Јулијана величковска Archives - Република https://republika.mk/tema/julijana-velichkovska/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 07:55:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јулијана величковска Archives - Република https://republika.mk/tema/julijana-velichkovska/ 32 32 Поетесите Јулијана Величковска и Викторија Ангеловска на Светскиот поетски фестивал во Патра, Грција https://republika.mk/vesti/kultura/poetesite-julijana-velichkovska-i-viktorija-angelovska-na-svetskiot-poetski-festival-vo-patra-grtsija/ Fri, 20 Sep 2024 07:55:21 +0000 https://republika.mk/?p=818034

Македонските поетеси Јулијана Величковска и Викторија Ангеловска учествуваат на Светскиот поетски фестивал во Патра, Грција.

Двете поетеси ќе имаат по три читања во рамки на фестивалската програма.

Дополнително, Величковска во професионалниот дел на програмата, пред директорите на поетски фестивали од Франција, Романија, Бугарија, Азербејџан и Чешка ќе одржи презентација за Скопскиот поетски фестивал и за Поетската ноќ во Велестово.

Фестивалот ќе трае до 22 септември, а учествуваат 60-тина поети од 20 земји.

The post Поетесите Јулијана Величковска и Викторија Ангеловска на Светскиот поетски фестивал во Патра, Грција appeared first on Република.

]]>

Македонските поетеси Јулијана Величковска и Викторија Ангеловска учествуваат на Светскиот поетски фестивал во Патра, Грција. Двете поетеси ќе имаат по три читања во рамки на фестивалската програма. Дополнително, Величковска во професионалниот дел на програмата, пред директорите на поетски фестивали од Франција, Романија, Бугарија, Азербејџан и Чешка ќе одржи презентација за Скопскиот поетски фестивал и за Поетската ноќ во Велестово. Фестивалот ќе трае до 22 септември, а учествуваат 60-тина поети од 20 земји.

The post Поетесите Јулијана Величковска и Викторија Ангеловска на Светскиот поетски фестивал во Патра, Грција appeared first on Република.

]]>
Величковска ќе чита поезија на изгрејсонце на планината Немрут којашто е под заштита на УНЕСКО https://republika.mk/vesti/kultura/velichkovska-ke-chita-poezija-na-izgrejsontse-na-planinata-nemrut-kojashto-e-pod-zashtita-na-unesko/ Fri, 23 Aug 2024 17:12:52 +0000 https://republika.mk/?p=809565

Македонската писателка Јулијана Величковска од 24 до 26 август ќе настапи во поетскиот дел на уметничкото биенале „Комагене“ што се одржува во регионот Адијаман во Турција.

Величковска ќе чита на изгрејсонце на историската планина Немрут којашто е под заштита на УНЕСКО, а е позната по огромните статуи што датираат од I век пр.н.е.

На биеналето ќе се претстават 54 уметници од 28 земји.

 

The post Величковска ќе чита поезија на изгрејсонце на планината Немрут којашто е под заштита на УНЕСКО appeared first on Република.

]]>

Македонската писателка Јулијана Величковска од 24 до 26 август ќе настапи во поетскиот дел на уметничкото биенале „Комагене“ што се одржува во регионот Адијаман во Турција. Величковска ќе чита на изгрејсонце на историската планина Немрут којашто е под заштита на УНЕСКО, а е позната по огромните статуи што датираат од I век пр.н.е. На биеналето ќе се претстават 54 уметници од 28 земји.  

The post Величковска ќе чита поезија на изгрејсонце на планината Немрут којашто е под заштита на УНЕСКО appeared first on Република.

]]>
Збирка избрани песни од Јулијана Величковска објавена во Азербејџан https://republika.mk/vesti/kultura/zbirka-izbrani-pesni-od-julijana-velichkovska-objavena-vo-azerbejdhan/ Fri, 12 Apr 2024 13:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=765397

Збирка избрани песни од Јулијана Величковска со наслов „Кутија на стравот“ е објавена во Азербејџан. Преводот од англиски на азербејџански е на Елјан Салмангизи, уредник на изданието е Ферид Хусеин, кој го напиша и предговорот кон книгата. Изданието е на издавачката куќа „Зардаби“ од Баку.

Јулијана Величковска е писател, уредник, преведувач и организатор на поетски фестивали. Основач е на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, соосновач и директор е на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмски директор е на „Поетска ноќ во Велестово“, Охрид. Авторка е на стихозбирките „Комарци“ и „Отворена книга“, на романот „Годишни времиња“, на книгата за деца „Ведра“, илустрирана од Марио Каев, за која ја освои наградата за најдобар текст во сликовница на меѓународниот фестивал за литература за деца и илустрација „Литера“, на монографијата „XX години Поетска ноќ во Велестово“, како и на повеќе од триесет книжевни преводи од англиски, од руски, од српски, од хрватски и од црногорски јазик.

Нејзините песни се препеани и објавени на дваесетина светски јазици. Нејзиниот роман „Годишни времиња“ беше објавен и на бугарски јазик во превод на Поли Муканова од страна на издавачот „Ерго“ од Софија. Застапена е во неколку антологии на македонската и на современата светска поезија, како и во антологии на куси раскази. Учествувала на бројни интернационални книжевни фестивали низ Европа.

 

The post Збирка избрани песни од Јулијана Величковска објавена во Азербејџан appeared first on Република.

]]>

Збирка избрани песни од Јулијана Величковска со наслов „Кутија на стравот“ е објавена во Азербејџан. Преводот од англиски на азербејџански е на Елјан Салмангизи, уредник на изданието е Ферид Хусеин, кој го напиша и предговорот кон книгата. Изданието е на издавачката куќа „Зардаби“ од Баку. Јулијана Величковска е писател, уредник, преведувач и организатор на поетски фестивали. Основач е на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, соосновач и директор е на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмски директор е на „Поетска ноќ во Велестово“, Охрид. Авторка е на стихозбирките „Комарци“ и „Отворена книга“, на романот „Годишни времиња“, на книгата за деца „Ведра“, илустрирана од Марио Каев, за која ја освои наградата за најдобар текст во сликовница на меѓународниот фестивал за литература за деца и илустрација „Литера“, на монографијата „XX години Поетска ноќ во Велестово“, како и на повеќе од триесет книжевни преводи од англиски, од руски, од српски, од хрватски и од црногорски јазик. Нејзините песни се препеани и објавени на дваесетина светски јазици. Нејзиниот роман „Годишни времиња“ беше објавен и на бугарски јазик во превод на Поли Муканова од страна на издавачот „Ерго“ од Софија. Застапена е во неколку антологии на македонската и на современата светска поезија, како и во антологии на куси раскази. Учествувала на бројни интернационални книжевни фестивали низ Европа.  

The post Збирка избрани песни од Јулијана Величковска објавена во Азербејџан appeared first on Република.

]]>
Разговор со Јулијана Величковска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ https://republika.mk/vesti/kultura/razgovor-so-julijana-velichkovska-vo-gradskata-biblioteka-braka-miladinovtsi/ Tue, 07 Mar 2023 08:09:34 +0000 https://republika.mk/?p=616701

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска, на 7 март организира книжевен разговор со Јулијана Величковска, авторка на „Годишни времиња“ која е книга на месецот во библиотеката.

Книжевната средба ќе започне во 19:00 часот во Спомен собата „Т’га за југ“, а разговорот ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерката Ива Милчова.

’Годишни времиња’ е кусо, но интензивно патување низ времето низ седумдесетина приказни од секојдневието, низ само навидум едноставни и банални нешта. Раскажувањето е едноставно, разбирливо, на одредени места прозата поминува во поезија, па и во музика. Јазикот е едноставен, секојдневен што го прави ‘Годишни времиња’ разбирлив за сите генерации“, пишуваат од библиотеката.

Се работи за првиот роман на Величковска, кој е објавен во 2014 година, а досега доживеал четири изданија. Во 2017 година, книгата е издадена и на бугарски јазик во превод на Поли Муканова.

„Годишни времиња“, информираат од библиотеката, ќе биде тема и на Клубот на читатели на 25 март.

Јулијана Величковска дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Основач е на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, коосновач и директор е на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмски директор на „Поетска ноќ во Велестово“, Охрид. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Таа е автор на неколку стихозбирки и книга за деца.

Разговорот со Величковска е дел од кампањата на библиотеката #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори што има за цел да ги доближи делата од современите домашни автори до што повеќе читатели.

The post Разговор со Јулијана Величковска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска, на 7 март организира книжевен разговор со Јулијана Величковска, авторка на „Годишни времиња“ која е книга на месецот во библиотеката. Книжевната средба ќе започне во 19:00 часот во Спомен собата „Т’га за југ“, а разговорот ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерката Ива Милчова.
’Годишни времиња’ е кусо, но интензивно патување низ времето низ седумдесетина приказни од секојдневието, низ само навидум едноставни и банални нешта. Раскажувањето е едноставно, разбирливо, на одредени места прозата поминува во поезија, па и во музика. Јазикот е едноставен, секојдневен што го прави ‘Годишни времиња’ разбирлив за сите генерации“, пишуваат од библиотеката.
Се работи за првиот роман на Величковска, кој е објавен во 2014 година, а досега доживеал четири изданија. Во 2017 година, книгата е издадена и на бугарски јазик во превод на Поли Муканова. „Годишни времиња“, информираат од библиотеката, ќе биде тема и на Клубот на читатели на 25 март. Јулијана Величковска дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Основач е на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, коосновач и директор е на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмски директор на „Поетска ноќ во Велестово“, Охрид. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Таа е автор на неколку стихозбирки и книга за деца. Разговорот со Величковска е дел од кампањата на библиотеката #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори што има за цел да ги доближи делата од современите домашни автори до што повеќе читатели.

The post Разговор со Јулијана Величковска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>
Книжевен разговор со Јулијана Величковска, авторка на „Годишни времиња“ во „Браќа Миладиновци“ https://republika.mk/vesti/kultura/knizheven-razgovor-so-julijana-velichkovska-avtorka-na-godishni-vremina-vo-braka-miladinovtsi/ Sun, 05 Mar 2023 13:24:30 +0000 https://republika.mk/?p=616041

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје во вторник (7 март) организира книжевен разговор со Јулијана Величковска, авторка на „Годишни времиња“ која е книга на месецот во библиотеката.

Книжевната средба ќе започне во 19:00 часот во Спомен собата „Т’га за југ“, а разговорот ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерката Ива Милчова.

„’Годишни времиња’ е кусо, но интензивно патување низ времето низ седумдесетина приказни од секојдневието, низ само навидум едноставни и банални нешта. Раскажувањето е едноставно, разбирливо, на одредени места прозата поминува во поезија, па и во музика. Јазикот е едноставен, секојдневен што го прави ‘Годишни времиња’ разбирлив за сите генерации“, пишуваат од библиотеката.

Се работи за првиот роман на Величковска, кој е објавен во 2014 година, а досега доживеал четири изданија. Во 2017 година, книгата е издадена и на бугарски јазик во превод на Поли Муканова.

„Годишни времиња“, информираат од библиотеката, ќе биде тема и на Клубот на читатели на 25 март.

Јулијана Величковска дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Основач е на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, коосновач и директор е на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмски директор на „Поетска ноќ во Велестово“, Охрид. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Таа е автор на неколку стихозбирки и книга за деца.

Разговорот со Величковска е дел од кампањата на библиотеката #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори што има за цел  да ги доближи делата од современите домашни автори до што повеќе читатели.

The post Книжевен разговор со Јулијана Величковска, авторка на „Годишни времиња“ во „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје во вторник (7 март) организира книжевен разговор со Јулијана Величковска, авторка на „Годишни времиња“ која е книга на месецот во библиотеката. Книжевната средба ќе започне во 19:00 часот во Спомен собата „Т’га за југ“, а разговорот ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерката Ива Милчова. „’Годишни времиња’ е кусо, но интензивно патување низ времето низ седумдесетина приказни од секојдневието, низ само навидум едноставни и банални нешта. Раскажувањето е едноставно, разбирливо, на одредени места прозата поминува во поезија, па и во музика. Јазикот е едноставен, секојдневен што го прави ‘Годишни времиња’ разбирлив за сите генерации“, пишуваат од библиотеката. Се работи за првиот роман на Величковска, кој е објавен во 2014 година, а досега доживеал четири изданија. Во 2017 година, книгата е издадена и на бугарски јазик во превод на Поли Муканова. „Годишни времиња“, информираат од библиотеката, ќе биде тема и на Клубот на читатели на 25 март. Јулијана Величковска дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Основач е на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, коосновач и директор е на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмски директор на „Поетска ноќ во Велестово“, Охрид. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Таа е автор на неколку стихозбирки и книга за деца. Разговорот со Величковска е дел од кампањата на библиотеката #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори што има за цел  да ги доближи делата од современите домашни автори до што повеќе читатели.

The post Книжевен разговор со Јулијана Величковска, авторка на „Годишни времиња“ во „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>
Поезија од Јулијана Величковска објавена во неделникот за литература и уметност „Едебијат газети“ во Азербеџан https://republika.mk/vesti/kultura/poezija-od-julijana-velichkovska-objavena-vo-nedelnikot-za-literatura-i-umetnost-edebijat-gazeti-vo-azerbedzan/ Tue, 15 Feb 2022 09:25:09 +0000 https://republika.mk/?p=458717

Песните „Вода“ и „Отворена книга“ од македонската писателка и поетеса Јулијана Величковска беа објавени во неделникот за литература и уметност „Едебијат газети“ („Литературен весник“) во Азербеџан. Препевот е дело на поетот Ферид Хусеин.

„Едебијат газети“ е еден од најстарите и најчитаните неделници за литература и уметност што се објавува од 1934 година во Баку, Азербејџан. Весникот до 1991 г. излегувал како гласило на Друштвото на писателите на Азербејџан и на Министерството за култура на Азербејџан, а оттогаш е гласило на Друштвото на писателите. „Едебијат газети“ излегува од печат секоја сабота, на 32 страници, во 1700 примероци.

Ферид Хусеин е поет, есеист и преведувач, како и новинар и уредник. Тој е претседател на Младинското собрание во рамки на Друштвото на писателите на Азербејџан.

Јулијана Величковска е писател, уредник и преведувач. Автор е на монографијата „XX години Поетска ноќ во Велестово“ (2009, ПНВ), стихозбирките „Комарци“ (2010, ПНВ) и „Отворена книга“ (2017, ПНВ Публикации), романот „Годишни времиња“ (2014; 2015; 2017, ПНВ Публикации) и на повеќе од дваесет книжевни преводи од англиски, руски, хрватски и црногорски јазик.

Нејзините песни се препеани и објавени на осумнаесет светски јазици. Нејзиниот роман „Годишни времиња“ беше објавен и на бугарски јазик во превод на Поли Муканова (2017, Ерго). Таа е член на организацискиот одбор на интернационалната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“ – Охрид. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Основач е на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, и коосновач е на „Скопскиот поетски фестивал“.

The post Поезија од Јулијана Величковска објавена во неделникот за литература и уметност „Едебијат газети“ во Азербеџан appeared first on Република.

]]>

Песните „Вода“ и „Отворена книга“ од македонската писателка и поетеса Јулијана Величковска беа објавени во неделникот за литература и уметност „Едебијат газети“ („Литературен весник“) во Азербеџан. Препевот е дело на поетот Ферид Хусеин. „Едебијат газети“ е еден од најстарите и најчитаните неделници за литература и уметност што се објавува од 1934 година во Баку, Азербејџан. Весникот до 1991 г. излегувал како гласило на Друштвото на писателите на Азербејџан и на Министерството за култура на Азербејџан, а оттогаш е гласило на Друштвото на писателите. „Едебијат газети“ излегува од печат секоја сабота, на 32 страници, во 1700 примероци. Ферид Хусеин е поет, есеист и преведувач, како и новинар и уредник. Тој е претседател на Младинското собрание во рамки на Друштвото на писателите на Азербејџан. Јулијана Величковска е писател, уредник и преведувач. Автор е на монографијата „XX години Поетска ноќ во Велестово“ (2009, ПНВ), стихозбирките „Комарци“ (2010, ПНВ) и „Отворена книга“ (2017, ПНВ Публикации), романот „Годишни времиња“ (2014; 2015; 2017, ПНВ Публикации) и на повеќе од дваесет книжевни преводи од англиски, руски, хрватски и црногорски јазик. Нејзините песни се препеани и објавени на осумнаесет светски јазици. Нејзиниот роман „Годишни времиња“ беше објавен и на бугарски јазик во превод на Поли Муканова (2017, Ерго). Таа е член на организацискиот одбор на интернационалната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“ – Охрид. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Основач е на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, и коосновач е на „Скопскиот поетски фестивал“.

The post Поезија од Јулијана Величковска објавена во неделникот за литература и уметност „Едебијат газети“ во Азербеџан appeared first on Република.

]]>