Јавни обвинители Archives - Република https://republika.mk/tema/javni-obviniteli/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jul 2023 10:16:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јавни обвинители Archives - Република https://republika.mk/tema/javni-obviniteli/ 32 32 Наташа Гоџоска и Артан Ајро избрани за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/natasha-godhoska-i-artan-ajro-izbrani-za-javni-obviniteli-vo-vishoto-javno-obvinitelstvo-skopje/ Wed, 12 Jul 2023 10:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=660383

Наташа Гоџоска и Артан Ајро денеска беа избрани за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Советот на јавни обвинители на денешната, 82 седница гласаше по сите пријавени кандидати, а потребното мнозинство не го добија кандидатите Зоран Марковски, Спасенка Андонова, Владимир Милошески, Наташа Сарамандова, Јован Серафимовски, Љубомир Лапе, Златко Биковски, Расим Деца, Дарко Јакимовски и Ленче Ристовска.

Претходно, советот ги избра Наталија Тасевска и Елвин Вели за јавни обвинители во Јавното обвинителство.

На денешната седница ќе се бираат обвинители и во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - ОЈО ГОКК, Основно јавно обвинителство Гостивар, Основно јавно обвинителство Кавадарци и Основно јавно обвинителство Скопје.

The post Наташа Гоџоска и Артан Ајро избрани за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје appeared first on Република.

]]>

Наташа Гоџоска и Артан Ајро денеска беа избрани за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје. Советот на јавни обвинители на денешната, 82 седница гласаше по сите пријавени кандидати, а потребното мнозинство не го добија кандидатите Зоран Марковски, Спасенка Андонова, Владимир Милошески, Наташа Сарамандова, Јован Серафимовски, Љубомир Лапе, Златко Биковски, Расим Деца, Дарко Јакимовски и Ленче Ристовска. Претходно, советот ги избра Наталија Тасевска и Елвин Вели за јавни обвинители во Јавното обвинителство. На денешната седница ќе се бираат обвинители и во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - ОЈО ГОКК, Основно јавно обвинителство Гостивар, Основно јавно обвинителство Кавадарци и Основно јавно обвинителство Скопје.

The post Наташа Гоџоска и Артан Ајро избрани за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје appeared first on Република.

]]>
Избрани нови органи на Здружението на јавните обвинители https://republika.mk/vesti/makedonija/izbrani-novi-organi-na-zdruzenieto-na-javnite-obviniteli/ Thu, 22 Dec 2022 11:25:17 +0000 https://republika.mk/?p=588772

Здружението на јавни обвинители вчера одржа изборно собрание на кое беа избрани новите органи на Здружението. Членовите со мнозинство гласови го избраа составот на новиот Извршен одбор, кој согласно актите на Здружението, потоа го изврши изборот на носечките раководни органи на Здружението на јавни обвинители.

За членови на Извршниот одбор на Здружението на јавни обвинители беа избрани:

Анита Тополова Исајловска
Елвин Вели
Наум Паноски
Ирина Трајкоска Стрезоски
Стојанчо Арнаудоски
Деса Пауновска
Башким Хисени
Јелена Колева Доагазанска
Виолета Милчовска
Катерина Коларевиќ
Ана Гоговска Јакимовска
Спасенка Андонова
Катерина Панева

Од членовите на Извршниот одбор, за претседател на Здружението на јавни обвинители беше избран Елвин Вели, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Јавните обвинители Спасенка Андонова и Ирина Трајкоска Стрезоски беа избрани за потпретседатели, а јавниот обвинител Ана Гоговска Јакимовска за секретар на Здружението. За благајник е определена Катерина Панева.

Во следнот период новите органи за Здружението ќе изготват годишна програма во која ќе бидат предвидени повеќе активности со цел унапредување и јакнење на статусот на јавните обвинители и стручната служба во обвинителството, зголемување на соработката со институции и невладини организации, како и учество во проекти поврзани со законската регулатива во правосудната сфера.

Членовите се заблагодарија на досегашното раководство на Здружението за нивниот придонес за функционирањето на организацијата.​

The post Избрани нови органи на Здружението на јавните обвинители appeared first on Република.

]]>

Здружението на јавни обвинители вчера одржа изборно собрание на кое беа избрани новите органи на Здружението. Членовите со мнозинство гласови го избраа составот на новиот Извршен одбор, кој согласно актите на Здружението, потоа го изврши изборот на носечките раководни органи на Здружението на јавни обвинители. За членови на Извршниот одбор на Здружението на јавни обвинители беа избрани: Анита Тополова Исајловска Елвин Вели Наум Паноски Ирина Трајкоска Стрезоски Стојанчо Арнаудоски Деса Пауновска Башким Хисени Јелена Колева Доагазанска Виолета Милчовска Катерина Коларевиќ Ана Гоговска Јакимовска Спасенка Андонова Катерина Панева Од членовите на Извршниот одбор, за претседател на Здружението на јавни обвинители беше избран Елвин Вели, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Јавните обвинители Спасенка Андонова и Ирина Трајкоска Стрезоски беа избрани за потпретседатели, а јавниот обвинител Ана Гоговска Јакимовска за секретар на Здружението. За благајник е определена Катерина Панева. Во следнот период новите органи за Здружението ќе изготват годишна програма во која ќе бидат предвидени повеќе активности со цел унапредување и јакнење на статусот на јавните обвинители и стручната служба во обвинителството, зголемување на соработката со институции и невладини организации, како и учество во проекти поврзани со законската регулатива во правосудната сфера. Членовите се заблагодарија на досегашното раководство на Здружението за нивниот придонес за функционирањето на организацијата.​

The post Избрани нови органи на Здружението на јавните обвинители appeared first on Република.

]]>
Советот на јавните обвинители не избра ниту еден од шесттемина пријавени кандидати за ОЈО ГОКК https://republika.mk/vesti/makedonija/sovetot-na-javnite-obviniteli-ne-izbra-nitu-eden-od-shesttemina-prijaveni-kandidati-za-ojo-gokk/ Thu, 27 Oct 2022 09:45:04 +0000 https://republika.mk/?p=566217

Советот на јавните обвинители на Република Македонија не избра ниту еден од шесттемина пријавени кандидати јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје.

Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, на денешната 67 седница информира дека биле пријавени шест кандидати, и тоа:

– Милица Гаврилова, од ОЈО ГОКК Скопје, која е оценета позитивно со 23 поени;

– Арсен Адеми од ОЈО Гостивар, позитивно оценет со 25 поени;

– Маја Коневска од ОЈО ГОКК Скопје, позитивно оценета со 19,3 поени;

– Елизабета Јосифовска од ОЈО Гостивар, позитивно оценета со 24 поени;

– Верица Бержевска Крстевска од ОЈО Скопје, позитивно оценета со 25 поени; и

– Златко Биковски, од ОЈО Берово позитивно оценет со 25 поени.

Јолевски посочи дека очекувал повеќе пријавени со оглед дека за четири позиции пристигнале само шест кандидати.

Сите шестмина кандидати Гаврилова, Адеми, Коневски, Јосифовска, Крстевска и Биловски при гласањето не го добија потребното мнозинство и не беа избрани за јавни обвинители.

На дневен ред на 67-та седница на Советот, меѓу другото, е и донесување одлука за формирање Комисија за спроведување на гласањето за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК-Скопје.

The post Советот на јавните обвинители не избра ниту еден од шесттемина пријавени кандидати за ОЈО ГОКК appeared first on Република.

]]>

Советот на јавните обвинители на Република Македонија не избра ниту еден од шесттемина пријавени кандидати јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје. Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, на денешната 67 седница информира дека биле пријавени шест кандидати, и тоа: – Милица Гаврилова, од ОЈО ГОКК Скопје, која е оценета позитивно со 23 поени; – Арсен Адеми од ОЈО Гостивар, позитивно оценет со 25 поени; – Маја Коневска од ОЈО ГОКК Скопје, позитивно оценета со 19,3 поени; – Елизабета Јосифовска од ОЈО Гостивар, позитивно оценета со 24 поени; – Верица Бержевска Крстевска од ОЈО Скопје, позитивно оценета со 25 поени; и – Златко Биковски, од ОЈО Берово позитивно оценет со 25 поени. Јолевски посочи дека очекувал повеќе пријавени со оглед дека за четири позиции пристигнале само шест кандидати. Сите шестмина кандидати Гаврилова, Адеми, Коневски, Јосифовска, Крстевска и Биловски при гласањето не го добија потребното мнозинство и не беа избрани за јавни обвинители. На дневен ред на 67-та седница на Советот, меѓу другото, е и донесување одлука за формирање Комисија за спроведување на гласањето за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК-Скопје.

The post Советот на јавните обвинители не избра ниту еден од шесттемина пријавени кандидати за ОЈО ГОКК appeared first on Република.

]]>