Јуденсау Archives - Република https://republika.mk/tema/judensau/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Jun 2022 08:09:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јуденсау Archives - Република https://republika.mk/tema/judensau/ 32 32 Германски суд одлучи антисемитски каменорез од средниот век да остане на црквата во Витенберг https://republika.mk/vesti/svet/germanski-sud-odluchi-antisemitski-kamenorez-od-sredniot-vek-da-ostane-na-crkvata-vo-vitenberg/ Wed, 15 Jun 2022 08:09:54 +0000 https://republika.mk/?p=515351

Германскиот Врховен суд одлучи дека средновековен каменорез со антисемитски карактеристики, може да остане на црквата во градот Витенберг, отфрлајќи ја постапката на тужителот од еврејско потекло, кој со години тврди дека тој приказ ги навредува сите Евреи.

Рељефот „Јуденсау“ или „еврејска маторица“ е каменорез од 13 век поставен на предната страна на градската црква и претставува навредлива карикатура на рабин, свиња и еврејски деца под неа. Во време кога политичарите предупредуваат на можен пораст на антисемитизмот во Германија, пресудата е своевиден потсетник на широко распространетите антиеврејски чувства уште во средниот век.

Тужителот води судска битка за отстранување на каменорезот од 2018 година.

Судот одлучи дека рељефот на фасадата на црквата во Витенберг не мора да биде отстранет - се вели во соопштението на судските власти.

Споменатиот приказ е еден од дваесетина слични средновековни уметнички дела коишто сѐ уште се наоѓаат по црквите низ Германија и на други места во Европа. Во 2020 година, и Високиот регионален суд во Наумбург одлучи дека рељефот во Витенберг, поставен на околу четири метри над земјата, не претставува прекршок.

Историјата вели дека во спорната црква во Витенберг во 1517 година проповедал и германскиот реформатор Мартин Лутер, кој важи за познат антисемитист.

The post Германски суд одлучи антисемитски каменорез од средниот век да остане на црквата во Витенберг appeared first on Република.

]]>

Германскиот Врховен суд одлучи дека средновековен каменорез со антисемитски карактеристики, може да остане на црквата во градот Витенберг, отфрлајќи ја постапката на тужителот од еврејско потекло, кој со години тврди дека тој приказ ги навредува сите Евреи. Рељефот „Јуденсау“ или „еврејска маторица“ е каменорез од 13 век поставен на предната страна на градската црква и претставува навредлива карикатура на рабин, свиња и еврејски деца под неа. Во време кога политичарите предупредуваат на можен пораст на антисемитизмот во Германија, пресудата е своевиден потсетник на широко распространетите антиеврејски чувства уште во средниот век. Тужителот води судска битка за отстранување на каменорезот од 2018 година.
Судот одлучи дека рељефот на фасадата на црквата во Витенберг не мора да биде отстранет - се вели во соопштението на судските власти.
Споменатиот приказ е еден од дваесетина слични средновековни уметнички дела коишто сѐ уште се наоѓаат по црквите низ Германија и на други места во Европа. Во 2020 година, и Високиот регионален суд во Наумбург одлучи дека рељефот во Витенберг, поставен на околу четири метри над земјата, не претставува прекршок. Историјата вели дека во спорната црква во Витенберг во 1517 година проповедал и германскиот реформатор Мартин Лутер, кој важи за познат антисемитист.

The post Германски суд одлучи антисемитски каменорез од средниот век да остане на црквата во Витенберг appeared first on Република.

]]>