крајно време, ова е последен апел да имаат чувство, сенс за здравството. Прво и основно е покачување на платите зашто се што нудат друго – градење болници, опрема се е тоа во ред, меѓутоа кој ќе работи во тие болници и кој ќе биде со таа опрема, подвлече Серафимовски.

Каранфиловски во овој контекст укажа дека за новата влада мотивираноста на вработените во здравството треба да биде главен приоритет.

Протестот беше под мотото „Здравството на протест за плата“, а го поддржаа ССМ, Конфедерацијата и гранковите синдикати од двата сојуза и конфедерации.

The post Порано имало по четири сестри на еден доктор, а сега е обратно, да не се доведеме во ситуација да увезуваме кадар од трети земји, кажаа на протестот здравствените работници appeared first on Република.

]]>

Порано имало по четири сестри на еден доктор, а сега е обратно, да не се доведеме во ситуација да увезуваме кадар од трети земји, кажаа денеска на протестот пред Министерството за здравство здравствените работници. Тие побараа од политичкиот партии кои претендираат да дојдат на власт да седнат со Синдикатот на заедничка маса и се она што го ветуваат во предизборните програми да го договорат на хартија, а потоа и да го реализираат. Според Даница Стојкова, медицинска сестра на Клиниката за гинекологија, некогаш имало по четири сестри на еден доктор, а сега е обратно. Мора да се стави акцент и на образованието зашто во здравствени институции влегува несоодветен и неспособен медицински кадар.
Валоризацијата на медицинските сестри и другиот персонал кој е вработен во медицинските установи малку повеќе да се разработи зашто навистина платите не стигнуваат. Ако на некој не му стигнуваат 4 000 евра за еден месец, за нив колку се 40 илјади денари за цело семејство за еден месец. Мора да се стави акцент и на образованието. Во овие здравствени институции влегува несоодветен, неспособен медицински кадар поминат независно низ некои филтри или ред други работи каде што и тие се вработуваат со решение за стално, а нивната работа ја извршуваат вработените кои се доста повозрасни од нив и тоа не води никаде. Тука треба покрај Министерството за здравство и другите институции да се запраша и образованието како се вади кадар, дали е тој кадар како некогаш способен да настапи во тие здравствени институции затоа што никој дојден како пациент не би сакал да биде прифатен од нестручни луѓе, потенцира Стојкова.
Здравствените работници побараа веднаш по формирањето на новата влада да се потпише анексот на Колективниот договор. Ако не се исполни барањето за потпишување анекс од кое не отстапуваат, здравствените работници најавија помасовни протести. Како што нагласија, целта е да испратиме две пораки. Првата е да го искажат незадоволство од потпишувањето на анексот на Колективниот договор за здравствена дејност кој требаше да се примени со оваа мартовска плата, а втората, многу појака и посилна, е до политичките партии кои претендираат да ја освојат власта - да сфатат дека веднаш по формирањето на новата влада треба да се пристапи кон потпишување на овој анекс на Колективниот договор.
Нашите две пораки се да го искажеме незадоволството и да дојдеме во ситуација да укажеме дека нема да отстапиме од потпишувањето на анексот на Колективниот договор, истакна претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски.
За анексите што не беа потпишани, имаме разработено и коефициенти и математика. На тие анекси што ги дадовме до Влада, кои поминаа на Влада и се даде заклучок, сега бараме и 15 отсто на тие анекси модифицирано поради минималната плата што се покачи во март. Исто така, проблемите со Колективниот договор мора да ги спомнеме, последните три министри, иако инсистиравме, изработката на новиот колективен договор за здравство е 90 отсто направена. Тоа го направи министерот Беким Сали, се формира Работна комисија и имаше мандат една година. Тоа е скоро готова работа и усогласено е и по образование и по професии и со Закон за работни односи и со Закон за здравствена заштита. Значи, еден апел до министерот - да се формира таа комисија што побрзо, да се доврши изработката на колективниот договор, да се стави на маса и да се потпише, рече претседателот на Синдикатот на Клинички центар, Предраг Серафимовски. Синдикатот на клинички центар, дополни, повеќе пати апелира и му даде поддршка на претходниот министер и на тој пред него.
Филипче ја отвори таа тема, беше ставена во програма на Влада - Клинички центар да се врати во една целина со еден директор и еден Управен одбор за да се знае што и како кој работи, бидејќи имаше шест директори, 33 управни одбори и има голем одлив на пари. Само ако го вратат Клинички центар, со тие пари можат да ги покачат платите на вработените во здравството. Паркингот е исто така рак рана, го кажавме тоа и на вчерашните пресови. Не може Градски паркинг само да го смета Клинички центар како инвестиција или за собирање пари. Треба да се воспостави ред, да има контрола кој влегува, не може од двете страни да се паркираат возила, да не може болничко возило со животнозагрозувачки пациент да дојде до Ургентен центар и до другите клиники, изјави Серафимовски.
Според него, Синдикатот се залага и за оние со договори на дело и за специјализантите со приватна специјализација уште од 2012 година.
За оние со договори на дело треба конечно да се изнајде начин, парите се обезбедени и треба да се вработат, бидејќи има луѓе со по 20 години договор на дело на клиниките, а не им тече ниту здравствено, ниту пензиско осигурување. Кај приватните специјализанти проблемот е многу посложен. Иако постои голем егзодус во нашето здравство, приватната специјализација не постои никаде на друго место во светот. Предлагаме луѓето да се вработат во клиниките, државата да им ги исплати специјализациите и да останат во јавното здравство за да помагаат на народот. Инаку, вака, приватен специјализант ќе си заврши специјализација со пет години и еден ден нема да има во јавно здравство, па ќе си оди или во странство како што го прават тоа и завршените доктори, уажа претседателот на Синдикатот на Клинички центар.
Има, додаде, максимален одлив на сите профили.
Крајно време е сите политички партии да си го стават прстот на чело. Го кажав тоа и вчера, знаеме дека има економски егзодус и од Англија одат медицински кадар во Австралија за поголеми плати и од Германија во Норвешка, во Шведска, меѓутоа немојте да се доведеме во состојба да се увезуваат здравствени работници и кадар од трети земји бидејќи од контактите што ги имаме со синдикатите од Словенија, од Хрватска смртноста кај нив е зголемена доста. Така што, мислам дека е крајно време, ова е последен апел да имаат чувство, сенс за здравството. Прво и основно е покачување на платите зашто се што нудат друго – градење болници, опрема се е тоа во ред, меѓутоа кој ќе работи во тие болници и кој ќе биде со таа опрема, подвлече Серафимовски.
Каранфиловски во овој контекст укажа дека за новата влада мотивираноста на вработените во здравството треба да биде главен приоритет. Протестот беше под мотото „Здравството на протест за плата“, а го поддржаа ССМ, Конфедерацијата и гранковите синдикати од двата сојуза и конфедерации.  

The post Порано имало по четири сестри на еден доктор, а сега е обратно, да не се доведеме во ситуација да увезуваме кадар од трети земји, кажаа на протестот здравствените работници appeared first on Република.

]]>
Миграцијата ќе ни ги однесе медицинските сестри во Европа, а ние не можеме да ја запреме https://republika.mk/zivot/zdravje/migratsijata-ke-ni-gi-odnese-meditsinskite-sestri-vo-evropa-a-nie-ne-mozheme-da-ja-zapreme/ Thu, 21 Mar 2024 14:31:50 +0000 https://republika.mk/?p=757051

Достоинствена професија, подобри услови и повисоки плати, порачаат медицинските сестри од примарната здравствена заштита на денешниот прв Симпозиум што го одржаа во прилепскиот хотел „Салида“. Задоволни се што формираа посебно друштво во рамки на здруженијата за да се решаваат поефикасно проблемите.

Според Горданка Бешлиовска, претседателка на здружението на медицински сестри акушерки, стоматолошки сестри, кое ја предводи Унијата на сите медицински сестри, вели дека асоцијацијата мора да добие свој сектор во Министерството за здравство од каде, од терен, ќе ги централизира сите проблеми и ќе работи на кариерниот развој на медицинските сестри.

Нагласија дека мора да се најдат решенија, посебно за одливот на медицинскиот кадар. Според податоците, недостасуваат околу 8. 000, а потребите во здравството се задоволени само 50 отсто.

Ние мора, во моментов да имаме здрава работна околина. Инаку, миграцијата која, всушност, е подобна за цела Европа која е без граници, ќе ни ги однесе медицинските сестри во Европа, а ние не можеме да ја запреме миграцијата. Единствениот начин на кој можеме да ја запреме е да ги подобриме условите за работа, кои се на прво место, да ги зголемеме задоволствата на медицинските сестри и да ги зголемиме личните доходи. Задоволствата и личните доходи треба да дојдат преку нивниот кариерен развој и признавањето на нивната професија. Медицинските сестри во болниците не може да бидат помошен персонал. Тие имаат автономна професија кои ја бранат со вакви стручни и професионални настани, изјави Бешлиовска.

Сметаат дека мора да има децентрализација на услугите во примарната здравствена заштита.

Реформите во приватната здравствена заштита почнаа минатата година со менувањето на режимот на препишување на терапиите на хронично болните пациенти. Здравствените работници во примарното здравство, тоа ги вклучува лекарите и медицинските сестри, имаат компетенции кои ќе бидат надградени за да може да даваат уште повеќе дијагностички услуги, како што се еходијагностика, спирометрија на ниво на примарна здравствена заштита за да се овозможи пациентите тие услуги да ги добијат најблиску до нивното место на живеење, рече Злате Мехмедовиќ, координатор на реформите во примарната здравствена заштита.

The post Миграцијата ќе ни ги однесе медицинските сестри во Европа, а ние не можеме да ја запреме appeared first on Република.

]]>

Достоинствена професија, подобри услови и повисоки плати, порачаат медицинските сестри од примарната здравствена заштита на денешниот прв Симпозиум што го одржаа во прилепскиот хотел „Салида“. Задоволни се што формираа посебно друштво во рамки на здруженијата за да се решаваат поефикасно проблемите. Според Горданка Бешлиовска, претседателка на здружението на медицински сестри акушерки, стоматолошки сестри, кое ја предводи Унијата на сите медицински сестри, вели дека асоцијацијата мора да добие свој сектор во Министерството за здравство од каде, од терен, ќе ги централизира сите проблеми и ќе работи на кариерниот развој на медицинските сестри. Нагласија дека мора да се најдат решенија, посебно за одливот на медицинскиот кадар. Според податоците, недостасуваат околу 8. 000, а потребите во здравството се задоволени само 50 отсто.
Ние мора, во моментов да имаме здрава работна околина. Инаку, миграцијата која, всушност, е подобна за цела Европа која е без граници, ќе ни ги однесе медицинските сестри во Европа, а ние не можеме да ја запреме миграцијата. Единствениот начин на кој можеме да ја запреме е да ги подобриме условите за работа, кои се на прво место, да ги зголемеме задоволствата на медицинските сестри и да ги зголемиме личните доходи. Задоволствата и личните доходи треба да дојдат преку нивниот кариерен развој и признавањето на нивната професија. Медицинските сестри во болниците не може да бидат помошен персонал. Тие имаат автономна професија кои ја бранат со вакви стручни и професионални настани, изјави Бешлиовска.
Сметаат дека мора да има децентрализација на услугите во примарната здравствена заштита.
Реформите во приватната здравствена заштита почнаа минатата година со менувањето на режимот на препишување на терапиите на хронично болните пациенти. Здравствените работници во примарното здравство, тоа ги вклучува лекарите и медицинските сестри, имаат компетенции кои ќе бидат надградени за да може да даваат уште повеќе дијагностички услуги, како што се еходијагностика, спирометрија на ниво на примарна здравствена заштита за да се овозможи пациентите тие услуги да ги добијат најблиску до нивното место на живеење, рече Злате Мехмедовиќ, координатор на реформите во примарната здравствена заштита.
 
The post Миграцијата ќе ни ги однесе медицинските сестри во Европа, а ние не можеме да ја запреме appeared first on Република.

]]>
Велковски: 81 дете чека за упис во градинка во Неготино поради недостаток на кадар https://republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-81-dete-cheka-za-upis-vo-gradinka-vo-negotino-poradi-nedostatok-na-kadar/ Thu, 14 Mar 2024 11:07:16 +0000 https://republika.mk/?p=754696

Поради недостаток на лиценциран кадар во градинките, голем дел од клоновите се нефункционални, а бројот на деца на листите за чекање се зголемува. Во клонот „Темјанушка“ во Општина Неготино, 81 деца чекаат на листата за чекање, вели техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски при денешната теренска посета на детската градинка „Фемо Кулаков- Неготино“.

„Во овој објект којшто 2021 година е отворен, имаме проблем со недостатокот на кадар односно дел од групите не се отворени. Потребен е кадар од 25 лица кои што заради неможноста да полагаат за лиценци бидејќи министерството за труд и социјална политика во изминатиот период не давало дозвола, за жал седат празни дел од просториите коишто треба да бидат наменети токму за дечињата коишто се на листата за чекање во Општина Неготино. Вкупниот број на дечиња кои што во овој момент чекаат на листите се 81“, истакнува министерот Велковски.

Велковски овој пат од Неготино, повторно укажа на сериозноста на проблемот со кој се соочуваат детските градинки не само во оваа општина, туку низ целата држава.

„Со давање на ваквите согласности за стручниот кадар ќе имаме можност токму да се отворат овие останати просторни услови и бројот на овие дечиња од листите на чекање буквално да биде на нула, дополнува тој.

Директорката на градинката, Нада Најдова на средбата со министерот истакна дека таа има поднесено барање за полагање за лиценца уште во 2021 година, за што не била повикана, иако во текот на 2023 година полагале лица коишто аплицирале истата година.

The post Велковски: 81 дете чека за упис во градинка во Неготино поради недостаток на кадар appeared first on Република.

]]>

Поради недостаток на лиценциран кадар во градинките, голем дел од клоновите се нефункционални, а бројот на деца на листите за чекање се зголемува. Во клонот „Темјанушка“ во Општина Неготино, 81 деца чекаат на листата за чекање, вели техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски при денешната теренска посета на детската градинка „Фемо Кулаков- Неготино“.
„Во овој објект којшто 2021 година е отворен, имаме проблем со недостатокот на кадар односно дел од групите не се отворени. Потребен е кадар од 25 лица кои што заради неможноста да полагаат за лиценци бидејќи министерството за труд и социјална политика во изминатиот период не давало дозвола, за жал седат празни дел од просториите коишто треба да бидат наменети токму за дечињата коишто се на листата за чекање во Општина Неготино. Вкупниот број на дечиња кои што во овој момент чекаат на листите се 81“, истакнува министерот Велковски.
Велковски овој пат од Неготино, повторно укажа на сериозноста на проблемот со кој се соочуваат детските градинки не само во оваа општина, туку низ целата држава. „Со давање на ваквите согласности за стручниот кадар ќе имаме можност токму да се отворат овие останати просторни услови и бројот на овие дечиња од листите на чекање буквално да биде на нула, дополнува тој. Директорката на градинката, Нада Најдова на средбата со министерот истакна дека таа има поднесено барање за полагање за лиценца уште во 2021 година, за што не била повикана, иако во текот на 2023 година полагале лица коишто аплицирале истата година.

The post Велковски: 81 дете чека за упис во градинка во Неготино поради недостаток на кадар appeared first on Република.

]]>
Велковски: Центрите за социјална работа соочени со заминување на стручниот кадар https://republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-tsentrite-za-sotsijalna-rabota-soocheni-so-zaminuvane-na-struchniot-kadar/ Wed, 21 Feb 2024 13:04:44 +0000 https://republika.mk/?p=746583

Министерот за труд и социјана политика Ѓоко Велковски денeска оствари работна средба со раководствата на сите Центри за социјална работа во Македонија, а се со цел да се исклучат сите можности за злоупотреба на системот во изборниот процес.

Овие центри се првата карика во системот на социјална и детска заштита и доколку тиe не функционираат, системот се распаѓа. На средбата со директорите беа изнесени проблемите со заминување на кадар односно стручните работници кои треба да помагаат на граѓаните во социјален ризик давале откази од Центрите за социјална работа заради лошите услови за работа и лошите реформи кои се случија изминатите 6 години.
Вработените велат дека неиздржливо е да се работи во распаднат систем.

Во наредниот период треба да ги извршувате вашите работни задачи на најпрофесионално ниво и да не потпаѓате под притисоци! Ветив дека системот на социјална заштита ќе претрпи целосен ремонт за да граѓаните и вработените како нивен сервис го добијат вистинското место во ова општество, наведе Велковски.

Во држава има 30 Центри за социјална работа, односно во секое поголемо населено место.

The post Велковски: Центрите за социјална работа соочени со заминување на стручниот кадар appeared first on Република.

]]>

Министерот за труд и социјана политика Ѓоко Велковски денeска оствари работна средба со раководствата на сите Центри за социјална работа во Македонија, а се со цел да се исклучат сите можности за злоупотреба на системот во изборниот процес. Овие центри се првата карика во системот на социјална и детска заштита и доколку тиe не функционираат, системот се распаѓа. На средбата со директорите беа изнесени проблемите со заминување на кадар односно стручните работници кои треба да помагаат на граѓаните во социјален ризик давале откази од Центрите за социјална работа заради лошите услови за работа и лошите реформи кои се случија изминатите 6 години. Вработените велат дека неиздржливо е да се работи во распаднат систем. Во наредниот период треба да ги извршувате вашите работни задачи на најпрофесионално ниво и да не потпаѓате под притисоци! Ветив дека системот на социјална заштита ќе претрпи целосен ремонт за да граѓаните и вработените како нивен сервис го добијат вистинското место во ова општество, наведе Велковски. Во држава има 30 Центри за социјална работа, односно во секое поголемо населено место.

The post Велковски: Центрите за социјална работа соочени со заминување на стручниот кадар appeared first on Република.

]]>
Се бараат келнери, готвачи, помошен персонал: На прилепските угостители им недостига персонал и до 40 отсто https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-baraat-kelneri-gotvachi-pomoshen-personal-na-prilepskite-ugostiteli-im-nedostiga-personal-i-do-40-otsto/ Sun, 05 Jun 2022 13:05:40 +0000 https://republika.mk/?p=511406

Прилепските угостители се соочуваат со недостиг од персонал и до 40 отсто и истакнуваат дека моментално ова е најголемиот проблем за нив. Бараат законски измени за да може да ги вклучат и средношколците во ангажирањето на работна сила.

Според Јорданчо Момироски, претседател на здружението за угостителство и туризам „Меанџии“ од Прилеп, разговарано е со Стопанската комора и со претставници од Агенцијата за вработување.

Има недостиг од келнери, готвачи, помошен персонал. Имаме голем проблем во сите сфери во угостителството. Моментално работиме со помалку персонал, кој колку може, па и самите сопственици работат. Но, со недостиг од персонал се скратува и понудата во менијата. Бараме и законски регулативи и средношколци да може да работат, да ги вклучиме, бидејќи тие сѐ уште не може да работат во странство. За вклучување на средношколците разговаравме и со Стопанската комора и со претставници на Агенцијата за вработување. Има некои законски рамки за да бидат приправници за да може регуларно да ги вклопиме во системот на работа. Само има проблем што од секое средно училиште не може да се ангажира од која било насока. Се надеваме дека за брзо ќе се реши. Моментално може да се вработуваат 18-годишници, матуранти. Тоа е единствениот излез засега да се покрие недостигот од персонал - вели Момироски.

Годинава, главен тренд на сезонско работење во хотелиерството е во Хрватска. Ирена Петреска, регионален менаџер во агенција за посредување за работа во странство вели дека 5.000 до 7.000 Македонци ова лето ќе го поминат во сезонска работа во хрватското хотелиерство. Одат и за заработувачка и да престојуваат во атрактивни туристички места.

Но, има уште поголем проблем.

Македонците имаат тренд на групни миграции, така што, по завршувањето на кризниот период со короната, како дестинација најмногу се јавува Хрватска. Проблемот не е тоа што ќе поминат сезонско вработување, проблемот е карактерот на вработувањето. Тие ќе работат сезонски, без можност за постојано или долгорочно вработување, но, од друга страна, ќе се вратат во Македонија и повторно ќе бидат невработени лица, сѐ додека не се смени нешто во системот и во начинот на работењето во угостителството - вели Петреска.

Во Прилеп има 80 угостителски субјекти со околу 700 вработени. Јорданчо Момироски смета дека угостителите прават напори да дадат поголема плата.

Моментно на персоналот му е зголемена основната плата, а земаат и добри дневници. Угостителите, во рамките на своите можности го даваат максимумот на секој начин за да се задржи персоналот. Се одразува и светската криза. Прво на удар е угостителството - вели преседателот на прилепското здружение за угостителство и туризам „Меанџии“.

The post Се бараат келнери, готвачи, помошен персонал: На прилепските угостители им недостига персонал и до 40 отсто appeared first on Република.

]]>

Прилепските угостители се соочуваат со недостиг од персонал и до 40 отсто и истакнуваат дека моментално ова е најголемиот проблем за нив. Бараат законски измени за да може да ги вклучат и средношколците во ангажирањето на работна сила. Според Јорданчо Момироски, претседател на здружението за угостителство и туризам „Меанџии“ од Прилеп, разговарано е со Стопанската комора и со претставници од Агенцијата за вработување.
Има недостиг од келнери, готвачи, помошен персонал. Имаме голем проблем во сите сфери во угостителството. Моментално работиме со помалку персонал, кој колку може, па и самите сопственици работат. Но, со недостиг од персонал се скратува и понудата во менијата. Бараме и законски регулативи и средношколци да може да работат, да ги вклучиме, бидејќи тие сѐ уште не може да работат во странство. За вклучување на средношколците разговаравме и со Стопанската комора и со претставници на Агенцијата за вработување. Има некои законски рамки за да бидат приправници за да може регуларно да ги вклопиме во системот на работа. Само има проблем што од секое средно училиште не може да се ангажира од која било насока. Се надеваме дека за брзо ќе се реши. Моментално може да се вработуваат 18-годишници, матуранти. Тоа е единствениот излез засега да се покрие недостигот од персонал - вели Момироски.
Годинава, главен тренд на сезонско работење во хотелиерството е во Хрватска. Ирена Петреска, регионален менаџер во агенција за посредување за работа во странство вели дека 5.000 до 7.000 Македонци ова лето ќе го поминат во сезонска работа во хрватското хотелиерство. Одат и за заработувачка и да престојуваат во атрактивни туристички места. Но, има уште поголем проблем.