Јерухам Шаровски Archives - Република https://republika.mk/tema/jeruham-sharovski/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 08:16:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јерухам Шаровски Archives - Република https://republika.mk/tema/jeruham-sharovski/ 32 32 Со концертот „Го славиме јубилејот“, Македонска филхармонија вечерва ја отвора роденденската сезона https://republika.mk/vesti/kultura/so-kontsertot-go-slavime-jubilejot-makedonska-filharmonija-vecherva-ja-otvora-rodendenskata-sezona/ Thu, 10 Oct 2024 08:16:52 +0000 https://republika.mk/?p=825015

Со концерт насловен „Го славиме јубилејот“ вечерва, на 10 октомври, во 20 часот ќе биде отворена роденденската сезона на Македонската филхармонија насловена „Одисеја“. На концертот како солист ќе настапи сопранистката Ана Дурловски, под диригентската палка на шеф – диригентот Јерухам Шаровски од Израел.

На програмата е премиерната изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар и Лид на Мариета од операта „Мртвиот град“ од Ерих Корнголд, симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски и светската премиера на симфониската поема „Јубилејна фантазија“ од македонскиот композитор Борис Светиев.

Македонската филхармонија оваа година како најстар музички колектив одбележува 80 години постоење.

Нашата концертна сезона е наречена „Одисеја“ и претставува музичко патување исполнето со многу музички предизвивици, авантури и многу концерти, вели в.д, директорот на Филхармонија Александар Котевски.

Тој најави дека оваа концертна сезона ќе настапат многу македонски солисти и диригенти, како и врвни светски гости.

Внимателно беше правена програмата за да бидат застапени сите инструменти. Сигурен сум дека оваа концертна сезона ќе го задржи вниманието и фокусот на нашата драга публика. Подготовките се во тек и сигурен сум дека ќе имаме реализација на одличен концерт. Акцент се става на изведба на премиерни нови македонски композиции. Сигурен сум дека македонската публика ќе ужива во нашите неповторливи концертни реализации на осмислената програма, додаде Котевски.

Маестро Јерухам Шаровски вели дека има посебна поврзаност со овој оркестар, со кој работел од 2003 година.

Ние имавме успешна турнеја на Македонската филхармонија во Израел во 2019 година. Имам одлична соработка со професионалците од оркестарот на Филхармонија, имаме посебна искра и енергија. Испланиравме убава програма за во иднина, со в.д директорот на Фихармонија Александар Котевски, се знаеме долги години. Го знам како професионалец, односно виолончелист во оркестарот на Македонската филхармонија и можам да кажам дека тој е многу посветен и амбициозен, со посебна искра во работата, вели маестро Шаровски, за кого нашата сопранистката Ана Дурловски, е една од најголемите оперски гласови со кои работел во својата долгогодишна кариера.

Сопранистката Ана Дурловски рече дека и е драго што ќе соработува со маестро Јерухам Шаровски и најави една специфична и интимна програма со музиката на Корнголд, која ќе биде прикажана на концертот.

Овој оркестар е во моето срце. Имам прекрасна соработка со колегите веќе години наназад, тука се моите почетоци. Првиот мој настап со оркестар беше всушност со Македонска филхармонија. Драго ми е што соработуваме со маестро Шаровски и се надевам дека нема да биде последна соработка. Ве уверувам дека ќе уживате во концертот. Се работи за специфична и интимна програма со музиката на Корнголд. Можеби најубавиот момент фатен во музиката „На смрттна разделба“ е една од композициите која ќе се изведе и ова е моето омилено парче во оперската литература. Ќе бидат изведени „Шест едноставни песни“ од Корнголд, но заради повисоките штимови во оркестарот, ќе се изведат четири од тие шест. Ќе биде изведена и песната на Мариета од операта „Мртвиот град“, од Корнголд, вели  Дурловски за вечерашниот концерт.

Премиерно, на концертот вечерва ќе се изведе и симфониската поема „Јубилејна фантазија“ на македонскиот композитор и пијанист Борис Светиев, една од композициите која помина на Конкурсот за откуп на дела од македонски автори, а којшто институцијата го распиша годинава. Идејата да го создаде ова дело, Светиев ја имал од пред повеќе години, тежнеејќи да го истражи соодносот шум-тон. Вели дека токму Конкурсот за нарачка на дела од страна на Филхармонијата за него бил доволен мотив да ја реализира до крај таа идеја, со оглед на тоа што веќе ги имал и техничките можности и доволно предзнаење за тоа како би требало да тече процесот на работа врз една композиција со помош на DAW (Digital Audio Workstation).

Во концертната сезона 2024/2025, во која Македонската филхармонија ќе го прослави својот 80-ти роденден, како најстара културна институција во земјата, публиката ќе има можност да проследи разновидна и внимателно одбрана програма, солисти и диригенти.

 

The post Со концертот „Го славиме јубилејот“, Македонска филхармонија вечерва ја отвора роденденската сезона appeared first on Република.

]]>

Со концерт насловен „Го славиме јубилејот“ вечерва, на 10 октомври, во 20 часот ќе биде отворена роденденската сезона на Македонската филхармонија насловена „Одисеја“. На концертот како солист ќе настапи сопранистката Ана Дурловски, под диригентската палка на шеф – диригентот Јерухам Шаровски од Израел. На програмата е премиерната изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар и Лид на Мариета од операта „Мртвиот град“ од Ерих Корнголд, симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски и светската премиера на симфониската поема „Јубилејна фантазија“ од македонскиот композитор Борис Светиев. Македонската филхармонија оваа година како најстар музички колектив одбележува 80 години постоење.
Нашата концертна сезона е наречена „Одисеја“ и претставува музичко патување исполнето со многу музички предизвивици, авантури и многу концерти, вели в.д, директорот на Филхармонија Александар Котевски.
Тој најави дека оваа концертна сезона ќе настапат многу македонски солисти и диригенти, како и врвни светски гости.
Внимателно беше правена програмата за да бидат застапени сите инструменти. Сигурен сум дека оваа концертна сезона ќе го задржи вниманието и фокусот на нашата драга публика. Подготовките се во тек и сигурен сум дека ќе имаме реализација на одличен концерт. Акцент се става на изведба на премиерни нови македонски композиции. Сигурен сум дека македонската публика ќе ужива во нашите неповторливи концертни реализации на осмислената програма, додаде Котевски.
Маестро Јерухам Шаровски вели дека има посебна поврзаност со овој оркестар, со кој работел од 2003 година.
Ние имавме успешна турнеја на Македонската филхармонија во Израел во 2019 година. Имам одлична соработка со професионалците од оркестарот на Филхармонија, имаме посебна искра и енергија. Испланиравме убава програма за во иднина, со в.д директорот на Фихармонија Александар Котевски, се знаеме долги години. Го знам како професионалец, односно виолончелист во оркестарот на Македонската филхармонија и можам да кажам дека тој е многу посветен и амбициозен, со посебна искра во работата, вели маестро Шаровски, за кого нашата сопранистката Ана Дурловски, е една од најголемите оперски гласови со кои работел во својата долгогодишна кариера.
Сопранистката Ана Дурловски рече дека и е драго што ќе соработува со маестро Јерухам Шаровски и најави една специфична и интимна програма со музиката на Корнголд, која ќе биде прикажана на концертот.
Овој оркестар е во моето срце. Имам прекрасна соработка со колегите веќе години наназад, тука се моите почетоци. Првиот мој настап со оркестар беше всушност со Македонска филхармонија. Драго ми е што соработуваме со маестро Шаровски и се надевам дека нема да биде последна соработка. Ве уверувам дека ќе уживате во концертот. Се работи за специфична и интимна програма со музиката на Корнголд. Можеби најубавиот момент фатен во музиката „На смрттна разделба“ е една од композициите која ќе се изведе и ова е моето омилено парче во оперската литература. Ќе бидат изведени „Шест едноставни песни“ од Корнголд, но заради повисоките штимови во оркестарот, ќе се изведат четири од тие шест. Ќе биде изведена и песната на Мариета од операта „Мртвиот град“, од Корнголд, вели  Дурловски за вечерашниот концерт.
Премиерно, на концертот вечерва ќе се изведе и симфониската поема „Јубилејна фантазија“ на македонскиот композитор и пијанист Борис Светиев, една од композициите која помина на Конкурсот за откуп на дела од македонски автори, а којшто институцијата го распиша годинава. Идејата да го создаде ова дело, Светиев ја имал од пред повеќе години, тежнеејќи да го истражи соодносот шум-тон. Вели дека токму Конкурсот за нарачка на дела од страна на Филхармонијата за него бил доволен мотив да ја реализира до крај таа идеја, со оглед на тоа што веќе ги имал и техничките можности и доволно предзнаење за тоа како би требало да тече процесот на работа врз една композиција со помош на DAW (Digital Audio Workstation). Во концертната сезона 2024/2025, во која Македонската филхармонија ќе го прослави својот 80-ти роденден, како најстара културна институција во земјата, публиката ќе има можност да проследи разновидна и внимателно одбрана програма, солисти и диригенти.  

The post Со концертот „Го славиме јубилејот“, Македонска филхармонија вечерва ја отвора роденденската сезона appeared first on Република.

]]>
Ана Дурловски и Јерухам Шаровски в четврток ја отвораат роденденската сезона на Македонска филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/ana-durlovski-i-jeruham-sharovski-v-chetvrtok-ja-otvoraat-rodendenskata-sezona-na-makedonska-filharmonija/ Tue, 08 Oct 2024 11:48:59 +0000 https://republika.mk/?p=824182

Со концертот „Го славиме јубилејот“ на кој како солист ќе настапи нашата светски позната сопранистка Ана Дурловски, под диригентска палка на шеф диригентот Јерухам Шаровски, в четврток, на 10 октомври почнува новата сезона на Македонската филхармонија насловена „Одисеја“.

На програмата е премиерна изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар и Лид на Мариета од операта „Мртвиот град“ од Ерих Корнголд, симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски и светска премиера на симфониската поема „Јубилејна фантазија“ од македонскиот композитор Борис Светиев.

Почетоците на Ана Дурловски се врзани толку со овој оркестар, бидејќи првиот настап го имала со Филхармонија. Вели дека овој оркестар е нејзиното срце. Среќна е што ќе настапи на отворањето на роденденската сезона на Македонска филхармонија.

За оваа пригода одбравме специфична и интимна програма со дело во кое музички е илустриран најубавиот момент на смрт и разделба. На концертот ќе прозвучат четири песни од циклусот „Шест едноставни песни“ од Корноголд, кои, мене лично ми се омилени парчиња од оперската литература – вели Дурловски.

Маестро Јерухам Шаровски од Израел има долга историја на настапи со оркестарот на Македонската филхармонија со која активно настапува од 2003 година.

Со вашиот оркестар имам посебна врска и секогаш сум среќен кога доаѓам тука на концерти, зошто имаме одличен флуид и енергија додека ја подготвуваме програмата. Имате навистина посебен оркестар, посветени музичари кои имаат пасија и посебна искра која може да ја чувствува и публиката – вели Шаровски.

Шаровски имаше само најубави зборови за соработката со Дурловски.

Сум работел во многу врвни оперски пејачки, но, Ана, дефинитивно е најдобрата – вели Шаровски.

В.д. директорот на Македонската филхамронија Александар Котевски на денешната прес-конференција кажа дека подготвиле возбудлива програма која на најдобар начин ќе ја најави сезоната во која ќе се прослават осумдесет години од формирањето на Филхармонија, која е најстара институција во земјата.

Целата сезона е внимателно подготвена, ќе настапат најдобрите македонски, но и странски солисти и диргенти, ќе прозвучат капитални дела, но и дела на домашни автори – изјави Котевски.

[caption id="attachment_824184" align="alignnone" width="618"] Александар Котевски, в..д. директор на Филхармонија / Фото: Филхармонија[/caption]

Премиерно, на концертот в четврток ќе се изведе и симфониската поема „Јубилејна фантазија“ на македонскиот композитор и пијанист Борис Светиев, една од композициите која помина на Конкурсот за откуп на дела од македонски автори, а којшто институцијата го распиша годинава. Идејата да го создаде ова дело, Светиев ја имал од пред повеќе години, тежнеејќи да го истражи соодносот шум-тон. Вели дека токму Конкурсот за нарачка на дела од страна на Филхармонијата за него бил доволен мотив да ја реализира до крај таа идеја, со оглед на тоа што веќе ги имал и техничките можности и доволно предзнаење за тоа како би требало да тече процесот на работа врз една композиција со помош на DAW (Digital Audio Workstation).

[caption id="attachment_824186" align="alignnone" width="716"] Прес-конференцја по повод новата сезона / Фото: Филхармонија[/caption]

Во концертната сезона 2024/2025 во која Македонската филхармонија ќе го прослави својот 80-ти роденден, како најстара културна институција во земјата, публиката ќе има можност да проследи разновидна и внимателно одбрана програма, солисти и диригенти.

Новата сезона е насловена „Одисеја“, а симболиката на насловот се надоврзува на осумдесетте години активно музицирање на оркестарот и преку поднасловот – патување исполнето со музички авантури и предизвици. И насловите на концертите се извлечени од наслови на претходни сезони за да се сублимира осумдеценискиот континуитет на Македонската филхармонија. На сцената, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија во новата роденденска сезона ќе продефилираат уникатни индивидуалци како пијанистите Лука Дебарг и Петер Лаул, извонредниот виолинист Сергеј Малов кој воедно ќе се претстави како солист и диригент на концертот на 7 ноември; Роберт Бонфиљо - усна хармоника (САД), виолончелистката Моника Лесковар од Хрватска, виолинистката Алена Баева- Казахстан/Луксембург. На пултот пред нашиот оркестар за првпат ќе застане маестра Бар Авни од Израел, инаку лауреатка на престижниот натпревар „Маестра“ во Париз и асистентка на славната диригентка Барабара Ханиган, како и маестро Конрад Ван Алфен од Холандија, нашиот диригент Борјан Цанев, маестро Лубнан Баалбаки од Либан и Емил Табаков од Бугарија.

И во вториот дел од сезоната, од јануари до јуни 2025-та ќе настапат исклучителни солисти и диригенти, како виолинистот Марк Бучков од Белгија, врвната Селина От (труба) од Австрија, еден од најдобрите пијанисти на денешнината – Дмитри Маслеев од Русија и др. На Велигденскиот концерт, насловен „Per aspera ad astra“ за првпат во Македонија ќе прозвучи Големата миса во це-мол од Моцарт.

The post Ана Дурловски и Јерухам Шаровски в четврток ја отвораат роденденската сезона на Македонска филхармонија appeared first on Република.

]]>

Со концертот „Го славиме јубилејот“ на кој како солист ќе настапи нашата светски позната сопранистка Ана Дурловски, под диригентска палка на шеф диригентот Јерухам Шаровски, в четврток, на 10 октомври почнува новата сезона на Македонската филхармонија насловена „Одисеја“. На програмата е премиерна изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар и Лид на Мариета од операта „Мртвиот град“ од Ерих Корнголд, симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски и светска премиера на симфониската поема „Јубилејна фантазија“ од македонскиот композитор Борис Светиев. Почетоците на Ана Дурловски се врзани толку со овој оркестар, бидејќи првиот настап го имала со Филхармонија. Вели дека овој оркестар е нејзиното срце. Среќна е што ќе настапи на отворањето на роденденската сезона на Македонска филхармонија.
За оваа пригода одбравме специфична и интимна програма со дело во кое музички е илустриран најубавиот момент на смрт и разделба. На концертот ќе прозвучат четири песни од циклусот „Шест едноставни песни“ од Корноголд, кои, мене лично ми се омилени парчиња од оперската литература – вели Дурловски.
Маестро Јерухам Шаровски од Израел има долга историја на настапи со оркестарот на Македонската филхармонија со која активно настапува од 2003 година.
Со вашиот оркестар имам посебна врска и секогаш сум среќен кога доаѓам тука на концерти, зошто имаме одличен флуид и енергија додека ја подготвуваме програмата. Имате навистина посебен оркестар, посветени музичари кои имаат пасија и посебна искра која може да ја чувствува и публиката – вели Шаровски.
Шаровски имаше само најубави зборови за соработката со Дурловски.
Сум работел во многу врвни оперски пејачки, но, Ана, дефинитивно е најдобрата – вели Шаровски.
В.д. директорот на Македонската филхамронија Александар Котевски на денешната прес-конференција кажа дека подготвиле возбудлива програма која на најдобар начин ќе ја најави сезоната во која ќе се прослават осумдесет години од формирањето на Филхармонија, која е најстара институција во земјата.
Целата сезона е внимателно подготвена, ќе настапат најдобрите македонски, но и странски солисти и диргенти, ќе прозвучат капитални дела, но и дела на домашни автори – изјави Котевски.
[caption id="attachment_824184" align="alignnone" width="618"] Александар Котевски, в..д. директор на Филхармонија / Фото: Филхармонија[/caption] Премиерно, на концертот в четврток ќе се изведе и симфониската поема „Јубилејна фантазија“ на македонскиот композитор и пијанист Борис Светиев, една од композициите која помина на Конкурсот за откуп на дела од македонски автори, а којшто институцијата го распиша годинава. Идејата да го создаде ова дело, Светиев ја имал од пред повеќе години, тежнеејќи да го истражи соодносот шум-тон. Вели дека токму Конкурсот за нарачка на дела од страна на Филхармонијата за него бил доволен мотив да ја реализира до крај таа идеја, со оглед на тоа што веќе ги имал и техничките можности и доволно предзнаење за тоа како би требало да тече процесот на работа врз една композиција со помош на DAW (Digital Audio Workstation). [caption id="attachment_824186" align="alignnone" width="716"] Прес-конференцја по повод новата сезона / Фото: Филхармонија[/caption] Во концертната сезона 2024/2025 во која Македонската филхармонија ќе го прослави својот 80-ти роденден, како најстара културна институција во земјата, публиката ќе има можност да проследи разновидна и внимателно одбрана програма, солисти и диригенти. Новата сезона е насловена „Одисеја“, а симболиката на насловот се надоврзува на осумдесетте години активно музицирање на оркестарот и преку поднасловот – патување исполнето со музички авантури и предизвици. И насловите на концертите се извлечени од наслови на претходни сезони за да се сублимира осумдеценискиот континуитет на Македонската филхармонија. На сцената, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија во новата роденденска сезона ќе продефилираат уникатни индивидуалци како пијанистите Лука Дебарг и Петер Лаул, извонредниот виолинист Сергеј Малов кој воедно ќе се претстави како солист и диригент на концертот на 7 ноември; Роберт Бонфиљо - усна хармоника (САД), виолончелистката Моника Лесковар од Хрватска, виолинистката Алена Баева- Казахстан/Луксембург. На пултот пред нашиот оркестар за првпат ќе застане маестра Бар Авни од Израел, инаку лауреатка на престижниот натпревар „Маестра“ во Париз и асистентка на славната диригентка Барабара Ханиган, како и маестро Конрад Ван Алфен од Холандија, нашиот диригент Борјан Цанев, маестро Лубнан Баалбаки од Либан и Емил Табаков од Бугарија. И во вториот дел од сезоната, од јануари до јуни 2025-та ќе настапат исклучителни солисти и диригенти, како виолинистот Марк Бучков од Белгија, врвната Селина От (труба) од Австрија, еден од најдобрите пијанисти на денешнината – Дмитри Маслеев од Русија и др. На Велигденскиот концерт, насловен „Per aspera ad astra“ за првпат во Македонија ќе прозвучи Големата миса во це-мол од Моцарт.

The post Ана Дурловски и Јерухам Шаровски в четврток ја отвораат роденденската сезона на Македонска филхармонија appeared first on Република.

]]>
Спектакуларно затворање на сезоната на Македонска филхармонија: Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај два пати се враќаше на бис https://republika.mk/vesti/kultura/spektakularno-zatvorane-na-sezonata-na-makedonska-filharmonija-svetskata-pijanistichka-zvezda-fazil-saj-dva-pati-se-vrakashe-na-bis/ Fri, 24 May 2024 18:05:06 +0000 https://republika.mk/?p=781480

Официјалното свечено затворање на концертната сезона на Македонската филхармонија се одржа синоќа со концертот насловен „Алфа и омега“. Настапи еден од најпознатите светски пијанисти - турскиот и светскиот уметник Фазил Сај, кој публиката ја воодушеви со настапот и два пати го враќаше на бис.

Овој извонреден пијанист, кој поседува навистина редок талент, а со кој повеќе од три децении директно допира до срцата на публиката и критиката, за македонската публика го изведе маестралниот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 во c-moll,оп.37 од Лудвиг ван Бетовен.

Стоечки овации и громогласен аплауз добиваше на секое заминување од сцената, публиката навистина уживаше во спектакуларната вечер која и ја приредија оркестарот на Филхармонија, Сај и маестро Шаровски.

За турскиот и светски пијанист Фазил Сај (1970) критиката ќе каже дека концертите на овој пијанист се нешто поинакво. Тие се подиректни, поотворени, повозбудливи, накусо – стрелаат право во срцето. Токму тоа што го изјавил и композиторот Ариберт Рејман во 1986 година, кога при посетата на Анкара имал можност да го слушне тогаш 16-годишниот Сај. Тогаш, тој веднаш го замолил Дејвид Левин, американскиот пијанист што го придружувал на тоа патување, да дојде во Градскиот конзерваториум и му кажал: „Апсолутно мора да го слушнете, ова момче свири како ѓавол“. Фазил Сај своите први часови по пијано ги почнал кај Митхат Фенмен, кој студирал кај познатиот Алфред Корто во Париз. Чувствувајќи го талентот на неговиот ученик, Фенмен го замолил секој ден да импровизира на теми поврзани со неговиот секојдневен живот, пред да работи на зададените вежби на студиите по пијано. Токму ова, контактот со слободните креативни процеси, се смета за извор на огромниот импровизаторски талент на Фазил Сај, како и на неговиот естетски поглед и во творештвото, како композитор. Неговата извонредна техника бргу му овозможила со леснотија да ги совлада комплексните дела, од префинетоста на Бах, Хајдн и Моцарт, до виртуозната брилијантност на Лист, Мусоргски и Бетовен, што ќе му донесе победа на Меѓународниот натпревар „Young Concert Artist“ во Њујорк, во 1994 година. Оттогаш, тој настапува со сите реномирани американски и европски оркестри, со водечки диригенти, градејќи повеќеслоен репертоар, кој се движи од барок, до современите дела, вклучувајќи ги и сопствените.

Последното враќање на Сај на сцената беше со „Summer time“ и повторно беше испратен со стоечки аплауз и овации.

Диригент на концертот беше маестро Јерухам Шаровски од Израел, новиот шеф-диригент на Македонската филхармонија, а на програмата беше и уште едно дело на генијалниот Бетовен, неговата увертира „Егмонт“ оп.84, создадена по истоимената трагедија на Гете.

За време на својата кариера, маестро Јерухам Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 различни земји, вклучувајќи ги и серијата концерти со маестро Лорин Мазел, диригирајќи со Минхенската филхармонија во Германија и со Симфонискиот оркестар на Ерусалим заедно со Баварскиот радио-оркестар на концерти посветени на градот Ерусалим. Маестро Мазел ќе го предложи маестро Шаровски да биде и дел од жирито на „Мазел интернационалниот натпревар за диригенти“ (2002). Широк е неговиот репертоар и во однос на оперските изведби, а во последните години тој гради навистина успешна кариера на полето на едукацијата, одржувајќи мастер-часови на значајни универзитети во светот. Во моментов, маестро Шаровски ја извршува и функцијата шеф-диригент и уметнички директор на Македонската филхармонија.

The post Спектакуларно затворање на сезоната на Македонска филхармонија: Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај два пати се враќаше на бис appeared first on Република.

]]>

Официјалното свечено затворање на концертната сезона на Македонската филхармонија се одржа синоќа со концертот насловен „Алфа и омега“. Настапи еден од најпознатите светски пијанисти - турскиот и светскиот уметник Фазил Сај, кој публиката ја воодушеви со настапот и два пати го враќаше на бис.

Овој извонреден пијанист, кој поседува навистина редок талент, а со кој повеќе од три децении директно допира до срцата на публиката и критиката, за македонската публика го изведе маестралниот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 во c-moll,оп.37 од Лудвиг ван Бетовен.

Стоечки овации и громогласен аплауз добиваше на секое заминување од сцената, публиката навистина уживаше во спектакуларната вечер која и ја приредија оркестарот на Филхармонија, Сај и маестро Шаровски. За турскиот и светски пијанист Фазил Сај (1970) критиката ќе каже дека концертите на овој пијанист се нешто поинакво. Тие се подиректни, поотворени, повозбудливи, накусо – стрелаат право во срцето. Токму тоа што го изјавил и композиторот Ариберт Рејман во 1986 година, кога при посетата на Анкара имал можност да го слушне тогаш 16-годишниот Сај. Тогаш, тој веднаш го замолил Дејвид Левин, американскиот пијанист што го придружувал на тоа патување, да дојде во Градскиот конзерваториум и му кажал: „Апсолутно мора да го слушнете, ова момче свири како ѓавол“. Фазил Сај своите први часови по пијано ги почнал кај Митхат Фенмен, кој студирал кај познатиот Алфред Корто во Париз. Чувствувајќи го талентот на неговиот ученик, Фенмен го замолил секој ден да импровизира на теми поврзани со неговиот секојдневен живот, пред да работи на зададените вежби на студиите по пијано. Токму ова, контактот со слободните креативни процеси, се смета за извор на огромниот импровизаторски талент на Фазил Сај, како и на неговиот естетски поглед и во творештвото, како композитор. Неговата извонредна техника бргу му овозможила со леснотија да ги совлада комплексните дела, од префинетоста на Бах, Хајдн и Моцарт, до виртуозната брилијантност на Лист, Мусоргски и Бетовен, што ќе му донесе победа на Меѓународниот натпревар „Young Concert Artist“ во Њујорк, во 1994 година. Оттогаш, тој настапува со сите реномирани американски и европски оркестри, со водечки диригенти, градејќи повеќеслоен репертоар, кој се движи од барок, до современите дела, вклучувајќи ги и сопствените. Последното враќање на Сај на сцената беше со „Summer time“ и повторно беше испратен со стоечки аплауз и овации.

Диригент на концертот беше маестро Јерухам Шаровски од Израел, новиот шеф-диригент на Македонската филхармонија, а на програмата беше и уште едно дело на генијалниот Бетовен, неговата увертира „Егмонт“ оп.84, создадена по истоимената трагедија на Гете.

За време на својата кариера, маестро Јерухам Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 различни земји, вклучувајќи ги и серијата концерти со маестро Лорин Мазел, диригирајќи со Минхенската филхармонија во Германија и со Симфонискиот оркестар на Ерусалим заедно со Баварскиот радио-оркестар на концерти посветени на градот Ерусалим. Маестро Мазел ќе го предложи маестро Шаровски да биде и дел од жирито на „Мазел интернационалниот натпревар за диригенти“ (2002). Широк е неговиот репертоар и во однос на оперските изведби, а во последните години тој гради навистина успешна кариера на полето на едукацијата, одржувајќи мастер-часови на значајни универзитети во светот. Во моментов, маестро Шаровски ја извршува и функцијата шеф-диригент и уметнички директор на Македонската филхармонија.

The post Спектакуларно затворање на сезоната на Македонска филхармонија: Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај два пати се враќаше на бис appeared first on Република.

]]>
Реакција на поранешниот в.д. директор на НУ Филхармонија, М-р. Даниел Лазаровски по повод интервјуто со диригентот Јерухам Шаровски https://republika.mk/vesti/kultura/reaktsija-na-poraneshniot-v-d-direktor-na-nu-filharmonija-m-r-daniel-lazarovski-po-povod-intervjuto-so-dirigentot-jeruham-sharovski/ Sat, 13 Apr 2024 09:11:09 +0000 https://republika.mk/?p=765619

До редакцијата на „Република онлајн“ поранешниот в.д. директор на НУ Филхармонија, М-р. Даниел Лазаровски испрати реакција по повод објавеното интервју со диригентот Јерухам Шаровски.

Во продолжение ја објавуваме реакцијата во целост.

Реакција по повод интервјуто со Јерухам Шаровски

Почитувани, ви се обраќам по повод неодамнешното интервју со Јерухам Шаровски во кое што беа изнесени навреди, лаги и клевети кон мене и мојата работа како в.д. директор на НУ Филхармонија во периодот од пет месеци. Најпрво, би сакал да ве информирам за причината поради која Јерухам Шаровски во интервјуто го ословува периодот на моето раководење на институцијата како „мрачните времиња“, „тежок период“ и дека „по темнината доаѓа светлина“ и слични коментари. Причината за овие коментари би сакал да ја објаснам како повикан и прозван во неговото интервју. Имено, Јерухам Шаровски веќе еднаш беше во тесен избор за шеф диригент, меѓутоа тогашното раководство увиде дека тоа најдобар избор за иднината на оркестар, па во 2020 година му се даде шанса на одличниот млад романски диригент, Габриел Бебешелеа. Оттука почнуваат фрустрациите на Јерухам Шаровски, покажувајќи го своето незадоволство со одбивање на ангажмани во Македонија, а потоа и со вербални критики кон институцијата, раководството и музичарите во приватните комуникации со музичарите од оркестарот. Со доаѓањето на Тина Иванова, како раководител на институцијата, беа обновени контактите со Јерухам и тој повторно се наметна да диригира во годишната програма на Филхармонија, безобзирно погазувајќи ги сите зборови и критики кои самиот ги изрече за најстарата културна институција во Македонија. Кулминацијата на нелогичностите е постигната во Јуни минатата година, каде што непромислено и избрзано, без никаква нужност се потпишува договор кој што треба да важи од Јануари 2024, а кој прекршува низа закони и е спротивен на интересот на институцијата и културата во државата и единствен бенефит од тој договор е неговиот личен. Накратко, за на граѓаните да им биде јасно кој и како се расфрла со нивните пари, во договорот е предвидено: - „Шеф диригент“ кој ќе гостува само четири пати во годината, како што и гостуваат други диригенти без титулата шеф диригент. Како за споредба, шеф диригентот на соседна Белградска филхармонија, диригира минимум 12 концерти во една сезона. - „Уметнички директор“, повторно со доаѓање од само четири пати во годината, по пет дена, да одлучува за уметничката програма и развивање на институцијата, а притоа да добива астрономски бонуси за секој совет и консултација. Репутацијата на Јерухам Шаровски во меѓународните музички кругови е како диригент кој се пазари и условува уметници и диригенти за личен интерес, по принципот „натиго- дајмиго“. Токму оваа функција на „Уметнички директор“ му дозволува да ја користи Филхармонија исклучиво за свој личен бизнс и интерес. За потсетување, во Филхармонија се вработени двајца асистенти продуценти, чија примарна работа е токму тоа, да ја уредуваат годишната програма за институцијата. - Најголемата нелогичност во овој договор е што тој нема апсолутно никакви обврски кон Филхармонија, што ја става институцијата во подредена положба. - Договоро се базира исклучиво на усни ветувања за екскурзии на оркестарот, кои Јерухам нема никаква правна обврска да ги исполни, а доколку истите се исполнат, скапо ќе се платат од државните пари т.е. парите на граѓаните. Ова беше пракса во минатото, каде што гостувањата на Македонската Филхармонија во Израел и Кина, предводени од Шаровски, беа платени од средствата на касата на институцијата, настапија солисти од други држави со сомнителни квалитети, блиски на Јерухам, наместо домашни македонски музичари, а на одредени концерти дури и не стоеше репрезентативно име. Сметам дека не ни е потребен шеф диригент кој што ќе не шета на скапи екскурзии, СО НАШИ ПАРИ, а кој ќе ги спроведува своите лични агенди. Договорот крши и неколку закони, како : - Законот за јазици; истиот е склучен на само на англиски јазик. Иронијата оди дотаму што поранешната директорка која го склучила овој договор е поставена на позиција директор противзаконски, без задолжителен сертификат за англиски јазик. - Закон за работа со странци; не е утврден идентитетот на потписникот, бидејќи се комуницира со приватна електронска пошта од страна на Јерухам Шаровски. - Закон за култура; при потпишување на ваков тип на договори, потребно е да се прати допис до надлежното министерство и истото да се консултира за ангажирање на шеф диригент. Дополнителен сомнеж кон законитоста на договорот фрла фактот што потписот кој што се појавува на старите договори со Јерухам Шаровски и потписот кој е ставен на ништовниот договор, не се исти, а во официјалната електронска комуникација, недостасува прикачен и потпишан договор од негова страна. Овие факти, како и избрзаноста за потпишување на договор во Јуни 2023 со важност од Јануари 2024, фрла сомнеж за фалсификување на потпис, што е уште едно прекршување на закон. Покрај сите овие незаконитости и нелогичности, претседателот на синдикалната организација на Филхармонија, Владимир Лазаревски, јавно ги убедуваше и ги лажеше вработените и јавноста дека Јерухам веќе тужел, дотаму што г-дин Лазаревски веќе ја имаше изнесено пресудата и сумата (над 60 000 евра) која Филхармонија би ја платила заради нереализирањето на овој незаконит, ништовен и штетен договор. Ова фрла сомнеж и кон интересите кои ги има Владимир Лазаревски со потпишувањето на овој договор. Сомнеж фрла односот и инсистирањето на поранешната директорка Тина Иванова, која со своите структури и семејни врски, низ тесна врата ја наметнува програмата која токму таа ја правеше во текот на својот мандат и која беше сменета од моја страна поради ангажман на светски имиња, во споредба со дотогашните уметници со сомнителен квалитет, за сега повторно да се врати истата програма. Последниот инцидент, евидентиран во МВР, каде Тина Иванова физички и вербално ме нападна поради одредени медиумски пишувања, обвинувајќи ме мене за истите, покажуваат дека токму вистините кои јас гласно ги кажувам за бизнис интересите и криминалите во Филхармонија, почнувуват да ги загрижуваат главните чинители во истите. Во поглед на таканаречените „мрачни времиња“, би сакал да напоменам дека во моето пет месечното раководење на институцијата, беа донесени уметници како: Мануел Хернандез Силва, Алфонсо Скарано,Роберт Лакатош, Драган Ѓорѓевиќ, Кристијан Васкез, Пачо Флорез, Лео Рондон, Марина Хередиа, а за јубилејната 80 сезона, беа договорени уметници како Ана Софи Мутер, Џејмс Енес, Роман Ким, Јанин Јансен, Србољуб Диниќ, Зои Цоканоу. Ова се уметници однајвисок ранг, кои поради тешката достапност и презафатеноста навистина се предизвик да се ангажираат. Нивниот ангажман бил договаран исклучиво преку мои лични контакти и со тоа би се испишала нова историја на културата во Македнија. Договорена беше набавка на инструмент „контрафагот“ кој оркестарот на Македонска Филхармонија веќе 10 години го позајмува од други институции, а кој никој од претходните раководства не се ни осмелил да го набави поради високата вредност на инструментот но и недомаќинско работење. Неполни два месеци од моето поствување на функцијата в.д. директор, беше решено прашањето за потрошниот материјал кој поради неспособност на претходното раководство, не можеше да се реши речиси две години. Во поглед на финансиите, од денот на моето поставување па се до неправедното разрешување, состојбата на сметката беше петкратно зголемена, а притоа беа вратени стари долгови од судски спорови од претходните раководства. Беа наплатени стари долгови кон институцијата со сериозно високи износи, кои биле толерирани долго време од „непознати“ причини. Со ословување на овој период како „мрачно време“(за луѓето кои ја користат Филхармонија за свој личен бизнис интерес), јас сметам дека тоа е најсветлото време за Филхармонија и дополнително се потврдува дека одредени луѓе ја држат Филхармонија во заложништво и ја користат како средство за остварување на личните цели и бизнис интереси, а се тоа со државните пари од граѓаните. Ќе си дозволам да кажам дека на овој начин, допрва не очекуваат мрачни времиња. За крај ќе посочам дека човекот кој е поставен за шеф диригент на најстарата културна институција во Македонија, има репутација на диригент чиј пристап кон уметноста е исклучиво во лични бизнис интереси, забранувајќи настапи на солисти и диригенти кои не се согласуваат со неговите ставови и убедувања и кои не ги прифаќаат неговите бизнис игри. Дополнително, Јерухам Шаровски е познат по своите нехумани и расистички изјави во однос на муслиманите и Палестина, поистоветувајќи ги со „животни“, „нелуѓе“, „нечисти“, „луѓе кои не заслужуваат да живеат“ и „луѓе кои треба да им се покаже каде им е местото“. Верувам дека во едно мултирелигиско и мултиетничко општество како нашето, нема место за луѓе со вакви ставови.

Со почит,

М-р. Даниел Лазаровски

Поранешен в.д. директор на НУ Филхармонијa

https://republika.mk/vesti/kultura/orkestarot-na-makedonskata-filharmonija-mozhebi-nema-perfektna-tehnika-kako-germanskiot-nema-golem-budhet-kako-amerikanskiot-orkestar-no-ima-skrieno-oruzhje-a-toa-e-strasta/?fbclid=IwAR1VblnB4AJXqS1CiQJ9A5txAR5YrHWf4sBBjKmwwjmph3N2wvMLUAkTaVs

The post Реакција на поранешниот в.д. директор на НУ Филхармонија, М-р. Даниел Лазаровски по повод интервјуто со диригентот Јерухам Шаровски appeared first on Република.

]]>

До редакцијата на „Република онлајн“ поранешниот в.д. директор на НУ Филхармонија, М-р. Даниел Лазаровски испрати реакција по повод објавеното интервју со диригентот Јерухам Шаровски. Во продолжение ја објавуваме реакцијата во целост.
Реакција по повод интервјуто со Јерухам Шаровски Почитувани, ви се обраќам по повод неодамнешното интервју со Јерухам Шаровски во кое што беа изнесени навреди, лаги и клевети кон мене и мојата работа како в.д. директор на НУ Филхармонија во периодот од пет месеци. Најпрво, би сакал да ве информирам за причината поради која Јерухам Шаровски во интервјуто го ословува периодот на моето раководење на институцијата како „мрачните времиња“, „тежок период“ и дека „по темнината доаѓа светлина“ и слични коментари. Причината за овие коментари би сакал да ја објаснам како повикан и прозван во неговото интервју. Имено, Јерухам Шаровски веќе еднаш беше во тесен избор за шеф диригент, меѓутоа тогашното раководство увиде дека тоа најдобар избор за иднината на оркестар, па во 2020 година му се даде шанса на одличниот млад романски диригент, Габриел Бебешелеа. Оттука почнуваат фрустрациите на Јерухам Шаровски, покажувајќи го своето незадоволство со одбивање на ангажмани во Македонија, а потоа и со вербални критики кон институцијата, раководството и музичарите во приватните комуникации со музичарите од оркестарот. Со доаѓањето на Тина Иванова, како раководител на институцијата, беа обновени контактите со Јерухам и тој повторно се наметна да диригира во годишната програма на Филхармонија, безобзирно погазувајќи ги сите зборови и критики кои самиот ги изрече за најстарата културна институција во Македонија. Кулминацијата на нелогичностите е постигната во Јуни минатата година, каде што непромислено и избрзано, без никаква нужност се потпишува договор кој што треба да важи од Јануари 2024, а кој прекршува низа закони и е спротивен на интересот на институцијата и културата во државата и единствен бенефит од тој договор е неговиот личен. Накратко, за на граѓаните да им биде јасно кој и како се расфрла со нивните пари, во договорот е предвидено: - „Шеф диригент“ кој ќе гостува само четири пати во годината, како што и гостуваат други диригенти без титулата шеф диригент. Како за споредба, шеф диригентот на соседна Белградска филхармонија, диригира минимум 12 концерти во една сезона. - „Уметнички директор“, повторно со доаѓање од само четири пати во годината, по пет дена, да одлучува за уметничката програма и развивање на институцијата, а притоа да добива астрономски бонуси за секој совет и консултација. Репутацијата на Јерухам Шаровски во меѓународните музички кругови е како диригент кој се пазари и условува уметници и диригенти за личен интерес, по принципот „натиго- дајмиго“. Токму оваа функција на „Уметнички директор“ му дозволува да ја користи Филхармонија исклучиво за свој личен бизнс и интерес. За потсетување, во Филхармонија се вработени двајца асистенти продуценти, чија примарна работа е токму тоа, да ја уредуваат годишната програма за институцијата. - Најголемата нелогичност во овој договор е што тој нема апсолутно никакви обврски кон Филхармонија, што ја става институцијата во подредена положба. - Договоро се базира исклучиво на усни ветувања за екскурзии на оркестарот, кои Јерухам нема никаква правна обврска да ги исполни, а доколку истите се исполнат, скапо ќе се платат од државните пари т.е. парите на граѓаните. Ова беше пракса во минатото, каде што гостувањата на Македонската Филхармонија во Израел и Кина, предводени од Шаровски, беа платени од средствата на касата на институцијата, настапија солисти од други држави со сомнителни квалитети, блиски на Јерухам, наместо домашни македонски музичари, а на одредени концерти дури и не стоеше репрезентативно име. Сметам дека не ни е потребен шеф диригент кој што ќе не шета на скапи екскурзии, СО НАШИ ПАРИ, а кој ќе ги спроведува своите лични агенди. Договорот крши и неколку закони, како : - Законот за јазици; истиот е склучен на само на англиски јазик. Иронијата оди дотаму што поранешната директорка која го склучила овој договор е поставена на позиција директор противзаконски, без задолжителен сертификат за англиски јазик. - Закон за работа со странци; не е утврден идентитетот на потписникот, бидејќи се комуницира со приватна електронска пошта од страна на Јерухам Шаровски. - Закон за култура; при потпишување на ваков тип на договори, потребно е да се прати допис до надлежното министерство и истото да се консултира за ангажирање на шеф диригент. Дополнителен сомнеж кон законитоста на договорот фрла фактот што потписот кој што се појавува на старите договори со Јерухам Шаровски и потписот кој е ставен на ништовниот договор, не се исти, а во официјалната електронска комуникација, недостасува прикачен и потпишан договор од негова страна. Овие факти, како и избрзаноста за потпишување на договор во Јуни 2023 со важност од Јануари 2024, фрла сомнеж за фалсификување на потпис, што е уште едно прекршување на закон. Покрај сите овие незаконитости и нелогичности, претседателот на синдикалната организација на Филхармонија, Владимир Лазаревски, јавно ги убедуваше и ги лажеше вработените и јавноста дека Јерухам веќе тужел, дотаму што г-дин Лазаревски веќе ја имаше изнесено пресудата и сумата (над 60 000 евра) која Филхармонија би ја платила заради нереализирањето на овој незаконит, ништовен и штетен договор. Ова фрла сомнеж и кон интересите кои ги има Владимир Лазаревски со потпишувањето на овој договор. Сомнеж фрла односот и инсистирањето на поранешната директорка Тина Иванова, која со своите структури и семејни врски, низ тесна врата ја наметнува програмата која токму таа ја правеше во текот на својот мандат и која беше сменета од моја страна поради ангажман на светски имиња, во споредба со дотогашните уметници со сомнителен квалитет, за сега повторно да се врати истата програма. Последниот инцидент, евидентиран во МВР, каде Тина Иванова физички и вербално ме нападна поради одредени медиумски пишувања, обвинувајќи ме мене за истите, покажуваат дека токму вистините кои јас гласно ги кажувам за бизнис интересите и криминалите во Филхармонија, почнувуват да ги загрижуваат главните чинители во истите. Во поглед на таканаречените „мрачни времиња“, би сакал да напоменам дека во моето пет месечното раководење на институцијата, беа донесени уметници како: Мануел Хернандез Силва, Алфонсо Скарано,Роберт Лакатош, Драган Ѓорѓевиќ, Кристијан Васкез, Пачо Флорез, Лео Рондон, Марина Хередиа, а за јубилејната 80 сезона, беа договорени уметници како Ана Софи Мутер, Џејмс Енес, Роман Ким, Јанин Јансен, Србољуб Диниќ, Зои Цоканоу. Ова се уметници однајвисок ранг, кои поради тешката достапност и презафатеноста навистина се предизвик да се ангажираат. Нивниот ангажман бил договаран исклучиво преку мои лични контакти и со тоа би се испишала нова историја на културата во Македнија. Договорена беше набавка на инструмент „контрафагот“ кој оркестарот на Македонска Филхармонија веќе 10 години го позајмува од други институции, а кој никој од претходните раководства не се ни осмелил да го набави поради високата вредност на инструментот но и недомаќинско работење. Неполни два месеци од моето поствување на функцијата в.д. директор, беше решено прашањето за потрошниот материјал кој поради неспособност на претходното раководство, не можеше да се реши речиси две години. Во поглед на финансиите, од денот на моето поставување па се до неправедното разрешување, состојбата на сметката беше петкратно зголемена, а притоа беа вратени стари долгови од судски спорови од претходните раководства. Беа наплатени стари долгови кон институцијата со сериозно високи износи, кои биле толерирани долго време од „непознати“ причини. Со ословување на овој период како „мрачно време“(за луѓето кои ја користат Филхармонија за свој личен бизнис интерес), јас сметам дека тоа е најсветлото време за Филхармонија и дополнително се потврдува дека одредени луѓе ја држат Филхармонија во заложништво и ја користат како средство за остварување на личните цели и бизнис интереси, а се тоа со државните пари од граѓаните. Ќе си дозволам да кажам дека на овој начин, допрва не очекуваат мрачни времиња. За крај ќе посочам дека човекот кој е поставен за шеф диригент на најстарата културна институција во Македонија, има репутација на диригент чиј пристап кон уметноста е исклучиво во лични бизнис интереси, забранувајќи настапи на солисти и диригенти кои не се согласуваат со неговите ставови и убедувања и кои не ги прифаќаат неговите бизнис игри. Дополнително, Јерухам Шаровски е познат по своите нехумани и расистички изјави во однос на муслиманите и Палестина, поистоветувајќи ги со „животни“, „нелуѓе“, „нечисти“, „луѓе кои не заслужуваат да живеат“ и „луѓе кои треба да им се покаже каде им е местото“. Верувам дека во едно мултирелигиско и мултиетничко општество како нашето, нема место за луѓе со вакви ставови. Со почит, М-р. Даниел Лазаровски Поранешен в.д. директор на НУ Филхармонијa
https://republika.mk/vesti/kultura/orkestarot-na-makedonskata-filharmonija-mozhebi-nema-perfektna-tehnika-kako-germanskiot-nema-golem-budhet-kako-amerikanskiot-orkestar-no-ima-skrieno-oruzhje-a-toa-e-strasta/?fbclid=IwAR1VblnB4AJXqS1CiQJ9A5txAR5YrHWf4sBBjKmwwjmph3N2wvMLUAkTaVs

The post Реакција на поранешниот в.д. директор на НУ Филхармонија, М-р. Даниел Лазаровски по повод интервјуто со диригентот Јерухам Шаровски appeared first on Република.

]]>
Оркестарот на Македонската филхармонија можеби нема перфектна техника како германскиот, нема голем буџет како американскиот оркестар, но има скриено оружје, а тоа е страста https://republika.mk/vesti/kultura/orkestarot-na-makedonskata-filharmonija-mozhebi-nema-perfektna-tehnika-kako-germanskiot-nema-golem-budhet-kako-amerikanskiot-orkestar-no-ima-skrieno-oruzhje-a-toa-e-strasta/ Mon, 01 Apr 2024 08:38:00 +0000 https://republika.mk/?p=760803

Роден во Буенос Аирес, Аргентина, маестро Јерухам Шаровски рано започнува да изучува музика, а потоа студира флејта, контрабас, композиција и диригирање на Националниот конзерваториум за музика во неговиот град. Во раните 70-ти имигрира во Израел каде што дипломирана Академијата за музика „Рубин“ во Ерусалим под палката на проф. Менди Родан. Во 1990 година, Шаровски ќе биде избран од славниот маестро Зубин Мехта да ја прими наградата „Млад артист на годината“ кога ќе ја добие и привилегијата да диригира со Израелската филхармонија, како и со другите поголеми оркестри во Израел.
По турнејата во поранешна СССР која за него ќе биде значајна во кариерата, во 1991 година станува уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар „Раанана“ во Израел. Под палката на Шаровски овој оркестар ќе стане еден од најпопуларните симфонски ансамбли изведувајќи стотици дела и надвор од земјата. Од 98 до 2004 маестро Шаровски ќе раководи и со Бразилскиот симфониски оркестар на Рио де Женеиро со кој ќе патува на турнеи во Бразил и во Европа и ќе сними четири ЦД-иња. Тогаш Шаровски ќе го формира Младиот симфоники оркестар на Бразил кој ќе стане еден од најпознатите ансамбли во земјата. Со БСО ќе замине на турнеја и во САД, кога во „Централ парк“ во Њујорк, како и во „Линколн“ центарот ќе одржи концерти пред 50 илјадна публика кои ќе бидат високо оценети од публиката и критиката.
За време на својата кариера, маестро Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 различни земји, вклучувајќи ги и серијата концерти со маестро Лорин Мазел, диригирајќи со Минхенската филхармонија во Германија и со Симфонискиот оркестар на Ерусалимз аедно со Баварскиот радио-оркестар на концерти посветени на градот Ерусалим. Маестро Мазел ќе го предложи маестро Шаровски да биде и дел од жирито на „Мазел интернационалниот натпревар за диригенти“ (2002). Широк е неговиот репертоар и во однос на оперските изведби, а во последните години тој гради навистина успешна кариера на полето на едукацијата, одржувајќи мастер часови на значајни универзитети во светот.
Маестро Јерухам Шаровски е долгогодишен пријател на Македонската филхармонија, долгогодишен соработник, диригент, но и уметнички консултант, а сега и во наредните две години, како шеф диригент, ќе се заложи за побогати содржини, кои ќе значат многу не само за институцијата туку и воопшто за целокупната музичка култура во земјата.

Од првиот ден кога дојдов во Македонија во 2003 година, пред 21 година, се чувствувам како дома. А јас сум човек кој постојано патува. Сум диригирал во повеќе од 28 земји и не се чувствувате секаде така. Некаде чувството е необично. Овде, не знам дали е поради самата земја или поради луѓето, но јас секогаш се чувствувам како дома. Не знам како да си го објаснам тоа, но така е, вели маестро Шаровски на почетокот од нашиот разговор.

Македонската филхармонија ја продолжи соработката со Вас, како шеф-диригент, која започна минатата концертна сезона. Може ли за пошироката публика, најпрво да прецизираме што значи да се биде шеф- диригент?

За одговорот на ова прашање морам да се навратам малку наназад. Оркестарот денеска се наоѓа на многу важна појдовна точка, не само поради мене, туку поради Ангелина, која во моментов е в.д. директор на Филхармонијата и поради расположението на музичарите. Чувстувам дека ова е почеток на нов ден. Од денот кога пристигнав сите се расположени, полни со енергија и надеж, амбиција за убави видици и мислам дека музичарите согледуваат дека имаат можност да направат нешто ново, нешто правилно и успешно. Поминаа низ тежок период, а во животот секогаш е така, по темнината доаѓа светлина. И сега ние сме таму, ја чувствувам енергијата на музичарите. Секогаш кога доаѓам сум добро дочекан, но овој пат особено топло и пријателски ме пречекаа. Ми кажаа дека сум назначен за шеф-диригент, уметнички директор, што во секој оркестар, а сум диригирал со повеќе од 60 професионални оркестри во животот, шеф-диригент е оној што ја прави програмата, одлучува за солистите, за гостите-диригенти, каков репертоар сакаат да свират

Но, јас мислам поинаку. Сметам дека две глави размислуваат подобро од една. Се разбира, шест или седум глави на професионални и искусни музичари, луѓе со долга километража професионална работа зад нив, уште подобро размислуваат, а јас сум тука за да ги обединам сите нив. Има различни мислења, но крајниот резултат е секогаш добар затоа што е збир од многу искуства, добра воља и желбата да се дојде до саканата цел. Се чувствувам привилегиран кога не се согласуваат со мене, бидејќи така учам дека не постои само еден начин за да се постигне целта. Постојат повеќе начини, само треба да се слуша. Од друга страна, пак, оркестарот го познавам 20 години. Зад мене имам долго професионално искуство и ова наше заедништво го гледам како маж кој после долго време ќе се ожени со жената што цел живот ја сакал. Многу се радувам на оваа соработка.

Што претставува музиката за Вас? Како дојде до тоа да одлучите таа да биде Ваша животна определба?

Не одлучив. Јас сум едноставно музичар, роден сум како музичар. Се сеќевам дека од најрана возраст свирев гитара, флејта, пијано… Кога имав 7 години, мојот чичко ме одведе во Операта во Росарио, мал град во Јужна Америка. Малку ја подотвори вратата од салата каде свиреше оркестарот. Говорам за шеесеттите години. Кога го чув како свири оркестарот се наежив, како струја да ми помина низ телото. Му реков, ајде да одиме на концерт, но не можевме да си го дозволиме тоа, бевме сиромашни и картата за концерт беше прескапа за нас. А сега кога се враќам во таа сала, во тој круг, бидејќи така е поставена, така изгледа, им ја раскажувам приказната и им велам дека ми беа потребни 50 години за да влезам повторно внатре. Но, музиката секогаш беше тука. Се образував во Израел и во Рим и во моментов кога почнав да диригирам, не застанав. Постојано диригирав, диригирав, а често за тоа приватниот живот ја плаќа цената. Се разведов, бидејќи ниту еден партнер не може да живее кога другиот е постојано на пат. Но, не жалам. Иако многу го сакам моето семејство, јас сум посветен на музиката. Сѐ уште ја имам истата страст како на почетокот. Пред секој концерт јас сум возбуден како од пред 40 години. И го сакам тоа чувство кога секој настап е како прв. Излегувате на сцената и давате сѐ од себе како да е прв настап.

Неделава сте во Скопје, со цел да се сретнете со музичарите и со уметничкиот одбор, за да се докомплетира годишната програма. Дали сте задоволни од досегашните средби? Се заокружи ли програмата?

Се случи нешто многу чудно. Мислевме дека е невозможно да функционира Одборот во овој нов формат. А, чинам дека овој оркестар никогаш не работел на овој начин. Директорката е сосема отворена со музичарите, ние работиме за нив, а не тие за нас. Уметничкиот директор исто така е отворен за соработка без задршки, а музичарите сега слушаат, се гледаат себеси дека всушност имаат глас кој се слуша. Не се само бројки, некој ја препознава нашата професионалност, искуство… Сите тие се одлични музичари, секој еден од нив има големо искуство и се плашев како тоа ќе изгледа, но излезе многу подобро од што се надевавме. Таа симбиоза и динамика одлично функционира. Секој може да го каже своето мислење, се согласуваме или не, но, заеднички доаѓаме до заклучоци и среќни сме зошто го правиме тоа заедно. Правиме унија од концепти и стратегии, искуства, идеи…, а дикусијата е секогаш добродојдена, бидејќи доаѓа од различни агли и добро е да се слуша и да се биде слушнат. Најтешкиот ден не е денот на Револуцијата, туку тој по него, зошто тогаш треба да престанете да зборувате и да почнете да работите.

 

Концертните настани за оваа и за наредната сезона, всушност се прослава на големиот јубилеј – 80 години од постоењето на Македонската филхармонија, нашата најстара национална музичка институција. Како ќе се одбележи овој јубилеј?

Имавме план да направиме прекрасна турнеја во Шпанија, но таа беше откажана и сега е мошне тешко повторно да се обнови договорот. Кога еднаш ќе разочарате некого, несериозно е повторно да барате доверба. Да се изгради е тешко, одзема време, енергија, лична заложба…, а да се уништи е многу лесно. Со лоши постапки многу лесно уништувате години на работа, наследство, етичко однесување, професионализам. Тоа што овде се случи, во оваа институција, може во иднина да има многу сериозни и длабоки последици. Работиме да го надминеме тоа. Уметничкот свет е многу мал и странските менаџери и уметници веднаш ја добија таа информација, па можеби повеќе нема да сакаат да бидат поврзани на никаков начин со овој оркестар. За среќа, министерката за култура навреме го согледа проблемот и презеде итни чекори да го смени поранешниот директор кој беше на функција само пет месеци и сега сите работиме со полна пареа, почнувајќи од библиотекарот до директорката, музичарите, разгледуваме како да се подобри ситуацијата. Денеска три часа разговаравме, правиме нова програма, вклучувајќи ги најдобрите македонски музичари, дела, солисти, за да му дадеме простор на македонскиот талент од секоја област, а планираме и турнеи. И претходно патувавме во Кина, во Израел, но сега мораме да ги реорганизираме плановите. Можеби ќе успееме да го обновиме договорот за гостување во Шпанија, а имаме и добри понуди за Јужна Америка. Но, за тоа треба да се одлучува подоцна во консултации со Министерството за култура, Министерството за надворешни работи, амбасадорите итн. Сепак, која и да биде избраната опција, ќе биде одлично, а се разбира програмата ќе биде симболична, неверојатна и пригодна за одбележување на јубилејот.

 

Ќе настапите како диригент на 23 мај, на свеченото официјално затворање на годинешната концертна сезона, и потоа на 10 октомври, на свеченото отворање на новата концертна сезона, кога ќе му се даде силен акцент на 80-годишниот јубилеј. Што е предвидено за овие концерти?

Контактиравме неколкумина од најголемите меѓународни музички имиња, но не можеме да откриеме кој ќе дојде на отворањето и на затворањето на сезоната, бидејќи чекаме одговори. Доцниме и со тоа поради сите овие проблеми за кои претходно ви говорев и работите едноставно беа заглавени. Сега, репрограмираме сѐ, но сметаме на три или четири најголеми имиња од светот на класичната музика. Сѐ зависи од тоа дали ќе бидат слободни во тоа време. Знаете, уметниците програмата ја прават за три години однапред. Штом добиеме повратен одговор, веднаш ќе известиме, но целта ни се големи имиња, големи уметници да дојдат во Македонија и да настапат со овој прекрасен оркестар.

Одлично го познавате нашиот филхармониски оркестар, сте настапувале многупати во изминативе децении, какви се вашите впечатоци?

Многу пати сум кажал, имате скриено оружје. Овој оркестар можеби нема перфектна техника како германскиот, нема голем буџет како американскиот оркестар, но има скриено оружје, а тоа е страста. Вчера секој еден од нив го дишеше Шуман. Свиреа длабоко, чувствително, искрено… Знаете, и останатите оркестри го свират Шуман, но за нив тоа е само работа, а Македонската филхармонија го прави тоа со сето срце. Вчерашниот концерт беше возбудлив, длабок, богат, свеж и сфатив дека сме на добар пат. Тоа е карактеристиката на овој оркестар - вољата да се биде високо професионален уметник. Не прашуваат колку ќе бидат платени, тие едноставно свират и даваат сѐ од себе. Затоа ги сакам - тоа се луѓе со кои сакам да ја споделувам мојата љубов кон музиката.

 

Каква е улогата на диригентот во денешно време? Се смени ли современиот контекст и значење на оваа професија или останаа исти?

Не знам дали се сменил, но знам дека јас не верувам во стариот концепт, во смисла на Тосканини, Карајан, кога диригентот е еден вид диктатор кој кажува сѐ и знае сѐ и секогаш е во право. Сметам дека денешниот модерен концепт, кога оркестарот предводи сѐ што се случува внатре е добар. Тоа го научив во Изралескиот оркестар и маестро Зубин Мехта, каде музичарите се вклучени во секоја одлука. Кога ним им се дава авторитет, добивате одговорност, соработка, партнерство и јас верувам во таа формула. Бидејќи, никој не знае сѐ, а заедно знаеме повеќе. Никој не ги знае сите одговори, но заедно знаеме и повеќе и подобри одговори, зашто сме разгледале сѐ од повеќе агли. Мислам во денешно време функцијата на шеф-диригент е медијаторство. Во денешните дискусии сите ги прашував што мислат за одредени прашања со цел да се отвори дискусија. Не сакам само јас да зборувам, а тие само да слушаат. Ги охрабрувам секој да го каже своето мислење: зошто „да“, и зошто „не“. Тоа е продуктивно и корисно. По два состанока ние веќе ја завршивме програмата.

 

Сте настапувале и со славниот маестро Лорин Мазел. Кажете ни нешто повеќе за тоа.

Лорин Мазел - голем музичар и прекрасна личност. Случајно се запознав со него. Диригирав со Симфонискиот оркестар на Ерусалим, а тој сакаше да организира голем концерт по повод одбележувањето на 3.000 години постоење на Ерусалим и предложи заеднички концерт на двата оркестри - Симфонискиот оркестар на Ерусалим и Радио - оркестарот на Минхен. Во тоа време во Минхенскиот оркестар беа најголемите светски солисти. Како да одите на пазар за риба и не знаете што да изберете. Јас го диригирав првиот дел, тоа беше ново дело со симболичен наслов „Флејта 3.000“ за 3.000 години Ерусалим и содржеше мелодии кои ги слушате во стариот дел на градот: малку арапски мелодии, малку христијански молитви, еврејска музика…, бидејќи стариот град всушност е тоа, а потоа сите тие мелодии заедно. Композиторот беше Шломо Гроних и јас го диригирав првиот дел, а Мазел вториот дел, насловен „Седум капии на Ерусалим“, кој беше напишан од славниот Пендерецки.
Во текот на соработката се спријателивме. Мазел знаеше дека говорам неколку јазици и подоцна ме покани да бидам во жири на натпревар за диригенти насловен „Мазел-Винал“ и патувавме во Токио, Њујорк и Сао Паоло, каде во текот на три недели стекнав прекрасно искуство. Беше интересно да се следи како тој ги вреднува кандидатите. Тој не само што е голем музичар, тој е и голем идеолог. Разговарав со него не само за музика, за многу други нешта.
Постојат три личности, музичари на кои им се восхитувам. Првиот, кој беше мошне груб со мене додека бев на мастер
-клас кај него бешe Леонард Бернштајн. Тоа се случуваше во Њујорк во 1984/85 година. Еднаш диригирав дело од Густав Малер и тој извика:Неее, ти се отклонуваш!. Прашав: Зошто, маестро? Го диригирам мошне германски“. „Па, токму во тоа е проблемот“, ми рече. „Малер е банален, тој е Евреин. Ќе го диригираш така каков што е Малер. Ако не го разбираш значењето, духот, желбата на композиторот, тогаш ја диригираш сопствената музика, а не неговата. Немој да бегаш од тоа што го сака композиторот. Не треба да го правиш она што ти го сакаш“. Во моментот се чувствував непријатно пред толку многу луѓе, пред оркестарот, но со текот на годините разбрав што сакаше да ми каже и беше неверојатно во право. Не е твое да одлучуваш, композиторот одлучува.
Втората личност на која и должам многу, бидејќи тој ми помогна во мојата кариера
, е маестро Зубин Мехта. Во 1990 година бев избран од маестро Мехта за добитник на наградата „Млад уметник на годината“ на Израел. Во тоа време, во Израел живеев во Кибуц. Патував три часа до Тел Авив за да учествувам на натпреварот. Три дена имаше испити, неколку степени на полагање пред диригирањето и успеав да ја добијам првата награда. Потоа можев да диригирам. Веднаш добив покана од многу оркестри, дури од еден од Бразил кој правеше концерт во Рио Де Жанеиро по повод 40 години Израел. Концертот беше одличен, подоцна станав Уметничи директор на оркестарот и тоа беше почетокот, а подоцна диригирав во многу земји низ цел свет. По многу години токму во Рио Де Жанеиро се сретнавме со маестро Зубин Мехта и најпрвин не можеше да се сети кој сум, но по кус разговор ми рече: „А, момчето од Кибуц“. Многу сум среќен што не можам да се сетам на сите имиња на кои сум им помогнал да успеат“, додаде. Се разбира, тој помогнал на многумина, па не може да ги запамети сите. Секоја средба со него ми е посебна.
Ете тие тројца музичари
– големите имиња Бернштајн, Мехта и Мазел се луѓето од кои учев. Многу пати кога диригирав си мислев што мислат тие за мојата работа. Но, веќе имам 67 години и сега сум во позиција да охрабрувам други помлади диригенти. И би сакал и овде да го отвориме оркестарот за млади диригенти. Да доаѓаат во Македонија на семинари, да учат и потоа да диригираат со оркестарот, па така да ги дефинираме идните големи таленти од Македонија.

 

разговараше Невена Поповска

The post Оркестарот на Македонската филхармонија можеби нема перфектна техника како германскиот, нема голем буџет како американскиот оркестар, но има скриено оружје, а тоа е страста appeared first on Република.

]]>

Роден во Буенос Аирес, Аргентина, маестро Јерухам Шаровски рано започнува да изучува музика, а потоа студира флејта, контрабас, композиција и диригирање на Националниот конзерваториум за музика во неговиот град. Во раните 70-ти имигрира во Израел каде што дипломирана Академијата за музика „Рубин“ во Ерусалим под палката на проф. Менди Родан. Во 1990 година, Шаровски ќе биде избран од славниот маестро Зубин Мехта да ја прими наградата „Млад артист на годината“ кога ќе ја добие и привилегијата да диригира со Израелската филхармонија, како и со другите поголеми оркестри во Израел. По турнејата во поранешна СССР која за него ќе биде значајна во кариерата, во 1991 година станува уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар „Раанана“ во Израел. Под палката на Шаровски овој оркестар ќе стане еден од најпопуларните симфонски ансамбли изведувајќи стотици дела и надвор од земјата. Од 98 до 2004 маестро Шаровски ќе раководи и со Бразилскиот симфониски оркестар на Рио де Женеиро со кој ќе патува на турнеи во Бразил и во Европа и ќе сними четири ЦД-иња. Тогаш Шаровски ќе го формира Младиот симфоники оркестар на Бразил кој ќе стане еден од најпознатите ансамбли во земјата. Со БСО ќе замине на турнеја и во САД, кога во „Централ парк“ во Њујорк, како и во „Линколн“ центарот ќе одржи концерти пред 50 илјадна публика кои ќе бидат високо оценети од публиката и критиката. За време на својата кариера, маестро Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 различни земји, вклучувајќи ги и серијата концерти со маестро Лорин Мазел, диригирајќи со Минхенската филхармонија во Германија и со Симфонискиот оркестар на Ерусалимз аедно со Баварскиот радио-оркестар на концерти посветени на градот Ерусалим. Маестро Мазел ќе го предложи маестро Шаровски да биде и дел од жирито на „Мазел интернационалниот натпревар за диригенти“ (2002). Широк е неговиот репертоар и во однос на оперските изведби, а во последните години тој гради навистина успешна кариера на полето на едукацијата, одржувајќи мастер часови на значајни универзитети во светот. Маестро Јерухам Шаровски е долгогодишен пријател на Македонската филхармонија, долгогодишен соработник, диригент, но и уметнички консултант, а сега и во наредните две години, како шеф диригент, ќе се заложи за побогати содржини, кои ќе значат многу не само за институцијата туку и воопшто за целокупната музичка култура во земјата.

Од првиот ден кога дојдов во Македонија во 2003 година, пред 21 година, се чувствувам како дома. А јас сум човек кој постојано патува. Сум диригирал во повеќе од 28 земји и не се чувствувате секаде така. Некаде чувството е необично. Овде, не знам дали е поради самата земја или поради луѓето, но јас секогаш се чувствувам како дома. Не знам како да си го објаснам тоа, но така е, вели маестро Шаровски на почетокот од нашиот разговор.

Македонската филхармонија ја продолжи соработката со Вас, како шеф-диригент, која започна минатата концертна сезона. Може ли за пошироката публика, најпрво да прецизираме што значи да се биде шеф- диригент?
За одговорот на ова прашање морам да се навратам малку наназад. Оркестарот денеска се наоѓа на многу важна појдовна точка, не само поради мене, туку поради Ангелина, која во моментов е в.д. директор на Филхармонијата и поради расположението на музичарите. Чувстувам дека ова е почеток на нов ден. Од денот кога пристигнав сите се расположени, полни со енергија и надеж, амбиција за убави видици и мислам дека музичарите согледуваат дека имаат можност да направат нешто ново, нешто правилно и успешно. Поминаа низ тежок период, а во животот секогаш е така, по темнината доаѓа светлина. И сега ние сме таму, ја чувствувам енергијата на музичарите. Секогаш кога доаѓам сум добро дочекан, но овој пат особено топло и пријателски ме пречекаа. Ми кажаа дека сум назначен за шеф-диригент, уметнички директор, што во секој оркестар, а сум диригирал со повеќе од 60 професионални оркестри во животот, шеф-диригент е оној што ја прави програмата, одлучува за солистите, за гостите-диригенти, каков репертоар сакаат да свират Но, јас мислам поинаку. Сметам дека две глави размислуваат подобро од една. Се разбира, шест или седум глави на професионални и искусни музичари, луѓе со долга километража професионална работа зад нив, уште подобро размислуваат, а јас сум тука за да ги обединам сите нив. Има различни мислења, но крајниот резултат е секогаш добар затоа што е збир од многу искуства, добра воља и желбата да се дојде до саканата цел. Се чувствувам привилегиран кога не се согласуваат со мене, бидејќи така учам дека не постои само еден начин за да се постигне целта. Постојат повеќе начини, само треба да се слуша. Од друга страна, пак, оркестарот го познавам 20 години. Зад мене имам долго професионално искуство и ова наше заедништво го гледам како маж кој после долго време ќе се ожени со жената што цел живот ја сакал. Многу се радувам на оваа соработка.
Што претставува музиката за Вас? Како дојде до тоа да одлучите таа да биде Ваша животна определба?
Не одлучив. Јас сум едноставно музичар, роден сум како музичар. Се сеќевам дека од најрана возраст свирев гитара, флејта, пијано… Кога имав 7 години, мојот чичко ме одведе во Операта во Росарио, мал град во Јужна Америка. Малку ја подотвори вратата од салата каде свиреше оркестарот. Говорам за шеесеттите години. Кога го чув како свири оркестарот се наежив, како струја да ми помина низ телото. Му реков, ајде да одиме на концерт, но не можевме да си го дозволиме тоа, бевме сиромашни и картата за концерт беше прескапа за нас. А сега кога се враќам во таа сала, во тој круг, бидејќи така е поставена, така изгледа, им ја раскажувам приказната и им велам дека ми беа потребни 50 години за да влезам повторно внатре. Но, музиката секогаш беше тука. Се образував во Израел и во Рим и во моментов кога почнав да диригирам, не застанав. Постојано диригирав, диригирав, а често за тоа приватниот живот ја плаќа цената. Се разведов, бидејќи ниту еден партнер не може да живее кога другиот е постојано на пат. Но, не жалам. Иако многу го сакам моето семејство, јас сум посветен на музиката. Сѐ уште ја имам истата страст како на почетокот. Пред секој концерт јас сум возбуден како од пред 40 години. И го сакам тоа чувство кога секој настап е како прв. Излегувате на сцената и давате сѐ од себе како да е прв настап.
Неделава сте во Скопје, со цел да се сретнете со музичарите и со уметничкиот одбор, за да се докомплетира годишната програма. Дали сте задоволни од досегашните средби? Се заокружи ли програмата?
Се случи нешто многу чудно. Мислевме дека е невозможно да функционира Одборот во овој нов формат. А, чинам дека овој оркестар никогаш не работел на овој начин. Директорката е сосема отворена со музичарите, ние работиме за нив, а не тие за нас. Уметничкиот директор исто така е отворен за соработка без задршки, а музичарите сега слушаат, се гледаат себеси дека всушност имаат глас кој се слуша. Не се само бројки, некој ја препознава нашата професионалност, искуство… Сите тие се одлични музичари, секој еден од нив има големо искуство и се плашев како тоа ќе изгледа, но излезе многу подобро од што се надевавме. Таа симбиоза и динамика одлично функционира. Секој може да го каже своето мислење, се согласуваме или не, но, заеднички доаѓаме до заклучоци и среќни сме зошто го правиме тоа заедно. Правиме унија од концепти и стратегии, искуства, идеи…, а дикусијата е секогаш добродојдена, бидејќи доаѓа од различни агли и добро е да се слуша и да се биде слушнат. Најтешкиот ден не е денот на Револуцијата, туку тој по него, зошто тогаш треба да престанете да зборувате и да почнете да работите.  
Концертните настани за оваа и за наредната сезона, всушност се прослава на големиот јубилеј – 80 години од постоењето на Македонската филхармонија, нашата најстара национална музичка институција. Како ќе се одбележи овој јубилеј?
Имавме план да направиме прекрасна турнеја во Шпанија, но таа беше откажана и сега е мошне тешко повторно да се обнови договорот. Кога еднаш ќе разочарате некого, несериозно е повторно да барате доверба. Да се изгради е тешко, одзема време, енергија, лична заложба…, а да се уништи е многу лесно. Со лоши постапки многу лесно уништувате години на работа, наследство, етичко однесување, професионализам. Тоа што овде се случи, во оваа институција, може во иднина да има многу сериозни и длабоки последици. Работиме да го надминеме тоа. Уметничкот свет е многу мал и странските менаџери и уметници веднаш ја добија таа информација, па можеби повеќе нема да сакаат да бидат поврзани на никаков начин со овој оркестар. За среќа, министерката за култура навреме го согледа проблемот и презеде итни чекори да го смени поранешниот директор кој беше на функција само пет месеци и сега сите работиме со полна пареа, почнувајќи од библиотекарот до директорката, музичарите, разгледуваме како да се подобри ситуацијата. Денеска три часа разговаравме, правиме нова програма, вклучувајќи ги најдобрите македонски музичари, дела, солисти, за да му дадеме простор на македонскиот талент од секоја област, а планираме и турнеи. И претходно патувавме во Кина, во Израел, но сега мораме да ги реорганизираме плановите. Можеби ќе успееме да го обновиме договорот за гостување во Шпанија, а имаме и добри понуди за Јужна Америка. Но, за тоа треба да се одлучува подоцна во консултации со Министерството за култура, Министерството за надворешни работи, амбасадорите итн. Сепак, која и да биде избраната опција, ќе биде одлично, а се разбира програмата ќе биде симболична, неверојатна и пригодна за одбележување на јубилејот.  
Ќе настапите како диригент на 23 мај, на свеченото официјално затворање на годинешната концертна сезона, и потоа на 10 октомври, на свеченото отворање на новата концертна сезона, кога ќе му се даде силен акцент на 80-годишниот јубилеј. Што е предвидено за овие концерти?
Контактиравме неколкумина од најголемите меѓународни музички имиња, но не можеме да откриеме кој ќе дојде на отворањето и на затворањето на сезоната, бидејќи чекаме одговори. Доцниме и со тоа поради сите овие проблеми за кои претходно ви говорев и работите едноставно беа заглавени. Сега, репрограмираме сѐ, но сметаме на три или четири најголеми имиња од светот на класичната музика. Сѐ зависи од тоа дали ќе бидат слободни во тоа време. Знаете, уметниците програмата ја прават за три години однапред. Штом добиеме повратен одговор, веднаш ќе известиме, но целта ни се големи имиња, големи уметници да дојдат во Македонија и да настапат со овој прекрасен оркестар.
Одлично го познавате нашиот филхармониски оркестар, сте настапувале многупати во изминативе децении, какви се вашите впечатоци?
Многу пати сум кажал, имате скриено оружје. Овој оркестар можеби нема перфектна техника како германскиот, нема голем буџет како американскиот оркестар, но има скриено оружје, а тоа е страста. Вчера секој еден од нив го дишеше Шуман. Свиреа длабоко, чувствително, искрено… Знаете, и останатите оркестри го свират Шуман, но за нив тоа е само работа, а Македонската филхармонија го прави тоа со сето срце. Вчерашниот концерт беше возбудлив, длабок, богат, свеж и сфатив дека сме на добар пат. Тоа е карактеристиката на овој оркестар - вољата да се биде високо професионален уметник. Не прашуваат колку ќе бидат платени, тие едноставно свират и даваат сѐ од себе. Затоа ги сакам - тоа се луѓе со кои сакам да ја споделувам мојата љубов кон музиката.  
Каква е улогата на диригентот во денешно време? Се смени ли современиот контекст и значење на оваа професија или останаа исти?
Не знам дали се сменил, но знам дека јас не верувам во стариот концепт, во смисла на Тосканини, Карајан, кога диригентот е еден вид диктатор кој кажува сѐ и знае сѐ и секогаш е во право. Сметам дека денешниот модерен концепт, кога оркестарот предводи сѐ што се случува внатре е добар. Тоа го научив во Изралескиот оркестар и маестро Зубин Мехта, каде музичарите се вклучени во секоја одлука. Кога ним им се дава авторитет, добивате одговорност, соработка, партнерство и јас верувам во таа формула. Бидејќи, никој не знае сѐ, а заедно знаеме повеќе. Никој не ги знае сите одговори, но заедно знаеме и повеќе и подобри одговори, зашто сме разгледале сѐ од повеќе агли. Мислам во денешно време функцијата на шеф-диригент е медијаторство. Во денешните дискусии сите ги прашував што мислат за одредени прашања со цел да се отвори дискусија. Не сакам само јас да зборувам, а тие само да слушаат. Ги охрабрувам секој да го каже своето мислење: зошто „да“, и зошто „не“. Тоа е продуктивно и корисно. По два состанока ние веќе ја завршивме програмата.  
Сте настапувале и со славниот маестро Лорин Мазел. Кажете ни нешто повеќе за тоа.
Лорин Мазел - голем музичар и прекрасна личност. Случајно се запознав со него. Диригирав со Симфонискиот оркестар на Ерусалим, а тој сакаше да организира голем концерт по повод одбележувањето на 3.000 години постоење на Ерусалим и предложи заеднички концерт на двата оркестри - Симфонискиот оркестар на Ерусалим и Радио - оркестарот на Минхен. Во тоа време во Минхенскиот оркестар беа најголемите светски солисти. Како да одите на пазар за риба и не знаете што да изберете. Јас го диригирав првиот дел, тоа беше ново дело со симболичен наслов „Флејта 3.000“ за 3.000 години Ерусалим и содржеше мелодии кои ги слушате во стариот дел на градот: малку арапски мелодии, малку христијански молитви, еврејска музика…, бидејќи стариот град всушност е тоа, а потоа сите тие мелодии заедно. Композиторот беше Шломо Гроних и јас го диригирав првиот дел, а Мазел вториот дел, насловен „Седум капии на Ерусалим“, кој беше напишан од славниот Пендерецки. Во текот на соработката се спријателивме. Мазел знаеше дека говорам неколку јазици и подоцна ме покани да бидам во жири на натпревар за диригенти насловен „Мазел-Винал“ и патувавме во Токио, Њујорк и Сао Паоло, каде во текот на три недели стекнав прекрасно искуство. Беше интересно да се следи како тој ги вреднува кандидатите. Тој не само што е голем музичар, тој е и голем идеолог. Разговарав со него не само за музика, за многу други нешта. Постојат три личности, музичари на кои им се восхитувам. Првиот, кој беше мошне груб со мене додека бев на мастер-клас кај него бешe Леонард Бернштајн. Тоа се случуваше во Њујорк во 1984/85 година. Еднаш диригирав дело од Густав Малер и тој извика:Неее, ти се отклонуваш!. Прашав: Зошто, маестро? Го диригирам мошне германски“. „Па, токму во тоа е проблемот“, ми рече. „Малер е банален, тој е Евреин. Ќе го диригираш така каков што е Малер. Ако не го разбираш значењето, духот, желбата на композиторот, тогаш ја диригираш сопствената музика, а не неговата. Немој да бегаш од тоа што го сака композиторот. Не треба да го правиш она што ти го сакаш“. Во моментот се чувствував непријатно пред толку многу луѓе, пред оркестарот, но со текот на годините разбрав што сакаше да ми каже и беше неверојатно во право. Не е твое да одлучуваш, композиторот одлучува. Втората личност на која и должам многу, бидејќи тој ми помогна во мојата кариера, е маестро Зубин Мехта. Во 1990 година бев избран од маестро Мехта за добитник на наградата „Млад уметник на годината“ на Израел. Во тоа време, во Израел живеев во Кибуц. Патував три часа до Тел Авив за да учествувам на натпреварот. Три дена имаше испити, неколку степени на полагање пред диригирањето и успеав да ја добијам првата награда. Потоа можев да диригирам. Веднаш добив покана од многу оркестри, дури од еден од Бразил кој правеше концерт во Рио Де Жанеиро по повод 40 години Израел. Концертот беше одличен, подоцна станав Уметничи директор на оркестарот и тоа беше почетокот, а подоцна диригирав во многу земји низ цел свет. По многу години токму во Рио Де Жанеиро се сретнавме со маестро Зубин Мехта и најпрвин не можеше да се сети кој сум, но по кус разговор ми рече: „А, момчето од Кибуц“. Многу сум среќен што не можам да се сетам на сите имиња на кои сум им помогнал да успеат“, додаде. Се разбира, тој помогнал на многумина, па не може да ги запамети сите. Секоја средба со него ми е посебна. Ете тие тројца музичари – големите имиња Бернштајн, Мехта и Мазел се луѓето од кои учев. Многу пати кога диригирав си мислев што мислат тие за мојата работа. Но, веќе имам 67 години и сега сум во позиција да охрабрувам други помлади диригенти. И би сакал и овде да го отвориме оркестарот за млади диригенти. Да доаѓаат во Македонија на семинари, да учат и потоа да диригираат со оркестарот, па така да ги дефинираме идните големи таленти од Македонија.  
разговараше Невена Поповска

The post Оркестарот на Македонската филхармонија можеби нема перфектна техника како германскиот, нема голем буџет како американскиот оркестар, но има скриено оружје, а тоа е страста appeared first on Република.

]]>
Филхармонија ја продолжува соработката со новиот шеф-диригент, маестро Јерухам Шаровски од Израел https://republika.mk/vesti/kultura/filharmonija-ja-prodolzhuva-sorabotkata-so-noviot-shef-dirigent-maestro-jeruham-sharovski-od-izrael/ Mon, 25 Mar 2024 12:43:48 +0000 https://republika.mk/?p=758539

Македонската филхармонија ја продолжува соработката со новиот шеф-диригент, маестро Јерухам Шаровски од Израел, којашто започна минатата концертна сезона. Маестро Шаровски оваа недела е во Скопје, со цел да оствари средби со музичарите и Уметничкиот одбор, како би се докомплетирала годишната програма, поточно концертните настани за оваа и за наредната сезона, настани со кои најстарата национална музичка институција го слави големиот јубилеј – 80 години од постоењето.

На денешниот состанок присуствуваа членовите на Уметничкиот одбор во чии редови се и дел од музичарите од оркестарот: Анна Кондратенко, концертмајстор, Владимир Лазаревски, прва обоа, Бојан Талевски, прва виола, Маја Чанаќевиќ, англиски рог, Дејан Теодосиевски, виолончело и шеф на оркестар, како и продуцентките Симона Гајдоска и Тина Иванова и в.д. директорката Ангелина Димоска-Миташева.

На првата работна средба во оваа седмица, се донесоа значајни решенија за растежот на Македонската филхармонија особено во годината кога одбележува осум децении постоење. Но, секако и одлуки за квалитативен и уметнички прогрес, за нови и продуктивни начини на работа со кои не само што ќе се потврди огромната улога на Македонската филхармонија во земјава, туку и ќе се реализираат настани кои ќе претстават висока репутација.

Маестро Јерухам Шаровски е долгогодишен пријател на Македонската филхармонија, долгогодишен соработник, диригент, но и уметнички консултант, а сега и во наредните две години, како шеф-диригент ќе се заложи за побогати содржини кои ќе значат многу не само за институцијата, туку и воопшто за целокупната музичка култура во земјата.

Нашиот шеф-диригент Шаровски, ќе настапи како диригент на 23 мај, на свеченото официјално затворање на годинешната концертна сезона, и потоа на 10 октомври, на свеченото отворање на новата концертна сезона, кога практично ќе се даде силен акцент на 80-годишниот јубилеј.

The post Филхармонија ја продолжува соработката со новиот шеф-диригент, маестро Јерухам Шаровски од Израел appeared first on Република.

]]>

Македонската филхармонија ја продолжува соработката со новиот шеф-диригент, маестро Јерухам Шаровски од Израел, којашто започна минатата концертна сезона. Маестро Шаровски оваа недела е во Скопје, со цел да оствари средби со музичарите и Уметничкиот одбор, како би се докомплетирала годишната програма, поточно концертните настани за оваа и за наредната сезона, настани со кои најстарата национална музичка институција го слави големиот јубилеј – 80 години од постоењето. На денешниот состанок присуствуваа членовите на Уметничкиот одбор во чии редови се и дел од музичарите од оркестарот: Анна Кондратенко, концертмајстор, Владимир Лазаревски, прва обоа, Бојан Талевски, прва виола, Маја Чанаќевиќ, англиски рог, Дејан Теодосиевски, виолончело и шеф на оркестар, како и продуцентките Симона Гајдоска и Тина Иванова и в.д. директорката Ангелина Димоска-Миташева. На првата работна средба во оваа седмица, се донесоа значајни решенија за растежот на Македонската филхармонија особено во годината кога одбележува осум децении постоење. Но, секако и одлуки за квалитативен и уметнички прогрес, за нови и продуктивни начини на работа со кои не само што ќе се потврди огромната улога на Македонската филхармонија во земјава, туку и ќе се реализираат настани кои ќе претстават висока репутација. Маестро Јерухам Шаровски е долгогодишен пријател на Македонската филхармонија, долгогодишен соработник, диригент, но и уметнички консултант, а сега и во наредните две години, како шеф-диригент ќе се заложи за побогати содржини кои ќе значат многу не само за институцијата, туку и воопшто за целокупната музичка култура во земјата. Нашиот шеф-диригент Шаровски, ќе настапи како диригент на 23 мај, на свеченото официјално затворање на годинешната концертна сезона, и потоа на 10 октомври, на свеченото отворање на новата концертна сезона, кога практично ќе се даде силен акцент на 80-годишниот јубилеј.

The post Филхармонија ја продолжува соработката со новиот шеф-диригент, маестро Јерухам Шаровски од Израел appeared first on Република.

]]>