Јужноафриканска Република Archives - Република https://republika.mk/tema/juznoafrikanska-republika/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 18:59:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јужноафриканска Република Archives - Република https://republika.mk/tema/juznoafrikanska-republika/ 32 32 Снег ја затрупа Јужноафриканската Република https://republika.mk/vesti/svet/sneg-ja-zatrupa-juzhnoafrikanskata-republika/ Sat, 21 Sep 2024 19:49:08 +0000 https://republika.mk/?p=818592

Патишта во делови на Јужноафриканската Република денеска се затворени, по невообичаено обилните снежни врнежи, а службите за итни случаи се обидуваат да стигнат до луѓето кои од синоќа се заглавени во возилата.

Според првите извештаи, во некои области наврнале и до два метра снег, а во неколку провинции портокаловото предупредување е подигнато од шесто на осмо ниво.

Според медиумите, особено е погоден автопатот N3 на источниот брег, што ги поврзува Јоханесбург и Дурбан, неколку делници се целосно непроодни, а дури и обиколните патишта се покриени со снег.

The post Снег ја затрупа Јужноафриканската Република appeared first on Република.

]]>

Патишта во делови на Јужноафриканската Република денеска се затворени, по невообичаено обилните снежни врнежи, а службите за итни случаи се обидуваат да стигнат до луѓето кои од синоќа се заглавени во возилата. Според првите извештаи, во некои области наврнале и до два метра снег, а во неколку провинции портокаловото предупредување е подигнато од шесто на осмо ниво. Според медиумите, особено е погоден автопатот N3 на источниот брег, што ги поврзува Јоханесбург и Дурбан, неколку делници се целосно непроодни, а дури и обиколните патишта се покриени со снег.

The post Снег ја затрупа Јужноафриканската Република appeared first on Република.

]]>
Имотот на кој живееше Мандела отворен како хотел во Јужноафриканската Република https://republika.mk/vesti/svet/imotot-na-koj-ziveeshe-mandela-otvoren-kako-hotel-vo-juznoafrikanskata-republika/ Thu, 17 Feb 2022 13:34:52 +0000 https://republika.mk/?p=459882

Домот и околниот имот на поранешниот јужноафрикански претседател и револуционер против апартхејдот во Јужна Африка, Нелсон Мандела, во Јоханесбург, е претворен во хотел и неодамна ги доби првите резервации за гости.

„Светилиштето Мандела“ (Sanctuary Mandela) е своевидна жива галерија во чест на политичкиот лидер кој почина 2013 година на 95-годишна возраст. Одморалиштето нуди сместување, но и ресторан со мени инспирирано од Мандела, а ѕидовите се украсени со сувенири во чест на првиот црн претседател на Јужна Африка. Има девет соби и чини од 260 долари за ноќ до 1.000 долари за претседателскиот апартман, сместен во поранешната спална соба на иконата.

Мандела живеше на имотот во Јоханесбург откако беше ослободен од затвор, односно во периодот од 1992 до 1998 година.

https://twitter.com/ReutersAfrica/status/1493605906533294085

Во овој хотел истовремено може да престојуваат до 18 гости. Во ресторанот, на посетителите може да ги пробаат омилените јадења на преттседателот, приготвени од неговиот долгогодишен готвач Ксолисва Ндојија.

На почетокот на оваа година, планираната аукција на имотот на Мандела – вклучувајќи го и клучот од неговата затворска ќелија на злогласниот остров Робен – беше откажана поради контроверзии. Имено, јужноафриканската Агенција за наследство го контактираше претседателот на аукциската куќа за да објави дека предметите се „потенцијални национални богатства“ и дека е потребна дозвола за да ја напуштат Јужна Африка.

The post Имотот на кој живееше Мандела отворен како хотел во Јужноафриканската Република appeared first on Република.

]]>

Домот и околниот имот на поранешниот јужноафрикански претседател и револуционер против апартхејдот во Јужна Африка, Нелсон Мандела, во Јоханесбург, е претворен во хотел и неодамна ги доби првите резервации за гости. „Светилиштето Мандела“ (Sanctuary Mandela) е своевидна жива галерија во чест на политичкиот лидер кој почина 2013 година на 95-годишна возраст. Одморалиштето нуди сместување, но и ресторан со мени инспирирано од Мандела, а ѕидовите се украсени со сувенири во чест на првиот црн претседател на Јужна Африка. Има девет соби и чини од 260 долари за ноќ до 1.000 долари за претседателскиот апартман, сместен во поранешната спална соба на иконата. Мандела живеше на имотот во Јоханесбург откако беше ослободен од затвор, односно во периодот од 1992 до 1998 година. https://twitter.com/ReutersAfrica/status/1493605906533294085 Во овој хотел истовремено може да престојуваат до 18 гости. Во ресторанот, на посетителите може да ги пробаат омилените јадења на преттседателот, приготвени од неговиот долгогодишен готвач Ксолисва Ндојија. На почетокот на оваа година, планираната аукција на имотот на Мандела – вклучувајќи го и клучот од неговата затворска ќелија на злогласниот остров Робен – беше откажана поради контроверзии. Имено, јужноафриканската Агенција за наследство го контактираше претседателот на аукциската куќа за да објави дека предметите се „потенцијални национални богатства“ и дека е потребна дозвола за да ја напуштат Јужна Африка.

The post Имотот на кој живееше Мандела отворен како хотел во Јужноафриканската Република appeared first on Република.

]]>