јован митревски Archives - Република https://republika.mk/tema/jovan-mitrevski/ За подобро да се разбереме Sat, 04 May 2024 17:45:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јован митревски Archives - Република https://republika.mk/tema/jovan-mitrevski/ 32 32 Митрески од Кичево: Нема откажување од иднината https://republika.mk/vesti/makedonija/mitreski-od-kichevo-nema-otkazhuvane-od-idninata/ Sat, 04 May 2024 17:45:51 +0000 https://republika.mk/?p=774274

Носителот на Изборната единица 5 на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Јован Митрески, денеска се обрати на граѓански собир во Кичево, каде ги повика Кичевчани да гласаат за број 1, за подобра иднина, за европски вредности и за подобар животен стандард.

„Денеска, кога одбележуваме 121 година од смртта на нашиот херој, нашиот револуционер и борец за самостојна Македонија, великанот Гоце Делчев, можеме да кажеме дека неговата заложба за самостојна, независна, суверена Македонија, но и Македонија која е рамноправен партнер со најголемите демократски европски и светски сили е исполнета. Станавме членка на НАТО, го чекориме патот кон полноправно членство во ЕУ“, рече Митрески.

Тој нагласи дека нашиот идентитет е потврден, нашиот македонски јазик е заштитен и светски признат, рамноправен со јазиците на сите земји членки на Европската унија.

„За тоа се бореше Гоце Делчев, за тоа се бореа и животот го дадоа уште илјадници наши херои од револуционерната борба, но и во втората светска војна. Нема откажување од иднината која овозможува подобар животен стандард на сите граѓани на оваа наша преубава земја. Гласањето за број 1 е вистинскиот избор на претседателските и на парламентарните избори“, нагласи Митрески.

The post Митрески од Кичево: Нема откажување од иднината appeared first on Република.

]]>

Носителот на Изборната единица 5 на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Јован Митрески, денеска се обрати на граѓански собир во Кичево, каде ги повика Кичевчани да гласаат за број 1, за подобра иднина, за европски вредности и за подобар животен стандард. „Денеска, кога одбележуваме 121 година од смртта на нашиот херој, нашиот револуционер и борец за самостојна Македонија, великанот Гоце Делчев, можеме да кажеме дека неговата заложба за самостојна, независна, суверена Македонија, но и Македонија која е рамноправен партнер со најголемите демократски европски и светски сили е исполнета. Станавме членка на НАТО, го чекориме патот кон полноправно членство во ЕУ“, рече Митрески. Тој нагласи дека нашиот идентитет е потврден, нашиот македонски јазик е заштитен и светски признат, рамноправен со јазиците на сите земји членки на Европската унија. „За тоа се бореше Гоце Делчев, за тоа се бореа и животот го дадоа уште илјадници наши херои од револуционерната борба, но и во втората светска војна. Нема откажување од иднината која овозможува подобар животен стандард на сите граѓани на оваа наша преубава земја. Гласањето за број 1 е вистинскиот избор на претседателските и на парламентарните избори“, нагласи Митрески.

The post Митрески од Кичево: Нема откажување од иднината appeared first on Република.

]]>
Митрески: Пратеничките групи да дејствуваат координирано, за да се дојде до најбрзото и најдоброто решение за личните документи https://republika.mk/vesti/makedonija/mitreski-pratenichkite-grupi-da-dejstvuvaat-koordinirano-za-da-se-dojde-do-najbrzoto-i-najdobroto-reshenie-za-lichnite-dokumenti/ Mon, 12 Feb 2024 12:44:17 +0000 https://republika.mk/?p=743219

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Јован Митрески, на денешната редовна координација, со координаторите на пратеничките групи, го отвори прашањето за проблемот со возачките дозволи и ја нагласи потребата Собранието да преземе итни чекори со цел да се надмине состојбата која произлезе од примената на Преспанскиот договор.

Тој истакнал дека има најави дека пратеничките групи ќе достават различни предлози за законски измени, поради што нагласи дека пратеничките групи треба да дејствуваат координирано за да се дојде до најбрзото и најдоброто решение, кое ќе биде во интерес на граѓаните, „а кое во исто време нема да наштети на почитувањето на меѓународните правни акти кон кои како држава сме се обврзале, соопштуваат од собраниската прес служба.

Митрески најави дека уште денеска ќе иницира состаноци со министрите за внатрешни работи, за финансии, за надворешни работи, како и со првиот човек на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Истовремено, претседателот Митрески информираше дека ќе одржува ад хок состаноци со координаторите на пратеничките група со цел заеднички да најдат решение за настанатата ситуација. Претседателот на Собранието побара од координаторите да ги информираат пратениците дека доколку е потребно ќе закаже итна собраниска седница во текот на денешниот ден.

The post Митрески: Пратеничките групи да дејствуваат координирано, за да се дојде до најбрзото и најдоброто решение за личните документи appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Јован Митрески, на денешната редовна координација, со координаторите на пратеничките групи, го отвори прашањето за проблемот со возачките дозволи и ја нагласи потребата Собранието да преземе итни чекори со цел да се надмине состојбата која произлезе од примената на Преспанскиот договор. Тој истакнал дека има најави дека пратеничките групи ќе достават различни предлози за законски измени, поради што нагласи дека пратеничките групи треба да дејствуваат координирано за да се дојде до најбрзото и најдоброто решение, кое ќе биде во интерес на граѓаните, „а кое во исто време нема да наштети на почитувањето на меѓународните правни акти кон кои како држава сме се обврзале, соопштуваат од собраниската прес служба. Митрески најави дека уште денеска ќе иницира состаноци со министрите за внатрешни работи, за финансии, за надворешни работи, како и со првиот човек на Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Истовремено, претседателот Митрески информираше дека ќе одржува ад хок состаноци со координаторите на пратеничките група со цел заеднички да најдат решение за настанатата ситуација. Претседателот на Собранието побара од координаторите да ги информираат пратениците дека доколку е потребно ќе закаже итна собраниска седница во текот на денешниот ден.

The post Митрески: Пратеничките групи да дејствуваат координирано, за да се дојде до најбрзото и најдоброто решение за личните документи appeared first on Република.

]]>
Aгелер на средба со Митрески https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-na-sredba-so-mitreski/ Thu, 08 Feb 2024 07:29:26 +0000 https://republika.mk/?p=741681

Американската амбасадорка во земјава Ангела П. Агелер денеска ќе го посети Собранието на Република Македонија.

Како што е објавено на веб страницата на Собранието, амбасадорката Агелер ќе одржи протоколарна средба со претседателот на Собранието, Јован Митрески. 

The post Aгелер на средба со Митрески appeared first on Република.

]]>

Американската амбасадорка во земјава Ангела П. Агелер денеска ќе го посети Собранието на Република Македонија. Како што е објавено на веб страницата на Собранието, амбасадорката Агелер ќе одржи протоколарна средба со претседателот на Собранието, Јован Митрески. 

The post Aгелер на средба со Митрески appeared first on Република.

]]>
Со 64 гласови „за“ и 40 „против“ Јован Митрески избран за претседател на Собранието https://republika.mk/vesti/makedonija/so-64-glasovi-za-i-40-protiv-jovan-mitreski-izbran-za-pretsedatel-na-sobranieto/ Fri, 26 Jan 2024 11:56:11 +0000 https://republika.mk/?p=737076

Собранието денеска со 64 гласови „за“ и 40 „против“ го избра Јован Митрески за претседател на Собранието.

Митрески, кој беше досегашен координатор на пратеничката група на СДСМ, ќе биде претседател на Собранието до изборот на нов состав на Парламентот по изборите на 8 мај, и откако неговиот претходник Талат Џафери беше предложен за мандатар на техничката влада, која треба да биде избрана во недела на 28 јануари.

Во расправата се обратија пратеникот Мартин Костоски од СДСМ, кој даде целосна поддршка за Митрески, Никола Мицески, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека тие нема да гласаат за него, Арбер Адеми од ДУИ, кој му даде поддршка, а зборуваше и Димитар Апасиев.

Новиот спикер даде свечена заклетва, по што како што е најавено ќе има примопредвање на фукцијата и куси изјави на Џафери и Митрески.

Митрески кусо се заблагодари за поддршката, како и на Џафери за успешното менаџирање на Собранието заедно со генералниот секретар Цветанка Иванова.

The post Со 64 гласови „за“ и 40 „против“ Јован Митрески избран за претседател на Собранието appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска со 64 гласови „за“ и 40 „против“ го избра Јован Митрески за претседател на Собранието. Митрески, кој беше досегашен координатор на пратеничката група на СДСМ, ќе биде претседател на Собранието до изборот на нов состав на Парламентот по изборите на 8 мај, и откако неговиот претходник Талат Џафери беше предложен за мандатар на техничката влада, која треба да биде избрана во недела на 28 јануари. Во расправата се обратија пратеникот Мартин Костоски од СДСМ, кој даде целосна поддршка за Митрески, Никола Мицески, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека тие нема да гласаат за него, Арбер Адеми од ДУИ, кој му даде поддршка, а зборуваше и Димитар Апасиев. Новиот спикер даде свечена заклетва, по што како што е најавено ќе има примопредвање на фукцијата и куси изјави на Џафери и Митрески. Митрески кусо се заблагодари за поддршката, како и на Џафери за успешното менаџирање на Собранието заедно со генералниот секретар Цветанка Иванова.  

The post Со 64 гласови „за“ и 40 „против“ Јован Митрески избран за претседател на Собранието appeared first on Република.

]]>
Јован Митрески ќе биде претседател на Собранието, Зечевиќ шеф на изборниот штаб на СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/jovan-mitreski-ke-bide-pretsedatel-na-sobranieto-zechevik-shef-na-izborniot-shtab-na-sdsm/ Sun, 10 Dec 2023 20:40:52 +0000 https://republika.mk/?p=721563

Извршниот одбор на СДСМ вечерва со акламација го избрал Јован Митрески за кандидат за претседател на Собранието, а претседателот на партијата и премиер Димитар Ковачевски добил овластување за подготвителни разговори и консултации со парламентарните партии за техничка влада. Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ Вардарски ќе биде шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ.

-Извршниот одбор на СДСМ го потврди предлогот на претседателот Ковачевски и кандидат за нов претседател на Собранието го избра со акламација Јован Митрески, досегашен координатор на пратеничката група на СДСМ. Митрески е долгогодишен пратеник, со големо искуство, отворен, чесен и посветен на интересот на граѓаните и на државата докажан во целиот негов досегашен ангажман во Собранието. Сигурни сме Митрески ќе ја извршува функцијата на највисоко ниво и во интерес на граѓаните, изјави портпаролот на партијата Дарко Каевски.

Претседателот на СДСМ Ковачевски, како што рече Каевски, добил овластувања за подготвителни разговори и консултации со парламентарните партии за техничка влада, која е законска обврска.

-СДСМ е подготвена и на изборите оди на двојна победа. СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат за претседател и ќе ја формира идната проевропска влада, рече Каевски.

Извршниот одбор го задолжил генералниот секретар Зечевиќ да спроведе подготовка на роковник за постапка, начин и критериуми за избор на кандидат за претседател на претседателските избори согласно статутот на партијата.

Каевски посочи дека во наредниот период овие одлуки се очекува да бидат потврдени на седница на Централниот одбор на партијата што ќе се одржи до крајот на овој месец.

Пред седницата на Извршниот одбор изјава за медиумите даде премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kandidatot-za-pretsedatel-ke-bide-od-redovite-na-sdsm-najavi-kovachevski/

The post Јован Митрески ќе биде претседател на Собранието, Зечевиќ шеф на изборниот штаб на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Извршниот одбор на СДСМ вечерва со акламација го избрал Јован Митрески за кандидат за претседател на Собранието, а претседателот на партијата и премиер Димитар Ковачевски добил овластување за подготвителни разговори и консултации со парламентарните партии за техничка влада. Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ Вардарски ќе биде шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ.
-Извршниот одбор на СДСМ го потврди предлогот на претседателот Ковачевски и кандидат за нов претседател на Собранието го избра со акламација Јован Митрески, досегашен координатор на пратеничката група на СДСМ. Митрески е долгогодишен пратеник, со големо искуство, отворен, чесен и посветен на интересот на граѓаните и на државата докажан во целиот негов досегашен ангажман во Собранието. Сигурни сме Митрески ќе ја извршува функцијата на највисоко ниво и во интерес на граѓаните, изјави портпаролот на партијата Дарко Каевски.
Претседателот на СДСМ Ковачевски, како што рече Каевски, добил овластувања за подготвителни разговори и консултации со парламентарните партии за техничка влада, која е законска обврска.
-СДСМ е подготвена и на изборите оди на двојна победа. СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат за претседател и ќе ја формира идната проевропска влада, рече Каевски.
Извршниот одбор го задолжил генералниот секретар Зечевиќ да спроведе подготовка на роковник за постапка, начин и критериуми за избор на кандидат за претседател на претседателските избори согласно статутот на партијата. Каевски посочи дека во наредниот период овие одлуки се очекува да бидат потврдени на седница на Централниот одбор на партијата што ќе се одржи до крајот на овој месец. Пред седницата на Извршниот одбор изјава за медиумите даде премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски. https://republika.mk/vesti/makedonija/kandidatot-za-pretsedatel-ke-bide-od-redovite-na-sdsm-najavi-kovachevski/  

The post Јован Митрески ќе биде претседател на Собранието, Зечевиќ шеф на изборниот штаб на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Јован Митрески седнува на местото на Џафери! https://republika.mk/vesti/makedonija/jovan-mitrevski-sednuva-na-mestoto-na-dhaferi/ Fri, 08 Dec 2023 21:00:35 +0000 https://republika.mk/?p=721164

Се очекува в недела претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски да го предложи координаторот на пратеничката група на партијата за претседател на Собранието, брифираат извори од СДСМ.

Според партиските извори денеска додека траел состанокот на ДУИ Ковачевски за в недела закажал состанок на раководството на СДСМ.

-Неофицијално се дознава дека на овој состанок од страна на претседателот Димитар Ковачаевски се очекува Јован Митрески да биде предложен за претседател на Собранието и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ, брифираат извори од владејачката партија.

Претходно денеска Централното претседателство на ДУИ на состанок во партиското седиште одлучи актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери да биде технички претседател на Владата на Република Македонија од 28 јануари во пресрет на изборите напролет

The post Јован Митрески седнува на местото на Џафери! appeared first on Република.

]]>

Се очекува в недела претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски да го предложи координаторот на пратеничката група на партијата за претседател на Собранието, брифираат извори од СДСМ. Според партиските извори денеска додека траел состанокот на ДУИ Ковачевски за в недела закажал состанок на раководството на СДСМ.
-Неофицијално се дознава дека на овој состанок од страна на претседателот Димитар Ковачаевски се очекува Јован Митрески да биде предложен за претседател на Собранието и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ, брифираат извори од владејачката партија.
Претходно денеска Централното претседателство на ДУИ на состанок во партиското седиште одлучи актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери да биде технички претседател на Владата на Република Македонија од 28 јануари во пресрет на изборите напролет

The post Јован Митрески седнува на местото на Џафери! appeared first on Република.

]]>
Митревски: Имаме простор за дво-третинско мнозинство за уставните измени https://republika.mk/vesti/makedonija/mitrevski-imame-prostor-za-dvo-tretinsko-mnozinstvo-za-ustavnite-izmeni/ Wed, 31 Aug 2022 18:25:18 +0000 https://republika.mk/?p=546201

Очекувам дека нема да продолжи тоа што се случуваше претходниот период. Мислам дека ќе победи разумот кај опозициските пратеници. Во вакво време кога енергетската криза е присутна, мораме да имаме функционално Собрание за да излеземе во пресрет на барањата на граѓаните, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски откако вчера пратениците повторно седнаа во собраниските клупи.

Тој упати повик до пратениците од опозицијата да бидат конструктивни.

Повторно ја користам приликата да упатам јавен повик. Оптимист сум дека ќе најдеме заеднички јазик како ќе функционира Собранието во наредниот период. Се надевам дека ќе надвладее разумот во ваква ситуација. Сепак сметам дека тоа не е одлука на самите пратеници, туку на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Овде станува збор за блокирање на сет закони. Нема да успеат да не принудат на предвремени избори… Тоа нема да го дозволиме, ќе продолжиме со работа и ќе пронајдеме сите механизми, изјави Митревски во вестите на Тв Сител.

Околу можнисте уставни измени, пратеникот од СДСМ вели дека има искусни и чесни луѓе меѓу пратениците од опозицијата.

Период во кој што ќе го дадеме за да размислат што ќе прават. Мислам дека има простор за дво-третинско мнозинство во Собранието. Секако дека референдумот е една форма, читам дека опозицијата се уште вршела консултации. Јас во моментов не гледам таква формулација, ние донесовме заклучоци Македонија да ја прифати преговарачката рамка. Што би се ставело на референдум? Ќе го ставиме Договорот за добрососедство? Дали Бугарите треба да влезат во Уставот? Немаме конкретно ништо, појаснува Митревски.

The post Митревски: Имаме простор за дво-третинско мнозинство за уставните измени appeared first on Република.

]]>

Очекувам дека нема да продолжи тоа што се случуваше претходниот период. Мислам дека ќе победи разумот кај опозициските пратеници. Во вакво време кога енергетската криза е присутна, мораме да имаме функционално Собрание за да излеземе во пресрет на барањата на граѓаните, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски откако вчера пратениците повторно седнаа во собраниските клупи. Тој упати повик до пратениците од опозицијата да бидат конструктивни.