јод Archives - Република https://republika.mk/tema/jod/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Mar 2024 14:36:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јод Archives - Република https://republika.mk/tema/jod/ 32 32 Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда? https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-koja-hrana-gi-ima-trite-minerali-najvazhni-za-tiroidnata-zhlezda/ Thu, 28 Mar 2024 14:36:06 +0000 https://republika.mk/?p=759856

Цинкот, селенот и јод се важни за оптимална функција на тироидната жлезда.

Јодот е минерал кој е потребен за производство на сите тироидни хормони. Јодот е неопходен и незаменлив за функцијата на тироидната жлезда, а можеме да го најдеме во кујнската сол, морските плодови и алгите.

Покрај јод, за функцијата на тироидната жлезда важен е и минералот селен. Селенот е од суштинско значење за работата на ензимот кој го зема хормонот Т4 и го претвора во активна форма на Т3.

Луѓето кои имаат недостаток на селен во телото може да почувствуваат симптоми на хипотироидизам, односно последици од намалена функција на тироидната жлезда, и покрај тоа што вредностите на хормоните Т3 и Т4 се во нормални граници.

Најдобрите извори на селен се бразилските ореви, а селенот може да се најде и во квасецот, интегралните житарки и морските плодови.

Само еден бразилски орев може да исполни повеќе од 100 проценти од препорачаната дневна доза на селен. Списокот на минерали корисни за функцијата на тироидната жлезда вклучува цинк.

Цинкот е важен за правилното функционирање на тироидните хормони, а особено е корисен во самите клетки каде што тироидните хормони ја вршат својата активност.

Храна богата со цинк се: семки од тиква, црвено месо и живина, морска храна. Недостаток на цинк во телото може да се појави кај пушачи, дијабетичари, трудници, а зголемена потреба од овој минерал имаат и спортистите.

The post Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда? appeared first on Република.

]]>

Цинкот, селенот и јод се важни за оптимална функција на тироидната жлезда. Јодот е минерал кој е потребен за производство на сите тироидни хормони. Јодот е неопходен и незаменлив за функцијата на тироидната жлезда, а можеме да го најдеме во кујнската сол, морските плодови и алгите. Покрај јод, за функцијата на тироидната жлезда важен е и минералот селен. Селенот е од суштинско значење за работата на ензимот кој го зема хормонот Т4 и го претвора во активна форма на Т3. Луѓето кои имаат недостаток на селен во телото може да почувствуваат симптоми на хипотироидизам, односно последици од намалена функција на тироидната жлезда, и покрај тоа што вредностите на хормоните Т3 и Т4 се во нормални граници. Најдобрите извори на селен се бразилските ореви, а селенот може да се најде и во квасецот, интегралните житарки и морските плодови. Само еден бразилски орев може да исполни повеќе од 100 проценти од препорачаната дневна доза на селен. Списокот на минерали корисни за функцијата на тироидната жлезда вклучува цинк. Цинкот е важен за правилното функционирање на тироидните хормони, а особено е корисен во самите клетки каде што тироидните хормони ја вршат својата активност. Храна богата со цинк се: семки од тиква, црвено месо и живина, морска храна. Недостаток на цинк во телото може да се појави кај пушачи, дијабетичари, трудници, а зголемена потреба од овој минерал имаат и спортистите.  

The post Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда? appeared first on Република.

]]>
Финска ги пoвика помладите од 40 години да купат таблети со јод, за неколку часа аптеките останаа празни https://republika.mk/vesti/svet/finska-gi-povika-pomladite-od-40-godini-da-kupat-tableti-so-jod-za-nekolku-chasa-aptekite-ostanaa-prazni/ Wed, 12 Oct 2022 08:20:55 +0000 https://republika.mk/?p=559974

Граѓаните на Финска ги опустошија аптеките после пораката на Министерството: „Подгответе се!“ иако инструкциите се многу јасни и таблетите со јод не се за секого.

По објавувањето на соопштението за печатот на финското министерство, речиси сите залихи на јод во таа земја беа распродадени.

Во вторникот, Министерството за здравство во Финска им препорача на граѓаните да купат една доза таблети со јод за сите луѓе на возраст меѓу три и 40 години за да бидат подготвени во случај на опасност од радијација.

Насоките на Министерството за ова прашање последен пат беа ажурирани во 2002 година, се вели во соопштението, додавајќи дека новите препораки се засноваат на ревидирани упатства издадени од Светската здравствена организација (СЗО) во 2017 година.

Несреќа во нуклеарна централа може да ослободи радиоактивен јод во животната средина, кој би можел да се акумулира во тироидната жлезда. Ова најмногу им штети на децата, кои се изложени на поголем ризик од развој на рак на тироидната жлезда поради високи дози на зрачење“, соопшти Министерството.

Исто така, се вели дека во случај на таква вонредна состојба, засолништето е главниот начин за заштита на луѓето од опасното зрачење.

Министерството, исто така, истакна дека единечна доза таблети со јод обично обезбедува доволна заштита. Додадено е дека јодот ретко предизвикува несакани ефекти, но дека луѓето со болести на тироидната жлезда треба да ја користат супстанцијата со претпазливост.
„Возрасните не се изложени на ист ризик, а упатствата повеќе не препорачуваат лицата постари од 40 години да земаат таблети со јод во случај на опасност од радијација“, додаваат од финското Министерство.

Препорачаната единечна доза за популацијата на возраст од 12 до 40 години која е во опасна ситуација со зрачење е 130 милиграми калиум јодид. На децата постари од три години им се препорачува да земаат половина од таа доза.

Експерт за опасностите од земање калиум јодид: „Ако некој реши сам да зема јод, компликациите можат да бидат моментални, повеќекратни и долготрајни“
Министерството соопшти дека нема достапни производи кои се особено погодни за деца под три години. Сепак, препорачаната доза за деца до три години е 32,5 милиграми калиум јодид, а половина од таа за новороденчиња.

Министерството предупредува дека и трудниците над 40 години треба да имаат таблети со јод дома, со оглед на тоа што се многу почувствителни.

Од Министерството реагираа на брзањето со купувањето на јод: „Загриженоста е разбирлива, но нема причина за самоиницијативно внесување“.

Најголемиот фински синџир на аптеки во вторникот попладне објави дека залихите на таблети со јод се практично распродадени низ целата земја по најавата на Министерството и дека прават напори да ги обноват резервите, но не знаат кога точно ќе се случи тоа.

The post Финска ги пoвика помладите од 40 години да купат таблети со јод, за неколку часа аптеките останаа празни appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Финска ги опустошија аптеките после пораката на Министерството: „Подгответе се!“ иако инструкциите се многу јасни и таблетите со јод не се за секого. По објавувањето на соопштението за печатот на финското министерство, речиси сите залихи на јод во таа земја беа распродадени. Во вторникот, Министерството за здравство во Финска им препорача на граѓаните да купат една доза таблети со јод за сите луѓе на возраст меѓу три и 40 години за да бидат подготвени во случај на опасност од радијација. Насоките на Министерството за ова прашање последен пат беа ажурирани во 2002 година, се вели во соопштението, додавајќи дека новите препораки се засноваат на ревидирани упатства издадени од Светската здравствена организација (СЗО) во 2017 година.
Несреќа во нуклеарна централа може да ослободи радиоактивен јод во животната средина, кој би можел да се акумулира во тироидната жлезда. Ова најмногу им штети на децата, кои се изложени на поголем ризик од развој на рак на тироидната жлезда поради високи дози на зрачење“, соопшти Министерството.
Исто така, се вели дека во случај на таква вонредна состојба, засолништето е главниот начин за заштита на луѓето од опасното зрачење. Министерството, исто така, истакна дека единечна доза таблети со јод обично обезбедува доволна заштита. Додадено е дека јодот ретко предизвикува несакани ефекти, но дека луѓето со болести на тироидната жлезда треба да ја користат супстанцијата со претпазливост. „Возрасните не се изложени на ист ризик, а упатствата повеќе не препорачуваат лицата постари од 40 години да земаат таблети со јод во случај на опасност од радијација“, додаваат од финското Министерство. Препорачаната единечна доза за популацијата на возраст од 12 до 40 години која е во опасна ситуација со зрачење е 130 милиграми калиум јодид. На децата постари од три години им се препорачува да земаат половина од таа доза. Експерт за опасностите од земање калиум јодид: „Ако некој реши сам да зема јод, компликациите можат да бидат моментални, повеќекратни и долготрајни“ Министерството соопшти дека нема достапни производи кои се особено погодни за деца под три години. Сепак, препорачаната доза за деца до три години е 32,5 милиграми калиум јодид, а половина од таа за новороденчиња. Министерството предупредува дека и трудниците над 40 години треба да имаат таблети со јод дома, со оглед на тоа што се многу почувствителни. Од Министерството реагираа на брзањето со купувањето на јод: „Загриженоста е разбирлива, но нема причина за самоиницијативно внесување“. Најголемиот фински синџир на аптеки во вторникот попладне објави дека залихите на таблети со јод се практично распродадени низ целата земја по најавата на Министерството и дека прават напори да ги обноват резервите, но не знаат кога точно ќе се случи тоа.

The post Финска ги пoвика помладите од 40 години да купат таблети со јод, за неколку часа аптеките останаа празни appeared first on Република.

]]>
Полска почна да дели апчиња јод на граѓаните во случај на радијација https://republika.mk/vesti/svet/polska-pochna-da-deli-apchinja-jod-na-gragjanite-vo-sluchaj-na-radijacija/ Fri, 23 Sep 2022 11:51:57 +0000 https://republika.mk/?p=553512

Загрижена поради конфликтот во украинската нуклеарна централа Запорожје, Полска дистрибуираше апчиња јод до регионалните противпожарни служби за да им ги дадат на граѓаните во случај на изложеност на радијација. Јодот се смета за начин да се заштити телото од состојби како што е ракот на тироидната жлезда поради изложеност на радијација.

По пишувањето на медиумите за судирите во близина на нуклеарната централа Запорожје, решивме да ја преземеме заштитната мерка за дистрибуција на апчиња со јод“, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Блажеј Побож. „Сакам да ги уверам граѓаните дека тоа се рутински, превентивни процедури, кои треба да нѐ заштитат во случај на ситуација што се надевам дека нема да се случи, додаде тој.

Во ракетните напади врз комплексот на електраната Запорожје, зградите лоцирани во близина на шест реактори беа оштетени, а каблите за напојување беа исечени, ризикувајќи да избие нуклеарна катастрофа што ќе ги погоди соседните земји.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за нападите во близина на електраната.

The post Полска почна да дели апчиња јод на граѓаните во случај на радијација appeared first on Република.

]]>

Загрижена поради конфликтот во украинската нуклеарна централа Запорожје, Полска дистрибуираше апчиња јод до регионалните противпожарни служби за да им ги дадат на граѓаните во случај на изложеност на радијација. Јодот се смета за начин да се заштити телото од состојби како што е ракот на тироидната жлезда поради изложеност на радијација.
По пишувањето на медиумите за судирите во близина на нуклеарната централа Запорожје, решивме да ја преземеме заштитната мерка за дистрибуција на апчиња со јод“, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Блажеј Побож. „Сакам да ги уверам граѓаните дека тоа се рутински, превентивни процедури, кои треба да нѐ заштитат во случај на ситуација што се надевам дека нема да се случи, додаде тој.
Во ракетните напади врз комплексот на електраната Запорожје, зградите лоцирани во близина на шест реактори беа оштетени, а каблите за напојување беа исечени, ризикувајќи да избие нуклеарна катастрофа што ќе ги погоди соседните земји. Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за нападите во близина на електраната.  

The post Полска почна да дели апчиња јод на граѓаните во случај на радијација appeared first on Република.

]]>
Данска купува два милиони таблети јод во случај на нуклеарна несреќа https://republika.mk/vesti/svet/danska-kupuva-dva-milioni-tableti-jod-vo-sluchaj-na-nuklearna-nesrekja/ Mon, 11 Apr 2022 17:45:43 +0000 https://republika.mk/?p=486951

Данските власти ќе купат два милиони таблети јод „во случај на нуклеарна несреќа во непосредна близина“ на земјата, соопшти денеска данската здравствена агенција.

Според Министерството за здравство, специјалната операција на Руската Федерација во Украина покажала дека „светот е непредвидлив“.

– Затоа, данската здравствена агенција ја ревидираше количината на залихи на јод во Данска што треба да се користи во случај на нуклеарна несреќа во наша непосредна близина … Администрацијата препорача зголемување на сегашните залихи, купување два милиони таблети јод, соопшти здравствената агенција на земјата.

The post Данска купува два милиони таблети јод во случај на нуклеарна несреќа appeared first on Република.

Во аптеките во Хрватска се бара јод, луѓето се плашат од нуклеарна војна https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-aptekite-vo-hrvatska-se-bara-jod-lugjeto-se-plashat-od-nuklearna-vojna/ Tue, 01 Mar 2022 09:50:29 +0000 https://republika.mk/?p=465733

По заканата на рускиот претседател Владимир Путин, граѓаните ги преплавија здравствените установи каде бараа информации каде и како можат да купат јод. Тие барале да купат заштитни фолии во случај на нуклеарен отпад, јавува хрватската Нова ТВ.

Граѓаните веќе неколку дена доаѓаат во аптеките и бараат апчиња за јод, поттикнати од идејата за нуклеарна војна. Секој половина час луѓето одат во аптека и бараат јод. Тие бараат можност да го купат тој лек. Но, лекот може да се купи само со рецепт, друга индикација и се користи само во случај на нуклеарни катастрофи, изјави претседателката на Хрватската комора на фармацевти Ана Солдо.

По нуклеарната катастрофа, Светската здравствена организација пропиша протоколи во случај на таква акција.

Да се ​​потсетиме на граѓаните дека тоа секогаш се однесува на тесни радиуси од местото каде што се случила несреќата. Има два протоколи, 15 километри и 20 километри. Сличен протокол имаме и во Хрватска. Тоа не е општа опасност и причина за да се обидете да го добиете тој лек, бидејќи во суштина тој лек не е потребен, објаснува Солдо.

Запрашана дали стравот на граѓаните е оправдан, таа рече:

Разбирам дека луѓето се плашат. Тешко е да се предвиди што може да се случи сега. Но, секоја земја има подготвени протоколи за однесување. Нашата земја секако ќе обезбеди доволно лекови доколку е потребно. Ова не е лек кој се користи за сите пациенти или за целата популација.Се користи за лица помлади од 40 години, според посебни протоколи, во зависност од тоа колку години има човекот и колку тежи, заклучува Солдо.

The post Во аптеките во Хрватска се бара јод, луѓето се плашат од нуклеарна војна appeared first on Република.