Јект Мари Брнз Archives - Република https://republika.mk/tema/jekt-mari-brnz/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Mar 2022 16:58:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јект Мари Брнз Archives - Република https://republika.mk/tema/jekt-mari-brnz/ 32 32 Бесими-Брнз: Можности за продлабочување на економската соработка со САД, како главен стратешки партнер https://republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-brnz-moznosti-za-prodlabochuvanje-na-ekonomskata-sorabotka-so-sad-kako-glaven-strateshki-partner/ Wed, 09 Mar 2022 16:58:37 +0000 https://republika.mk/?p=470236

Продлабочување на економската соработка со Соединетите Американски Држави, економските последици коишто би можеле да настанат како последица од руско-украинската војна, како и реализацијата на инфраструктурни проекти, чија што реализација е клучна за развојот на нашата држава, беа темите на коишто министерот за финансии, Фатмир Бесими дискутираше со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз.

Воедно, посочуваат од Министерството за финансии, на средбата министерот Бесими информираше и за законот за буџети чие носење од страна на пратениците е од есенцијално значење.

Владата, како и досега, ќе се однесува максимално одговорно и во најдобар интерес за заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните. Внимателно го следиме развојот на настаните и развиваме соодветни сценарија за можни исходи, рече Бесими.

Тој, притоа ја информираше амбасадорката за сетот мерки што ќе се реализира во следниот период со цел подобрување на стандардот на населението и конкурентноста на домашната економија.

Министерот Бесими ја изрази својата благодарност до Владата на САД која постојано и дава значајна поддршка на нашата Влада во спроведувањето на активностите насочени кон економски раст и стабилност, како и зајакнување на демократските практики на институциите.

Амбасадорката Брнз ја потврди заложбата за натамошна поддршка од страна на САД како стратешко партнерство и порача дека владеењето на правото и борбата против корупцијата ќе бидат клучни фактори во подобрување на деловната клима и остварување на стратешките цели за побрз, одржлив и инклузивен раст.

Соединетите Американски Државни се еден од најзначајните стратешки партнери на Македонија. Одличните политички релации меѓу двете земји треба да поттикнат и попродлабочена економска соработка во блиска иднина.

Воедно на средбата беше упатена благодарност за поддршката на Македонија, која како НАТО сојузник, се приклучи кон повикот за запирање на воените дејствија во Украина, што овозможува можности за зајакнување на идната соработка со САД.

The post Бесими-Брнз: Можности за продлабочување на економската соработка со САД, како главен стратешки партнер appeared first on Република.

]]>

Продлабочување на економската соработка со Соединетите Американски Држави, економските последици коишто би можеле да настанат како последица од руско-украинската војна, како и реализацијата на инфраструктурни проекти, чија што реализација е клучна за развојот на нашата држава, беа темите на коишто министерот за финансии, Фатмир Бесими дискутираше со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз. Воедно, посочуваат од Министерството за финансии, на средбата министерот Бесими информираше и за законот за буџети чие носење од страна на пратениците е од есенцијално значење.
Владата, како и досега, ќе се однесува максимално одговорно и во најдобар интерес за заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните. Внимателно го следиме развојот на настаните и развиваме соодветни сценарија за можни исходи, рече Бесими.
Тој, притоа ја информираше амбасадорката за сетот мерки што ќе се реализира во следниот период со цел подобрување на стандардот на населението и конкурентноста на домашната економија. Министерот Бесими ја изрази својата благодарност до Владата на САД која постојано и дава значајна поддршка на нашата Влада во спроведувањето на активностите насочени кон економски раст и стабилност, како и зајакнување на демократските практики на институциите. Амбасадорката Брнз ја потврди заложбата за натамошна поддршка од страна на САД како стратешко партнерство и порача дека владеењето на правото и борбата против корупцијата ќе бидат клучни фактори во подобрување на деловната клима и остварување на стратешките цели за побрз, одржлив и инклузивен раст. Соединетите Американски Државни се еден од најзначајните стратешки партнери на Македонија. Одличните политички релации меѓу двете земји треба да поттикнат и попродлабочена економска соработка во блиска иднина. Воедно на средбата беше упатена благодарност за поддршката на Македонија, која како НАТО сојузник, се приклучи кон повикот за запирање на воените дејствија во Украина, што овозможува можности за зајакнување на идната соработка со САД.

The post Бесими-Брнз: Можности за продлабочување на економската соработка со САД, како главен стратешки партнер appeared first on Република.

]]>