Јован Донев Archives - Република https://republika.mk/tema/jovan-donev/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Oct 2023 11:40:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јован Донев Archives - Република https://republika.mk/tema/jovan-donev/ 32 32 Донев: Македонија има две влади во Владата, а Бугарија нека го признае македонското малцинство и ќе бидат затворени сите прашања https://republika.mk/vesti/makedonija/donev-makedonija-ima-dve-vladi-vo-vladata-a-bugarija-neka-go-priznae-makedonskoto-maltsinstvo-i-ke-bidat-zatvoreni-site-prashana/ Thu, 05 Oct 2023 11:36:33 +0000 https://republika.mk/?p=688168

Нека признае Бугарија дека има македонско малцинство и сите прашања ќе бидат затворени, вели Јован Донев, поранешен амбасадор на Македонија во Велика Британија.

Тој, како што објави ТВ Канал 5, вели дека во актуелната македонска Влада има две влади:

Законот за амнестија го предлага Владата, зошто не се договорат министрите за правда и внатрешни работи? Едниот е на став да се растеретат затворите, друг вели ќе нема ефект. Кому да му веруваат обичните граѓани? И да помине и да не помине законот, наједноставно објаснување е дека во владата има две влади, Ковачевски си игра и се праќа во Собрание, исто е и со кривичниот закон, премиерот можел да ги викне и да се договорат, а не да се разединети. Аболиција не може било кој да издава, сите три закони на брзина ги прават и затоа во чаршијата се шират шпекулации со коа цел се носат законите, вели Донев.

https://www.youtube.com/watch?v=lsyUR3dB07g

Тој додава дека нема и не треба да поминат уставните измени.

Опозицијата сигурно дека нема да прифати уставни промени. Крајната десница во ЕУ на наредните избори сигурно ќе победи, а тоа значи дека ништо нема да биде исто. Интеграцијата е најголемата закана за унијата. Во предлогот за проширувањето на ЕУ се зборува за финансии, замислете Украина да влезе, ќе треба сите пари одат за земјоделската политика таму. Без оглед дали ќе ги вметнеме Бугарите во уставот, треба да си ја гледаме работата дома, а тоа се коренити реформи, вели Донев.

https://www.youtube.com/watch?v=kgdDfTJFSCY&t=25s

The post Донев: Македонија има две влади во Владата, а Бугарија нека го признае македонското малцинство и ќе бидат затворени сите прашања appeared first on Република.

]]>

Нека признае Бугарија дека има македонско малцинство и сите прашања ќе бидат затворени, вели Јован Донев, поранешен амбасадор на Македонија во Велика Британија. Тој, како што објави ТВ Канал 5, вели дека во актуелната македонска Влада има две влади:
Законот за амнестија го предлага Владата, зошто не се договорат министрите за правда и внатрешни работи? Едниот е на став да се растеретат затворите, друг вели ќе нема ефект. Кому да му веруваат обичните граѓани? И да помине и да не помине законот, наједноставно објаснување е дека во владата има две влади, Ковачевски си игра и се праќа во Собрание, исто е и со кривичниот закон, премиерот можел да ги викне и да се договорат, а не да се разединети. Аболиција не може било кој да издава, сите три закони на брзина ги прават и затоа во чаршијата се шират шпекулации со коа цел се носат законите, вели Донев.
https://www.youtube.com/watch?v=lsyUR3dB07g Тој додава дека нема и не треба да поминат уставните измени.
Опозицијата сигурно дека нема да прифати уставни промени. Крајната десница во ЕУ на наредните избори сигурно ќе победи, а тоа значи дека ништо нема да биде исто. Интеграцијата е најголемата закана за унијата. Во предлогот за проширувањето на ЕУ се зборува за финансии, замислете Украина да влезе, ќе треба сите пари одат за земјоделската политика таму. Без оглед дали ќе ги вметнеме Бугарите во уставот, треба да си ја гледаме работата дома, а тоа се коренити реформи, вели Донев.
https://www.youtube.com/watch?v=kgdDfTJFSCY&t=25s

The post Донев: Македонија има две влади во Владата, а Бугарија нека го признае македонското малцинство и ќе бидат затворени сите прашања appeared first on Република.

]]>
Донев: Извештајот на Стејт Департментот покажа екстремна корупција и злоупотреба на владеење на правото https://republika.mk/vesti/makedonija/donev-izveshtajot-na-stejt-departmentot-pokazha-ekstremna-koruptsija-i-zloupotreba-na-vladeene-na-pravoto/ Sun, 02 Apr 2023 11:31:54 +0000 https://republika.mk/?p=626249

Јован Донев, поранешен амбасадор и универзитетски професор на денешната панел дискусија тема „Извештај на Стејт Департментот:Сериозна владина и судска корупција“ зборуваше за последниот извештај на Стејт Департментот каде посочи дека во тој извештај  е отсликана реалната состојба во Македонија каде се покажува есктремната корупција и екстремна злоупотреба на владеење на правото.

-Тоа е стандарден извештај само стандардна форма веќе десетина години ако не и повеќе наназад, се труди да ги нотира состојбите во областа на демократијата и владеењето на правото во сите држави во светот, некои држави го прифаќаат, некои го одбиваат, некои се задоволни, некои не се задоволни. Преку тој извештај се обидуваат да ги фатат големите случаи каде има големо кршење на човековите права или владеењето на правото, немаме нешто повеќе да додадеме или одземеме од тој извештај, реално е отсликана состојбата за Македонија. За разлика од минатата и предминатата година имаме заострување на вордингот, на термините што ги употребуваат, дека имаме екстремна корупција, екстремна злоупотреба на владеење на правото и така натаму, што е факт и го знаеме сите ние. Всушност немаше ни потреба да го чекаме овој извештај, зошто и анкетите јасно тоа го покажаа, рече Донев.

stej

Донев во текот на своето обраќање се осврна и на две важни реченици кои него најмногу го засегнале.

-Она кое мене најмногу ме засегна и имам доста дилеми зошто е тоа така, тоа се само две реченици. Во една реченица зборува дека имаме од страна на социјадемократскиот сојуз екстремна злоупотреба на клиентализмот, полтронство и втората реченица дека ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати реагира на таквата позиција и таквото однесување на социјалдемократскиот сојуз. Ако вие имате клиентализам во една политичка партија, а не само во една политичка партија туку насекаде во Република Македонија и ако имате форсирање на своите членови на партијата или на своите истомисленици во тој случај имате драстично кршење на слобода на убедување и тоа не е нешто што е дозволиво и мислам дека е многу полоша и од корупцијата. Вие не можете некому да не му дозволите да не се вработи затоа што не е член на СДСМ, вие имате ситуација дека не можете ниту помош да добиете, ниту грантови од Министерството за култура  или образование, економија  и така натаму ако не сте нивни член или нивни симпатизер или нивни член. На тој начин има серозно драстично кршење на човековите права во Република Македонија и тоа е нешто кое мора да го елиминираме. За мене тоа е сериозно прашање и поврзано со ова прашање, ако вие имате мислење или ако имате убедување кое што се спротивни  од убедувањата на владејачката гарнитура во Република Македонија, во тој случај не само што се дискриминирани по тој основ, туку ви е дискриминирано правото на потрага по среќа. Луѓето си одат од Македонија, да, не само што Македонија е економски неразвиена, туку затоа што и правото по потрага на среќа ви е скратен, потенцираше тој.

Донев на крај порача дека имате ваков уништен систем на правосудство како што го има Република Македонија нема никаде на друго место, а за тоа е и доказот за избор на судии.

-Вие не можете да имате ваков уништен систем на правосудство како што го има Република Македонија, и тоа е резултат на тоа дека ако вие бирате судии  односно бирате студенти што ќе завршат академијата за судии и јавни обвинители по политичка припадност, во тој случај не можете да очекувате да имате делење на правдата. Јас мислам дека ескалацијата на сето ова се случи по потпишувањето на договорот со Преспа, кажа Донев.

The post Донев: Извештајот на Стејт Департментот покажа екстремна корупција и злоупотреба на владеење на правото appeared first on Република.

stej Донев во текот на своето обраќање се осврна и на две важни реченици кои него најмногу го засегнале.

Донев: Очигледно Ковачевски прифати Бугарите да влезат во македонскиот Устав https://republika.mk/vesti/makedonija/donev-ochigledno-kovachevski-prifati-bugarite-da-vlezat-vo-makedonskiot-ustav/ Tue, 25 Jan 2022 19:13:22 +0000 https://republika.mk/?p=449399

Покрај договорот што го потпиша Заев, фактички сега ќе има уште еден договор на кој бугарската страна инсистира, а што нашата страна прифаќа затоа очигледно премиерот Ковачевски денеска го прифати прашањето за Бугарите во Македонија, само го услови временски со прием во ЕУ. Тоа значи дека постојано правиме отстапки, вели поранешниот амбасадор Јован Донев во емисијата „Што не е јасно“.

Тој рече дека власта нас не замајува дека Петков е добриот, Радев лошиот, а Петков како премиер ја менува тактиката само со проширување на економска политика, инфраструктура.

Бугарија има утврдена државна политика кон Македонија, а Македонија очигледно прифаќа, никој не ни наложил да ги прифатиме тие 5+1 или никој не ни забранил да се спротивставиме на мешањето на Бугарија во внатрешните работи на Македонија, истакна Донев.

Нема што да очекуваме од Ковачевски и Османи, тоа е прифатено, без никаков реципроцитет, вели тој во однос на внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

Тука се гледа капацитетот на македонскиот премиер и министер за надворешни. Тие немаат познавања ниту за суштината на проблемот со Бугарија, ниту како функционира нивната надворешна политика, нивните принципи, тие немаат појма. Затоа што никој не побарал од нас да прифатиме тоа што Бугарите бараат , се очекува само да преговараме, но штом има соговорник како што е македонската владата која веднаш прифаќа, само се подига прагот. Ова е истата приказна што ја правеше Заев, потенцираше Донев.

The post Донев: Очигледно Ковачевски прифати Бугарите да влезат во македонскиот Устав appeared first on Република.

]]>

Покрај договорот што го потпиша Заев, фактички сега ќе има уште еден договор на кој бугарската страна инсистира, а што нашата страна прифаќа затоа очигледно премиерот Ковачевски денеска го прифати прашањето за Бугарите во Македонија, само го услови временски со прием во ЕУ. Тоа значи дека постојано правиме отстапки, вели поранешниот амбасадор Јован Донев во емисијата „Што не е јасно“. Тој рече дека власта нас не замајува дека Петков е добриот, Радев лошиот, а Петков како премиер ја менува тактиката само со проширување на економска политика, инфраструктура.