јужнакореја Archives - Република https://republika.mk/tema/juznakoreja/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Dec 2022 12:12:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јужнакореја Archives - Република https://republika.mk/tema/juznakoreja/ 32 32 Јужнокорејците ќе се подмладат за една-две години: Нов закон, нова возраст https://republika.mk/vesti/svet/juznokorejcite-kje-se-podmladat-za-edna-dve-godini-nov-zakon-nova-vozrast/ Fri, 09 Dec 2022 12:12:06 +0000 https://republika.mk/?p=583692

Јужнокорејците ќе станат помлади за една-две години благодарение на нов закон со кој ќе се стандардизира како се пресметува возраста во земјата.

Моментално е вообичаено Јужнокорејците да имаат не една, туку три возрасти: меѓународна, корејска и календарска. Со цел да се стави крај на конфузијата, од јуни 2023 во сите официјални документи ќе стои меѓународната возраст.

Во Јужна Кореја, како и во најголемиот дел од светот, меѓународната возраст се однесува на бројот на години од раѓањето и почнува со нулата. Но, многумина Корејци често ја кажуваат својата корејска возраст, што ги прави за една-две години постари.

Според тој систем, бебињата имаат една година кога ќе се родат и секој 1 јануари им се додава година. Во некои околности, Корејците ја користат календарската возраст, кога бебињата имаат нула години при раѓањето, па секој 1 јануари стануваат постари за една година.

Најдобар пример за ова е популарниот пејач Псај. Роден на 31 декември 1977, тој има 44 години според меѓународната, 45 според календарската, а 46 според корејската возраст.

The post Јужнокорејците ќе се подмладат за една-две години: Нов закон, нова возраст appeared first on Република.

]]>

Јужнокорејците ќе станат помлади за една-две години благодарение на нов закон со кој ќе се стандардизира како се пресметува возраста во земјата. Моментално е вообичаено Јужнокорејците да имаат не една, туку три возрасти: меѓународна, корејска и календарска. Со цел да се стави крај на конфузијата, од јуни 2023 во сите официјални документи ќе стои меѓународната возраст. Во Јужна Кореја, како и во најголемиот дел од светот, меѓународната возраст се однесува на бројот на години од раѓањето и почнува со нулата. Но, многумина Корејци често ја кажуваат својата корејска возраст, што ги прави за една-две години постари. Според тој систем, бебињата имаат една година кога ќе се родат и секој 1 јануари им се додава година. Во некои околности, Корејците ја користат календарската возраст, кога бебињата имаат нула години при раѓањето, па секој 1 јануари стануваат постари за една година. Најдобар пример за ова е популарниот пејач Псај. Роден на 31 декември 1977, тој има 44 години според меѓународната, 45 според календарската, а 46 според корејската возраст.

The post Јужнокорејците ќе се подмладат за една-две години: Нов закон, нова возраст appeared first on Република.

]]>