јуан Archives - Република https://republika.mk/tema/juan/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Aug 2024 17:17:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јуан Archives - Република https://republika.mk/tema/juan/ 32 32 Го исфрлаат доларот: Кина и Саудиска Арабија се движат кон трговски плаќања со јуани https://republika.mk/vesti/svet/go-zamenuvaat-dolarot-kina-i-saudiska-arabija-se-dvizhat-kon-trgovski-plakana-so-juani/ Sat, 24 Aug 2024 18:18:29 +0000 https://republika.mk/?p=809506

Зајакнувањето на врските меѓу Саудиска Арабија и Кина овозможува кинеската национална валута, јуанот, да се користи наместо доларот за плаќање на испораките на нафта, се вели во најновиот извештај на „S&P Global Ratings“.

Саудиска Арабија е најголемиот трговски партнер на Кина во Персискиот Залив. Суровата нафта сочинуваше околу 84 отсто од увозот на Кина од Саудиска Арабија во 2023 година, а трговскиот суфицит на кралството со Кина порасна на меѓу 20 и 40 милијарди долари во последните три години.

Минатата година Кина и Саудиска Арабија веќе направија чекор кон користење на јуанот, потпишувајќи договор за размена на валута во вредност од 7 милијарди долари, како дел од напорите за намалување на зависноста од доларот.

Покрај взаемните придобивки што би ги добиле земјите од таквиот аранжман, за Кина, тргувањето со нафта во јуани и како резултат на потребата Саудиска Арабија да ги троши идните приходи во јуани ќе обезбеди учество на официјален Ријад во кинеската иницијатива „Појас и пат“.

Денес, заедно со Русија, Кина е еден од клучните економски и политички партнери на Саудиска Арабија. Кралството се бори со зависноста од приходите од нафта и се обидува да развие зелена енергија, потпирајќи се на помошта од Кина, која е лидер во оваа област.

The post Го исфрлаат доларот: Кина и Саудиска Арабија се движат кон трговски плаќања со јуани appeared first on Република.

]]>

Зајакнувањето на врските меѓу Саудиска Арабија и Кина овозможува кинеската национална валута, јуанот, да се користи наместо доларот за плаќање на испораките на нафта, се вели во најновиот извештај на „S&P Global Ratings“. Саудиска Арабија е најголемиот трговски партнер на Кина во Персискиот Залив. Суровата нафта сочинуваше околу 84 отсто од увозот на Кина од Саудиска Арабија во 2023 година, а трговскиот суфицит на кралството со Кина порасна на меѓу 20 и 40 милијарди долари во последните три години. Минатата година Кина и Саудиска Арабија веќе направија чекор кон користење на јуанот, потпишувајќи договор за размена на валута во вредност од 7 милијарди долари, како дел од напорите за намалување на зависноста од доларот. Покрај взаемните придобивки што би ги добиле земјите од таквиот аранжман, за Кина, тргувањето со нафта во јуани и како резултат на потребата Саудиска Арабија да ги троши идните приходи во јуани ќе обезбеди учество на официјален Ријад во кинеската иницијатива „Појас и пат“. Денес, заедно со Русија, Кина е еден од клучните економски и политички партнери на Саудиска Арабија. Кралството се бори со зависноста од приходите од нафта и се обидува да развие зелена енергија, потпирајќи се на помошта од Кина, која е лидер во оваа област.

The post Го исфрлаат доларот: Кина и Саудиска Арабија се движат кон трговски плаќања со јуани appeared first on Република.

]]>
Јуанот го престигна Еврото, стана втора валута во светското тргување https://republika.mk/vesti/svet/juanot-go-prestigna-evroto-stana-vtora-valuta-vo-svetskoto-trguvane/ Sun, 19 Nov 2023 11:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=703115

Кинеската национална валута, Јуанот, за првпат го престигна еврото и стана втора валута во светот со најмногу тргување, објави „Ројтерс“.

Учеството на јуанот во меѓународните плаќања порасна на 5,8%, што е највисоко ниво во последните пет години. Еврото е на трето место со 5,43%.

Доларот има огромна предност, задржувајќи го првото место со 84,15%, но во иднина „кинескиот тренд“ навестува дека е сосема способен да ја разниша таквата позиција.

The post Јуанот го престигна Еврото, стана втора валута во светското тргување appeared first on Република.

]]>

Кинеската национална валута, Јуанот, за првпат го престигна еврото и стана втора валута во светот со најмногу тргување, објави „Ројтерс“. Учеството на јуанот во меѓународните плаќања порасна на 5,8%, што е највисоко ниво во последните пет години. Еврото е на трето место со 5,43%. Доларот има огромна предност, задржувајќи го првото место со 84,15%, но во иднина „кинескиот тренд“ навестува дека е сосема способен да ја разниша таквата позиција.

The post Јуанот го престигна Еврото, стана втора валута во светското тргување appeared first on Република.

]]>