јубилеј Archives - Република https://republika.mk/tema/jubilej/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 07:03:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јубилеј Archives - Република https://republika.mk/tema/jubilej/ 32 32 Првиот и најстар македонски хор од КУД „Стив Наумов“ денеска слави јубилеј https://republika.mk/vesti/kultura/prviot-i-najstar-makedonski-hor-od-kud-stiv-naumov-deneska-slavi-jubilej/ Wed, 06 Nov 2024 07:03:12 +0000 https://republika.mk/?p=834538

На денешен ден во 1944 година во Битола е формиран мешаниот аматерски хор на КУД „Стив Наумов“, првиот и најстариот македонски хор кој денеска слави јубилеј, осум децении постоење.

Во архивата на друштвото е забележано дека пред 80 години, борците на Седмата македонска ударна бригада-Битолска, два дена по ослободувањето на градот, сакајќи што побрзо да се чуе слободна македонска песна, на плоштадот во Битола и под диригентство на Тодор Скаловски приредуваат музичка програма со хорски композиции, со што официјално почна работата на културно уметничкото друштво „Стив Наумов“.

Денеска го чествуваме музичкото наследство на Битола и славната историја на КУД „Стив Наумов“. Со 80 години зад себе, нашето културно-уметничко друштво не само што ги одржува традициите на хорското пеење и мандолинскиот оркестар, туку е и расадник на музички таленти. Генерации битолчани, од кои многумина денес уживаат славни музички кариери, биле дел од ова семејство, оставајќи свој белег на македонската и светската музичка сцена. Во чест и благодарност на сите, вечер ќе приредиме изложба и свечена академија, со што заеднички ќе го прославиме големиот јубилеј, изјави за МИА Владимир Христовски, претседател на КУД „Стив Наумов“-Битола.

Културно уметничкото друштво од првиот ден го носи името на легендарниот македонски народен херој Стив Наумов, а во богатата историја добитник е на бројни награди меѓу кои Орден со сребрен венец и плакета потпишана од Јосип Броз - Тито во 1975 година, највисокото македонско признание наградата „11 Октомври“, награда „Глигор Смокварски“, највисокото признание на градот Битола „4 Ноември“ и многу други.

The post Првиот и најстар македонски хор од КУД „Стив Наумов“ денеска слави јубилеј appeared first on Република.

]]>

На денешен ден во 1944 година во Битола е формиран мешаниот аматерски хор на КУД „Стив Наумов“, првиот и најстариот македонски хор кој денеска слави јубилеј, осум децении постоење. Во архивата на друштвото е забележано дека пред 80 години, борците на Седмата македонска ударна бригада-Битолска, два дена по ослободувањето на градот, сакајќи што побрзо да се чуе слободна македонска песна, на плоштадот во Битола и под диригентство на Тодор Скаловски приредуваат музичка програма со хорски композиции, со што официјално почна работата на културно уметничкото друштво „Стив Наумов“.
Денеска го чествуваме музичкото наследство на Битола и славната историја на КУД „Стив Наумов“. Со 80 години зад себе, нашето културно-уметничко друштво не само што ги одржува традициите на хорското пеење и мандолинскиот оркестар, туку е и расадник на музички таленти. Генерации битолчани, од кои многумина денес уживаат славни музички кариери, биле дел од ова семејство, оставајќи свој белег на македонската и светската музичка сцена. Во чест и благодарност на сите, вечер ќе приредиме изложба и свечена академија, со што заеднички ќе го прославиме големиот јубилеј, изјави за МИА Владимир Христовски, претседател на КУД „Стив Наумов“-Битола.
Културно уметничкото друштво од првиот ден го носи името на легендарниот македонски народен херој Стив Наумов, а во богатата историја добитник е на бројни награди меѓу кои Орден со сребрен венец и плакета потпишана од Јосип Броз - Тито во 1975 година, највисокото македонско признание наградата „11 Октомври“, награда „Глигор Смокварски“, највисокото признание на градот Битола „4 Ноември“ и многу други.

The post Првиот и најстар македонски хор од КУД „Стив Наумов“ денеска слави јубилеј appeared first on Република.

]]>
Музејот во Битола одбележува 90 години од формирањето https://republika.mk/vesti/kultura/muzejot-vo-bitola-odbelezhuva-90-godini-od-formiraneto/ Tue, 29 Oct 2024 13:11:34 +0000 https://republika.mk/?p=832077

Националната установа Завод и Музеј-Битола, јубилејот 90 години од формирањето ќе го одбележи со како што најавија, три големи настани организирани во октомври, ноември и декември.

Првиот се одржа викендов со отворањето на Спомен куќата на народниот херој Стив Наумов со чија реконструкција по 15 години повторно е достапна за јавноста, следниот месец ќе биде отворена Јени џамија, а во декември реконструираната црква „Св. Ѓорги“ во Курбиново, истакна директорот на НУ Завод и Музеј-Битола, Зоран Николовски.

Во оваа календарска година одбележуваме 90 години од почнувањето со работа на битолскиот Музеј формиран во 1934 година. Првиот од трите големи настани се одржа викендов на роденденот на народниот херој Стив Наумов, со отворање поставка која содржи сочувана покуќнина на семејството Наумов и важни историски документи. Вториот настан ќе го организираме во средината на следниот месец кога за јавноста ќе биде отворена Јени џамија, а на 9 декември, на верскиот празник Свети Ѓорги ќе биде отоврена истоимената црква во Курбиново, посочи Николовски.

Јени џамија во иднина ќе функционира како Музеј на христијанско-исламско културно наследство, а за јавноста ќе биде достапен внатрешниот дел кој е реставриран, стаклените подови во и пред џамијата каде се видливи темелите и ѕидовите на црквата „Св. Ѓорги“, како и останатите содржини на објектот лоциран во центарот на градот.

Во месец делември, во преспанското село Курбиново ќе бидат отворени вратите на еден од најзначајните византиски средновековни споменици на културата на Балканот, црквата од 12 век, „Св. Ѓорги“ во која се наоѓа оригинална фреска на ангелот на благовестието Гаврил.

The post Музејот во Битола одбележува 90 години од формирањето appeared first on Република.

35 години од основањето на БИСИ – Од први увозници на Adidas во Македонија, преку угостителство, градежништво и хотелиерство до енергетика https://republika.mk/zivot/kariera/35-godini-od-osnovaneto-na-bisi-od-prvi-uvoznitsi-na-adidas-vo-makedonija-preku-ugostitelstvo-gradezhnishtvo-i-hotelierstvo-do-energetika/ Thu, 19 Sep 2024 13:11:20 +0000 https://republika.mk/?p=817801

Македонија има свои херои во бизнисот и економијата. Јубилеите се повод да се зборува за проектите и постигнувањата на успешните бизнис приказни во нашата земја.

Една таква приказна е БИСИ, која за денешните генерации е докажан бренд во градежништвото, а повозрасните генерации сигурно се сеќаваат на малопродажниот ланец на продавници БИСИ за обувки и спортска опрема. Историјатот на компанијата на семејството Георгиевски, кое е основач на БИСИ е доказ дека кога се има храброст, љубов и план, бизнисот може успешно да се развива во повеќе сектори.

БИСИ е основана на крајот на 80те години од минатиот век, во време кога во Југославија малкумина се осмелиле да започнат приватен бизнис. Тогашните генерации беа сведоци на отворање на продавници на странски брендови со што се отворија и можности за развој на малопродажни објекти за различни производи. Во септември 1989 година, Славка и Иванчо Георгиевски започнуваат сопствен бизнис и БИСИ ја отвора првата продавница за продажба на обувки. Како пионер во малопродажбата во Македонија, каде младите генерации ги купуваа првите Adidas и Nike патики, БИСИ ја започнува својата успешна приказна. Во текот на 90-тите години  БИСИ го проширува работењето на десетина продавници низ Скопје и станува синоним за спортски обувки.

Во последните 15 години на чело на БИСИ е Ивица Георгиевски кој фирмата ја трансформира и проширува во македонски бренд за изградба и продажба на премиум станбено-деловни објекти со уникатни градби и дизајн како во светските метрополи.

Покрај градежништвото, Ивица Георгиевски ја формира групацијата ИГ која развива неколку угостителски брендови, а своето работење го шири и во секторот на хотелиерство. Од неодамна нов предизвик за групацијата е инвестирање во производство на енергија од обновливи извори.

Со многу труд, посветеност и тим од високостручни професионални кадри може да се постигне највисоко ниво на квалитет во секоја гранка на економијата, а особено кога главната филозофија на работењето е сé што се прави да има предзнак “премиум”. На овој начин БИСИ и групацијата ИГ кои бројат преку 200 вработени оставаат сопствен белег во Македонија, со тендеција бизнисот да се прошири и надвор од државата.

Признание за успехот на БИСИ и групацијата ИГ е податокот дека во периодот од 2019година до денес истите влегуваат во друштвото на 100-те најуспешни во Македонија.

Јубилејот е повод Георгиевски да најави нови проекти во делот на градежништвото, хотелиерството и енергетиката. Во партнерство со деловните банки, БИСИ и групацијата ИГ ќе инвестираат над 50 милиони евра за изградба на премиум станбен комплекс ЕЛИСИУМ во бруто површина од 50.000м2, изградба на нов луксузен хотел во центарот на Скопје и изградба на четири фотоволтаични централи со вкупен капацитет од 18.5 мегавати.

Ретки се компаниите во нашата земја кои можат да се пофалат со постоење од преку три децении, а 35 годишниот раст и развој на БИСИ е светол и успешен пример достоен за внимание и почит.

The post 35 години од основањето на БИСИ – Од први увозници на Adidas во Македонија, преку угостителство, градежништво и хотелиерство до енергетика appeared first on Република.

]]>

Македонија има свои херои во бизнисот и економијата. Јубилеите се повод да се зборува за проектите и постигнувањата на успешните бизнис приказни во нашата земја. Една таква приказна е БИСИ, која за денешните генерации е докажан бренд во градежништвото, а повозрасните генерации сигурно се сеќаваат на малопродажниот ланец на продавници БИСИ за обувки и спортска опрема. Историјатот на компанијата на семејството Георгиевски, кое е основач на БИСИ е доказ дека кога се има храброст, љубов и план, бизнисот може успешно да се развива во повеќе сектори. БИСИ е основана на крајот на 80те години од минатиот век, во време кога во Југославија малкумина се осмелиле да започнат приватен бизнис. Тогашните генерации беа сведоци на отворање на продавници на странски брендови со што се отворија и можности за развој на малопродажни објекти за различни производи. Во септември 1989 година, Славка и Иванчо Георгиевски започнуваат сопствен бизнис и БИСИ ја отвора првата продавница за продажба на обувки. Како пионер во малопродажбата во Македонија, каде младите генерации ги купуваа првите Adidas и Nike патики, БИСИ ја започнува својата успешна приказна. Во текот на 90-тите години  БИСИ го проширува работењето на десетина продавници низ Скопје и станува синоним за спортски обувки. Во последните 15 години на чело на БИСИ е Ивица Георгиевски кој фирмата ја трансформира и проширува во македонски бренд за изградба и продажба на премиум станбено-деловни објекти со уникатни градби и дизајн како во светските метрополи. Покрај градежништвото, Ивица Георгиевски ја формира групацијата ИГ која развива неколку угостителски брендови, а своето работење го шири и во секторот на хотелиерство. Од неодамна нов предизвик за групацијата е инвестирање во производство на енергија од обновливи извори. Со многу труд, посветеност и тим од високостручни професионални кадри може да се постигне највисоко ниво на квалитет во секоја гранка на економијата, а особено кога главната филозофија на работењето е сé што се прави да има предзнак “премиум”. На овој начин БИСИ и групацијата ИГ кои бројат преку 200 вработени оставаат сопствен белег во Македонија, со тендеција бизнисот да се прошири и надвор од државата. Признание за успехот на БИСИ и групацијата ИГ е податокот дека во периодот од 2019година до денес истите влегуваат во друштвото на 100-те најуспешни во Македонија. Јубилејот е повод Георгиевски да најави нови проекти во делот на градежништвото, хотелиерството и енергетиката. Во партнерство со деловните банки, БИСИ и групацијата ИГ ќе инвестираат над 50 милиони евра за изградба на премиум станбен комплекс ЕЛИСИУМ во бруто површина од 50.000м2, изградба на нов луксузен хотел во центарот на Скопје и изградба на четири фотоволтаични централи со вкупен капацитет од 18.5 мегавати. Ретки се компаниите во нашата земја кои можат да се пофалат со постоење од преку три децении, а 35 годишниот раст и развој на БИСИ е светол и успешен пример достоен за внимание и почит.

The post 35 години од основањето на БИСИ – Од први увозници на Adidas во Македонија, преку угостителство, градежништво и хотелиерство до енергетика appeared first on Република.

]]>
50 години од последната свадба во село Гари https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/50-godini-od-poslednata-svadba-vo-selo-gari/ Wed, 28 Aug 2024 12:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=810871

За некого може 50 години се многу, но за Љупчо и Софка  Стефановски половината век, како што велат самите минал со брзина на трепкање на окото.

Не пречекуваат во дворот на нивната куќа во Гари, двајцата насмеани и гостопримливи.. опкружени со петте внучиња од двата сина Мартин, Андреа, Павел, Марија, додека  Софка ја држи во рака најмалата  Бисера…

По 50 години заеднички живот Љупчо и Софка не  само  што си ги надополнуваат речениците што другиот ги кажува, туку на моменти во исто време исти зборови употребуваат.

Свадбата во Гари ја направивме најмногу на инсистирање на родителите на Љупчо. Ним им беше посебен мерак и ние прифативме, а демек бевме модерни во 1974 па како млади велевме во Скопје сакаме повеќе да се одржи веселбата. Но тоа што го доживеавме во Гари никогаш неможе да се заборави – вели Софка.

И по 15 години неодржување на ниту една, таа 1974 година на празникот Голема Богородица во Гари повторно свадба. Повторно голема, со над 700 сватови; А Таа традиционално започнува со канење на мртвите со Езгија, продолжува со бричење на зетот па одење по невестата и одржување на сите  мијачки обичаи како што е редот.

Свечената венчавка се одржала во гарскиот храм Црквата Пресвета Богоровица, а  чинот го водел  Протоереј Ефтим.

И  топнале мајовци со своите топани, се слушнал пискотот на зурлите. Гари е живо и радосно, му се случуват свадба. И во тоа време некој донел камера за снимање која работела на струја, па морало да се влече и да се продолжува струен кабел долг безмалку 600 метри. Е зошто толку долг? За да се долови моментот на пречекување на гости на влезот во селото, на Клаенец, на изворот кој до ден дене на гарци и на добронамерниците прв им посакува добредојде. Снимениот филм од камерата... Е тој се развивал во Венеција, со помош на роднини и пријатели.

Знаеш дека од многу луѓе, вели Љупчо со некои дури и неможевме да се поздравиме на свадбата. Ама беше преубаво, беше гордо, јас бев горд. Се женам со онаа што ја сакам, а на гости, на свадба ни дошло цело село. И уште сум горд, на моите два сина, на снаите, на внуците кои знаат да почитуваат вредности и семејство.

Сеуште во куќата на Стефановски постои еден долап со старини, а меѓу нив и стомна со која невестата Софка била на вода на Клаенец како дел од свадбарскиот гарски адет, но и мало бокалче со шест чаши поклон од свадбата. Забележувам во долапот хартии грижливо ставени во фолија.  Ми кажуваат дека тоа се телеграми испратени од  Америка, Канада  и од Белград. Роднини им честитаат на младенците.

Поради младите генерации ги прашуваме „златните“ Софка и Љупчо дали се поткарувале, дали било критично?? Двајцата велат во ист глас НЕ!! Се погледнуваат и велат повторно во ист глас и сега се поткаруваме, ама па еден без друг неможеме. „галиба и тоа се велит љубов“ – во смеење вели Софка.

На муабетите им нема крај.. двајцата разговорливи „младоженци“ со 50 годишен стаж ги оставаме онака како што ги најдовме, насмеани и весели, рекоа 50 – та ќе ја слават дома, со поколенијата. Дома во Гари, бидејќи секој гарец кога доаѓа во селото макар и на викенд вели „одам до дома“.

И да се зноет! За последната гарска свадба во тоа време 1974 –та  на насловна страна објавил големиот „Вечер“, а пишувало и во „Нова Македонија“.

The post 50 години од последната свадба во село Гари appeared first on Република.

]]>

За некого може 50 години се многу, но за Љупчо и Софка  Стефановски половината век, како што велат самите минал со брзина на трепкање на окото. Не пречекуваат во дворот на нивната куќа во Гари, двајцата насмеани и гостопримливи.. опкружени со петте внучиња од двата сина Мартин, Андреа, Павел, Марија, додека  Софка ја држи во рака најмалата  Бисера… По 50 години заеднички живот Љупчо и Софка не  само  што си ги надополнуваат речениците што другиот ги кажува, туку на моменти во исто време исти зборови употребуваат.
Свадбата во Гари ја направивме најмногу на инсистирање на родителите на Љупчо. Ним им беше посебен мерак и ние прифативме, а демек бевме модерни во 1974 па како млади велевме во Скопје сакаме повеќе да се одржи веселбата. Но тоа што го доживеавме во Гари никогаш неможе да се заборави – вели Софка.
И по 15 години неодржување на ниту една, таа 1974 година на празникот Голема Богородица во Гари повторно свадба. Повторно голема, со над 700 сватови; А Таа традиционално започнува со канење на мртвите со Езгија, продолжува со бричење на зетот па одење по невестата и одржување на сите  мијачки обичаи како што е редот. Свечената венчавка се одржала во гарскиот храм Црквата Пресвета Богоровица, а  чинот го водел  Протоереј Ефтим. И  топнале мајовци со своите топани, се слушнал пискотот на зурлите. Гари е живо и радосно, му се случуват свадба. И во тоа време некој донел камера за снимање која работела на струја, па морало да се влече и да се продолжува струен кабел долг безмалку 600 метри. Е зошто толку долг? За да се долови моментот на пречекување на гости на влезот во селото, на Клаенец, на изворот кој до ден дене на гарци и на добронамерниците прв им посакува добредојде. Снимениот филм од камерата... Е тој се развивал во Венеција, со помош на роднини и пријатели.
Знаеш дека од многу луѓе, вели Љупчо со некои дури и неможевме да се поздравиме на свадбата. Ама беше преубаво, беше гордо, јас бев горд. Се женам со онаа што ја сакам, а на гости, на свадба ни дошло цело село. И уште сум горд, на моите два сина, на снаите, на внуците кои знаат да почитуваат вредности и семејство.
Сеуште во куќата на Стефановски постои еден долап со старини, а меѓу нив и стомна со која невестата Софка била на вода на Клаенец како дел од свадбарскиот гарски адет, но и мало бокалче со шест чаши поклон од свадбата. Забележувам во долапот хартии грижливо ставени во фолија.  Ми кажуваат дека тоа се телеграми испратени од  Америка, Канада  и од Белград. Роднини им честитаат на младенците. Поради младите генерации ги прашуваме „златните“ Софка и Љупчо дали се поткарувале, дали било критично?? Двајцата велат во ист глас НЕ!! Се погледнуваат и велат повторно во ист глас и сега се поткаруваме, ама па еден без друг неможеме. „галиба и тоа се велит љубов“ – во смеење вели Софка. На муабетите им нема крај.. двајцата разговорливи „младоженци“ со 50 годишен стаж ги оставаме онака како што ги најдовме, насмеани и весели, рекоа 50 – та ќе ја слават дома, со поколенијата. Дома во Гари, бидејќи секој гарец кога доаѓа во селото макар и на викенд вели „одам до дома“. И да се зноет! За последната гарска свадба во тоа време 1974 –та  на насловна страна објавил големиот „Вечер“, а пишувало и во „Нова Македонија“.  

The post 50 години од последната свадба во село Гари appeared first on Република.

]]>
Гарци го слават својот великан: Со голема изложба одбележуваат 170 години од смртта на Петре Филиповски-Гарката https://republika.mk/vesti/kultura/gartsi-go-slavat-svojot-velikan-so-golema-izlozhba-odbelezhuvaat-170-godini-od-smrtta-na-petre-filipovski-garkata/ Sat, 24 Aug 2024 11:50:54 +0000 https://republika.mk/?p=809705

Годинава се навршуваат 170 години од смртта на големиот Петре Филиповски-Гарката. Гарчани горди на својот предок во негова чест и сеќавање организираат изложба на слики во спомен собата на зографот во село Гари.

Гарчанецот кој остави траен и сеуште жив белек со своите резби и иконостасти во мноштво цркви и манастири на територијата на целиот Балкан сеуште живее и се проучува преку неговите уникатни дела кој изобилуваат со најситни детали запишани во библијата.

Неговите дела се иконостасите во манастирите Св. Јован Бигорски, Св.Спас во Скопје, во Лесновскиот манастир, црквата Св Никола во Крушево која била запалена во 1903 година за време на Илинденското востание.

Гарчани ги канат добронамерниците да присуствуваат на отворањето на изложбата во сабота во 19 часот. Изложбата е организирана од месната заедница, а со несебична помoш и подршка од МАНУ.

Изложбата во чест на големиот Петре Филиповски - Гарката ќе може да се погледне до 5 септември.

The post Гарци го слават својот великан: Со голема изложба одбележуваат 170 години од смртта на Петре Филиповски-Гарката appeared first on Република.

]]>

Годинава се навршуваат 170 години од смртта на големиот Петре Филиповски-Гарката. Гарчани горди на својот предок во негова чест и сеќавање организираат изложба на слики во спомен собата на зографот во село Гари. Гарчанецот кој остави траен и сеуште жив белек со своите резби и иконостасти во мноштво цркви и манастири на територијата на целиот Балкан сеуште живее и се проучува преку неговите уникатни дела кој изобилуваат со најситни детали запишани во библијата. Неговите дела се иконостасите во манастирите Св. Јован Бигорски, Св.Спас во Скопје, во Лесновскиот манастир, црквата Св Никола во Крушево која била запалена во 1903 година за време на Илинденското востание. Гарчани ги канат добронамерниците да присуствуваат на отворањето на изложбата во сабота во 19 часот. Изложбата е организирана од месната заедница, а со несебична помoш и подршка од МАНУ. Изложбата во чест на големиот Петре Филиповски - Гарката ќе може да се погледне до 5 септември.  

The post Гарци го слават својот великан: Со голема изложба одбележуваат 170 години од смртта на Петре Филиповски-Гарката appeared first on Република.

]]>
Дадо Топиќ на Охрид фест ќе одбележи 60 години музика: Во Македонија луѓето ме застануваат на секој чекор и се заблагодаруваат за песната „Македонија“ https://republika.mk/scena/dado-topik-na-ohrid-fest-ke-odbelezhi-60-godini-muzika-vo-makedonija-lugeto-me-zastanuvaat-na-sekoj-chekor-i-se-zablagodaruvaat-za-pesnata-makedonija/ Fri, 16 Aug 2024 08:06:55 +0000 https://republika.mk/?p=807077

Дадо Топиќ изрази желба наградата и одбележувањето на големиот јубилеј- 60 години професионална работа, да се случи токму на „Охрид фест“. Ова е поради големата љубов што тој ја чувствува кон нашата земја, поради приемот кај публиката, убавите спомени од минатогодишното издание на „Охрид фест“ и секако, поради почитта кон Григор Копров. Неговата желба е безусловно прифатена од фестивалот, бидејќи почитта е обострана, па така на Интернационлна вечер на Охрид фест, на 31 август, повторно ќе го видиме и чуеме Дадо Топиќ.

Сосема спонтано посакав овој мој јубилеј да го прославам токму на „Охрид фест, вели музичарот. Во Македонија се чувствувам величенствено, луѓето ме застануваат на секој чекор, на аеродром, на улица, во ресторан, сите се заблагодаруваат за песната „Македонија“, велат: Дадо ни подари најубава песна, тоа е нашата химна“ а тоа се зборови што не можат да се заборават. Инаку минатата година, песната наполни 50 години и „Македонија“ ја имам постојано на репертоар. Луѓето ме прашуваат за значењето на песната. „Тамо где вечно сунце сја, тамо је Македонија“ е посветена на сонцето, го имате на знамето, имате многу сончеви денови во годината, богата историја, мирен, музикален и срдечен народ, а таа песна, наградена на ланскиот „Охрид фест“ ја доби плакетата што ја краси мојата работна соба... Мојата љубов кон Македонија потекнува од најраната младост. Мајка ми беше многу музикална и кога се чистеше пченката по далматинските села, таа пееше македонски песни, јас слушав, регистрирав и полека си потпевнував во себе. Инаку, мојот менаџер Илија Јовановиќ има одлична соработка со Охрид фест, пријатели сме со Григор Копров, неуморен директор и идеен творец на фестивалот кој наголемо го реализира 31-вото издание. Ве очекува изненадување за фестивалот, нека остане тајна уште некој ден... И за крај, со нетрпение чекам да дојдеме во Охрид, би сакал за време на гостувањето да ги посетиме Билјанини извори и така да го прославиме мојот јубилеј, кој ќе биде одбележен со низа концерти низ поголеми градови во регионот. Во меѓувреме ја очекуваме биографијата, монографијата и збирка на песни што ги напишав. Се гледаме на „Охрид фест“, вели Топиќ.

The post Дадо Топиќ на Охрид фест ќе одбележи 60 години музика: Во Македонија луѓето ме застануваат на секој чекор и се заблагодаруваат за песната „Македонија“ appeared first on Република.

Маестрален концерт на Влатко Стефановски на Античкиот театар во Охрид https://republika.mk/scena/maestralen-kontsert-na-vlatko-stefanovski-na-antichkiot-teatar-vo-ohrid/ Sat, 27 Jul 2024 12:29:31 +0000 https://republika.mk/?p=800754

Вечер што долго ќе се памети приреди светскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски кој во рамки на 64. „Охридско лето“ одржа концерт по повод пет децении од неговата музичка кариера.

Публиката на Античкиот театар  уживаше со феноменалните композиции  во извонредна изведба на членовите на „Влатко Стефановски трио“ , Јан Стефановски и Иван Куќиќ. Гости на вечерта беа македонскиот саксофонист Горан Папаз и Дамир Имери на клавијатури со кого Влатко Стефановски соработува долги години.

-Сум пораснал во Охрид. Моите се занимаваа со уметност, беа луѓе од театар и секоја  година бевме на „Охридско лето“, така што во некоја моја длабока потсвест е врежан овој фестивал и овој град. Не ми е првпат да настапам на фестивалот ама секогаш кога сум имал чест да настапам, се чувствувам  малку посебно како и сега. Со големо  задоволство јас, мојот бенд и моите соработници го одржавме концертот, вели Стефановски.

На Античкиот театар во Охрид имаше и публика која специјално допатува само за да ужива во концертот штого одржа  овој маестрален уметник на гитара. Голема поддршка му беа и неговите пријатели и фанови надвор од границите на земјава.

-Имам пријатели од Загреб кои дојдоа да го гледаат концертот, фанови  дојдени од Норвешка, верувале или не, со три-четири авиони се забрале  и дошле да го гледаат  овој концерт, така што имаме едно посебно чувство и некако  малку поголема одговорност во однос на другите концерти што ги свириме по други фестивали. Чувствувавме потреба, ова да биде специјално, додава Стефановски.

Половина век на светската музичка сцена, не е малку,  а според гитаристот Стефановски, кариерата се градела постепено и макотрпно.

-Се разбира дека не беа веднаш освоени светските сцени, мораше прво  да се освои семејството, да ти поверуваат во  тоа што го работиш, потоа да ги убедиш училишните другари дека тоа што го правиш нешто вреди, па да го убедиш своето маало, својот град, својата држава, а светот останува да се  освои малку подоцна, така што освоивме некои значајни сцени, не можам да се пожалам. Многу сум благодарен и на публиката и на соработниците и на Севишниот кој се уште како да ме  чува и да ми дава сила и верба да продолжам понатаму, вели тој.

Како и секогаш и овојпат скромен, Стефановски вели за неговата кариера се заслужни сите.

-Сите  граделе по некое камче во тој мозаик наречен пет децении музичка кариера. Не можам да кажам  дека сум само јас заслужен за сè. Имало и некои тивки соработници кои не се толку експонирани во јавност. Зборувам за тон мајстори, за дизајнери, за фотографи, сниматели, режисери,  сите по нешто додале во мозаикот. Треба да е човек свесен и благодарен, раскажува Стефановски.

За својата успешна петдецениска кариера, најголемиот македонски амбасадор Влатко Стефановски, од фестивалот „Охридско лето“ доби плакета. Според  директорката на оваа најголемамузичко-сценска манифестација, Наташа Поповиќ, Стефановски е најдобриот македонски и балкански гитарист на сите времиња кој со својата гитара најдобро ја промовира македонската песна и музика ширум светот допирајќи до сите срца преку ритамот на седум-осминскиот такт, но и многу други ритмови.

-„Охридско лето“ со богатата традиција од 64 години ги достигнува светските врвови во уметноста но знае да ги вреднува и оние кои со своите дела испишуваат историја, раскажуваат приказна со универзален одглас. Огромна е честта од името на целиот тим на „Охридско лето“ да ја доделам плакетата во знак на благодарност за посебниот придонес, заложба и успешна соработка како и бројните настапи на сцената на „Охридско лето“ кои се дел од неговата 50-годишна успешна кариера, истакнува Поповиќ.

Концертната турнеја на Влатко Стефановски по повод неговиот јубилеј на музичката сцена  продолжува и натаму. Тој најави големи концерти во Белград, Загреб и Скопје, но како што вели, еден од позначајните му е токму овој што го одржа вчеравечер на „Охридско лето“.

The post Маестрален концерт на Влатко Стефановски на Античкиот театар во Охрид appeared first on Република.

]]>

Вечер што долго ќе се памети приреди светскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски кој во рамки на 64. „Охридско лето“ одржа концерт по повод пет децении од неговата музичка кариера. Публиката на Античкиот театар  уживаше со феноменалните композиции  во извонредна изведба на членовите на „Влатко Стефановски трио“ , Јан Стефановски и Иван Куќиќ. Гости на вечерта беа македонскиот саксофонист Горан Папаз и Дамир Имери на клавијатури со кого Влатко Стефановски соработува долги години. -Сум пораснал во Охрид. Моите се занимаваа со уметност, беа луѓе од театар и секоја  година бевме на „Охридско лето“, така што во некоја моја длабока потсвест е врежан овој фестивал и овој град. Не ми е првпат да настапам на фестивалот ама секогаш кога сум имал чест да настапам, се чувствувам  малку посебно како и сега. Со големо  задоволство јас, мојот бенд и моите соработници го одржавме концертот, вели Стефановски. На Античкиот театар во Охрид имаше и публика која специјално допатува само за да ужива во концертот штого одржа  овој маестрален уметник на гитара. Голема поддршка му беа и неговите пријатели и фанови надвор од границите на земјава. -Имам пријатели од Загреб кои дојдоа да го гледаат концертот, фанови  дојдени од Норвешка, верувале или не, со три-четири авиони се забрале  и дошле да го гледаат  овој концерт, така што имаме едно посебно чувство и некако  малку поголема одговорност во однос на другите концерти што ги свириме по други фестивали. Чувствувавме потреба, ова да биде специјално, додава Стефановски. Половина век на светската музичка сцена, не е малку,  а според гитаристот Стефановски, кариерата се градела постепено и макотрпно. -Се разбира дека не беа веднаш освоени светските сцени, мораше прво  да се освои семејството, да ти поверуваат во  тоа што го работиш, потоа да ги убедиш училишните другари дека тоа што го правиш нешто вреди, па да го убедиш своето маало, својот град, својата држава, а светот останува да се  освои малку подоцна, така што освоивме некои значајни сцени, не можам да се пожалам. Многу сум благодарен и на публиката и на соработниците и на Севишниот кој се уште како да ме  чува и да ми дава сила и верба да продолжам понатаму, вели тој. Како и секогаш и овојпат скромен, Стефановски вели за неговата кариера се заслужни сите. -Сите  граделе по некое камче во тој мозаик наречен пет децении музичка кариера. Не можам да кажам  дека сум само јас заслужен за сè. Имало и некои тивки соработници кои не се толку експонирани во јавност. Зборувам за тон мајстори, за дизајнери, за фотографи, сниматели, режисери,  сите по нешто додале во мозаикот. Треба да е човек свесен и благодарен, раскажува Стефановски. За својата успешна петдецениска кариера, најголемиот македонски амбасадор Влатко Стефановски, од фестивалот „Охридско лето“ доби плакета. Според  директорката на оваа најголемамузичко-сценска манифестација, Наташа Поповиќ, Стефановски е најдобриот македонски и балкански гитарист на сите времиња кој со својата гитара најдобро ја промовира македонската песна и музика ширум светот допирајќи до сите срца преку ритамот на седум-осминскиот такт, но и многу други ритмови. -„Охридско лето“ со богатата традиција од 64 години ги достигнува светските врвови во уметноста но знае да ги вреднува и оние кои со своите дела испишуваат историја, раскажуваат приказна со универзален одглас. Огромна е честта од името на целиот тим на „Охридско лето“ да ја доделам плакетата во знак на благодарност за посебниот придонес, заложба и успешна соработка како и бројните настапи на сцената на „Охридско лето“ кои се дел од неговата 50-годишна успешна кариера, истакнува Поповиќ. Концертната турнеја на Влатко Стефановски по повод неговиот јубилеј на музичката сцена  продолжува и натаму. Тој најави големи концерти во Белград, Загреб и Скопје, но како што вели, еден од позначајните му е токму овој што го одржа вчеравечер на „Охридско лето“.    

The post Маестрален концерт на Влатко Стефановски на Античкиот театар во Охрид appeared first on Република.

]]>
Јубилејно 15. издание на „МакеДокс“ од 15 до 22 авугст во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и Лабораториум: Копање емоции низ времето https://republika.mk/scena/film/jubilejno-15-izdanie-na-makedoks-od-15-do-22-avugst-vo-kurshumli-an-muzej-na-makedonija-suli-an-mkts-i-laboratorium-kopane-emotsii-niz-vremeto/ Mon, 22 Jul 2024 12:18:30 +0000 https://republika.mk/?p=799197

Годинава „МакеДокс“ слави 15 години! Не случајно јубилејното издание им го посветуваме токму на архивите, на тоа скапоцено наследство што нè претвора во времепловци како ретко што друго. Толку е скапоцено што доволно е да отвориме очи за да се наежиме, да начулиме уши за да засолзиме или, пак, да ги брцнеме прстите за да посакаме од него да создадеме нешто ново. Да пресоздадеме сеќавања, да раскажеме поинаку – за да разбереме подобро. Но и за да се разбереме самите, без страв дека најверојатно ќе нè заплисне носталгијата, толку сложена, ама и лековита и подготвени да нè обземат надежта и поривот за промена, велат организаторите.

Архивата е темелот, но без емоции никаде нема да стигнеме. Обете во себе чуваат неисцрпен креативен потенцијал, а какви приказни ќе посакаме да раскажеме зависи единствено од нас. Но, барем сега знаеме каде треба да копаме ако сакаме будно да живееме додека сме тука, за да почувствуваме длабоко и за да оставиме нешто вредно – и за нас самите, и за тие по нас.
Повелете пред филмското платно – заедно да го прославиме јубилејот, да патуваме низ времето и да копаме емоции.

The post Јубилејно 15. издание на „МакеДокс“ од 15 до 22 авугст во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и Лабораториум: Копање емоции низ времето appeared first on Република.

Ѓоко Танески со вечерашниот концерт на Антички театар во Охрид ќе одбележи јубилеј – 30 години кариера https://republika.mk/scena/goko-taneski-so-kontsert-na-antichki-teatar-vo-ohrid-ke-odbelezhi-jubilej-30-godini-kariera/ Sat, 20 Jul 2024 07:31:05 +0000 https://republika.mk/?p=797981

Овој викенд, (сабота, 20 јули) сите патишта водат кон охридскиот Антички театар каде Ѓоко Танески со солистички концерт ќе го одбележи својот голем јубилеј – 30 години кариера.

Концертот е насловен „Најдоброто од Ѓоко Танески“, а охриѓанецот со златно грло на сцената ќе ги отпее најголемите хитови од својата кариера.

„Никогаш доста“, „Збогум најмила“, „Една љубов имам“, „Цветај расцветај“, „Ден по ден“… се само дел од хитовите кои ја одбележаа неговата 30-годишна кариера, а кои ќе бидат дел од репертоартот.

Како што е предвидено Ѓоко ќе отпее 20 свои песни, три народни, охридски композиции во придружба на еден од неговите гости Николче Мицевски, кој ќе го придружува на клавир, но ќе промовира и една нова песна.

Возбуден сум и навистина едвај чекам да дојде сабота за да застанам на сцената и да уживам со мојата публика. Подготвив навистина интересен репертоар и освен моите добро познати песни ќе отпеам и три убави охридски, народни песни, но премиерно ќе отпеам и две нови. Едната е забавна, онака во мој стил, се вика „Чекам, чекам“ и е со потписот на Николче Мицевски. Втората е народна, насловена е „Над изворот“, а ја потпишува Влатко Јовчевски, вели Ѓоко, кому ова му е прв голем концерт во родниот Охрид.

Освен Николче Мицевски на сцената ќе го придружува и Камерниот оркестар од Битола, а гостин ќе му биде и легендарниот Драган Мијалковски, кој ќе гостува со три нумери. Концертот на Антички е со почеток во 21:00 часот, а влезниците може да се набават преку мрежата на Мктикетс, како и во продажните салони на „Литература“ низ земјата и „Кај Аждер“.Организаторот Фреш унион, најавува вистински музички спектакл, кој ќе се снима со најсовремена техника со оглед на тоа дека подоцна ќе биде изработен и телевизиски проект.

The post Ѓоко Танески со вечерашниот концерт на Антички театар во Охрид ќе одбележи јубилеј – 30 години кариера appeared first on Република.

]]>

Овој викенд, (сабота, 20 јули) сите патишта водат кон охридскиот Антички театар каде Ѓоко Танески со солистички концерт ќе го одбележи својот голем јубилеј – 30 години кариера. Концертот е насловен „Најдоброто од Ѓоко Танески“, а охриѓанецот со златно грло на сцената ќе ги отпее најголемите хитови од својата кариера. „Никогаш доста“, „Збогум најмила“, „Една љубов имам“, „Цветај расцветај“, „Ден по ден“… се само дел од хитовите кои ја одбележаа неговата 30-годишна кариера, а кои ќе бидат дел од репертоартот. Како што е предвидено Ѓоко ќе отпее 20 свои песни, три народни, охридски композиции во придружба на еден од неговите гости Николче Мицевски, кој ќе го придружува на клавир, но ќе промовира и една нова песна.
Возбуден сум и навистина едвај чекам да дојде сабота за да застанам на сцената и да уживам со мојата публика. Подготвив навистина интересен репертоар и освен моите добро познати песни ќе отпеам и три убави охридски, народни песни, но премиерно ќе отпеам и две нови. Едната е забавна, онака во мој стил, се вика „Чекам, чекам“ и е со потписот на Николче Мицевски. Втората е народна, насловена е „Над изворот“, а ја потпишува Влатко Јовчевски, вели Ѓоко, кому ова му е прв голем концерт во родниот Охрид.
Освен Николче Мицевски на сцената ќе го придружува и Камерниот оркестар од Битола, а гостин ќе му биде и легендарниот Драган Мијалковски, кој ќе гостува со три нумери. Концертот на Антички е со почеток во 21:00 часот, а влезниците може да се набават преку мрежата на Мктикетс, како и во продажните салони на „Литература“ низ земјата и „Кај Аждер“.Организаторот Фреш унион, најавува вистински музички спектакл, кој ќе се снима со најсовремена техника со оглед на тоа дека подоцна ќе биде изработен и телевизиски проект.

The post Ѓоко Танески со вечерашниот концерт на Антички театар во Охрид ќе одбележи јубилеј – 30 години кариера appeared first on Република.

]]>
Преку 210.000 луѓе ја најавија прославата на 25 години EXIT Фестивал! https://republika.mk/scena/preku-210-000-luge-ja-najavija-proslavata-na-25-godini-exit-festival/ Wed, 17 Jul 2024 14:24:28 +0000 https://republika.mk/?p=797729

Овогодишното издание на ЕГЗИТ фестивал за време на вкупно пет дена го обележаа настапи на најголемите светски музички ѕвезди – од Нултиот ден минатата среда во чест на Никола Тесла со Бејби Лазања, Бурак Јетер, Димаш и Инико, преку острите рими и електронски ритми кои во првата фестивалска ноќ ги донесоа основоположникот на трап музиката Гучи Мејн и синонимот за професијата диџеј Карл Кокс, до најхитовската танцувачка носталгија со поп-рап иконите „Блек Ајд Пис“, враќањето на панкот на голема врата со „Д Експлоитед“ и еден од симболите на Денс Арена, Масео Плекс.

Финалната вечер во неделата помина во знак на фуриозните гитарски рифови и фантастична енергија на публиката заедно со основачот и главниот автор на бендовите „Рејџ Агенст д Машин“ и „Аудиослејв“ – Том Морело. Култната „Like A Stone” Морело во емотивна изведба ја посвети на Крис Корнел, за потоа од тврдината конечно да згрми и „Killing in the Name”, песната со рифови познати низ цел свет која во еден глас ја пееше цела Главна бина! За тоа време, публиката на Денс Арена ја воодушевија „Бери Кант Свим“ и повеќекратниот носител на Греми номинации Бонобо, „НСНС Стејџ“ до последно место ја исполни Сара Ландри, додека маестралната завршница со магичното изгрејсонце над преполниот Егзитов храм на електронската музика ја приреди Блек Кофи!

Она што истотака беше карактеристика на овогодишниот ЕГЗИТ беа родителите со деца – како на бините така и во публиката. На фестивалот, сега веќе традиционално, беа трите генерации Ковачевиќ – основачот и директор на Егзит, Душан Ковачевиќ, неговиот татко Илија и синовите Лав и Ноа. Некои нови клинци доаѓаа со своите родители да ги запознаат ѕвездите на новите генерации, меѓу кои апсолутни фаворити беа Бејби ЛазањаЏокер Аут и Сем ДивајнТом Морело концертот на „Тесла Универз“ бината го отвори со својот тринаесетгодишен син, младиот гитарски вундеркинд Роман Морело, а интересно е дека пар часа претходно и Макс Кавалера настапи со својот син Игор Јуниор.

Пред означувањето на официјалниот крај на уште едно магично фестивалско поклонение, започна следното, јубилејно и историско. Последната вечер точно на полноќ и порано од било кога досега, од Тврдината беше лансирана кампањата за следното издание на Фестивалот, кое од 10 до 13 јули 2025 година ќе одбележи четврт век од основањето на Егзит и уште еднаш ќе ја оживее и втемели „State of EXIT“. Започна и регистрацијата за најповолните влезници, а ќе трае до петок, 19 јули на сајтот на ЕГЗИТ Фестивал.

The post Преку 210.000 луѓе ја најавија прославата на 25 години EXIT Фестивал! appeared first on Република.

]]>

Овогодишното издание на ЕГЗИТ фестивал за време на вкупно пет дена го обележаа настапи на најголемите светски музички ѕвезди – од Нултиот ден минатата среда во чест на Никола Тесла со Бејби Лазања, Бурак Јетер, Димаш и Инико, преку острите рими и електронски ритми кои во првата фестивалска ноќ ги донесоа основоположникот на трап музиката Гучи Мејн и синонимот за професијата диџеј Карл Кокс, до најхитовската танцувачка носталгија со поп-рап иконите „Блек Ајд Пис“, враќањето на панкот на голема врата со „Д Експлоитед“ и еден од симболите на Денс Арена, Масео Плекс. Финалната вечер во неделата помина во знак на фуриозните гитарски рифови и фантастична енергија на публиката заедно со основачот и главниот автор на бендовите „Рејџ Агенст д Машин“ и „Аудиослејв“ – Том Морело. Култната „Like A Stone” Морело во емотивна изведба ја посвети на Крис Корнел, за потоа од тврдината конечно да згрми и „Killing in the Name”, песната со рифови познати низ цел свет која во еден глас ја пееше цела Главна бина! За тоа време, публиката на Денс Арена ја воодушевија „Бери Кант Свим“ и повеќекратниот носител на Греми номинации Бонобо, „НСНС Стејџ“ до последно место ја исполни Сара Ландри, додека маестралната завршница со магичното изгрејсонце над преполниот Егзитов храм на електронската музика ја приреди Блек Кофи! Она што истотака беше карактеристика на овогодишниот ЕГЗИТ беа родителите со деца – како на бините така и во публиката. На фестивалот, сега веќе традиционално, беа трите генерации Ковачевиќ – основачот и директор на Егзит, Душан Ковачевиќ, неговиот татко Илија и синовите Лав и Ноа. Некои нови клинци доаѓаа со своите родители да ги запознаат ѕвездите на новите генерации, меѓу кои апсолутни фаворити беа Бејби ЛазањаЏокер Аут и Сем ДивајнТом Морело концертот на „Тесла Универз“ бината го отвори со својот тринаесетгодишен син, младиот гитарски вундеркинд Роман Морело, а интересно е дека пар часа претходно и Макс Кавалера настапи со својот син Игор Јуниор. Пред означувањето на официјалниот крај на уште едно магично фестивалско поклонение, започна следното, јубилејно и историско. Последната вечер точно на полноќ и порано од било кога досега, од Тврдината беше лансирана кампањата за следното издание на Фестивалот, кое од 10 до 13 јули 2025 година ќе одбележи четврт век од основањето на Егзит и уште еднаш ќе ја оживее и втемели „State of EXIT“. Започна и регистрацијата за најповолните влезници, а ќе трае до петок, 19 јули на сајтот на ЕГЗИТ Фестивал.

The post Преку 210.000 луѓе ја најавија прославата на 25 години EXIT Фестивал! appeared first on Република.

]]>
Во Струга денеска се одбележуваат два јубилеја: 80 години Библиотека и 65 години Дом на култура ,,Браќа Миладиновци” https://republika.mk/vesti/kultura/vo-struga-deneska-se-odbelezhuvaat-dva-jubileja-80-godini-biblioteka-i-65-godini-dom-na-kultura-braka-miladinovtsi/ Fri, 12 Jul 2024 08:41:12 +0000 https://republika.mk/?p=796063

Во рамките на одбележувањето на Јубилејот 80 години Библиотека и 65 години Дом на култура ,,Браќа Миладиновци” – Струга, Установата денес, со почеток во 10:00 часот, во паркот на поезијата ќе го одржи вториот настан поврзан со ова чествување. Посетителите ќе имаат можност да ги видат дел од делата на роднокрајните автори, како и изданија од Збирката на СВП која ја поседува Центарот за култура и е единствена во РСМ. Овие дела не се издаваат и единствено можат да се погледнат само во просториите на Библиотеката и на овој начин публиката ќе може да ги види овие дела. Исто така ќе бидат изложени и уметнички дела на познати уметници- сликари. Центарот за култура ќе додели и благодарници на општествено одговорни компании и личности за голем придонес во развивањето на културата во Струга.

Ова е втор настан во одбележувањето на Јубилејот и следува после првата голема прослава на која и официјално започна соработката меѓу Амбасадата на НР Кина и Центарот за култура. Со други културни манифестации ќе се продолжат во наредниот месец.

The post Во Струга денеска се одбележуваат два јубилеја: 80 години Библиотека и 65 години Дом на култура ,,Браќа Миладиновци” appeared first on Република.

Народен Театар Битола го започнува чествувањето на 80 роденден со вечерашната претстава „На дното на океанот постојат некои светови“ https://republika.mk/vesti/kultura/naroden-teatar-bitola-go-zapochnuva-chestvuvaneto-na-80-rodenden-so-vecherashnata-pretstava-na-dnoto-na-okeanot-postojat-nekoi-svetovi/ Wed, 12 Jun 2024 17:26:33 +0000 https://republika.mk/?p=786797

Со претставата „На дното на океанот постојат некакви светови“ во изведба на независниот театар „Артерариј“ од Загреб, Хрватска, на 12 јуни започнува серија гостувања на театри од земјата и од регионот со кои ќе се чествува 80. роденден на најстариот театар во Македонија, Битолскиот театар. Како што велат оттаму, ова чествување ќе кулминира со централната прослава на роденденот на театарот на 14 ноември.

„Претставата ‘На дното на океанот постојат некакви светови’ ги освојува срцата на публиката повеќе од една година во Хрватска и го потврдува статусот на овој независен театар како простор на храбар алтернативен театарски израз, кој обработува теми за кои повеќето молчат“, посочуваат од Битолскиот театар.

Овој авторски проект на познатиот хрватски актер и режисер Романо Николиќ, во соработка со актерите Анита Матиќ и Франо Машковиќ и драматургот Оља Лозица, е добитник на неколку награди во Хрватска на престижниот фестивал 33. Марулиќеви денови: награда за драматургија за заедничката работа на целата екипа во градењето на ликовите, награда за најдобро уметничко остварување за актерите Анита Матиќ-Делиќ и Франо Машковиќ за врвна актерска заедничка игра, награда за најдобра женска улога, номинација на ХДДУ за најдобар режисер, номинација за најдобра машка улога…

Настаната по мотиви на Еврипидовата драма „Медеја“, но во современ контекст, претставата за главни протагонисти ги има истите ликови од оригиналната предлошка, Јасон и Медеја. Само денес, во современиот свет, тие се еден вообичаен современ брачен пар, без никакви јавни и општествено одговорни должности. Се работи за семеен пар со две деца, кој живее во обична куќа во центарот на градот. Но, како и кај Еврипидовите јунаци, поради низа животни околности, нивната поранешна љубов се претвора во омраза, која ги доведува обајцата до разидување во визијата за идниот заеднички живот и до слом во нивните односи. Во тој динамичен свет на брачни игри, обајцата се огорчени на свој начин и обајцата доведени до работ на самоиспитување што води во криза на идентитетот.

„Што воопшто значи да се установиш себеси и да се изградиш врз основа на односот со некој друг? Или како што ќе каже современата Медеја: ’Која сум јас – кога сум само јас? Кога не сум ничија жена, ничија мајка, ничија ќерка? Која сум јас – кога сум само јас? И дали некогаш сум била само јас? Која сум ја во суштина? Која сум јас – без ти и јас? Која сум јас – без ние?’“, ќе каже драматургот на претставата, Оља Лозица.

Театарскиот колектив на „Артерариј“ ни носи емотивна камерна претстава и исклучително доживување за публиката.

„Изворно одиграна во едно полуразрушено поткровје во центарот на Загреб, оваа претстава отвора еден многу интимен простор, кој ги урива сите ѕидови на театарот, зашто публиката (околу дваесет и пет луѓе) дословно им дише на актерите во лицето, станувајќи гостин во нивната дневна соба, војаер на нивната трагедија. Оваа извонредна актерска екипа ќе се обиде да одговори како и зошто една обична приказна завршува со трагедија, една можна топла семејна атмосфера во разобличување и распад и на сцената на нашиот театар. „Тоа се луѓе што се сакаат, не се случајно заедно. А, сепак, сѐ води во трагедија. Како и зошто. Која е таа точка на која луѓето се кршат. Овде сите ситуации, до самиот крај, се ситуации низ кои поминувал секој од нас. Сите сме биле оставани или сме оставале некого. Сме се преиспитувале дали сме доволно вредни…“, вели режисерот Романо Николиќ.

The post Народен Театар Битола го започнува чествувањето на 80 роденден со вечерашната претстава „На дното на океанот постојат некои светови“ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „На дното на океанот постојат некакви светови“ во изведба на независниот театар „Артерариј“ од Загреб, Хрватска, на 12 јуни започнува серија гостувања на театри од земјата и од регионот со кои ќе се чествува 80. роденден на најстариот театар во Македонија, Битолскиот театар. Како што велат оттаму, ова чествување ќе кулминира со централната прослава на роденденот на театарот на 14 ноември. „Претставата ‘На дното на океанот постојат некакви светови’ ги освојува срцата на публиката повеќе од една година во Хрватска и го потврдува статусот на овој независен театар како простор на храбар алтернативен театарски израз, кој обработува теми за кои повеќето молчат“, посочуваат од Битолскиот театар. Овој авторски проект на познатиот хрватски актер и режисер Романо Николиќ, во соработка со актерите Анита Матиќ и Франо Машковиќ и драматургот Оља Лозица, е добитник на неколку награди во Хрватска на престижниот фестивал 33. Марулиќеви денови: награда за драматургија за заедничката работа на целата екипа во градењето на ликовите, награда за најдобро уметничко остварување за актерите Анита Матиќ-Делиќ и Франо Машковиќ за врвна актерска заедничка игра, награда за најдобра женска улога, номинација на ХДДУ за најдобар режисер, номинација за најдобра машка улога… Настаната по мотиви на Еврипидовата драма „Медеја“, но во современ контекст, претставата за главни протагонисти ги има истите ликови од оригиналната предлошка, Јасон и Медеја. Само денес, во современиот свет, тие се еден вообичаен современ брачен пар, без никакви јавни и општествено одговорни должности. Се работи за семеен пар со две деца, кој живее во обична куќа во центарот на градот. Но, како и кај Еврипидовите јунаци, поради низа животни околности, нивната поранешна љубов се претвора во омраза, која ги доведува обајцата до разидување во визијата за идниот заеднички живот и до слом во нивните односи. Во тој динамичен свет на брачни игри, обајцата се огорчени на свој начин и обајцата доведени до работ на самоиспитување што води во криза на идентитетот. „Што воопшто значи да се установиш себеси и да се изградиш врз основа на односот со некој друг? Или како што ќе каже современата Медеја: ’Која сум јас – кога сум само јас? Кога не сум ничија жена, ничија мајка, ничија ќерка? Која сум јас – кога сум само јас? И дали некогаш сум била само јас? Која сум ја во суштина? Која сум јас – без ти и јас? Која сум јас – без ние?’“, ќе каже драматургот на претставата, Оља Лозица. Театарскиот колектив на „Артерариј“ ни носи емотивна камерна претстава и исклучително доживување за публиката. „Изворно одиграна во едно полуразрушено поткровје во центарот на Загреб, оваа претстава отвора еден многу интимен простор, кој ги урива сите ѕидови на театарот, зашто публиката (околу дваесет и пет луѓе) дословно им дише на актерите во лицето, станувајќи гостин во нивната дневна соба, војаер на нивната трагедија. Оваа извонредна актерска екипа ќе се обиде да одговори како и зошто една обична приказна завршува со трагедија, една можна топла семејна атмосфера во разобличување и распад и на сцената на нашиот театар. „Тоа се луѓе што се сакаат, не се случајно заедно. А, сепак, сѐ води во трагедија. Како и зошто. Која е таа точка на која луѓето се кршат. Овде сите ситуации, до самиот крај, се ситуации низ кои поминувал секој од нас. Сите сме биле оставани или сме оставале некого. Сме се преиспитувале дали сме доволно вредни…“, вели режисерот Романо Николиќ.  

The post Народен Театар Битола го започнува чествувањето на 80 роденден со вечерашната претстава „На дното на океанот постојат некои светови“ appeared first on Република.

]]>
25 години постоење МОФ: Младинска конференција на тема „Образование и млади“ https://republika.mk/zivot/kariera/25-godini-postoene-mof-mladinska-konferentsija-na-tema-obrazovanie-i-mladi/ Fri, 07 Jun 2024 11:16:11 +0000 https://republika.mk/?p=785503

Младинскиот образовен форум (МОФ), денеска во Скопје организира конференција за образованието и младите по повод 25 години од основањето на организацијата.

Преку две панел дискусии, за време на настанот ќе направиме рефлексија за достигнувањата на организацијата и ќе дебатираме за иднината на образованието и улогата на младите во нашето општество. Говорници ќе бидат инспиративни панелисти кои биле или во моментов се дел од МОФ, наведуваат оргаизаторите.

На првиот панел „Иднината на образованието“ како говорници најавени се Мартин Галевски – истражувач во областа на образование, Анастасија Саша Тофоска – тренер по дебата во МОФ, Христина Божиновска Ѓикова – воспитувач во ДУЦОР „Партенија Зоографски“, Александар Николовски претседател на Универзитетско студетнско собрание на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, и новинарот Огнен Јанески.

„Улогата на младите во креирање на политики“ е тема на вториот панел каде ќе говорат: Дона Костуранова – директорка во земјата за Фондација за демократија на Вестимнстер, Ана Наумоска – локален координатор во МОФ – Струга, Марија Мирчевска – истражувач, Панде Ефтимов – програмски координатор на програмата Активизам во МОФ и Мариана Ангелова – генерален секретар на Национален младински совет на Македонија.

Со почеток од 20 часот ќе биде организирана роденденска забава со настап на диџеите Бесниот Витез и DDs.

Младински образовен форум е младинска заедница која создава простор за дебата, слободно изразување и младинско организирање, охрабрува активизам, ги штити и унапредува младиските права и политики. МОФ е основан во 1999 година и на национално ниво е активна во 21 град. Над 100 млади се членови на Генералното Собрание на МОФ, кои се активни во програмски и проектни активности. Во младинските центри на МОФ има повеќе од 2000 членови годишно кои се корисници на активностите во програмите: Дебата, Учиме право, Активизам, Новинарство и Истражување, наведуваат од МОФ.

The post 25 години постоење МОФ: Младинска конференција на тема „Образование и млади“ appeared first on Република.

]]>

Младинскиот образовен форум (МОФ), денеска во Скопје организира конференција за образованието и младите по повод 25 години од основањето на организацијата.
Преку две панел дискусии, за време на настанот ќе направиме рефлексија за достигнувањата на организацијата и ќе дебатираме за иднината на образованието и улогата на младите во нашето општество. Говорници ќе бидат инспиративни панелисти кои биле или во моментов се дел од МОФ, наведуваат оргаизаторите.
На првиот панел „Иднината на образованието“ како говорници најавени се Мартин Галевски – истражувач во областа на образование, Анастасија Саша Тофоска – тренер по дебата во МОФ, Христина Божиновска Ѓикова – воспитувач во ДУЦОР „Партенија Зоографски“, Александар Николовски претседател на Универзитетско студетнско собрание на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, и новинарот Огнен Јанески. „Улогата на младите во креирање на политики“ е тема на вториот панел каде ќе говорат: Дона Костуранова – директорка во земјата за Фондација за демократија на Вестимнстер, Ана Наумоска – локален координатор во МОФ – Струга, Марија Мирчевска – истражувач, Панде Ефтимов – програмски координатор на програмата Активизам во МОФ и Мариана Ангелова – генерален секретар на Национален младински совет на Македонија.
Со почеток од 20 часот ќе биде организирана роденденска забава со настап на диџеите Бесниот Витез и DDs. Младински образовен форум е младинска заедница која создава простор за дебата, слободно изразување и младинско организирање, охрабрува активизам, ги штити и унапредува младиските права и политики. МОФ е основан во 1999 година и на национално ниво е активна во 21 град. Над 100 млади се членови на Генералното Собрание на МОФ, кои се активни во програмски и проектни активности. Во младинските центри на МОФ има повеќе од 2000 членови годишно кои се корисници на активностите во програмите: Дебата, Учиме право, Активизам, Новинарство и Истражување, наведуваат од МОФ.  

The post 25 години постоење МОФ: Младинска конференција на тема „Образование и млади“ appeared first on Република.

]]>
Народен Театар Битола го започнува чествувањето на 80 роденден на најстариот театар во Македонија со претставата „На дното на океанот постојат некои светови“ https://republika.mk/vesti/kultura/naroden-teatar-bitola-go-zapochnuva-chestvuvaneto-na-80-rodenden-na-najstariot-teatar-vo-makedonija-so-pretstavata-na-dnoto-na-okeanot-postojat-nekoi-svetovi/ Sun, 19 May 2024 11:13:12 +0000 https://republika.mk/?p=779764

Со претставата „На дното на океанот постојат некои светови“, Народен Театар Битола го започнува чествувањето на 80-тиот роденден на најстариот театар во Македонија, кое ќе кулминира со централната прослава на роденденот на театарот на 14 ноември годинава.

Претставата „На дното на океанот постојат некакви светови“ во изведба на независниот театар „Артерариј“ од Загреб, Хрватска ќе биде изведена на 12 јуни. Автор е Романо Николиќ, драматург Оља Лозица а актери се Анита Макиќ Делиќ и Фрањо Мешковиќ.

Овој авторскиот проект на познатиот хрватски актер и режисер Романо Николиќ, е добитник на неколку награди во Хрватска на престижниот фестивал 33-ти Марулиќеви денови: награда за драматургија за заедничката работа на целата екипа во градењето на ликовите, награда за најдобро уметничко остварување за актерите Анита Матиќ Делиќ и Франо Машковиќ за врвна актерска заедничка игра, награда за најдобра женска улога, номинација на ХДДУ за најдобар режисер, номинација за најдобра машка улога.

Настаната по мотиви на Еврипидовата драма „Медеја“, но во современ контекст, претставата за главни протагонисти ги има истите ликови од оригиналната предлошка, Јасон и Медеја. Само денес, во современиот свет, тие се еден вообичаен современ брачен пар, без никакви јавни и општествено одговорни должности. Се работи за семеен пар со две деца, кој живее во обична куќа во центарот на градот. Но, како и кај Еврипидовите јунаци, поради низа животни околности, нивната поранешна љубов се претвора во омраза, која ги доведува обајцата до разијдување во визијата за идниот заеднички живот и до слом во нивните односи. Во тој динамичен свет на брачни игри, обајцата се огорчени на свој начин и обајцата доведени до работ на самоиспитување што води во криза на идентитетот.

„Што воопшто значи да се установиш себеси и да се изградиш врз основа на односот со некој друг? Или како што ќе каже современата Медеја: ’Која сум јас – кога сум само јас? Кога не сум ничија жена, ничија мајка, ничија ќерка? Која сум јас – кога сум само јас? И дали некогаш сум била само јас? Која сум ја во суштина? Која сум јас – без ти и јас? Која сум јас – без ние?’ʻ“, ќе каже драматургот на претставата, Оља Лозица.

Театарскиот колектив на „Артерариј“ носи емотивна камерна претстава и исклучително доживување за публиката. Изворно одиграна во едно полуразрушено поткровје во центарот на Загреб, оваа претстава отвора еден многу интимен простор, кој ги урива сите ѕидови на театарот, зашто публиката (околу дваесет и пет луѓе) дословно им дише на актерите во лицето, станувајќи гостин во нивната дневна соба, војаер на нивната трагедија. Оваа извонредна актерска екипа ќе се обиде да одговори како и зошто една обична приказна завршува со трагедија, една можна топла семејна атмосфера во разобличување и распад и на сцената на нашиот тетар. „Тоа се луѓе што се сакаат, не се случајно заедно. А, сепак, сѐ води во трагедија. Како и зошто. Која е таа точка на која луѓето се кршат. Овде сите ситуации, до самиот крај, се ситуации низ кои поминувал секој од нас. Сите сме биле оставани или сме оставале некого. Сме се преиспитувале дали сме доволно вредни…“ – вели режисерот Романо Николиќ.

The post Народен Театар Битола го започнува чествувањето на 80 роденден на најстариот театар во Македонија со претставата „На дното на океанот постојат некои светови“ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „На дното на океанот постојат некои светови“, Народен Театар Битола го започнува чествувањето на 80-тиот роденден на најстариот театар во Македонија, кое ќе кулминира со централната прослава на роденденот на театарот на 14 ноември годинава. Претставата „На дното на океанот постојат некакви светови“ во изведба на независниот театар „Артерариј“ од Загреб, Хрватска ќе биде изведена на 12 јуни. Автор е Романо Николиќ, драматург Оља Лозица а актери се Анита Макиќ Делиќ и Фрањо Мешковиќ. Овој авторскиот проект на познатиот хрватски актер и режисер Романо Николиќ, е добитник на неколку награди во Хрватска на престижниот фестивал 33-ти Марулиќеви денови: награда за драматургија за заедничката работа на целата екипа во градењето на ликовите, награда за најдобро уметничко остварување за актерите Анита Матиќ Делиќ и Франо Машковиќ за врвна актерска заедничка игра, награда за најдобра женска улога, номинација на ХДДУ за најдобар режисер, номинација за најдобра машка улога. Настаната по мотиви на Еврипидовата драма „Медеја“, но во современ контекст, претставата за главни протагонисти ги има истите ликови од оригиналната предлошка, Јасон и Медеја. Само денес, во современиот свет, тие се еден вообичаен современ брачен пар, без никакви јавни и општествено одговорни должности. Се работи за семеен пар со две деца, кој живее во обична куќа во центарот на градот. Но, како и кај Еврипидовите јунаци, поради низа животни околности, нивната поранешна љубов се претвора во омраза, која ги доведува обајцата до разијдување во визијата за идниот заеднички живот и до слом во нивните односи. Во тој динамичен свет на брачни игри, обајцата се огорчени на свој начин и обајцата доведени до работ на самоиспитување што води во криза на идентитетот. „Што воопшто значи да се установиш себеси и да се изградиш врз основа на односот со некој друг? Или како што ќе каже современата Медеја: ’Која сум јас – кога сум само јас? Кога не сум ничија жена, ничија мајка, ничија ќерка? Која сум јас – кога сум само јас? И дали некогаш сум била само јас? Која сум ја во суштина? Која сум јас – без ти и јас? Која сум јас – без ние?’ʻ“, ќе каже драматургот на претставата, Оља Лозица. Театарскиот колектив на „Артерариј“ носи емотивна камерна претстава и исклучително доживување за публиката. Изворно одиграна во едно полуразрушено поткровје во центарот на Загреб, оваа претстава отвора еден многу интимен простор, кој ги урива сите ѕидови на театарот, зашто публиката (околу дваесет и пет луѓе) дословно им дише на актерите во лицето, станувајќи гостин во нивната дневна соба, војаер на нивната трагедија. Оваа извонредна актерска екипа ќе се обиде да одговори како и зошто една обична приказна завршува со трагедија, една можна топла семејна атмосфера во разобличување и распад и на сцената на нашиот тетар. „Тоа се луѓе што се сакаат, не се случајно заедно. А, сепак, сѐ води во трагедија. Како и зошто. Која е таа точка на која луѓето се кршат. Овде сите ситуации, до самиот крај, се ситуации низ кои поминувал секој од нас. Сите сме биле оставани или сме оставале некого. Сме се преиспитувале дали сме доволно вредни…“ – вели режисерот Романо Николиќ.

The post Народен Театар Битола го започнува чествувањето на 80 роденден на најстариот театар во Македонија со претставата „На дното на океанот постојат некои светови“ appeared first on Република.

]]>
Отворање на прославата за 50-годишнината на Францускиот институт и затворање на 20. „Танц Фест“ со танчерската претстава „Мозаик“ на светски познатиот кореограф Мурад Мерзуки https://republika.mk/vesti/kultura/otvorane-na-proslavata-za-50-godishninata-na-frantsuskiot-institut-i-zatvorane-na-20-tants-fest-so-tancherskata-pretstava-mozaik-na-svetski-poznatiot-koreograf-murad-merzuki/ Wed, 15 May 2024 14:16:29 +0000 https://republika.mk/?p=778279

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубиленото 20. издание на „Танц фест“, oрганизираат ексклузивно гостување на француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“, в петок, 17 мај 2024, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар.

Кореограф на претставата е Мурад Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме денес, кому француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024.

Во текот на изминатите триесетина години, Мурад Мерзуки вистински придонесе
кон развојот на хип-хопот и го зацврсти местотот на овој танц во светот на современата
кореографија.
Низ бокс, циркуски точки, класична музика и воздушни танци, патувајќи од една
креација кон друга, публиката е принесена во нов универзум, кој сам по себе е единствен,
поетски и визуелен.
Секоја танцова точка е производ на навидум неочекувани танцови средби. Секој на
свој начин се движи по патеките, ги заобиколува клишеата, ги надминува естетските
граници и ги открива новите перспективни на хип-хопот.
Во 2022 година, откако го завршува мандатот на раководител на Националниот
кореографски центар во Кретеј и Вал-де-Марн, Мерзуки предлага танцов приказ на
неговата уметничка кариера, поканувајќи триесетина танчери од групата „Кафиг“ за да
изведат извадоци од неговите танцови претстави, кои на ваков начин слеани во едно дело,
и кои за првпат ќе бидат изведени на сцена. Насловот на ова дело е „Мозаик“.
Уметничкиот преплет, насловен „Мозаик“, во суштина ги содржи најдобрите точки
од неговиот репертоар, а во истиот Мерзуки се појавува како како содавач-алхемичар.

Всушност, тој поведен од желбата ште повеќе да ѝ се доближи на публиката, го овој
единствен танчерски перформанс. Со петмина изведувачи на сцена, ова кореографско
„универзално“ парче е „дизајнирано“ да му се прилагоди на било каков тип на сцена, како
на затворено, така и на отворено, но и да се изведува во простории кои не се исклучително
танцови сали.
По огромниот успех на танцовиот перформанс „Пиксел“ во Скопје во 2017 година,
Мурад Мерзуки и групата „Кафиг“ / „Käfig“ се враќаат во Скопје со „Мозаик“. Од „Кафиг“
(1996) па се до „Бојата на калинката“ (2024), Мурад Мерзуки ве поканува да ги (до)живеете
најважните моменти од неговиот танцов репертоар, кои воодушевија неколку генерации и
останаа верни фанови на неговата уметност

На настанот ќе се обратат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, г-дин Иго Бештел, Директор на Францускиот институт во Скопје, и г-ѓа Рисима Рисимкин, Директорка на „Танц фест“.

Во фоајето на МНТ, исто така, ќе биде поставена ретроспективната изложба „50 години Француски институт во Скопје“, која го прикажува делувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години. 

The post Отворање на прославата за 50-годишнината на Францускиот институт и затворање на 20. „Танц Фест“ со танчерската претстава „Мозаик“ на светски познатиот кореограф Мурад Мерзуки appeared first on Република.

]]>

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубиленото 20. издание на „Танц фест“, oрганизираат ексклузивно гостување на француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“, в петок, 17 мај 2024, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар.

Кореограф на претставата е Мурад Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме денес, кому француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024.

Во текот на изминатите триесетина години, Мурад Мерзуки вистински придонесе кон развојот на хип-хопот и го зацврсти местотот на овој танц во светот на современата кореографија. Низ бокс, циркуски точки, класична музика и воздушни танци, патувајќи од една креација кон друга, публиката е принесена во нов универзум, кој сам по себе е единствен, поетски и визуелен. Секоја танцова точка е производ на навидум неочекувани танцови средби. Секој на свој начин се движи по патеките, ги заобиколува клишеата, ги надминува естетските граници и ги открива новите перспективни на хип-хопот. Во 2022 година, откако го завршува мандатот на раководител на Националниот кореографски центар во Кретеј и Вал-де-Марн, Мерзуки предлага танцов приказ на неговата уметничка кариера, поканувајќи триесетина танчери од групата „Кафиг“ за да изведат извадоци од неговите танцови претстави, кои на ваков начин слеани во едно дело, и кои за првпат ќе бидат изведени на сцена. Насловот на ова дело е „Мозаик“. Уметничкиот преплет, насловен „Мозаик“, во суштина ги содржи најдобрите точки од неговиот репертоар, а во истиот Мерзуки се појавува како како содавач-алхемичар.

Всушност, тој поведен од желбата ште повеќе да ѝ се доближи на публиката, го овој единствен танчерски перформанс. Со петмина изведувачи на сцена, ова кореографско „универзално“ парче е „дизајнирано“ да му се прилагоди на било каков тип на сцена, како на затворено, така и на отворено, но и да се изведува во простории кои не се исклучително танцови сали. По огромниот успех на танцовиот перформанс „Пиксел“ во Скопје во 2017 година, Мурад Мерзуки и групата „Кафиг“ / „Käfig“ се враќаат во Скопје со „Мозаик“. Од „Кафиг“ (1996) па се до „Бојата на калинката“ (2024), Мурад Мерзуки ве поканува да ги (до)живеете најважните моменти од неговиот танцов репертоар, кои воодушевија неколку генерации и останаа верни фанови на неговата уметност На настанот ќе се обратат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, г-дин Иго Бештел, Директор на Францускиот институт во Скопје, и г-ѓа Рисима Рисимкин, Директорка на „Танц фест“.

Во фоајето на МНТ, исто така, ќе биде поставена ретроспективната изложба „50 години Француски институт во Скопје“, која го прикажува делувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години. 

The post Отворање на прославата за 50-годишнината на Францускиот институт и затворање на 20. „Танц Фест“ со танчерската претстава „Мозаик“ на светски познатиот кореограф Мурад Мерзуки appeared first on Република.

]]>
Одбележување на 50 години откако AББA ѝ ја донесоа првата победа на Шведска на Изборот за песна на Евровизија со неверојатниот шлагер  Waterloo https://republika.mk/scena/odbelezhuvane-na-50-godini-otkako-abba-ja-donesoa-prvata-pobeda-na-shvedska-na-izborot-za-pesna-na-evrovizija-so-neverojatniot-shlager-waterloo/ Fri, 10 May 2024 10:23:12 +0000 https://republika.mk/?p=776709

Во 2024 се навршуваат 50 години откако AББA ѝ ја донесоа првата победа на Шведска на Изборот за песна на Евровизија со неверојатниот шлагер  Waterloo.  Историски момент за Шведска, секако, но и убав спомен за целата евровизиска заедница ширум светот.

Секако, со оглед на тежината на приликата, оваа годишнина апсолутно мора да се слави и почитува, особено затоа што Шведска е горд домаќин на музичкиот спектакл по 7-ми пат во 2024 година, цели 50 години по таа магична ноќ во Брајтон Дом.

Радиодифузерот СВТ ги покани заедно: Шарлот Перели, која победи на натпреварот за Шведска пред 25 години во 1999 година; Карола, која го однесе натпреварот во Малме за прв пат во 1992 година по нејзината победа за Шведска претходната година; и Кончита Вурст, која пред 10 години во 2014 година постигна незаборавна победа за Австрија.

https://www.youtube.com/watch?v=4XJBNJ2wq0Y&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fnezavisen.mk%2F&source_ve_path=OTY3MTQ&feature=emb_imp_woyt

Пер Бланкенс, ТВ продуцент за Евровизија 2024 рече:

„Сега сите заедно се собравме во почит на една од најпознатите песни на Евровизија. Сите ја знаат оваа песна – ширум светот. И за да ни помогнат, имаме тројца фантастични победници на Евровизија. “

Прославата на Ватерлу од АББА нема да биде единственото музичко задоволство што гледачите можат да го очекуваат на големото финале во сабота вечер. Друг интервален чин кој сигурно ќе ја забавува публиката додека ги чека гласовите е враќањето на сцената на Изборот за песна на Евровизија со актуелната шампионка Лорин.

Шарлот Перели, која оваа година го слави сребрениот јубилеј од нејзината победа на Евровизија, вели:

„1974 беше годината кога се родив и АББА победи на Евросонг. Тие се примери со кои пораснав, и имајќи ја можноста да бидам дел од нивната почит на големото финале на Евровизија се чувствувам многу убаво и значајно“.

The post Одбележување на 50 години откако AББA ѝ ја донесоа првата победа на Шведска на Изборот за песна на Евровизија со неверојатниот шлагер  Waterloo appeared first on Република.

]]>

Во 2024 се навршуваат 50 години откако AББA ѝ ја донесоа првата победа на Шведска на Изборот за песна на Евровизија со неверојатниот шлагер  Waterloo.  Историски момент за Шведска, секако, но и убав спомен за целата евровизиска заедница ширум светот. Секако, со оглед на тежината на приликата, оваа годишнина апсолутно мора да се слави и почитува, особено затоа што Шведска е горд домаќин на музичкиот спектакл по 7-ми пат во 2024 година, цели 50 години по таа магична ноќ во Брајтон Дом. Радиодифузерот СВТ ги покани заедно: Шарлот Перели, која победи на натпреварот за Шведска пред 25 години во 1999 година; Карола, која го однесе натпреварот во Малме за прв пат во 1992 година по нејзината победа за Шведска претходната година; и Кончита Вурст, која пред 10 години во 2014 година постигна незаборавна победа за Австрија. https://www.youtube.com/watch?v=4XJBNJ2wq0Y&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fnezavisen.mk%2F&source_ve_path=OTY3MTQ&feature=emb_imp_woyt Пер Бланкенс, ТВ продуцент за Евровизија 2024 рече: „Сега сите заедно се собравме во почит на една од најпознатите песни на Евровизија. Сите ја знаат оваа песна – ширум светот. И за да ни помогнат, имаме тројца фантастични победници на Евровизија. “ Прославата на Ватерлу од АББА нема да биде единственото музичко задоволство што гледачите можат да го очекуваат на големото финале во сабота вечер. Друг интервален чин кој сигурно ќе ја забавува публиката додека ги чека гласовите е враќањето на сцената на Изборот за песна на Евровизија со актуелната шампионка Лорин. Шарлот Перели, која оваа година го слави сребрениот јубилеј од нејзината победа на Евровизија, вели: „1974 беше годината кога се родив и АББА победи на Евросонг. Тие се примери со кои пораснав, и имајќи ја можноста да бидам дел од нивната почит на големото финале на Евровизија се чувствувам многу убаво и значајно“.

The post Одбележување на 50 години откако AББA ѝ ја донесоа првата победа на Шведска на Изборот за песна на Евровизија со неверојатниот шлагер  Waterloo appeared first on Република.

]]>
Наградата „Менада“ на јубилејното издание на „Танц фест“ за Марин Црвенов, доајен на македонскиот балет https://republika.mk/vesti/kultura/jubilejno-izdanie-na-tants-fest-nagradata-menada-za-marin-tsrvenov-doajen-na-makedonskiot-balet/ Tue, 30 Apr 2024 08:02:06 +0000 https://republika.mk/?p=762591

Фестивалот Танц-Фест Скопје 2024, годинава, под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“ го прославува јубилејот 20 години постоење. Во својата програма, за ова јубилејно издание, фестивалот презентираше повеќе домашни и странски кореографи на повеќе сцени низ градот, кои ќе беа дел од повеќеслојната програма, која дава осврт на современата танцова сцена.

Јубилејната прослава на фестивалот ќе се одржи на 30 април, на сцената на Македонскиот народен театар, со претстава на Скопје танцовиот театар и кореографии на Рисима Рисимкин и Адријана Данчевска. Воедно, вечерта ќе се додели Наградата МЕНАДА за врвни достигнувања во областа на танцовата уметност  на балетскио уметник Марин Црвенов, доајен на македонскиот балет.

На 11 мај на сцената на Македонскиот театар ќе се прикажат две кореографии, „Блокови“ на Дејан Битровски и „Табу република“ на Бобан Русески.

Танц Фест Скопје 2024 во склоп на јубилејната програма, од 13 до 17 мај ја вклучува програмата Moving Balkans, во која учество ќе земат уметници од 11 земји: Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Турција и Македонија, со кореографи и професори од Холандија и Италија.

На 13 мај во Младинскиот културен центар ќе имаме можност да ја видиме претставата „Импулс“ на Скопје танцов театар 2, во која ќе настапат студентите при Катедрата за современ танц и Балетска педагогија при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Годинешното издание ќе заврши со претставата „Мозаик“ на светската кореографска ѕвезда и официјален кореограф на претстојните Олимписки игри во Париз, Мурад Мерзуки, кој нашата публика го памти по претставата „Пиксел“. Фестивалот, гостувањето на Мурад Мерзуки го остварува преку соработка со Францускиот институт во Скопје, кој со претставата ќе ја започне програмата за прослава и одбележување 50 години постоење во Скопје, со што ќе се одбележи и соработката која Францускиот институт ја има со Интерарт културниот центар во изминативе триесет години.

The post Наградата „Менада“ на јубилејното издание на „Танц фест“ за Марин Црвенов, доајен на македонскиот балет appeared first on Република.

]]>

Фестивалот Танц-Фест Скопје 2024, годинава, под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“ го прославува јубилејот 20 години постоење. Во својата програма, за ова јубилејно издание, фестивалот презентираше повеќе домашни и странски кореографи на повеќе сцени низ градот, кои ќе беа дел од повеќеслојната програма, која дава осврт на современата танцова сцена.
Јубилејната прослава на фестивалот ќе се одржи на 30 април, на сцената на Македонскиот народен театар, со претстава на Скопје танцовиот театар и кореографии на Рисима Рисимкин и Адријана Данчевска. Воедно, вечерта ќе се додели Наградата МЕНАДА за врвни достигнувања во областа на танцовата уметност  на балетскио уметник Марин Црвенов, доајен на македонскиот балет.
На 11 мај на сцената на Македонскиот театар ќе се прикажат две кореографии, „Блокови“ на Дејан Битровски и „Табу република“ на Бобан Русески.
Танц Фест Скопје 2024 во склоп на јубилејната програма, од 13 до 17 мај ја вклучува програмата Moving Balkans, во која учество ќе земат уметници од 11 земји: Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Турција и Македонија, со кореографи и професори од Холандија и Италија. На 13 мај во Младинскиот културен центар ќе имаме можност да ја видиме претставата „Импулс“ на Скопје танцов театар 2, во која ќе настапат студентите при Катедрата за современ танц и Балетска педагогија при Универзитетот „Гоце Делчев“. Годинешното издание ќе заврши со претставата „Мозаик“ на светската кореографска ѕвезда и официјален кореограф на претстојните Олимписки игри во Париз, Мурад Мерзуки, кој нашата публика го памти по претставата „Пиксел“. Фестивалот, гостувањето на Мурад Мерзуки го остварува преку соработка со Францускиот институт во Скопје, кој со претставата ќе ја започне програмата за прослава и одбележување 50 години постоење во Скопје, со што ќе се одбележи и соработката која Францускиот институт ја има со Интерарт културниот центар во изминативе триесет години.  

The post Наградата „Менада“ на јубилејното издание на „Танц фест“ за Марин Црвенов, доајен на македонскиот балет appeared first on Република.

]]>
„Госпоѓиците од Авињон“ утре на jубилејното 20. издание на Танц Фест Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/gospogitsite-od-avinon-utre-na-jubilejnoto-20-izdanie-na-tants-fest-skopje/ Wed, 10 Apr 2024 14:42:06 +0000 https://republika.mk/?p=764616

На сцената на Националната опера и балет на 11 април со почеток во 20.00 часот ќе се изведе атрактивната балетска претстава во 9 слики „Госпоѓиците од Авињон“. Со оваа претстава започнува jубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје 2024, кое ќе има нов концепт и повеќе различни програми, меѓу кои и програмата насловена „Паралели“ во која ќе се прикажат три претстави од репертоарот на Националната опера и балет, со цел да се прикажат современите текови на Националниот балет и да се претстават повеќе домашни кореографи.

Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата.

Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографијата и режијата задолжена е Олга Панго. Либретото и драматургијата се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло - Милчо Александров, а дизајн на шминкa - Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ - сценограф Валентин Светозарев.

Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лочеи, Агим Бафтии, Ендру Кук.

The post „Госпоѓиците од Авињон“ утре на jубилејното 20. издание на Танц Фест Скопје appeared first on Република.

]]>

На сцената на Националната опера и балет на 11 април со почеток во 20.00 часот ќе се изведе атрактивната балетска претстава во 9 слики „Госпоѓиците од Авињон“. Со оваа претстава започнува jубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје 2024, кое ќе има нов концепт и повеќе различни програми, меѓу кои и програмата насловена „Паралели“ во која ќе се прикажат три претстави од репертоарот на Националната опера и балет, со цел да се прикажат современите текови на Националниот балет и да се претстават повеќе домашни кореографи. Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата. Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографијата и режијата задолжена е Олга Панго. Либретото и драматургијата се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло - Милчо Александров, а дизајн на шминкa - Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ - сценограф Валентин Светозарев. Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лочеи, Агим Бафтии, Ендру Кук.  

The post „Госпоѓиците од Авињон“ утре на jубилејното 20. издание на Танц Фест Скопје appeared first on Република.

]]>
Драган Мијалковски со два концерти ќе го одбележи јубилејот – 60 години музичка кариера https://republika.mk/scena/dragan-mijalkovski-so-dva-kontserti-ke-go-odbelezhi-jubilejot-60-godini-muzichka-kariera/ Thu, 28 Mar 2024 09:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=758584

Драган Мијалковски ќе одржи два концерти во Скопје, на втори и трети април, во Национална опера и балет.

Јубилејните гала концерти со кои Мијалковски одбележува 60 години кариера, ќе се одржат во придружба на Големиот концертен оркестар и членови од Националниот џез оркестар во организација на Радио Бубамара.

Мијалковски го доби признанието за животно дело на годинашната манифестација „Златна бубамара на популарноста“, кога беа најавени и овие големи концерти.

The post Драган Мијалковски со два концерти ќе го одбележи јубилејот – 60 години музичка кариера appeared first on Република.

]]>

Драган Мијалковски ќе одржи два концерти во Скопје, на втори и трети април, во Национална опера и балет. Јубилејните гала концерти со кои Мијалковски одбележува 60 години кариера, ќе се одржат во придружба на Големиот концертен оркестар и членови од Националниот џез оркестар во организација на Радио Бубамара. Мијалковски го доби признанието за животно дело на годинашната манифестација „Златна бубамара на популарноста“, кога беа најавени и овие големи концерти.

The post Драган Мијалковски со два концерти ќе го одбележи јубилејот – 60 години музичка кариера appeared first on Република.

]]>
„Танец“, едно од најблескавите лица на македонската културна историја, одбележува 75 години постоење https://republika.mk/vesti/kultura/tanets-edno-od-najbleskavite-litsa-na-makedonskata-kulturna-istorija-odbelezhuva-75-godini-postoene/ Mon, 25 Mar 2024 09:19:41 +0000 https://republika.mk/?p=758446

Основан во 1949 година во Скопје, како единствена установа од таков вид, ансамблот Танец веќе 75 години е еден од најстамените столбови на македонската традиција и култура, и недвосмислено, еден од главните темели на македонската државност. Формиран со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и игри, народните носии и инструменти, и преку соодветен уметнички израз, сценски да ги презентира највредните форми од богатата ризница на македонскиот народ, тој денес претставува едно од најблескавите лица на македонската културна историја.

Танец е беспоговорно најрепрезентативниот амбасадор на македонската народна уметност и култура во светот. Како подвижен музеј на македонското културно богатство, ансамблот 75 години ја шири убавината на македонските ора и песни, на најголемите сцени во Азија, Америка, Австралија, Африка и насекаде низ Европа, но никогаш не го заборава и сопствениот народ, кому му ја должи својата суштина. Со Танец и богатиот македонски фолклор, Македонија отсекогаш била и секогаш ќе биде светла точка на светската културна мапа.

Благодарение на сите генерации што ја градеа и реализираа јасно поставената програмската визија на основачите, ансамблот низ годините растеше, се развиваше и прерасна во модерна институција за почит. Секогаш цврсто поддржувајќи ги своите основни вредности, од своите скромните почетоци до денес, ансамблот постојано еволуираше и се издигна на нивото на симбол на уметничка извонредност, прикажувајќи го уникатниот живописен мозаик на нашата културна раскош пред светот. Додека ја одбележуваме оваа значајна отсечка во времето, ние пред нас ја имаме на ум целокупната седумиполдецениска посветеност и страст на сите генерации извонредни играорци, песнопојци, свирачи кои оставиле драгоцен дел од својот живот во Танец.

Нивната непоколеблива заложба за зачувување и промовирање на македонските народни традиции, не само што го збогати македонскиот културен пејсаж, туку послужи и како транскултурен и сеопшт катализатор за дијалог и единство во глобални рамки. Сите ја знаат македонската песна, сите се неми пред македонскиот чекор, на сите им е познат македонскиот бит. И нема да е претерано ако кажеме дека недвосмислената убавина на нашиот фолклор е еден од најблескавите бисери во герданот на светското културно наследство. Танец е наша и светска гордост, Танец е македонскиот идентитетски код, длабоко втиснат во светската културна меморија!

Сите ние во денешниот Танец сме горди и возбудени што овие денови зачекоривме во новата јубилејна концертна сезона, која е посебна за нас. Танец е 75 години светилник на македонското културно наследство, а ние ја имаме одговорноста тој да засветли уште посилно, во име на сите минати генерации, кои ги удирале темелите и ги крепеле бедемите на оваа институција, но уште повеќе за сите идни генерации кои ќе треба да ја чуваат како свој најголем аманет во годините што претстојат.

Оваа јубилејна сезона не е само прослава на Танец, туку и ваша. Прослава на секој еден кој го поддржал Танец на неговиот величествен пат, којшто ја разбрал неговата голема и значајна мисија. Вашата безрезервна љубов и поддршка отсекогаш биле движечката сила на нашиот успех, и за тоа сме ви вечно благодарни. Да ја направиме заедно и оваа славеничка година, година за паметење! Да се здружиме, да чествуваме и да создадеме спомени кои ќе одекнуваат милениуми по нас. Танец изникнал од народот и ја пишувал својата приказна со народот. Затоа, ајде здружено да почнеме да го пишуваме и следното поглавје на Танец! Така за навек!

Нека ни е честит роденденот!

Длабок поклон за сите од нашиот и ваш Танец!- стои во Фејсбук објавата на Култирно-уметничкото друштво.

The post „Танец“, едно од најблескавите лица на македонската културна историја, одбележува 75 години постоење appeared first on Република.

]]>

Основан во 1949 година во Скопје, како единствена установа од таков вид, ансамблот Танец веќе 75 години е еден од најстамените столбови на македонската традиција и култура, и недвосмислено, еден од главните темели на македонската државност. Формиран со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и игри, народните носии и инструменти, и преку соодветен уметнички израз, сценски да ги презентира највредните форми од богатата ризница на македонскиот народ, тој денес претставува едно од најблескавите лица на македонската културна историја.
Танец е беспоговорно најрепрезентативниот амбасадор на македонската народна уметност и култура во светот. Како подвижен музеј на македонското културно богатство, ансамблот 75 години ја шири убавината на македонските ора и песни, на најголемите сцени во Азија, Америка, Австралија, Африка и насекаде низ Европа, но никогаш не го заборава и сопствениот народ, кому му ја должи својата суштина. Со Танец и богатиот македонски фолклор, Македонија отсекогаш била и секогаш ќе биде светла точка на светската културна мапа.
Благодарение на сите генерации што ја градеа и реализираа јасно поставената програмската визија на основачите, ансамблот низ годините растеше, се развиваше и прерасна во модерна институција за почит. Секогаш цврсто поддржувајќи ги своите основни вредности, од своите скромните почетоци до денес, ансамблот постојано еволуираше и се издигна на нивото на симбол на уметничка извонредност, прикажувајќи го уникатниот живописен мозаик на нашата културна раскош пред светот. Додека ја одбележуваме оваа значајна отсечка во времето, ние пред нас ја имаме на ум целокупната седумиполдецениска посветеност и страст на сите генерации извонредни играорци, песнопојци, свирачи кои оставиле драгоцен дел од својот живот во Танец.
Нивната непоколеблива заложба за зачувување и промовирање на македонските народни традиции, не само што го збогати македонскиот културен пејсаж, туку послужи и како транскултурен и сеопшт катализатор за дијалог и единство во глобални рамки. Сите ја знаат македонската песна, сите се неми пред македонскиот чекор, на сите им е познат македонскиот бит. И нема да е претерано ако кажеме дека недвосмислената убавина на нашиот фолклор е еден од најблескавите бисери во герданот на светското културно наследство. Танец е наша и светска гордост, Танец е македонскиот идентитетски код, длабоко втиснат во светската културна меморија! Сите ние во денешниот Танец сме горди и возбудени што овие денови зачекоривме во новата јубилејна концертна сезона, која е посебна за нас. Танец е 75 години светилник на македонското културно наследство, а ние ја имаме одговорноста тој да засветли уште посилно, во име на сите минати генерации, кои ги удирале темелите и ги крепеле бедемите на оваа институција, но уште повеќе за сите идни генерации кои ќе треба да ја чуваат како свој најголем аманет во годините што претстојат. Оваа јубилејна сезона не е само прослава на Танец, туку и ваша. Прослава на секој еден кој го поддржал Танец на неговиот величествен пат, којшто ја разбрал неговата голема и значајна мисија. Вашата безрезервна љубов и поддршка отсекогаш биле движечката сила на нашиот успех, и за тоа сме ви вечно благодарни. Да ја направиме заедно и оваа славеничка година, година за паметење! Да се здружиме, да чествуваме и да создадеме спомени кои ќе одекнуваат милениуми по нас. Танец изникнал од народот и ја пишувал својата приказна со народот. Затоа, ајде здружено да почнеме да го пишуваме и следното поглавје на Танец! Така за навек! Нека ни е честит роденденот! Длабок поклон за сите од нашиот и ваш Танец!- стои во Фејсбук објавата на Култирно-уметничкото друштво.

The post „Танец“, едно од најблескавите лица на македонската културна историја, одбележува 75 години постоење appeared first on Република.

]]>