јетон шеќири Archives - Република https://republika.mk/tema/jeton-shekiri/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Jan 2023 15:41:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јетон шеќири Archives - Република https://republika.mk/tema/jeton-shekiri/ 32 32 Шаќири: Зимскиот распуст e продолжен заради подобро функционирање на училиштата https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-zimskiot-raspust-e-prodolzhen-zaradi-podobro-funktsionirane-na-uchilishtata/ Thu, 12 Jan 2023 16:10:43 +0000 https://republika.mk/?p=596304

Министерот за образование, Јетон Шаќири, објаснува дека почетокот на второто полугодие од учебната година е одложен за 23. наместо за 18 јануари, заради подобро функционирање на училиштата.

Шаќири додава дека, доколку има потреба, наставата од двата работни дена што ќе се загубат поради продолжениот зимски распуст ќе бидат надоместени во јуни.

Нема целосна работна недела, се работи за два односно три работни дена за одредени ученици. Требаше да се почне во среда, четврток е празник, да се продолжи во петок. Заради подобро функционирање на училиштата, одлучивме да се почне од понеделник, истакна Шаќири.

Во однос на загубените наставни часови во првото полугодие во училиштата каде што беа пратени пораки за наводно поставени бомби, Шаќири вели дека онлајн настава не е решение на проблемот бидејќи учениците повторно ќе треба да се вратат во училиштата и очекува сторителите да бидат откриени.

Затоа инсистирам докрај за физичко присуство на настава и побрзо да се најдат виновниците на лажните дојави за бомби, изјави Шаќири по потпишувањето на Правилникот за функционална проценка на деца и млади со попреченост.

The post Шаќири: Зимскиот распуст e продолжен заради подобро функционирање на училиштата appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование, Јетон Шаќири, објаснува дека почетокот на второто полугодие од учебната година е одложен за 23. наместо за 18 јануари, заради подобро функционирање на училиштата. Шаќири додава дека, доколку има потреба, наставата од двата работни дена што ќе се загубат поради продолжениот зимски распуст ќе бидат надоместени во јуни.