када Archives - Република https://republika.mk/tema/kada/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Feb 2024 17:05:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png када Archives - Република https://republika.mk/tema/kada/ 32 32 „Сè укажува на балканска мафија“: Човек со исечени прсти и тетоважи пронајден мртов во када во Виена https://republika.mk/vesti/svet/se-ukazhuva-na-balkanska-mafija-chovek-so-isecheni-prsti-i-tetovazhi-pronajden-mrtov-vo-kada-vo-viena/ Fri, 23 Feb 2024 10:24:45 +0000 https://republika.mk/?p=747309

Унаказено тело на маж без прсти, за кое австриската полиција се сомнева дека е српски државјанин, е пронајдено вчера во стан во Виена каде се одгледувала марихуана.

Трупот во напредна фаза на распаѓање го пронашле припадници на Одделот за борба против наркотици во Отакринг, Виена, при операција за откривање и пронаоѓање на лабораторија за производство на канабис.

Според австриските медиуми, ова требало да биде обична операција на истражителите на дрога од Државната криминалистичка полиција на Виена, но кога телото било откриено,  во истрагата било вклучено и одделението за убиства.

Телото на мажот било пронајдено во кадата, а во бањата имало и стол на кој најверојатно мажот бил мачен, бидејќи иако трупот веќе се распаѓал, биле видливи бројните повреди.

Убијците сакале да го сокријат и идентитетот на жртвата, поради што неговото лице било толку изобличено и исечено, а видливо е дека му биле отстранети некои делови од кожата каде најверојатно имало тетоважи кои би помогнале во идентификацијата. Исто така, му биле исечени и прсти, па не е можно да се утврди идентитетот со помош на отпечатоците.

Начинот на извршување, но и тешкотијата на идентификација укажуваат на балканската мафија. Во моментов не може да се утврди идентитетот на починатиот, но ДНК ќе помогне. Се претпоставува дека убиениот бил српски државјанин, бидејќи според информациите добиени од станарите од зградата, постојат сериозни индиции за тоа, велат извори од истрагата за австриските медиуми.

The post „Сè укажува на балканска мафија“: Човек со исечени прсти и тетоважи пронајден мртов во када во Виена appeared first on Република.

]]>

Унаказено тело на маж без прсти, за кое австриската полиција се сомнева дека е српски државјанин, е пронајдено вчера во стан во Виена каде се одгледувала марихуана. Трупот во напредна фаза на распаѓање го пронашле припадници на Одделот за борба против наркотици во Отакринг, Виена, при операција за откривање и пронаоѓање на лабораторија за производство на канабис. Според австриските медиуми, ова требало да биде обична операција на истражителите на дрога од Државната криминалистичка полиција на Виена, но кога телото било откриено,  во истрагата било вклучено и одделението за убиства. Телото на мажот било пронајдено во кадата, а во бањата имало и стол на кој најверојатно мажот бил мачен, бидејќи иако трупот веќе се распаѓал, биле видливи бројните повреди. Убијците сакале да го сокријат и идентитетот на жртвата, поради што неговото лице било толку изобличено и исечено, а видливо е дека му биле отстранети некои делови од кожата каде најверојатно имало тетоважи кои би помогнале во идентификацијата. Исто така, му биле исечени и прсти, па не е можно да се утврди идентитетот со помош на отпечатоците.
Начинот на извршување, но и тешкотијата на идентификација укажуваат на балканската мафија. Во моментов не може да се утврди идентитетот на починатиот, но ДНК ќе помогне. Се претпоставува дека убиениот бил српски државјанин, бидејќи според информациите добиени од станарите од зградата, постојат сериозни индиции за тоа, велат извори од истрагата за австриските медиуми.

The post „Сè укажува на балканска мафија“: Човек со исечени прсти и тетоважи пронајден мртов во када во Виена appeared first on Република.

]]>
Полицијата објави фото од таткото монструм чие 8-годишно девојче беше пронајдено едвај живо во када https://republika.mk/vesti/balkan/politsijata-objavi-foto-od-tatkoto-monstrum-chie-8-godishno-devojche-beshe-pronajdeno-edvaj-zhivo-vo-kada/ Tue, 28 Mar 2023 08:04:03 +0000 https://republika.mk/?p=624507

Српската полиција е во потрага по Урош Пашајлиќ (38) од Белград поради сомнение за сторени кривични дела семејно насилство, запуштање и злоупотреба на малолетно лице и повреда на семејните обврски. Објавена е фотографија за јавноста да може да пријави доколку некој го препознае бегалецот.

Станува збор за мажот во чиј стан беше пронајдено едвај живо осумгодишно девојче, негова ќерка која со години ја чувал како роб и која не видела бел ден.

https://republika.mk/vesti/balkan/pronajdeno-edvaj-zhivo-tatko-so-godini-chuval-8-godishno-devojche-kako-rob/

Мачни детали доаѓаат од српските медиуми кои го посетиле станот во кој живеел Пашајлиќ со неговото девојче, врз кое му било доделено старателство иако и тој и мајката биле регистрирани наркомани. Не се знае зошто Центарот за социјални работи со години не го посетил девојчето.

Според извори од болницата на „Телеграф“, девојчето било дехидрирано и дезориентирано. Тоа малку и неразбирливо зборува, слабо е и засега не знаат дали може да оди нормално.

Девојчето било пронајдено склупчено во кадата. Наоколу имало неколку пакетчиња гризини, како и фотографија од неа и нејзиниот татко.

[caption id="attachment_624515" align="aligncenter" width="1000"] (фото: Nenad Kostić/Курир.рс)[/caption]

Засега нема информации дали ќе има пријава и за партнерката на Пашајлиќ, која живеела со нив, а која пријавила во полиција за девојчето дури откако и самата била претепана од страна на монструмот.

The post Полицијата објави фото од таткото монструм чие 8-годишно девојче беше пронајдено едвај живо во када appeared first on Република.

]]>

Српската полиција е во потрага по Урош Пашајлиќ (38) од Белград поради сомнение за сторени кривични дела семејно насилство, запуштање и злоупотреба на малолетно лице и повреда на семејните обврски. Објавена е фотографија за јавноста да може да пријави доколку некој го препознае бегалецот. Станува збор за мажот во чиј стан беше пронајдено едвај живо осумгодишно девојче, негова ќерка која со години ја чувал како роб и која не видела бел ден. https://republika.mk/vesti/balkan/pronajdeno-edvaj-zhivo-tatko-so-godini-chuval-8-godishno-devojche-kako-rob/ Мачни детали доаѓаат од српските медиуми кои го посетиле станот во кој живеел Пашајлиќ со неговото девојче, врз кое му било доделено старателство иако и тој и мајката биле регистрирани наркомани. Не се знае зошто Центарот за социјални работи со години не го посетил девојчето. Според извори од болницата на „Телеграф“, девојчето било дехидрирано и дезориентирано. Тоа малку и неразбирливо зборува, слабо е и засега не знаат дали може да оди нормално. Девојчето било пронајдено склупчено во кадата. Наоколу имало неколку пакетчиња гризини, како и фотографија од неа и нејзиниот татко. [caption id="attachment_624515" align="aligncenter" width="1000"] (фото: Nenad Kostić/Курир.рс)[/caption] Засега нема информации дали ќе има пријава и за партнерката на Пашајлиќ, која живеела со нив, а која пријавила во полиција за девојчето дури откако и самата била претепана од страна на монструмот.

The post Полицијата објави фото од таткото монструм чие 8-годишно девојче беше пронајдено едвај живо во када appeared first on Република.

]]>