јужна кореа Archives - Република https://republika.mk/tema/juzna-korea/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jul 2024 07:24:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јужна кореа Archives - Република https://republika.mk/tema/juzna-korea/ 32 32 ОИ 2024: Јужна Кореја најавена како Северна Кореја! https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/oi-2024-juzhna-koreja-najavena-kako-severna-koreja/ Sat, 27 Jul 2024 07:24:59 +0000 https://republika.mk/?p=800686

Министерството за спорт на Јужна Кореја побара средба со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах поради гафот за време на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.

Таму, Јужна Кореја беше погрешно претставена како Северна Кореја за време на парадата на спортистите. – Побаравме и од МНР да испрати протестна нота до Франција – се наведува во соопштението на јужнокорејското министерство, како што пренесува агенцијата Јонхап. Олимпискиот спортски комитет на Јужна Кореја поднесе жалба до организацискиот одбор на Олимписките игри во Париз за да спречи повторување на слични случаи.

Додека јужнокорејската делегација се возеше на брод по Сена на церемонијата на отворање на Олимписките игри, францускиот најавувач преку разглас објави – Демократска Народна Република Кореја – што е официјалното име на Северна Кореја.

The post ОИ 2024: Јужна Кореја најавена како Северна Кореја! appeared first on Република.

]]>

Министерството за спорт на Јужна Кореја побара средба со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах поради гафот за време на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз. Таму, Јужна Кореја беше погрешно претставена како Северна Кореја за време на парадата на спортистите. – Побаравме и од МНР да испрати протестна нота до Франција – се наведува во соопштението на јужнокорејското министерство, како што пренесува агенцијата Јонхап. Олимпискиот спортски комитет на Јужна Кореја поднесе жалба до организацискиот одбор на Олимписките игри во Париз за да спречи повторување на слични случаи. Додека јужнокорејската делегација се возеше на брод по Сена на церемонијата на отворање на Олимписките игри, францускиот најавувач преку разглас објави – Демократска Народна Република Кореја – што е официјалното име на Северна Кореја.

The post ОИ 2024: Јужна Кореја најавена како Северна Кореја! appeared first on Република.

]]>
Северна Кореја лансираше балистичка ракета: Итен состанок на воениот врв на Јужна Кореја https://republika.mk/vesti/svet/severna-koreja-lansirashe-balistichka-raketa-iten-sostanok-na-voeniot-vrv-na-juzna-koreja/ Sun, 25 Sep 2022 08:38:45 +0000 https://republika.mk/?p=553978

Северна Кореја истрела балистичка ракета во правец на морето во близина на нејзиниот источен брег, во пресрет на планираните воени вежби на јужнокорејските и американските сили, како и посетата на регионот на американскиот потпретседател Камала Харис.

Јужнокорејската војска соопшти дека станува збор за проектил со краток дострел, истрелан од областа Таехон во провинцијата Северен Пјонгјанг, а проектилот прелетал околу 600 километри на височина од 60 километри, пренесува Ројтерс.

„Севернокорејското лансирање на балистичка ракета е сериозна провокација, која ги загрозува мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров и меѓународната заедница“, соопштија од Генералштабот на армијата на Јужна Кореја.

По последното лансирање, врховниот командант на армијата на Јужна Кореја, Ким Сеунг-кјум и командантот на американските сили во Кореја, Пол Ла Камерадис, ја разгледаа моменталната ситуација и ја потврдија својата подготвеност да одговорат на каква било закана или провокација од Северна Кореја.

Советот за национална безбедност на Јужна Кореја одржа итен состанок за да разговара за одговорот на лансирањето и го осуди чинот како кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и неоправдана провокација.

Се огласи и јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада, кој изјави дека според јапонските проценки, ракетата достигнала височина од 50 километри и дека паднала надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, па нема извештаи за проблеми со воздушниот и бродскиот сообраќај.

The post Северна Кореја лансираше балистичка ракета: Итен состанок на воениот врв на Јужна Кореја appeared first on Република.

]]>

Северна Кореја истрела балистичка ракета во правец на морето во близина на нејзиниот источен брег, во пресрет на планираните воени вежби на јужнокорејските и американските сили, како и посетата на регионот на американскиот потпретседател Камала Харис. Јужнокорејската војска соопшти дека станува збор за проектил со краток дострел, истрелан од областа Таехон во провинцијата Северен Пјонгјанг, а проектилот прелетал околу 600 километри на височина од 60 километри, пренесува Ројтерс.
„Севернокорејското лансирање на балистичка ракета е сериозна провокација, која ги загрозува мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров и меѓународната заедница“, соопштија од Генералштабот на армијата на Јужна Кореја.
По последното лансирање, врховниот командант на армијата на Јужна Кореја, Ким Сеунг-кјум и командантот на американските сили во Кореја, Пол Ла Камерадис, ја разгледаа моменталната ситуација и ја потврдија својата подготвеност да одговорат на каква било закана или провокација од Северна Кореја. Советот за национална безбедност на Јужна Кореја одржа итен состанок за да разговара за одговорот на лансирањето и го осуди чинот како кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и неоправдана провокација. Се огласи и јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада, кој изјави дека според јапонските проценки, ракетата достигнала височина од 50 километри и дека паднала надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, па нема извештаи за проблеми со воздушниот и бродскиот сообраќај.

The post Северна Кореја лансираше балистичка ракета: Итен состанок на воениот врв на Јужна Кореја appeared first on Република.

]]>