Јоав Галант Archives - Република https://republika.mk/tema/joav-galant/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 11:52:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јоав Галант Archives - Република https://republika.mk/tema/joav-galant/ 32 32 Галант: Израел има уште изненадувања за Хезболах https://republika.mk/vesti/svet/galant-izrael-ima-ushte-iznenaduvana-za-hezbolah/ Fri, 04 Oct 2024 11:52:11 +0000 https://republika.mk/?p=822671

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека Израел има „уште изненадувања за Хезболах“ додека израелските копнени операции продолжуваат во јужен Либан.

Хезболах доби многу сериозни удари, еден по друг. Го елиминиравме лидерот на движењето, Хасан Насрала, и имаме уште изненадувања, од кои некои се веќе извршени, а некои допрва треба да се извршат, изјави Галант за време на посетата на штабот на 36-та дивизија на вооружените сили на северот на Израел, јави „Тајмс оф Израел“.

Војниците од оваа дивизија спроведуваат оперативни активности во јужен Либан.

Израелскиот министер додаде дека ракетната дивизија на Хезболах претрпела многу тежок удар, а значителен дел од неа е уништен во висококвалитетна и прецизна операција.

Командниот и контролен центар, комуникациите, целото раководство на елитните сили Радван и всушност целото второ и трето ниво на команда под Насрала беа уништени, рече израелскиот министер за одбрана.

Галант додаде дека израелската армија денеска спроведува операции во неколку села и тој процес ќе продолжи секаде каде што е потребно за да се уништи сета инфраструктура од која Хезболах планира да изврши напади.

The post Галант: Израел има уште изненадувања за Хезболах appeared first on Република.

]]>

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека Израел има „уште изненадувања за Хезболах“ додека израелските копнени операции продолжуваат во јужен Либан. Хезболах доби многу сериозни удари, еден по друг. Го елиминиравме лидерот на движењето, Хасан Насрала, и имаме уште изненадувања, од кои некои се веќе извршени, а некои допрва треба да се извршат, изјави Галант за време на посетата на штабот на 36-та дивизија на вооружените сили на северот на Израел, јави „Тајмс оф Израел“. Војниците од оваа дивизија спроведуваат оперативни активности во јужен Либан. Израелскиот министер додаде дека ракетната дивизија на Хезболах претрпела многу тежок удар, а значителен дел од неа е уништен во висококвалитетна и прецизна операција. Командниот и контролен центар, комуникациите, целото раководство на елитните сили Радван и всушност целото второ и трето ниво на команда под Насрала беа уништени, рече израелскиот министер за одбрана. Галант додаде дека израелската армија денеска спроведува операции во неколку села и тој процес ќе продолжи секаде каде што е потребно за да се уништи сета инфраструктура од која Хезболах планира да изврши напади.

The post Галант: Израел има уште изненадувања за Хезболах appeared first on Република.

]]>
Галант: Израел не сака војна со Хезболах, но израелската армија е подготвена за конфликт https://republika.mk/vesti/svet/galant-izrael-ne-saka-vojna-so-hezbolah-no-izraelskata-armija-e-podgotvena-za-konflikt/ Sat, 29 Jun 2024 10:48:49 +0000 https://republika.mk/?p=791791

Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, изјави дека неговата земја не сака војна со либанското шиитско движење Хезболах, но додаде дека израелската армија е подготвена за можен таков конфликт, јави ДПА.

Работиме на политичко решение. Тоа е секогаш подобрата варијанта. Ние не бараме војна, но подготвени сме за тоа. Ако Хезболах избере војна, знаеме што да правиме. Ако тие изберат мир, ние ќе одговориме соодветно“, рече министерот за време на посетата на израелските воени единици во близина на северната граница на Израел со Либан.

Од почетокот на војната во Појасот Газа, секојдневно има прекугранични престрелки меѓу израелската армија и Хезболах. Неодамна размената на оган е засилена и неколку земји ги повикаа своите граѓани да го напуштат Либан. како што јавуваат странските агенции, постојат стравувања дека можната отворена војна меѓу Израел и Либан би можела да ескалира во голем регионален конфликт во кој ќе бидат вклучени и Иран и САД.

The post Галант: Израел не сака војна со Хезболах, но израелската армија е подготвена за конфликт appeared first on Република.

]]>

Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, изјави дека неговата земја не сака војна со либанското шиитско движење Хезболах, но додаде дека израелската армија е подготвена за можен таков конфликт, јави ДПА.
Работиме на политичко решение. Тоа е секогаш подобрата варијанта. Ние не бараме војна, но подготвени сме за тоа. Ако Хезболах избере војна, знаеме што да правиме. Ако тие изберат мир, ние ќе одговориме соодветно“, рече министерот за време на посетата на израелските воени единици во близина на северната граница на Израел со Либан.
Од почетокот на војната во Појасот Газа, секојдневно има прекугранични престрелки меѓу израелската армија и Хезболах. Неодамна размената на оган е засилена и неколку земји ги повикаа своите граѓани да го напуштат Либан. како што јавуваат странските агенции, постојат стравувања дека можната отворена војна меѓу Израел и Либан би можела да ескалира во голем регионален конфликт во кој ќе бидат вклучени и Иран и САД.

The post Галант: Израел не сака војна со Хезболах, но израелската армија е подготвена за конфликт appeared first on Република.

]]>
Галант најави следна фаза на војната https://republika.mk/vesti/svet/galant-najavi-sledna-faza-na-vojnata/ Mon, 08 Jan 2024 14:31:51 +0000 https://republika.mk/?p=730861

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска најави дека војската на земјата влегува во следната фаза од војната во северниот дел на Газа, велејќи дека ќе премине од „интензивната фаза на војната“ на „различни видови на специјални операции“.

-Блиску сме до следната фаза на север, вклучувајќи го и градот Газа, каде израелските сили во голема мера воспоставија контрола, рече Галант во интервју за Волстрит журнал.

Тој изјави дека израелските сили треба да го „земат предвид“ огромниот број цивили кои загинаа како резултат на офанзивата во Газа.

Според него, израелската армија ќе мора соодветно да ја прилагоди својата тактика.

-Ќе биде потребно извесно време, но нема да се откажеме, рече Галант.

The post Галант најави следна фаза на војната appeared first on Република.

]]>

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска најави дека војската на земјата влегува во следната фаза од војната во северниот дел на Газа, велејќи дека ќе премине од „интензивната фаза на војната“ на „различни видови на специјални операции“. -Блиску сме до следната фаза на север, вклучувајќи го и градот Газа, каде израелските сили во голема мера воспоставија контрола, рече Галант во интервју за Волстрит журнал. Тој изјави дека израелските сили треба да го „земат предвид“ огромниот број цивили кои загинаа како резултат на офанзивата во Газа. Според него, израелската армија ќе мора соодветно да ја прилагоди својата тактика. -Ќе биде потребно извесно време, но нема да се откажеме, рече Галант.

The post Галант најави следна фаза на војната appeared first on Република.

]]>
Галант: Водиме војна за опстанок протрив „оската на злото“ https://republika.mk/vesti/svet/galant-vodime-vojna-za-opstanok-protriv-oskata-na-zloto/ Fri, 13 Oct 2023 18:15:03 +0000 https://republika.mk/?p=691031

Израел води сеопфатна војна против милитантите на Хамас за да постигне трајни промени и да ја заштити својата иднина како просперитетна демократија, изјави денеска израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, нарекувајќи го Хамас дел од „оската на злото“ со Иран.

За време на прес-конференцијата со неговиот американски колега Лојд Остин, израелскиот министер беше прашан дали Техеран дал согласност за нападот на Хамас од Појасот Газа.

Не е важно, бидејќи идејата беше иранска, рече Галант.

На седмиот ден од борбите, Галант рече дека палестинските цивили кои „сакаат да си ги спасат животите“ мора да го послушаат предупредувањето на Израел и да се евакуираат на југ од енклавата.

Обединетите нации предупредуваат дека има хуманитарна криза од невидени размери.

Галант одби да одговори на новинарско прашање дали Израел ќе го почитува 24-часовното предупредување за евакуација што беше издадено утринава.

Ова е војна за постоењето на Израел како просперитетна, демократска држава, дом на еврејскиот народ, рече тој.

„Се бориме за нашиот дом. Се бориме за нашата иднина“, продолжи тој.

Патот ќе биде долг, но ви ветувам дека на крајот ќе победиме, заклучи Галант.

The post Галант: Водиме војна за опстанок протрив „оската на злото“ appeared first on Република.

]]>

Израел води сеопфатна војна против милитантите на Хамас за да постигне трајни промени и да ја заштити својата иднина како просперитетна демократија, изјави денеска израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, нарекувајќи го Хамас дел од „оската на злото“ со Иран. За време на прес-конференцијата со неговиот американски колега Лојд Остин, израелскиот министер беше прашан дали Техеран дал согласност за нападот на Хамас од Појасот Газа. Не е важно, бидејќи идејата беше иранска, рече Галант. На седмиот ден од борбите, Галант рече дека палестинските цивили кои „сакаат да си ги спасат животите“ мора да го послушаат предупредувањето на Израел и да се евакуираат на југ од енклавата. Обединетите нации предупредуваат дека има хуманитарна криза од невидени размери. Галант одби да одговори на новинарско прашање дали Израел ќе го почитува 24-часовното предупредување за евакуација што беше издадено утринава. Ова е војна за постоењето на Израел како просперитетна, демократска држава, дом на еврејскиот народ, рече тој. „Се бориме за нашиот дом. Се бориме за нашата иднина“, продолжи тој. Патот ќе биде долг, но ви ветувам дека на крајот ќе победиме, заклучи Галант.

The post Галант: Водиме војна за опстанок протрив „оската на злото“ appeared first on Република.

]]>