јубилеј 80 години Archives - Република https://republika.mk/tema/jubilej-80-godini/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jun 2024 08:36:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јубилеј 80 години Archives - Република https://republika.mk/tema/jubilej-80-godini/ 32 32 Сандра Грибовска Илиевска од Битолски театар ја доби наградата за најдобра млада актерка на Стеријино Позорје во Нови Сад https://republika.mk/vesti/kultura/sandra-gribovska-ilievska-od-bitolski-teatar-ja-dobi-nagradata-za-najdobra-mlada-akterka-na-sterijino-pozorje-vo-novi-sad/ Mon, 03 Jun 2024 08:36:49 +0000 https://republika.mk/?p=784291

Со гордост и среќа, објавуваме дека Сандра Грибовска Илиевска е добитник на наградата за најдобра млада актерка, на штотуку завршеното 69то по ред Стеријино Позорје во Нови Сад, Србија, соопштија од Народен театар Битола.

Стеријината награда од Фондот „Дара Даринка Чалениќ“ за најдобра млада актерка – САНДРА ГРИБОВСКА ИЛИЕВСКА за улогите на Малата сестра, Алиса, Снежана и Марика во претставата БРОД ЗА КУКЛИ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ, Национален театар од Битола (Македонија). Одлуката е донесена едногласно.

Честититки од срце!

Селекторката на програмата на Стеријино позорје, Ана Тасиќ, за претставата „Брод за кукли“ пишува дека ансамблот на Битолскиот театар суверено го изведува стилизираното дејствие, во драмски и музички делови, во заводливи песни, во целото естетски заокружено обликување на трагичната положба на жената во апокалиптичната патријархалност.

Оваа година Народниот театар слави 80 години постоење. На 14 ноември 1944 е прикажана првата театарска претстава на македонски јазик во Македонија, едночинката „Ѓоре Магаревски” од Владо Малески. Јубилејот ќе го прослави со повеќе гостувања надвор од Македонија, но НТБ ќе биде домаќин и на театри од Балканот.

The post Сандра Грибовска Илиевска од Битолски театар ја доби наградата за најдобра млада актерка на Стеријино Позорје во Нови Сад appeared first on Република.

]]>

Со гордост и среќа, објавуваме дека Сандра Грибовска Илиевска е добитник на наградата за најдобра млада актерка, на штотуку завршеното 69то по ред Стеријино Позорје во Нови Сад, Србија, соопштија од Народен театар Битола.
Стеријината награда од Фондот „Дара Даринка Чалениќ“ за најдобра млада актерка – САНДРА ГРИБОВСКА ИЛИЕВСКА за улогите на Малата сестра, Алиса, Снежана и Марика во претставата БРОД ЗА КУКЛИ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ, Национален театар од Битола (Македонија). Одлуката е донесена едногласно. Честититки од срце! Селекторката на програмата на Стеријино позорје, Ана Тасиќ, за претставата „Брод за кукли“ пишува дека ансамблот на Битолскиот театар суверено го изведува стилизираното дејствие, во драмски и музички делови, во заводливи песни, во целото естетски заокружено обликување на трагичната положба на жената во апокалиптичната патријархалност.